КОЛУМНА Кочо Анѓушев, претседател на Македонската енергетска асоцијација Годината која е зад нас ја оценувам како најпредизвикувачка година за стопанството по Втората светска војна. Предизвикот за бизнисот во 2022 година беше огромен, од една страна поради ескалација на енергетската криза, а од друга страна, од кумулативните проблеми кои се собираа и во претходните две години за време на „Корона кризата“. Во 2022 година сите ние и граѓаните и ...

Цената на природниот гас во Европа падна на најниско ниво од почетокот на руско-украинската војна, заради благите временски услови, високото ниво на залиги на гас низ Европа и зголемување на производството на зелена енергија. Јануарската цена на договорот за гас на TTF, виртуелното место за тргување со природен гас со седиште во Холандија, беше отворена во средата, на 29 декември, по цена од 81 евра за мегават-час. Падот на цената беше ...

Македонското индустриско производство во ноември бележи пад од 3,7%, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е трет месец по ред како индустриското производство во Македонија се намалува, што само ги одразува тешката ситуација во која се наоѓа индустријата. Поскапувањето на струјата и гасот, но и на останатите суровини драстично го поскапија производството, па многу компании одлучија свесно да го намалат или ...

Македонскиот прехранбен сектор, во кој доминираат компании со мнозински домашен капитал, е еден од секторите кои беше најмалку погоден во пандемијата, дури одредени сектори имаа и раст на извозот. Зголемувањето на цените на суровините и амбалажата, повисоките трошоци за транспорт влијаеа врз работењето на повеќето прехранбени извозни компании, но и покрај тоа голем дел од нив успеаа да ги задржат позитивните трендови во бизнисот и во продажбите ...

ИНТЕРВЈУ ЉУПЧО ВЕЛЕСКИ, директор на извоз на “Витаминка” Македонија и светот поминуваат низ една од најголемите економски и енергетски кризи. Со какви проблеми и предизвици се соочува Витаминка, најголемата прехранбена компанија во земјава во секојдневното работење и извозот на странските пазари? Велески: Да, за жал, ова е период во кој негативните консеквенци врз економијата предизвикани од пандемијата на Ковид 19 ескалираа во уште ...

Во врска со искажаната намера за воведување на дополнителен данок на добивка за 2022 година и работниот текст на Предлогот на Закон за дополнителен данок на добивка Стопанската Комора на Северна Македонија на одржаните работни средби на оваа тема во Министерството за финансии ги изнесе своите забелешки, а истите до Министерството се испратени и во писмена форма. Стопанската комора на Северна Македонија во однос на предложениот концепт има ...

СОС Детско село – Северна Македонија е дел од интернационална организација којашто работи во 136 земји во светот веќе 70 години и е посветена на помош и на поддршка на најранливите – децата. СОС Детско село е организација којашто во моментов се грижи за повеќе од 394 деца и млади кои се без родители/родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Oд згрижувањето на првото дете во 2002 година, СОС Детско село во земјава има ...

Станува јасно дека геополитичките случувања ќе играат сè поважна улога во обликувањето на глобалната економија. Многу аналитичари веруваат дека синџирите на снабдување ќе бидат реконфигурирани според геополитичките зацртани линии. Сепак, економистите нагласуваат дека нема да бидат погодени сите региони слично и дека тоа може да предизвика преобликување на сегашните глобализирани трговски мрежи. “Се чини сè се поверојатно глобалната економска ...

И покрај сложените услови за работа кои ги предизвикаа пандемијата и енергетската криза, вредноста на извозот на македонската индустрија за преработки од овошје и зеленчук продолжува да расте. Според податоците на Државниот завод за статистика во периодот од јануари до октомври 2022 година од Македонија биле извезени преработки од овошје и зеленчук во вредност од 61,1 6 милиони евра, што е раст од 18,6% или за 9,6 милиони евра повеќе во споредба ...

Зашто треба поединецот да реагира вака, спротивно на општествените норми? Затоа што тој мора да ги има предвид сите информации што се поврзани со конкретната дејност и на крајот, да донесе одлука сам, со целокупниот ризик. Јас тоа го правев, затоа што ги знаев тешките последици што би настанале врз работењето на штотуку изградениот објект, но и врз серија нелогичности коишто беа видливи од месечината. На пример, повикот за поставена бомба беше ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 79,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 80 денари за литар. ...

Европа е регионот со најголем пад на производството на челик во ноември годинава во споредба со истиот месец лани. Производството на суров челик во 27-те земји членки на Европската унија (ЕУ) во ноември изнесувало 10,5 Mt, што е намалување за 17,9%. Во ЕУ и другите земји кои не се членки на ЕУ како Турција, БиХ, Македонија, Србија, Норвешка и Велика Британија производството во ноември е намалено за дури 25,1%. Светското производство на суров ...

На церемонијата за доделување на Годишните награди на Македонската берза за 2022 година за котираните компании, за членките на Берзата и за другите субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на 21.12.2022 година, АЛКАЛОИД АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2022 година, и тоа во две категории: по избор на пазарните учесници и по избор на новинарите. ...

Геополитичките тензии, високите цени на енергијата, зголемените каматни стапки и постојаната инфлација се очекува да ја ограничат светската трговија следната година. Глобалната трговија би требало да достигне рекордни 32 трилиони долари за 2022 година, но забавувањето што започна во втората половина на годината се очекува да се влоши во 2023 година бидејќи опстојуваат геополитичките тензии и тесните финансиски услови, според најновото ажурирање ...

Чиле е водечки извозник со децении наназад, но во 2022/23 година се прогнозира дека Перу ќе го надмине во производството по втор пат во последните 3 години, а во извозот за прв пат. Извозот на Чиле е проектиран на 555.000 тони во оваа сезона 2022/2023 година, додека растечкото производство на Перу се очекува да го зголеми неговиот извоз на 585.000 тони, со што за прв пат ќе стане водечки светски извозник, според проекциите во декемврискиот ...

Развојната банка на Р.С.Македонија објави јавен повик за нова кредитна линија за обртни средства наменета за микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и ценовната криза. Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат за средства од 26 декември 2022 до 9 јануари 2023 година. Поднесувањето на апликациите е по електронски пат и на е-маил адресата eckriza@mbdp.com.mk по принципот прв дојден, прв услужен. ...

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“, влегува на македонскиот авијациски пазар со отпочнување на летови на линијата Франкфурт – Скопје, од 23-ти април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града. „Луфтханза“ ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе лета по два лета ...

И покрај сложените услови за работа кои ги предизвикаа пандемијата и енергетската криза, вредноста на извозот на македонската индустрија за преработки од овошје и зеленчук продолжува да расте. Според податоците на Државниот завод за статистика во периодот од јануари до октомври 2022 година од Македонија биле извезени преработки од овошје и зеленчук во вредност од 61,1 6 милиони евра, што е раст од 18,6% или за 9,6 милиони евра повеќе во ...

Предлог на Закон за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка наместо да создаде услови за правично оданочување предизвикува сериозен удар врз малите и микро фирми, го загрозува нивниот опстанок, а предизвикува и стимулирање на даночна евазија, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија. Со укинување на постојното ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход на субјектите со остварен вкупен приход во ...

Наплатата на данокот ќе почне од 1 октомври 2023 година, што е подоцна од првичниот план да се применува 1 јануари 2023 година. По долги преговори, Европската унија вчера (18 декември 2022г) постигна политички договор за воведување данок за емисиите на јаглерод диоксид за увоз на загадувачки стоки како што се челик и цемент, што е прв ваков систем во светот, кој има за цел да ги поддржи европските индустрии додека тие се декарбонизираат. ...

Денеска во Стопанската комора на С.Македонија ќе биде официјално промовиран Поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ во рамки на проектот „МКД НАТО 2030“ во функција на македонската економија“ Поткомитетот “НАТО и бизнис заедницата“ ќе делува во насока на информирање и помагање на македонските компании заинтересирани за соработка со НАТО. Членството на Северна Македонија во НATO Алијансата носи низа дополнителни придобивки и можности за ...

Интервју ПЕРО КОЛЕВ, директор на Одделот за тешки метални конструкции во БРАКО Машинскиот инженер Перо Колев, еден од директорите во БРАКО, е во фабриката од нејзините почетоци во 2003 година, кога се поставија темелите на модерното БРАКО, а работеше и во старата фабрика, која во 90-тите години од минатиот век беше зафатена од виорот на транзицијата, во која овој, тогаш државен капацитет, не успеа да се снајде. Модерното БРАКО стартуваше пред ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,50 и ќе се продава по 80,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе се зголеми за 3,00 денари по литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е ...

Европската централна банка (ЕЦБ) на денешната седница ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен, со што основната стапка се зголеми од 1,5% на 2,0%. Ова е четвртото зголемување на стапката на ЕЦБ оваа година. Таа ги зголеми каматните стапки за 75 базични поени во октомври и септември, а за 50 базични поени во јули, со што ги извади своите стапки од негативна територија за прв пат од 2014 година. – Управниот совет ...

По прв пат од економската криза во 2009 година, банкротите на претпријатијата во Германија се зголемуваат Околу 14.700 компании ќе банкротираат до крајот на оваа година, според проценките на агенцијата за кредитни известувања Creditreform. Тоа би било околу 4% повеќе отколку во 2021 година. „Постојаната инфлација, зголемените каматни стапки и трошоците за енергија, како и сè пожестоката конкурентна ситуација го земаат својот данок на многу ...

Еден од најголемите светски производители на гуми за моторни возила, јапонската компанија Toyo Tires отвори фабрика во Инџија, Србија. Производната линија ќе вклучува и гуми од брендот Toyo и Nitto Фабриката во Инџија е првата гринфилд инвестиција на јапонската корпорација Toyo Tire во Србија, но и прва во Европа. Инвестицијата вредна 382 милиони евра е и најголемата јапонска инвестиција во Србија досега. Претседателот на Србија, Александар ...

Влијанието на политичките и економските фактори од глобален карактер значително се рефлектираат на деловниот амбиент на стопанисување, правејќи го се покомплексно планирањето на следните бизнис потфати, а очекуваните ефекти од економската активност се’ понеизвесни. Пандемија, војна, недостиг на храна и енергетска криза, се само дел од факторите кои допринесуваат кон раст на инфлацијата и појава на рецесиони движења во Европа. Во такви услови, ...

Изминатата 2021 година беше одбележана со закрепнување на глобалната економија од шоковите кои ги предизвика пандемијата на Ковид 19. Податоците од годинешната најнова специјална едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ покажуваат дека изминатата 2021 година била добра за повеќето од големите извозници. Од најголемите 100 македонски извозници во 2021 година, дури 79 имале зголемување на извозот. На ниво на економија, пак, компаниите во 2021 година имале раст ...

Електричните комбиња Мерцедес ќе се произведуваат во Јавор во Долношлезиското војводство, објавија претставниците на компанијата на прес-конференција. Во градот веќе работи фабрика за мотори и батерии за електрични автомобили на германскиот производител. Вредноста на инвестицијата се проценува на околу 1,3 милијарди евра. Во 2021 година, Мерцедес ја отвори фабриката за мотори и батерии за електрични автомобили во Јавор. Денеска, претставниците ...

Европската унија има доволно гас за зимата, но следната година би можела да се соочи со недостиг ако Русија дополнително го намали снабдувањето, објави во понеделникот Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), повикувајќи ги владите да дејствуваат побрзо за да заштедат енергија и да ги прошират обновливите извори на енергија. И покрај тоа што Русија ги намали испораките на гас оваа година, Европа избегна голем недостиг и ја започна зимата со ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
23%
1005
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
26%
1003
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
0.0
75%
1005
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
35%
1008
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.71
17%
1005
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
3.09
81%
1005
weather icon

Атина

34ᴼ / 30ᴼ
5.14
46%
1010
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
40%
1011
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
5.14
37%
1009
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
2.68
27%
1008
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
86%
1006
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
22%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641