Геополитичките тензии, високите цени на енергијата, зголемените каматни стапки и постојаната инфлација се очекува да ја ограничат светската трговија следната година. Глобалната трговија би требало да достигне рекордни 32 трилиони долари за 2022 година, но забавувањето што започна во втората половина на годината се очекува да се влоши во 2023 година бидејќи опстојуваат геополитичките тензии и тесните финансиски услови, според најновото ажурирање ...

Чиле е водечки извозник со децении наназад, но во 2022/23 година се прогнозира дека Перу ќе го надмине во производството по втор пат во последните 3 години, а во извозот за прв пат. Извозот на Чиле е проектиран на 555.000 тони во оваа сезона 2022/2023 година, додека растечкото производство на Перу се очекува да го зголеми неговиот извоз на 585.000 тони, со што за прв пат ќе стане водечки светски извозник, според проекциите во декемврискиот ...

Развојната банка на Р.С.Македонија објави јавен повик за нова кредитна линија за обртни средства наменета за микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и ценовната криза. Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат за средства од 26 декември 2022 до 9 јануари 2023 година. Поднесувањето на апликациите е по електронски пат и на е-маил адресата eckriza@mbdp.com.mk по принципот прв дојден, прв услужен. ...

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“, влегува на македонскиот авијациски пазар со отпочнување на летови на линијата Франкфурт – Скопје, од 23-ти април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града. „Луфтханза“ ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе лета по два лета ...

И покрај сложените услови за работа кои ги предизвикаа пандемијата и енергетската криза, вредноста на извозот на македонската индустрија за преработки од овошје и зеленчук продолжува да расте. Според податоците на Државниот завод за статистика во периодот од јануари до октомври 2022 година од Македонија биле извезени преработки од овошје и зеленчук во вредност од 61,1 6 милиони евра, што е раст од 18,6% или за 9,6 милиони евра повеќе во ...

Предлог на Закон за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка наместо да создаде услови за правично оданочување предизвикува сериозен удар врз малите и микро фирми, го загрозува нивниот опстанок, а предизвикува и стимулирање на даночна евазија, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија. Со укинување на постојното ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход на субјектите со остварен вкупен приход во ...

Наплатата на данокот ќе почне од 1 октомври 2023 година, што е подоцна од првичниот план да се применува 1 јануари 2023 година. По долги преговори, Европската унија вчера (18 декември 2022г) постигна политички договор за воведување данок за емисиите на јаглерод диоксид за увоз на загадувачки стоки како што се челик и цемент, што е прв ваков систем во светот, кој има за цел да ги поддржи европските индустрии додека тие се декарбонизираат. ...

Денеска во Стопанската комора на С.Македонија ќе биде официјално промовиран Поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ во рамки на проектот „МКД НАТО 2030“ во функција на македонската економија“ Поткомитетот “НАТО и бизнис заедницата“ ќе делува во насока на информирање и помагање на македонските компании заинтересирани за соработка со НАТО. Членството на Северна Македонија во НATO Алијансата носи низа дополнителни придобивки и можности за ...

Интервју ПЕРО КОЛЕВ, директор на Одделот за тешки метални конструкции во БРАКО Машинскиот инженер Перо Колев, еден од директорите во БРАКО, е во фабриката од нејзините почетоци во 2003 година, кога се поставија темелите на модерното БРАКО, а работеше и во старата фабрика, која во 90-тите години од минатиот век беше зафатена од виорот на транзицијата, во која овој, тогаш државен капацитет, не успеа да се снајде. Модерното БРАКО стартуваше пред ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,50 и ќе се продава по 80,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе се зголеми за 3,00 денари по литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е ...

Европската централна банка (ЕЦБ) на денешната седница ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен, со што основната стапка се зголеми од 1,5% на 2,0%. Ова е четвртото зголемување на стапката на ЕЦБ оваа година. Таа ги зголеми каматните стапки за 75 базични поени во октомври и септември, а за 50 базични поени во јули, со што ги извади своите стапки од негативна територија за прв пат од 2014 година. – Управниот совет ...

По прв пат од економската криза во 2009 година, банкротите на претпријатијата во Германија се зголемуваат Околу 14.700 компании ќе банкротираат до крајот на оваа година, според проценките на агенцијата за кредитни известувања Creditreform. Тоа би било околу 4% повеќе отколку во 2021 година. „Постојаната инфлација, зголемените каматни стапки и трошоците за енергија, како и сè пожестоката конкурентна ситуација го земаат својот данок на многу ...

Еден од најголемите светски производители на гуми за моторни возила, јапонската компанија Toyo Tires отвори фабрика во Инџија, Србија. Производната линија ќе вклучува и гуми од брендот Toyo и Nitto Фабриката во Инџија е првата гринфилд инвестиција на јапонската корпорација Toyo Tire во Србија, но и прва во Европа. Инвестицијата вредна 382 милиони евра е и најголемата јапонска инвестиција во Србија досега. Претседателот на Србија, Александар ...

Влијанието на политичките и економските фактори од глобален карактер значително се рефлектираат на деловниот амбиент на стопанисување, правејќи го се покомплексно планирањето на следните бизнис потфати, а очекуваните ефекти од економската активност се’ понеизвесни. Пандемија, војна, недостиг на храна и енергетска криза, се само дел од факторите кои допринесуваат кон раст на инфлацијата и појава на рецесиони движења во Европа. Во такви услови, ...

Изминатата 2021 година беше одбележана со закрепнување на глобалната економија од шоковите кои ги предизвика пандемијата на Ковид 19. Податоците од годинешната најнова специјална едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ покажуваат дека изминатата 2021 година била добра за повеќето од големите извозници. Од најголемите 100 македонски извозници во 2021 година, дури 79 имале зголемување на извозот. На ниво на економија, пак, компаниите во 2021 година имале раст ...

Електричните комбиња Мерцедес ќе се произведуваат во Јавор во Долношлезиското војводство, објавија претставниците на компанијата на прес-конференција. Во градот веќе работи фабрика за мотори и батерии за електрични автомобили на германскиот производител. Вредноста на инвестицијата се проценува на околу 1,3 милијарди евра. Во 2021 година, Мерцедес ја отвори фабриката за мотори и батерии за електрични автомобили во Јавор. Денеска, претставниците ...

Европската унија има доволно гас за зимата, но следната година би можела да се соочи со недостиг ако Русија дополнително го намали снабдувањето, објави во понеделникот Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), повикувајќи ги владите да дејствуваат побрзо за да заштедат енергија и да ги прошират обновливите извори на енергија. И покрај тоа што Русија ги намали испораките на гас оваа година, Европа избегна голем недостиг и ја започна зимата со ...

Грчките енергетски интензивни индустрии ја разгледуваат можноста за драстично намалување на производството или дури и целосен прекин на работата на нивните фабрики поради високите трошоци за енергија. Сфаќајќи дека тоа не се обични закани, туку реален ризик, Владата размислува за мерки, вклучително и засилени субвенции, што за таквите индустрии е единствената мерка за итна примена. „Очигледно е дека ќе ја исцрпиме секоја фискална можност за да ...

Над 2.300 нови работни места се отворени во компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава досега. Бројот на вработени заклучно со ноември се искачи на 16.300 што е зголемување од 17% за само една година. Само во ноември се отворени речиси 300 нови работни места. Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со ноември извозот од ТИРЗ достигна речиси 3,5 милијарди евра што е највисоко ниво ...

Оваа година во Брисел ќе се одржи традиционалната CEFTA Week, а во петок, 9 декември, ќе се одржи централната Конференција „ЦЕФТА: Чекор поблиску до Заедничкиот пазар на ЕУ“. На маргините на Конференцијата, царинските управи на Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора ќе потпишат Меморандуми на разбирање, со што дополнително ќе се прошират зелените коридори ЦЕФТА-ТЦТ со Европската Унија. Проширувањето на иницијативата кон земјите-членки на ЕУ ...

Во рамки на проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција и интернационализација, проект што го имплементира Стопанската Комора на Македонија во соработка со УСАИД, на прес-конференција во Битола информира за изработката на квантитативна анализа за идентификување на извозните можности и потенцијали на македонската економија. Професорот Дарко Лазаров посочи дека користат современа научно-истражувачка и стручно-апликативна ...

Македонската компанија Пекабеско се здоби со Одобрение за Овластен економски оператор (ОЕА). Од Царинската управа, која ги доделува овие одобренија, информираат дека досега 25 компании од земјава имаат добиено статус на Овластен економски оператор. Ова одобрение е потврда дека компанијата е сигурен и безбеден партнер на Царината и има воспоставено контрола над процесите на своето работење. „Придобивките за компаниите со статус ОЕО значат ...

Земјите ширум светот ги олабавуваат регулативите за увоз и го ограничуваат извозот, особено на храна и ѓубрива, предупреди Светската трговска организација (СТО). Во 12-те месеци до средината на октомври, членките на СТО воведоа повеќе мерки за поттикнување на трговијата отколку ограничувања, утврди СТО. Месечно, во просек се воведени најголем број мерки за унапредување на трговијата од 2012 година, според пресметките на СТО. Меѓутоа, со овие ...

Во октомври годинава од Македонија биле извезени стоки во вредност од 774,7 милиони евра, што во споредба со истиот месец минатата 202 1 година е зголемување од 31,6%. Количински, пак, извозот во октомври годинава е помал за 12% во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вредноста на увезените стоки во октомври, пак, изнесувала 1,1 милијарда евра и е повисока за 32,4% во споредба со октомври лани. ...

Малите и средни претпријатија (МСП) и средните компании се столбот на глобалната економија. Тие создаваат близу 70% од работните места и БДП во светот. Но, среде предупредувањата за глобална рецесија, истражувањето на Светскиот економски форум и Националниот универзитет за бизнис школа во Сингапур покажува дека 67% од директорите од малите и средните претпријатија го наведуваат опстанокот и проширувањето како нивен главен предизвик. Тие ги ...

Новите лаборатории за контрола на квалитетот, истражување, развој и за регистрации се организирани на простор од 400 м², во производствениот сегмент за козметички производи на локалитетот во Ѓорче Петров. Добропознатите брендови на „Алкалоид“ – Becutan, Sattwa, Young derm, Black up, Gloss – произведени со примена на строгите принципи за добра производствена и лабораториска пракса, отсега ќе добијат нови лабораториски капацитети за контрола и за ...

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13.000.000 еур. Врз основа на Решението на Комисијата за хартии од вредност УП 1 Број 10-283 од 11.11.2022 година, одобрена е VI-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со тоа, ПроКредит Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 2.600.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 5 евра по акција, во ...

Руската агенција за ветеринарен и фитосанитарен надзор Росселхознадзор објави дека од 1 декември се воведува привременa забрана за испорака и извоз на сите растителни производи од Македонија во Русија во врска со откривањето на кафеава мермерна бубачка во јаболката од земјава. „Од 1 декември 2022 година, Роселхознадзор забранува увоз во Русија на растителни производи од Република Македонија и производи со потекло од оваа земја, но увезени под ...

ИНТЕРВЈУ Проф. д-р КОЧО АНЃУШЕВ, извршен директор и претседател на Управниот одбор на групацијата „Феро инвест“, „Брако“ и „Green Machines“ Македонија и светот поминуваат низ една од најголемите економски и енергетски кризи. Со какви проблеми и предизвици се соочува “Брако” како компанија во изминатиот период во секојдневното работење и извозот на странските пазари? Анѓушев: Тековните економски движења, но и изјавите на европските и светските ...

Индексот на светските цени на Агенцијата за храна на Обединетите нации маргинално падна во ноември, забележувајќи осми по ред месечен пад од рекордното високо ниво во март по руската инвазија на Украина. Индексот на цените на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), кој ги следи најглобалните прехранбени производи, во просек изнесуваше 135,7 поени минатиот месец, што е намалување од 135,9 за октомври, објави агенцијата во петокот. ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1013
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
74%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
58%
1018
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
50%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.91
90%
1010
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.55
83%
1018
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
81%
1012
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1015
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
78%
1011
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 4ᴼ
1.79
70%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
7.2
39%
1011
Currency

61.525

Currency

54.3684

Currency

70.9439

Currency

33.8516

Currency

38.923

Currency

66.6976

Currency

7.40043

Currency

0.64626

Currency

0.37871

Currency

0.52552

Currency

1.42227

Currency

0.62797

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15015.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.45

Сребро

1037.27

Злато

104051.10

Бакар

9.15

Паладиум

28999.97

Платина

29939.28

Родиум

174417.80

Цинк

2.65