
Скопје
5ᴼ /
5ᴼ



АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 03.04.2023 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија. Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 02.03.2023 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2022 ...
Пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Северна Македонија Сакам да го најавам конституирањето и започнувањето со работа на Националниот совет за извоз кој ќе биде составен од претставници на извозните компании од различни сектори и претставници на Владата и надлежните државни институции кои третираат прашања поврзани со извозот. Конституирањето на Советот ќе биде во понеделник во Стопанската Комора на Северна Македонија. Овој ...
Стопанството би бележело подобри резултати ако реализацијата и динамиката на инфраструктурните проекти се финализира во зацртаните временски рамки. Со ова сакаме да ја мотивираме Владата да стави поголем фокус на инфраструктурата на сите нивоа. Истовремено да се побара и поднесе одговорност за доцнењето, односно нерелизацијата на проектите кои се клучни за македонската економија, а стопанството премногу долго чека на нивна целосна завршница, ...
Производителот на топловалани лимови Макстил објави дека минатата 2022 година остварил приходи од продажба од 180 милиони евра, што е за дури 57% повеќе во споредба со приходите од продажба остварени во 2021 година. Неревидираните финансиски извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека 90% од приходите од продажба се остварени од извоз, односно од продажба на странски пазари. Вредноста на извозот на Макстил во 2022 ...
Американскиот производител на електрични автомобили Tesla ќе гради фабрика во северно Мексико, потврди вчера претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор. Tesla ќе инвестира 5 милијарди долари во изградба на нова фабрика во Мексико, која се очекува да биде најголемата фабрика за производство на електрични возила во светот. Според неофицијални извори планот на Tesla е во Мексико да изгради гига фабрика во која ќе може да се ...
Најголемата македонска винарница Тиквеш зад себe има уште една успешна деловна година. Податоците од објaвениот неревидиран финансиски извештај за работењето покажуваат дека Тиквеш минатата 2022 година успеал да ги зголеми продажбите на домашнот пазар, но далeку повеќе продажбите на странските пазари, како и да оствари подобар финансиски резултат и покрај бројните економски предизвици. Од компанијата објавуваат дека во текот на изминатата 2022 ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 24.2.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,256%, кај дизелот за 3,133%, кај екстра лесното масло за 3,205% и кај мазутот зголемување ...
Од почетокот на војната во Украина, ЕУ е сè попретпазлива за зависноста од Кина, особено во однос на критичните суровини. Според европратеничката Хилдегард Бентеле, ЕУ треба да се подготви за евентуален кинески напад врз Тајван и потенцијални последователни санкции и недостиг на снабдување. Европа е во голема мера зависна од Кина за многу критични суровини кои се сметаат за клучни за успехот на зелената и дигиталната транзиција. Кина, на ...
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2022 година продажбите достигнуваат 10.538.230.192 денари (171 милиони евра), што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 14.289.050.974 денари (над 232 милиони евра), што е за 12 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Извозот со раст од 16% Консолидираните продажби остварени на ...
ПроКредит Банка минатата година ја одбележа со исклучителни финансиски резултати и повторно ја докажа препознатливата стабилност забележувајќи раст од над 17% на базата на бизнис клиенти и над 12% на базата на физички лица. Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17% раст на бројот на бизнис клиенти и над 12% раст на бројот на физички лица, 17% раст на депозитите, 50% пораст на профитот, како и раст на ...
Пуштена е во употреба целосно реновираната хала за заварување во БРАКО, инвестиција од околу 300 илјади евра, со што продолжува модернизацијата на производствените погони во фабриката. Реновирањето на халата, која е со површина од над 2400 m² траеше над 2 месеци, а како дел од модернизацијата поставена е и фотоволтаична електрична централа на кровот на објектот. Целиот простор е уреден во согласност со ISO45001 стандардот за безбедност и ...
Министерството за економија испрати предлог – одлука до Владата за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија. Според анализите на Министерството за економија, кај голем дел од компаниите кои што користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, нема намалување на цените на основните прехранбени производи. Врз основа на податоците од ...
Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ денеска официјално го одбележа почетокот на изградбата на втората фабрика во технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) 2 во Скопје. Во новата фабрика на „Гересхајмер“ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло, шприцеви за вакцини и фармацевтски продукти за потребите на светски фармацевтски реномирани компании. Планирано е отворање на над ...
Германската економија се намали за 0,4% во четвртиот квартал од 2022 година во споредба со претходниот квартал, покажаа податоците на Федералниот завод за статистика (Дестатис). Бројката е полоша од проценката за пад од 0,2% на квартално ниво. На годишна основа, пак, најголемата европска економија порасна за 0,3% во четвртиот квартал благодарение на посилната домашна побарувачка во споредба со претходната година. БДП порасна во првите три ...
Изминатата 2022 година била од Македонија е извезен зеленчук во вредност од близу 81 милион евра, што е раст од 20% или за 13,7 милиони евра повеќе во однос на вредноста на извезениот зеленчук во 2021 година. Што се однесува до извезените количини тие се помали за 0,7% во однос на 2021 година, односно во текот на 2022 година на странските пазари биле извезени околу 118 илјади тони зеленчук. Анализата на вредоста на извозот на зеленчук во ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска имаше работна средба со делегација од Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан (КИФ), предводена од новиот претседател Лулзим Рафуна. На средбата стана збор за планираните активности на КИФ кои оваа година ќе бидат насочени кон подобрување на конкурентноста на компаниите во регионот за водење на бизнис на единствениот пазар на ЕУ и на трети пазари, ...
Ако пред една година најголем проблем во индустријата за бродски товарен транспорт беше како да се дојде до празен контејнер сега преовладува загриженоста за презаситеност, односно малата побарувачка за контејнери, бидејќи нивоата на товарите кои се превезуваат се враќаат на ниските нивоа од пред-Ковид-19. Фотографиите од најпрометните пристаништа во Кина како Шангај и Јантиан (Шенжен) сега се преполни со празни контејнери. Локалните медиуми, ...
Седум возила за одржување на хигиена во урбани средини кои се произведуваат во фабриката на БРАКО во Велес, беа испорачани кон клиентите во Калифорнија во САД. Со пратката, која се содржи од 6 рачно управувани електрични модели и еден камион со капацитет за складирање на отпад од 1,5 м2 со најсовремен и ефикасен систем за редукција на издувни гасови, повторно се докажува зголемениот интерес за возилата на БРАКО на северно-американскиот ...
Економско-социјалниот совет денеска ја одржа петтата седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, а покрај претставници на институциите беа присутни претставници на работодавците, репрезентативните и нерепрезентативни претставници на синдикатите, информираат од МТСП. На седницата, на дневен ред беа Годишниот извештај за работата и функционирањето на Економско-социјалниот совет за 2022 година, беше ...
Најголем раст на Бруто домашниот производ БДП за оваа и следната година на светско ниво ќе има во Источна, Централна и Западна Африка, како и во Јужна и Југо источна Азија. Во истиот период економиите на Европа и САД ќе растат со побавнои стапки. Ова е заклучокот од прогнозата на Минхенскиот институт за економски истражувања (Ifo). Економските проценки на германскиот Институт се објавени во извештајот Истражување на економските експерти. Според ...
Италијанските власти рекоа дека се потребни повеќе време и ресурси за да се овозможи „непречена и безболна“ транзиција кон електрични автомобили. Италија го повтори своето противење на европските планови за забрана на продажба на нови автомобили на бензин и дизел за 12 години, а министерот за транспорт Матео Салвини планираната брза транзиција кон електрични возила ја нарече „самоубиство“ и „подарок“ за кинеската индустрија,пишува Ројтерс. ...
Изминатата 2022 година била од Македонија било извезено овошје во вредност од 50,5 милиони евра, што е зголемување за 5,5% во однос на вредноста на извезеното овошје во 2021 година. Што се однесува до извезените количини тие се поголеми за 3,3% во однос на претходната 2021 година, односно во текот на 2022 година на странските пазари било извезено околу 140 илјади тони овошје. Но, иако има раст и во вредноста и во извезените количини, анализата ...
Производителот на автомобили Ford денеска соопшти дека има намера да укине 3.800 работни места во Европа во следните три години бидејќи ќе се фокусира на производство на електрични возила. Компанијата планира да укине 2.300 работни места во развојот на производството и администрацијата во Германија, 1.300 во Велика Британија и 200 работни места на друго место во Европа. Ќе бидат задржани околу 3.400 инженерски улоги во Европа, фокусирани на ...
Европските пратеници денеска одобрија забрана за продажба на автомобили на бензин и дизел од 2035 година. „Новото законодавство го поставува патот кон нула емисии на CO2 за новите патнички и лесни комерцијални возила од 2035 година“, се вели во соопштението на Европскиот парламент. Говорејќи на пленарна седница, холандскиот член на Европскиот парламент Јан Хуитема тврдеше дека законодавството ќе го поттикне производството на возила со нула и ...
Под слоганот „20 години инженеринг во композитниот свет“ Ламинати Ком прославува важен јубилеј во своето постоење. Во присуство на нивните соработници, клиенти, претставници на македонските универзитети и стопанските комори беа одбележани досегашните постигнувања, а беа доделени и благодарници за соработка и признанија за посебни достигнувања на надворешни соработници и организации, како и на членовите од тимот. Од основањето до денес, ...
Како основа за оданочување ќе биде профитот кој е над 20 отсто од просекот во претходните три години и тој износ ќе се оданочува со стапка од 30 отсто, стои во Предлог – законот за данок за солидарност кој што е на дневен ред на 103. Собраниска седница. Данокот на солидарност ќе треба да се плати најдоцна до 31 мај годинава. Од оваа давачка Владата очекува да собере 4,7 милијарди денари или околу 76,4 милиони евра, како вонредни буџетски приходи ...
Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан (КИФ) е заедничка иницијатива на стопанските комори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, од Северна Македонија, Црна Гора и од Србија, која ги претставува интересите на повеќе од 350.000 компании, со мисија да ја поврзе деловната заедница од регионот и да овозможи обединет глас на бизнисот во регионот. По повод пет години од формирањето на заедничкиот регионален пазар на Западен ...
Јаболката, праските и црешите се најпогодени од забраната за увоз на македонското овошје што ја воведе Русија. Забраната стапи во сила кон крајот на минатата година, а надлежните интензивно работат на нејзино укинување и се надеваат дека тоа ќе се случи до пролет. Во меѓувреме, велат, многу е тешко да се најдат алтернативни пазари за овие три култури. Според Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), ...
Возилата на БРАКО за одржување хигиена во урбани средини се претставуваат на саем во Калифорнија во рамките на Конференцијата за градски управи, која се одржува од 8 до 10 февруари во градот Карлсбад. Оваа конференција редовно ги снабдува со современи и неопходни информации членовите на раководствата на градовите и обезбедува широк ранг на новини и податоци кои го помагаат менаџирањето на градските средини. Возилата на БРАКО се пласираат на ...
Трговијата помеѓу Македонија и Србија во изминатата 2022 година надмина 1,1 милијарди евра, што е највисока вредност во последните 17 години, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Србија е четврт најголем трговски партнер на Македонија, зад Германија, Велика Британија и Грција. Кога станува збор за извозот, Србија е трет најголем извозен пазар за македонските комапнии веднаш зад Германија и Бугарија. Трговската размена меѓу ...