Германскиот извоз падна за 1,2 % во август 2023 година, а увозот за 0,4% во споредба со јули, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис.
Пад е забележан и на годишна основа, бидејќи извозот е намален за 5,8%, а увозот за 16,8% во однос на август 2022 година.
Вкупната вредност на извезената стока од Германија во август изнесува 127,9 милијарди евра, додека во истиот период во Германија е увезена стока во износ од 111,4 милијарди евра.

Месечниот извоз во земјите на ЕУ е намален за 1,5%, од кои кон земјите од еврозоната за 2,6%, додека увозот од земјите на ЕУ е зголемен за 1,9 %, од кои за 3,2 % од земјите од еврозоната.

Извозот во земјите надвор од ЕУ е намален за 0,9%месечно, пред се извозот во САД – за 1,3 %, Велика Британија – за 4,2 %, Русија – за 0,5 %, додека извозот во Кина е зголемен за 1,2 %.

Во август опаѓа и увозот од земји кои не се членки на ЕУ, за 3,0%, особено од САД – за 3,1 %, од Велика Британија – 0,9% и од Русија – 23,4%.