Светски познатата компанија Coface денеска во Скопје ја организираше првата Country risk конференција на која странски и домашни експерти и претставници од бизнис секторот говореа за кредитните ризици и ризиците од ненаплата на побарувањата, како и за начините како компаниите можат најдобро да се заштитат со цел поуспешно да работат.

Сергеј Симонити, регионалeн директор за Кофас Адриатик смета дека производите кои ги нуди Coface може многу да придонесат за поголем успех на македонската економија.

Пазарот во Македонија е во развој, веруваме во успех на македонската економија и веруваме, дека со нашите продукти, може квалитетно да придонесеме до успехот на економијата. Македонија ја гледаме како крстосница меѓу југот и северот, западот и истокот и веруваме во успешен развој. Исто така, многу работиме со словенските инвеститори во Македонија и на крај, но многу е важно, во Македонија се чувствуваме добредојдено“, рече Симонити.

Француската Coface, која е еден од лидерите во кредитното осигурување и бизнис информации на македонскиот пазар соработува со локални партнери.

На подрачјето на осигурувања на побарувањата наш ценет партнер е Сава осигурување, на подрачјето на деловните информации одлично соработуваме со Интеркредит. Што се однесува до делот на судска наплата, најзначаен партнер во Адриатик регионот е правното друштво Праљак и Свиќ од Загреб“, вели Симонити.

Според Мелита Гугуловска, генерален директор на Сава Осигурување а.д. Скопје, се повеќе расте бројот на осигуреници кои го користат продуктот Осигурување на побарувања.

Сава осигурување го претстави овој продукт, кој дава максимална заштита на бизнисот на компаниите, уште во 2018 година. Сите компании имаат долгогодишни бизнис партнери со кои соработуваат и со кои имаат беспрекорна соработка. Но, не ретко се случува дел од нив, во одредено време, да имаат финансиски проблеми и да престанат со плаќање на обврските. Токму таа ненаплата на побарувањата е ризикот кој го преземаат Сава осигурување и Кофас“, рече Гугуловска.

„Покрај основната функција, заштита од ненаплата на побарување, тој е моќна алатка која дава можност нашите осигуреници да ја зголемат продажбата преку послободен пазар на сегашните и идните пазари, во земјата и надвор, детална анализа на ризикот и финансиската стабилност на секој ваш бизнис партнер – купувач, максимална контрола на реализација на вашите финансиски планови“ заврши Гугуловска.

На денешната конференција неколку компании, како што се Алкалоид и Либерти стил груп, го презентираа своето искуство од осигурување на побарувањата и заштита од деловните ризици. Тие истакнаа дека секоја компанија се соочува со ризик од ненаплата на побарувањата при настап на странски пазари, но моќта на Coface e во тоа што може да понуди корисни информации и смерници за одредени купувачи и пазари, како и осигување на побарувањата и подобро управување со ризиците.

Интеркредит, како 20 годишен партнер на Кофас, учествува во оваа конференција за да се подигне свеста кај домашните компании дека не се сами во бизнис ризиците, дека компанијата Кофас со повеќе од 75 годишно искуство во кредитното осигурување и управување со ризик, е тука да помогне и нивната визија за успешен и сигурен бизнис ја пренесе кај македонските компании.

Интеркредит нуди брзи и ефикасни решенија за заштита од потенцијални деловни ризици преку можноста за процена на нови деловни партнери, процена на финансиската состојба на компаниите, осигурување на побарувања и пронаоѓање нови деловни партнери низ целиот свет“, рече Горан Николоски, генерален директор на Интеркредит Македонија.

Со повеќе од 75 години искуство и широка меѓународна мрежа, Coface е водечки играч во кредитното осигурување и правувањето со ризици, а во портфолиото на услуги кои ги нуди за компаниите клиенти влегуваат и различни деловни информации и наплата на долгови. Coface е присутен во речиси 100 земји, директно или преку партнери, а  своите клиенти ги поддрѓува на околлу 200 пазари.