
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



УХМР најавува дека следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Утре ќе дува засилен северен ветер, долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Утрото ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Во Скопје утрото ќе биде претежно облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, ...
Денеска во 00.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(20) од с.Орланци, скопско и патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.М.(22) од с.Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б., а со телесни повреди се ...
Адел со години е позната не само по својот неверојатен глас, туку и по својот препознатлив стил и имиџ. Меѓутоа, кога таа се појави во јавноста во 2020 година целосно трансформирана, светот не можеше да им верува на своите очи. Пејачката ослабе околу 45 килограми, а нејзината нова фигура стана предмет на дискусија и воодушевување. Како таа постигна таква драматична промена? Одговорот е – диетата Сиртфуд. View this post on Instagram A post shared ...
Напоредно со превентивните активности од областа на безбедноста на сообраќајот кои што речиси секојдневно се реализираат преку надлежните полициски служби во сите сектори за внатрешни работи на МВР, продолжуваат и интензивните сообраќајни контроли на патиштата низ државата. Така вчера (17.02.), во рамки на активностите на полициските службеници за 796 учесници во сообраќајот беа издадени платни налози, а од друга страна наплатени беа 500 платни ...
Сеопфатна студија покажа дека утрото е време од денот кога луѓето најчесто се чувствуваат најдобро. Истражувањето го потврди и она во што веруваат многу луѓе, а тоа е дека во летните месеци се чувствуваат посреќно и подобро отколку во зимскиот период. Експертите ги анализираа податоците собрани од 49.218 возрасни лица како дел од социјалната студија на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) за Ковид-19, која ги следеше испитаниците од март 2020 ...
Три противпожарни возила и деветмина пожарникари ноќеска гаселе подрумски простории на семејна куќа во центарот на Куманово, соопштија денеска од регионалниот центар за управување со кризи. Пожарот избувнал околу 23 часот, а бил изгаснат во 05:45 часот, утрово. – Опожарен е подрумскиот дел на објектот на улицата „Перо Чичо“. Направена е материјална штета, причината за пожарот ќе се утврдува, информираа од РЦУК. И денеска една противпожарна екипа ...
Владата предводена од ДПМНЕ со новата Програма за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2025 година повторно ги става на маргините најранливите категории на граѓани, велат од СДСМ. Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, укажува дека, за разлика од програмата донесена од Владата на СДСМ во јануари 2024 година, новата програма на Владата на ДПМНЕ значително го намалува опфатот на граѓани кои добиваат поддршка. „Во новата Програма на ...
Познат професор открива која намирница е смртоносна за црниот дроб и дали треба да се јаде маст! Еден професор доктор објаснува како функционираат некои од основните процеси во организмот и како да го зачуваме здравјето на виталните органи. Проф. Д-р Дејан Чубрило открива како најдобро да го исчистите организмот од разни токсини, нагласувајќи кои намирници треба да се избегнуваат, особено по 30-тата година од животот. Според него, една од ...
Најмалку 18 лица се повредени при превртување на авион на пистата на аеродромот Пирсон во Торонто. Меѓу повредените има и дете, но е во добра состојба, соопшти детската болница во Торонто. Силен ветер дуваше над аеродромот кога контролорите на летање го пуштија авионот на Делта ЦРЈ900 да слета. За неколку моменти, авионот се превртел на пистата, а пламенот се издигал од млазот. Сите 80 патници и членови на екипажот во авионот, кој летал од ...
На 18 февруари започнува сезоната на Риби, која го означува крајот на астролошката година. Како што напредува сезоната на Риби, се наближува сезоната на Овен, што е сончев циклус кој повторно завршува – затоа гледајте го ова како време на завршување. Во овој период, ќе се чувствувате себеси како уште повеќе се спуштате, станувате сентиментални и размислувате за тоа каква била за вас изминатата година. Откажете се од некои понуди и поставете си ...
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, изјави дека се потврди најголемата лага на ВМРО-ДПМНЕ, а на виделина излезе нивното лицемерие во однос на Законот за бранителите. „Вистината е дека денес пратениците на ДПМНЕ гласаа против Законот за бранителите. Во декември 2023 година го блокираа Законот за вработени во одбраната, под изговор дека нема да го поддржат додека не се донесе Законот за бранителите. Реалноста е дека Законот за вработени во ...
Светската здравствена организација (СЗО) повика на воведување јасни и видливи предупредувања на алкохолните пијалаци, слични на оние на кутиите со цигари, откако истражување покажа дека во Европа постои загрижувачки ниска свест за поврзаноста на алкохолот со ракот. Иако алкохолот предизвикува 800.000 смртни случаи годишно во Европа, само 15% од испитаниците знаат дека го зголемува ризикот од рак на дојка, додека 39% се свесни за поврзаноста со ...
Министерството за здравство воведува забрана за посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширењето на грипот во болнички услови. Истовремено, здравствените установи се задолжуваат строго да го почитуваат куќниот ред, особено во однос на носење заштитни маски, дезинфекција на раце и одржување физичка дистанца каде што е можно. Оваа одлука е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести, а сите јавни здравствени установи се ...
Европската централна банка (ЕЦБ) направи потесен избор на мотиви што ќе се појават на новите евробанкноти, а меѓу нив се и личности како Марија Кири и Леонардо да Винчи. „Новите банкноти ќе го симболизираат нашиот заеднички идентитет и разновидноста што ја прави Европа силна“, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард. Првата тема, „Европска култура“, се фокусира на заедничките културни места и „истакнати Европејки и Европејци“, соопшти ЕЦБ ...
Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција рече дека граѓаните се соочуваат со сé поголеми економски предизвици поради зголемените цени на основните прехранбени производи и електричната енергија. Како што рече, Владата не презема никакви конкретни мерки за да го заштити животниот стандард на граѓаните и затоа СДСМ поднесува Закон за измени на Законот за ДДВ со кој по итна постапка пратениците од оваа партија бараат ...
Еден од нашите најпознати јутубери, Стефан Лазаров, и поп пејачката Тамара Тодевска го објавија нивниот дует. Станува збор за песната „Патишта“ за кои тие и претходно најавија дека ќе биде посветена на сите драги луѓе кои повеќе не се со нас. Токму затоа, како што објасни и Стефан на Инстаграм, тие решиле да искористат и еден стих од легендарниот Тоше Проески. Песната беше објавена во недела, а за помалку од еден час имаше преку 10.000 прегледи ...
Американската НАСА и Европската вселенска агенција (ESA) активно го следат движењето на астероидот YR4, кој е наречен „убиец на градови“, откако се процени дека шансите да удри во Земјата се удвоени. За потсетување, научниците открија дека процентот на веројатност скокнал од 1,2 на 2,2, додека Меѓународната астрономска унија (IAU) го прогласи астероидот за „ниво 3“ на скалата на опасност во Торино, што го прави единствениот чие ниво е над ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 % во однос на одлуката од 10.02.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,961%, кај дизелот за ...
Прашањето за менување на државниот грб не е поврзано со никакви избори, истакнува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Ги отфрли констатациите дека отворањето на дебатата е заради дефокусирање од економската криза. Милошоски оценува дека Македонија не треба да остане во друштво на Белорусија, Таџикистан или Ангола, кои како што рече, имаат советска симболика по однос на државните грбови. „Ако зборуваме на современи државни обележја, ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против И.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено ...
На 16.02.2025 во 20.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7-ми Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат добло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ж.К.(70), и мотоцикл „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од И.Ч.(18), двајцата од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гевгелија, ...
„Животот во Северна Македонија станува сè поскап, а граѓаните сè потешко ги задоволуваат основните животни потреби. Индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 4.9%, додека индексот на цените на мало пораснал за 5.2%“, вели Фатмир Бииќи – пратеник на СДСМ. „Цените на основните прехранбени производи растат без контрола, а семејните буџети се под постојан притисок. Но тоа ...
По 22-годишна борба за потомство, 57-годишната Соња и 69-годишниот Марко Миротиќ од Грбавац, Подгорица, го очекуваат своето дете во Април. За среќните и позитивни луѓе според кои годините се само број, најголемата желба ќе се оствари годинава. – По осум спонтани абортуси, многу труд, маки, операции, оплодувања, паузиравме, малку се откажавме од тоа. Случајно, Вања (Милошевиќ, гинеколог) ми е братучетка, неколку пати ја посетив и ме упати кај д-р ...
Денеска во Собранието СДСМ ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот економски мерки за спас на економијата и животниот стандард на граѓаните, информираат од партијата. „За само 8 месеци неспособноста на власта драматично ја влоши економската состојба во државата. Животниот стандард опаѓа, цените на храната пораснаа за 20%, трошоците за живот за 4,9%, сметките за струја се зголемени за 30%, поскапе и парното за 5% а платите стагнираат. ...
Секој трет граѓанин или 35.2 проценти размислуваат да се иселат од Македонија покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Најголем интерес да се иселат од државата имаат возрасните групи од 30 до 50 години со завршено високо образование каде дури секој втор сака да си ја побара среќата надвор од Македонија, покажуваат деталните анализи на бројките. 15,9 проценти ...
Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, а неколку минути претходно имаше помал земјотрес од 4,2 степени, додека во текот на ноќта беа регистрирани два нови потреси од 4,2 и 4,5 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина. Најсилниот земјотрес во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос беше регистриран минатиот понеделник и беше со јачина од ...
На 15.02.2025 околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до с.Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од лице (46) од Струмица, и товарно возило „даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина. На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо“. Од страна ...
По наредба на Вишото јавно обвинителство на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал, полицијата го уапсила М.Т. за кривичното дело загрозување на сигурноста од член 138 ст.3. Според написите на медиумите во соседството, тој на социјалната мрежа „Икс“ им се заканувал на српскиот претседател Александар Вучиќ и на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ. „Јави и се на Ангела, јави му се на Шолц, јави му се на Путин, јави му се на ...
Инстаграм воведува нови функции. Како што најавија, се обидуваат да ги намалат навредливите коментари, па некои корисници веќе ја добија опцијата „dislike“. Се појавува додека се прегледуваат коментарите на објавите и рилсовите. Ова ново копче ќе биде достапно и на редовните објави и на видеата на Reels, но нема да го прикажува бројот на недопаѓања, што значи дека другите корисници нема да можат да видат колку луѓе одобрие некој коментар. Сепак, ...
Бугарскиот претседател Румен Радев разговараше со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за време на Минхенската безбедносна конференција. Радев јасно и гласно истакнал дека Бугарија не прифаќа измени на договорот со Македонија. – „Македонија треба да започне со реално спроведување на европскиот консензус од 2022 година. Бугарија не поставува нови барања за европската перспектива на С.Македонија, но и не прифаќа промени на постигнатите ...