Откако ја предизвикаа згрозеноста кај младите со срамната журка со пиротехника додека Македонија тагува за изгубените млади животи во Кочани, од УМС се обидоа да се оправдаат со тврдење дека не било потребно да го пријават палењето факли, велат од СДСМ. Но, се фатија во лага. Сами се дозакопаа. Законот е јасен. Согласно член 39 од Законот за употреба на пиротехнички средства, палењето ракети, огномети, факелијади или слични приредби мора да се ...

Инспекциските контроли на храната од почетокот на годинава ја надминаа бројката од 12 000 само во внатрешниот промет. Како небезбедни, досега се уништени околу 56 тони храна од животинско и неживотинско потекло. За утврдените недолесености се изречени 1 325 мерки од кои 260 парични казни и други казни како времени забрани за вршење дејност, а поднесени се и прекршочни пријави, рече денеска директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) ...

Во 2024 година, 291.955 странци добија германско државјанство, што е највисока бројка од почетокот на водењето статистика во 2000 година, јави ДПА. Сиријците се најбројната група меѓу новите германски државјани, сочинувајќи 28 отсто од сите апликанти, следени од државјани на Турција (8%), Ирак (5%), Русија (4%) и Авганистан (3%). Кај руските државјани е забележан значителен пораст од 551 отсто во споредба со 2023 година, со 12.980 нови ...

Дали знаевте дека со помош на фенг шуи може да привлечете повеќе пари т.е. да ги подобрите вашите економски шанси? За целиот простор да го исполните со позитивна енергија која ќе ви донесе финансиска стабилност, следете ги едноставните и брзи совети: 1. Исчистете го нередот. Ако не се решите од непотребните нешта ќе привлечете позитивна финансиска енергија. 2. Поправете ги предметите кои се скршени и нефункционални. Сè што не работи не би ...

Холивудскиот актер Том Круз повторно ги поместува границите. Благодарение на извонредните каскадерски потфати што ги изведе во филмот Mission: Impossible — The Final Reckoning, Круз официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди за најмногу скокови со запален падобран – скокнал дури 16 пати. Неверојатниот трик е снимен во планините Дракенсберг во Јужна Африка, каде што Круз поминал недели подготвувајќи се со каскадери пред да скокне од висина ...

Во своето обраќање пред граѓаните и членовите на СДСМ во Кочани, Венко Филипче ја коментираше економската состојба и економските политики на власта на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Тој рече дека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, цените растат, платите стагнираат, додека власта си ги покачува само сопствените плати. Се осврна и на изјавата на Мицкоски дека Македонија е четврта економија во Европа. „Да излезе премиерот и да каже дека сме четврта ...

Александар Нацев кој е новиот осомничен за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, која се случи на 15. Март годинава, доби 30 дена притвор. Судот доцна ноќеска го прифатил барањето на ОЈО за 30 дена ефективна мерка притвор, јавува ТВ 24. Нацев е ексдиректор на Дирекцијата за класифицирани информации од 2015 до 2017 година. Нацев на 16. март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата: – „Сочувство до фамилиите на ...

Нефункционалната држава и корумпираните институции се единствената причина за згаснатите 62 живота во кочанската шупа. Ако премиерот си ја работел работата за која е избран и платен, ако функционирал системот, ако Владата и нејзините институции се издигнеле над бизнис интересите на поединци и групации… или кусо речено, ако имало држава… масовното убиство немаше да се случи. И наместо да покаже професионална одговорност и да ги стави во погон ...

Завршија мерките и инфлациската спирала почна да се откочува. Државниот завод за статистика соопшти дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година се зголемени за 3,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,6 %. Зголемувањето на трошоците за живот од април до мај 2025 е кај храната и безалкохолни пијалаци од 4,1 проценти. Зголемувањето кај другите ставки е многу помало: Разновидни стоки и услуги за ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, добил зголемување на платата од околу 200 евра месечно, со што сега ќе прима над 105.000 денари месечно. Ова стои во Одлука објавена во најновиот број на „Службен весник“, а јавноста ја пренесе претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Трендафилов изрази револт и постави јавно прашање: „Ако нема ...

Во текот на следната недела СДСМ ќе објави дел од имињата на кандидатите за градоначалници од оваа партија за локалните избори кои ќе се одржат во вторта половина на 2025 година, информираше претседателот на СДСМ Венко Филипче при денешната посета на Делчево. Тој најави дека до крајот на јуни СДСМ ќе ги соопшти имињата на сите кандидати за градоначалници. – Во текот на следната недела, следната недела значи неделата после 16 јуни ќе објавиме ...

Синоќа од Медицински центар Гостивар било пријавено дека 43-годишниот Р.К. од гостиварското село Калиште, кој бил донесен кај нив со алергиска реакција која настанала поради убод од пчела, починал при на укажувањето на помош. На 08.06.2025 во 21.11 часот во ОВР Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив за укажување медицинска помош бил донесен Р.К.(43) од с.Калиште, гостиварско, кој за време на интервенцијата починал. ...

На 08.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани ...

Основното јавно обвинителство денес објави дека предметот за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани е проширен со новоосомничениот Александар Нацев. Според обвинителите, Нацев се смета за фактичен сопственик и одговорно лице на агенцијата за обезбедување што во 2025 година нелегално работела во објектот без договор и без примена на основни безбедносни протоколи. По судска наредба, биле извршени претреси на две адреси – во Скопје и ...

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Цените на бензините останува непроменети, додека ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 1 денар. Така ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се продава по цена од 66 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 74,5 денари, и на ЕУРОСУПЕР 98+ останува 76,5 денари. Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 68,5 денари. Цената на мазутот исто така се ...

Денеска беше објавен конкурсот од Оперативната програма за вработување за 2025 година кој се однесува на два чекори, првиот за поединци постари од 29 години и обезбедува 430 500 денари за основање фирма, како и дополнителни до 250 000 денари за лица со инвалидитет, додека вториот е за луѓе до 29 години и нуди до 615 000 денари за започнување самостоен бизнис. Како што изјави денес министерот за економија Бесар Дурмиши, на конкурсите може да се ...

Од СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка со известување за електронско пријавување на ученици во прва година за учебна 2025-2026 година. – Јунски уписен рок-електронско пријавување од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025г. Достава на документи во училиштето на 18 јуни 2025г. од 8:00 часот до 19 часот и 19 јуни 2025г. од 8:00 до 17 часот. За сите оние кои не можат да се пријават електронски, нашето училиште ќе биде отворено и во ...

Финалето на Лигата на нации меѓу Португалија и Шпанија, кое синоќа се одигра на стадионот „Алианц Арена“ во Минхен, беше засенето од трагедија – еден навивач загина откако паднал од горниот дел на трибините. Додека Португалија славеше победа по пенал-рулетот и нов трофеј, на трибините се случувала драма. Според првичните информации, несреќата се случила ненадејно, а причините засега остануваат непознати. Се претпоставува дека станува збор за ...

Во астрологијата постои толкување дека секој месец носи посебна особина што можеби не е забележлива на почетокот, но подоцна станува поизразена. Погледнете какви скриени особини ви носи месецот на раѓање. Јануари: елоквенција и независност Луѓето родени во јануари на почетокот може да изгледаат многу интровертни. Ова е делумно точно: тие сакаат да прават одредени работи сами, бидејќи се многу независни, но сепак се среќни кога се во друштво на ...

Сезоната на цреши е во полн ек, и бидејќи цените на ова овошје често се високи, важно е да знаете како правилно да ги зачувате. Црешите можат да траат до четири дена на собна температура и до седум во фрижидер. Сепак, со неколку едноставни совети, можете да ја продолжите нивната свежина уште повеќе. Избегнувајте влага Мијте ги црешите само пред да ги користите, бидејќи влагата го забрзува нивното расипување. Ако се влажни, темелно исушете ги со ...

Многу луѓе уживаат во повремено пиење за време на општествени собири или прослави, но се поставува прашањето дали редовната консумација на алкохол има долгорочни здравствени последици. Иако некои студии укажуваат на можните придобивки од умерената консумација на црвено вино за здравјето на срцето, важно е да се напомене дека алкохолот носи и бројни ризици, особено кога се консумира во поголеми количини. Најголемиот предизвик е да се најде ...

Да, Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој. Ама од позади. Само Молдавија, Косово и Босна се помалку развиени од нас. И Албанија беше, ама лани нѐ престигна. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ. Албанија е на 43%, Србија е на 51%, Црна Гора на 53%. Јас тука навистина не гледам ништо за радување. Можеби јас не сум објективен – нека излезе премиерот на улица, нека им каже на ...

Александар Нацев, член на ВМРО-ДПМНЕ, е неофицијално идентификуван како таен сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, за која Обвинителството ја прошири истрагата поврзана со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, дознава неофицијално „Фокус“. Според Обвинителството, Нацев е осомничен за „Тешки дела против општата сигурност“, бидејќи раководел со целокупното работење на ...

Туристичките капацитети за хотелско и индивидулано сместување во земјите од регионот веќе ги објавија цените за претстојната летна сезона. За потенцијалните туристи се нудат различни финансиски услови за сместување во зависност од поединечните можности. За тоа какви се цените за сместување во станови, хотели или вили Курир.рс за српските граѓани направи преглед на цените во Црна Гора, Албанија, Хрватска, Грција и Турција. Во прегледот на цените ...

Една од најбараните и популарни пејачки е Теа Таировиќ, која веќе има резервирано настапи цело лето. Пејачката исто така ќе заработи повеќе од еден милион евра за два и пол месеци во текот на летото. Иако нејзиниот хонорар сега е висок, интересот е уште поголем, па пејачката не може ни да успее да настапи на сите места каде што е поканета. Како што објавуваат медиумите, Теа Таировиќ закажала дури 35 настапи ова лето, а сега нејзиниот настап чини ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Од денес (понеделник 9 јуни, па се до среда 11 јуни) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите за 3 до 5 степени, па така максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот 25 до 33 степени. Сепак, атмосферата повторно нема да биде стабилна, па така во попладневните часови се очекува локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои ќе има појава ...

На помпезно најавуваната прес-конференција на портпаролката на Владата, Марија Митева беше соопштена веста дека Владата, односно Канцеларијата на премиерот отворила телефонска линија на која ќе можат да се јават повредените од Кочани и нивните семејства. Токму семејствата на повредените со недели до јавноста апелираат дека немаат никаква поддршка од државата, дека процесот на лекување и закрепнување е многу скап, а Владата реагираше со отворање ...

На 06.06.2025 година во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица. На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот. Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. се констатирани ...

Општина Крива Паланка продолжува со поддршката на младите. Во тек е повикот за субвенции на студенти за набавка на дигитални уреди. Право на аплицирање имаат сите студенти запишани на додипломски студии од прв циклус во учебната/академска 2024/25 година со адреса на живеење на подрачјето на Општина Крива Паланка. Општината ќе надомести дел на трошоците за набавени уреди, во износ од 50% од цената, до 6000 денари субвенција. Условите, критериуми ...

„СДСМ не може позитивно да одговори на барањето за извинување на министерот за култура и туризам Зоран Љутков затоа што ја објавивме вистината“, соопштија од опозициската партија. „Зарем очекува Љутков да му се извинуваме за тоа што СДСМ, а не тој, зборувавме за не исплатените плати на културните работници за Велигден кои тој ги остави сами себе? Или очекува да му се извинуваме што ја соопштивме болната вистина за непочитување на колективниот ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.0
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1032
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.7
81%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
99%
1028
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
0.89
87%
1030
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1030
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
0.89
96%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1030
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Калај

42.35

Паладиум

52470.02

Платина

61733.50

Родиум

258009.74

Злато

139470.53

Алуминиум

2.90

Бакар

10.93

Рутениум

29192.88

Цинк

3.03

Иридиум

145787.60

Сребро

2128.87

Кобалт

58.42