
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Вчера во 11.10 часот во Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Х.(34) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во ноември 2024 година извршил обљуба врз малолетник од Тетово. За случајот биле известени и вклучени Јавен обвинител и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Р.Х. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ...
„Додека младите во Македонија протестираат, бараат правда и безбедност на улиците, се објави голем скандал кој го покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Сергеј Попов, актуелен пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во која повредил жена!“, вели Трајче Стојчевски – претседател на Социјалдемократската младина на Македонија. „Поради ова е осуден за тешко кривично дело – ...
Емилија е 46-годишна жена од Крива Паланка, мајка на две малолетни деца, која се бори со една од најтешките болести – малигна неоплазма на билијарно стебло. Таа се лекувала на клиниката за дигестивна хирургија и моментално е упатена на Онкологија, но нејзината состојба бара постојано лекување и трошоци кои не може да ги покрие. Со текот на времето, финансиската состојба на нејзиното семејство се влошува, а Емилија со оглед на тоа што е ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ѓ.А.(53) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и против Г.М.(61) и Т.Д.(62), двајцата од Кратово, кои се осомничени за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, вработена во Јавната здравствена установа Кратово, во периодот од 15.6. до 30.6.2024, кога била задолжена за евидентирање на вработените ...
Според СДСМ, потона уште едно лажно ветување на ВМРО-ДПМНЕ, нема да има нов Клинички центар. „Пред изборите ветуваа модерен, нов Клинички центар кој ќе овозможи подобри здравствени услуги за сите граѓани. Денес, кога се на власт, признаваат дека нема да го реализираат ова ветување, а наместо тоа, нудат импровизирано решение – пребукирана Градска општа болница „8 Септември“ да стане регионален центар. Ова не е реформа во здравството, ова е уште ...
Најавата за распуштање на Судскиот совет има два аспекти, еден од нив на којшто треба да одговори власта е дали се откажа од Планот за раст вреден близу 800 милиони евра, потпишан од Владата, премиерот и Брисел, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „Дебата“, на ТВ Клан Македонија. -Дали дефинитивно се откажуваме од близу 800 милиони евра кои се влезени во Планот за раст за нас, од вкупниот пакет од неколку милијарди евра за ...
„Ценовните шокови и ова што сега се случува е тотална негрижа за граѓаните, да го искористам омилениот израз на владините преставници, ова е историски најбрзо носење до просјачки стап, порача претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во емисијата „Дебата“, на ТВ Клан Македонија. Филипче во интервјуто потенцираше дека според анализите секој втор граѓанин има помалку пари од минатата година овој период. „Ценовните ...
Росица Кулакова, сестрата на Фросина Кулакова, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека адвокатот на Васил Јованов кој ја прегази нејзината сестра, ќе се обиде да ја изманипулира јавноста на прес-конференција со објава на видео, направено веднаш по несреќата. Таа ги замоли медиумите да не го објавуваат ова видео: АПЕЛ ДО СИТЕ МЕДИУМИ, ИНСТИТУЦИИ И ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ Добивме дојава дека адвокатот на Васил, Сашо Дукоски на утрешната пресконференција ...
Многу популарни домашни лекови и намирници кои се сметаат за здрави можеби не се толку ефикасни како што се верува. Според истражувањето спроведено од „Wren Kitchens“, голем број луѓе веруваат во митови за исхраната, кои ги поттикнале лекарите, д-р Дебора Ли и д-р Шама Синг, да ги разјасниме. На пример, 42 отсто од испитаниците веруваат дека лукот е моќен имунолошки зајакнувач, но д-р Ли истакнува дека научните докази, особено од студиите за ...
Љубителите на пити и бурек ќе уживаат во овој вкусен рецепт, кој е многу брз и лесен за подготовка. Специфичниот вкус на бурекот доаѓа од кромидот, кој, покрај тоа што ја омекнува сладоста на компирот, совршено го неутрализира вкусот на меленото месо, создавајќи комбинација која ќе задоволи многумина. Состојки: • 600 гр мелено мешано месо • 1 јајце • 600 гр готови кори • 2 средни главици кромид • Масло Подготовка: 1. Кромидот ситно исечкајте го. ...
Четворица млади луѓе од Балканот се осомничени дека систематски оштетувале автомобили низ Германија, вбризгувајќи полиуретанска пена во нивните издувни цевки. Според германската полиција, тие уништиле повеќе од 270 возила во Берлин, Бранденбург, Баварија и Баден-Виртемберг. Во прв момент, нападите беа поврзани со радикални климатски активисти, бидејќи осомничените лепеле налепници со пораки како „Биди зелен“. Но, истрагата на германските власти ...
Младите се предизвикуваат меѓусебно – кој ќе земе поголема доза од лекот против болки, парацетамол тоа е најновиот тренд помеѓу младите како еден вид игра на Тикток, но случаите на деца кои страдаат од предозирање се зголемуваат во швајцарските кантони Фрибург, Јура и Вауд. Злоупотребата на парацетамол може да влијае на различни органи, понекогаш и неповратно, предупредуваат лекарите. Д-р Оливие Ногуеро, специјалист по интерна медицина ...
Претседателот на УМС и пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, Сергеј Попов, во 2014 година, бил фатен пијан зад воланот, со 1,43 грам промили алкохол во крвта, без дозвола за возење и притоа предизвикал тешка сообраќајна несреќа, повредувајќи невина жена, изјави денеска на прес-конференција Петар Здравевски од Левица и раководител на подмладокот на партијата. Здравевски наведува дека „Попов е лицемерен“, бидеќи, ...
Пејачката конечно ја најде среќата во љубовта! Емотивниот живот на Милица Тодоровиќ често го привлекува вниманието на јавноста, а пејачката речиси секогаш јавно зборувала за своите љубови. Таа сега ужива во љубовта со бизнисменот Марио, со кого ненадејно се вери, но интригантни се и нејзините претходни врски. Милица Тодоровиќ додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ беше во емотивна врска со колегата Ненад Јовановиќ. Тие двајца прво се ...
Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ – Гудељ моментално живее во Шпанија, а на својот инстаграм-профил сподели слика од популарниот цртан филм „Заспаната убавица“. На сликата е прикажана Трнорушка како гледа низ прозорец, а покрај фотографијата стои натписот: „Јас додека разговарам со Исус секоја вечер, затоа што тој е мојот најдобар пријател“. View this post on Instagram A post shared by Anastasija Gudelj (@raznatovicanastasija) Да ...
Двајца лекари се степале во Клиничката болница – Штип во текот на вчерашниот ден. Според соопштението на Секторот за внатрешни работи Штип, настанот е пријавен вчера кај нив во 12:45 часот. „На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил“, се вели во писменото соопштение од СВР-Штип. Во написот се ...
на својот Фејсбук профил се огласи и мајката на Фросина. „Почитувани родители, млади луѓе-идни родители. Душава ми гори од болка, а срцето ми е распарчено., но морам да ви се обратам. Сето ова популаризирање на нашата семејна трагедија е дотурање на сол на нашата рана која никогаш нема да се залечи. Јас бев горда мајка. Пораснав три златни деца. Ги воспитував и учев да бидат добри личности. Добри, чесни и доблесни луѓе. Да си ја сакаат ...
Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда, вели лидерот на партијата СДСМ Венко Филипче. „Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта. СДСМ бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии ...
На 05.02.2025 во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрило во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, струмичко. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал. За настанот бил известен ...
Се троши време и се крева галама за некаква си синдикална кошничка. А не се збори за покачување на плати. Не се збори дека секаде во регионот драстично се покачија плати. А и државите се откажаа од дел од тие придонеси за да има реално покачување на плата а не трошки. Јавноста се занимава со пресметки на ссм, а не со реален проблем. Ниски плати кои стагнираат само кај нас. Секаде во регионот се покачуваат. Да се истепаме за синдикалната кошничка ...
Алоо … Дојде време за Велигденската, ќе дојде време за црешите и праските, а вие уште Божиќната кошничка не ја решивте – По ова логика за кошничките ќе збориме до локалните избори – Тоа ли е планот? Господа … Потрошувачка кошничка не може да биде економска политика … !? Не знам дали се разбираме. Кошничка е социјална категорија, и е пресметковна статистичка операција …Ако е скапа таа се решава со зголемување на платата (и само така) … Но после ...
Компанијата „Аптив“, која со години функционираше во индустриската зона Бунарџик и вработуваше околу 500 лица, ја затвора својата фабрика во Бунарџик, велат од СДСМ. „Производствените капацитети се преселуваат во други земји, оставајќи стотици македонски граѓани без работа и егзистенција. Дополнително, компанијата „Џонсон Мети“, која исто така има долгогодишно присуство во Бунарџик, најавува намалување на бројот на работни позиции. Ова е јасен ...
Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето дете, пренесува ТМЗ. Ова е нејзиното прво дете со нејзиниот партнер Хоаким Валенте, а според пишувањата на странските медиуми, мајката и бебето се добро. На јавноста сè уште не и се познати полот и името на бебето. Извори блиски до парот велат дека Жизел и нејзиниот партнер во текот на целата бременост не сакале да знаат дали имаат момче или девојче. Бундхен има две деца од бракот со ...
Исчистете го вашиот организам и уживајте во одличниот вкус на здравиот пијалок од овошје и зеленчук. Комбинирањето моркови со вашето омилено овошје ќе има големи придобивки за вас и вашите најмили. Повеќето од нас уживаа во разна, честопати нездрава храна за време на изолацијата и карантинот. Сепак, дојде време да излеземе надвор, а многумина од нас добија неколку вишок килограми. Не очајувајте, вратете се на редовна и правилна исхрана, а со тоа ...
На социјалните мрежи има нов повик за масовен бојкот на маркетите за утре, петок, 7. Февруари, именуван како „Црн петок“ за маркетите. На 31. Јануари граѓаните ги бојкотираа поголемите маркети. Иницијативата која прво се случи во Хрватска, а беше најавена и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите од власта и од опозицијата, додека надлежните институции најавија ригорозни ...
„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски. Таткото на министерот за дигитална трансформација, Љупчо Андоновски е советник во Владата. Братот на министерот пак, Игор Адноновски е началник во АНБ. Значи цела фамилија, едниот брат министер, другиот брат началник во АНБ а таткото Советник во Влада“, велат од СДСМ. „Ова ли е „департизацијата“ што ја ветуваше ...
Сосема гол маж вчера го искористил сончевиот ден за релаксирачки џогинг во Охрид, предизвикувајќи неверување и шок кај граѓаните кои се нашле на кејот и во централното градско подрачје, објави „А1он“. Според порталот, човекот сред бел ден, „како од мајка роден“, протрчал по целата должина на кејот, продолжувајќи кон плажите, без никој да го запре. Снимки од несекојдневниот инцидент се појавија на социјалните мрежи. Видеата прикажуваат како мажот ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Е.В.(20) од Скопје поради неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. На 23.01.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во просториите кои што ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка „АК-47“ ...
Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута, а возот ќе сообраќа двапати дневно. Во одредени делови од денот, возот ќе сообраќа и до Бељаковце, а кога ќе биде завршена пругата, и до Крива Паланка. – Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово. Возот ќе сообраќа двапати дневно, наутро во 6:30 ќе тргнува од Куманово, а во 16:30 ќе се враќа назад и обратно. Ќе има четири возови дневно кои ќе оперираат за 41 минута ...
Управата за јавни приходи информира дека согласно Законот, исплатата на средства за скенираните сметки во периодот октомври – декември 2024 година ќе се реализира во тек на месец февруари. Од УЈП споделија и кои се најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата се: – Погрешно внесена трансакциска сметка – Внесена трансакциска сметка на друго лице – Наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка – Внесена трансакциска сметка ...