Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Службеничката од Министерството за земјоделство, Јасмина Костадинова, е осудена на 10 месеци затвор за примање мито во рамки на случајот поврзан со Илија Стоилев. Костадинова на последното рочиште ја признала вината дека примила 2.000 евра за посредување фирма да добие средства од ИПАРД програмата. Судот одлучи во казната да ѝ се засмета и времето поминато во домашен притвор од ноември 2025 година, а мерката ѝ е продолжена и понатаму. ...
Уште еден скандалозен случај, човек од обезбедувањето на премиерот Мицкоски завршува во притвор за семејно насилство. Брутално ја претепал сопствената сопруга. Ова е слика на опкружувањето на Мицкоски и на една криминална Влада во која насилството е нормализирано а институциите немаат капацитет за ништо, порача денеска на прес-конференција Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор. – Уште еден доказ дека системот е целосно распаднат а ...
Изјавата на премиерот Мицко дека „ако сакате да ги избегнете непријатностите на ЕУ-границите, летувајте на нашите убави езера, планини и села“ е пример за неумесен цинизан, и тоа од подрските (најдрските). Можам да замислам дека кога би земал да ја разработи својата теза, би рекол и дека летниот одмор е преценет. „Се печеш на сонце, некоја солена вода ти влегува во уста и во нос, помалку или повеќе зависиш од волјата на газдата, мора да ...
Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека во периодот од 05.05.2026 (вторник) до 07.05.2026 (четврток) ќе се изведуваат градежни активности на централната градска улица, на потегот од населба „Единство“ до станицата за технички преглед. Во овој временски интервал ќе се врши поставување на завршен асфалтен слој, поради што сообраќајот на наведениот дел ќе биде во целосен прекин. – Оваа мерка се презема со цел да се обезбеди квалитетна ...
СВР Битола информира дека на 04.05.2026 во 21:45 часот во ОВР Прилеп, 44-годишен прилепчанец пријавил дека неговата малолетна ќерка во период од околу две години била следена и полово вознемирувана од 39-годишен прилепчанец. Според пријавата, осомничениот во текот на вчерашниот ден во продавница ја допирал по телото. Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. СВР Битола информира дека на 04.05.2026 ...
Со свечени настани, трибини и работилници, денеска низ Скопје ќе биде одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Во организацијата се вклучени Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Собраниската комисија за култура и туризам, како и ФИНКИ. Во Институтот за македонски јазик ќе се одржи свечен настан со поздравни обраќања на директорката Елена ...
Управа за јавни приходи информира дека за 2025 година се изготвени вкупно 862.896 однапред пополнети годишни даночни пријави (ДЛД-ГДП), во законскиот рок до 30 април 2026 година. Институцијата соопшти дека граѓаните ќе добијат известување преку профилот на системот „МојДДВ“ или на електронската пошта што ја имаат регистрирано. Секое физичко лице кое остварило приход во 2025 година има обврска да ја провери, потврди или коригира пријавата ...
Карактеристиките на пожарот во дискотеката „Пулс“ се исти како и при многу други пожари во затворен простор – доминантно влијание има јаглероден моноксид, меѓутоа има и дополнителни фактори како чадот, жешкиот воздух, пренатрупаност, односно стампедо што се јавува при настапување на смртен исход, изјави директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков, на денешното судење за пожарот на 16 март 2025 во кој животот го загубија 63 ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Полека но сигурно во Македонија ни доаѓаат долго очекуваните летни температури на воздухот, особено за време на викендот кога тие особено во централните и во југоисточните предели ќе се искачат и до 30 степени. Значително повисоки температури и потопло време ќе имаме и во утринските часови и повеќе нема да имаме појава на утрински мразеви и на слана. Инаку целиот Балкан до крајот на оваа седмица очекувам да ...
Секое петто лице во Македонија живее под прагот на сиромаштија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за 2024 година. Стапката на сиромашни лица изнесува 21,9 проценти, пресметана според лаекенските индикатори, методологија усогласена со европските статистички стандарди. Прагот на сиромаштија е поставен на 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход. За самечко домаќинство тоа значи годишен приход од 178.286 ...
Двајца патници се здобиле со тешки телесни повреди откако автобус со велешки регистарски ознаки минал преку испакнат дел од патот на улицата „Филип Втори“ во Свети Николе. Како што соопшти МВР, несреќата се случила на 3 мај околу 09:30 часот, а во автобусот имало 20 патници. При минувањето преку испакнатиот дел од патот, двајца од патниците паднале во автобусот и притоа се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47% во однос на претходната одлука од 27.4.2026 година. Според образложението, референтните цени на светските пазари бележат зголемување кај сите нафтени деривати, и тоа кај бензините за 5,324%, кај дизелот за 2,817%, кај екстра ...
Против малолетничките кои извршија врсничко насилство во Ѓорче Петров е поднесена кривична пријава, а во текот на утрешниот ден се очеува да биде поднесена кривична пријава и против нивните родители. – На 29.04.2026 година, Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради основи на сомнение дека извршиле две ...
Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска е пуштен на условен отпуст откако издржувал дел од затворската казна во казнено-поправната установа „Затвор Штип“. Чавков е еден од осудените во предметот поврзан со настаните во македонското Собрание од 27 април 2017 година. Тој беше осуден на 18 години затвор за кривично дело тероризам, во рамки на судскиот процес кој се водеше против повеќе лица за упадот во законодавниот дом. ...
Раде Ристовски кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски добил осум дена притвор за семејно насилство затоа што ја претепал неговата сопруга Сара, пишува ТВ24. Информацијата за ТВ 24 ја потврдуваат извори и од Кривичниот суд и од ОЈО ГОКК, но и од МВР. Ристовски според информациите на ТВ 24 од полициски извори е дел од обезбедувањето на премиерот Мицкоски и бил на работна позиција како дел од обезбедувањето односно како ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.П. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,полов напад и силување“ над неговата 41-годишна сопруга. Пријавениот, на 18.04.2026 околу 18:00 часот во семејната куќа во кумановско село без нејзина согласност извршил полови дејствија врз сопругата. СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.П. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ...
КОИ СЕ ТИЕ 10 БАНКРОТ ЗЕМЈИ? Додека ние си правевме првомајски скари или ги освојувавме грчките крајбрежни дестинации, задоволни и среќни бидејќи живееме во третата најсилна економија на стариот континент, кутрата Европа со денови живее во колективен страв. Паника. Нервоза. Несоница. Зошто? Затоа што некој таму, во некоја европска престолнина, се буди секое утро со мислата: “Дали токму ние сме ние меѓу тие десет земји што ќе банкротираат?“ Не ...
Неда Украден и покрај тоа што 1 Мај за многумина е неработен ден, реши празникот да го искористи работно – и тоа со полна пареа. Пејачката во еден ден сними дури четири музички спота за нови песни, од кои една е дуетска, покажувајќи дека и понатаму е исклучително активна на сцената. „Искрено, сè е тешко. Треба да се собере цела екипа, а сè започнува од моментот кога ќе ја добијам песната. Јас секогаш сакам да направам некоја промена со ...
Малолетничка е тешко повредена во сообраќајна незгода во меѓу тротинет којшто го возела таа и патничко возило „хундаи“ управувано од 55-годишен возач од Скопје. Незгодата се случила вчера попладне на крстосницата од улиците „Горно Лисиче“ и „Ѓорѓи Капчев“, а случајот е пријавен во СВР Скопје во 14:55 часот. – На 02.05.2026 во 14:55 часот во СВР Скопје на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, се случила сообраќајна ...
Под силен притисок од јавноста и организациите за заштита на животни, Грција најави правило со кое ќе се ограничи јавањето магариња од страна на туристи потешки од 100 килограми. Мерката се однесува на островот Санторини – една од најпосетуваните туристички дестинации во Европа. Иако туристите не се директно наведени во законскиот текст, предложената регулатива јасно пропишува дека животните не смеат да носат товар поголем од 100 килограми ...
Актерката Весна Петрушевска започнува нова граѓанска иницијатива преку петиција со која бара воведување на законски измени насочени кон поголема безбедност на децата на интернет, како и посериозен институционален пристап кон врсничкото насилство. Во својата објава со која ја најави петицијата, таа истакнува дека целта е да се соберат 10,000 потписи, нагласувајќи дека не станува збор за финансиска поддршка, туку исклучиво за јавна поддршка ...
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека три лица починале, а уште три се заразени во сомнителна појава на хантавирус на мал крузер што пловел низ Атлантскиот Океан. Според информациите објавени од СЗО, еден од пациентите се наоѓа на интензивна нега во Јужна Африка, објави 4news.mk Холандското Министерство за надворешни работи потврди дека две од жртвите се холандски државјани. Како криминалци се обиделе да ја купат Вилма ...
38-годишен маж од Косово пријавил во полиција во Тетово дека бил измамен од жена со иницијали Е.Р., која го довела во заблуда дека е бремена со негово дете. Тој во неколку наврати ѝ префрлил вкупно 18.000 евра, по што, по неговото враќање од странство, таа му соопштила дека детето не е негово и ја прекинала комуникацијата. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 38-годишен маж од Косово пријавил во полиција во ...
По првомајските празници, многумина веќе го планираат следното кратко бегство и продолжен одмор. Следниот неработен ден за сите граѓани во Македонија е 25 мај, понеделник, кога се празнува Св. Кирил и Методиј, што носи нов продолжен викенд и можност за мини одмор, патување или време со семејството. Бидејќи 24 мај годинава се паѓа во недела, понеделникот автоматски станува неработен ден, па граѓаните ќе можат да уживаат во три слободни дена по ...
Луфтханза ја суспендира линијата помеѓу Франкфурт и Скопје за цел јуни. Последниот лет е закажан за 31 мај, а обновувањето се очекува дури од 1 јули, но без потврден распоред. Одлуката доаѓа по бурен април за германскиот авиопревозник, обележан со штрајкови, гасење на подружницата CityLine и масовни откажувања на рутите низ мрежата. Последниот директен лет тргнува на 31 мај Луфтханза ќе го одржи редовниот дневен сервис на линијата ...
Ви ги носиме најсреќните датуми во мај за секој хороскопски знак. Овен – 9 мај Ова е денот кога вашата самодоверба расте, а вашата енергија е на врвот. Идеален момент за деловни преговори, нови почетоци и смели одлуки. Ако долго време одложувавте нешто, сега е време да започнете. Бик – 15 мај Сезоната на Бик ви носи сила, а 15 мај е особено поволен за пари, стабилност и љубовни врски. Може да добиете добри вести поврзани со работата или ...
Следува период на релативно топло време, а кон крајот на неделата се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Денес наутро се очекува времето да биде ведро и постудено, а преку денот сончево со мала облачност. Температурата ќе се движи од минус три до 25 степени Целзиусови. Според УХМР, од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен ...
Трагичен настан, што се случи во пристанишниот град Драч, ја вознемири албанската јавност, кога возач кој управувал возило под дејство на алкохол удрил во деца додека играле на тротоар. Од ударот на местото на несреќата починале две деца на 10 и 13 години, додека едно на 8- годишна возраст се бори за живот на клиниката за трауматологија во Тирана. Четвртото дете кое било со нив е неповредено. Возачот Никол Радачи (57) го напуштил местото на ...
На денешен ден пред 123 години во Баница почина македонскиот револуционер Гоце Делчев. Покрај традиционалното положување цвеќе и панихида на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје, денеска во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во областа на науката. Наградата ќе им биде врачена на проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни за делото „Континуитетот на Македонскиот јазик ...
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска на седницата за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, а се однесуваше на сомнежи за селективно постапување и евентуално прикривање на детали во полициска акција за поткуп, во која беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделие. Таа посочи на нецелосни информации од институциите и индиции дека локацијата на апсењето е поврзана со министерот ...