Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија 76,6 години. Оваа бројка се разликува од регион до регион, па така највисок очекуван животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападен регион во Бугарија со 73,9 години. Жените на ниво на ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија 4,4 години. Овој јаз ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинителен акт против поранешниот државен правобранител Фехми Стафа за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик. Според истражната постапка, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра. ...
Нови докази за Организираната криминална група, нов корупциски скандал во земјоделието поврзан со мито на државни функционери блиски до ВМРО, велат од СДСМ. – Како што објавија медиумите Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, бил фатен „на дело“ при примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Ова само уште еден скандал во низата кој покажува дека криминалците во власта на ги крадат граѓаните, ги крадат ...
Турската модна инфлуенсерка Ајшеѓул Ераслан почина на 27-годишна возраст. Таа била пронајдена мртва во својот дом во истанбулската населба Кагитане во петок, 13 март. Ераслан имаше повеќе од 361.000 следбеници на Инстаграм, каде што објавуваше модни изгледи и фотографии од патувања, објави „Пипл“. Таа не контактирала со своето семејство. View this post on Instagram A post shared by Ayşegül Eraslan (@aysegulleraslan) Според турските медиуми ...
На 30 март е закажан почетокот на судењето за Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана Јовановска, која со својата ќерка падна од балкон во скопската населба Карпош. Јовановски е обвинет за три кривични дела: Телесна повреда (член 130 став 2 во врска со став 1 и член 45), односно телесни повреди сторени како продолжено семејно насилство; Загрозување на сигурноста (член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1); Наведување на самоубиство и ...
На 17.03.2026 во 23:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.Х.(26) од Струмица. Тој е затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица, при што одзел пари. Тој со употреба на сила влегол во црквата, а откако било пријавено полициските службеници го затекнале на местото и лишиле од слобода. Со него бил и неговиот малолетен син, по што е известен Центарот за ...
Откако целосно ја разоткривме и јавно го објавивме енергетскиот откопод, бизнис мрежата на Мицкоски од Адамовиќ до „Руднап“ ВМРО се обиде повторно да го урива СДСМ од внатре. Фатени во криминални скандали, без никаков резултат зад себе, на ВМРО-ОКГ не им останува ништо друго освен да пробаат да ја рушат СДСМ, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Последните анкети направени од самата ВМРО покажуваат дека власта има голем пад на ...
Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудатаод 13 години затвор на Васил Јованов, кој лани на пешачки премин на усмрти Фросина Кулакова. „Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда ...
Легендарната актерка Мишел Фајфер (67) неодамна даде интервју за „Fox News Digital“ во врска со новата серија „The Madison“. Во таа прилика, таа зборуваше за својата актерска кариера, но и за малите тајни на нејзиниот зачудувачки младешки изглед. Како што самата вели, одржувањето на младешкиот изглед и сјај не бара комплицирани рутини, туку едноставна дневна навика што никогаш не ја прескокнува. Покрај тоа, добрата генетика исто така игра ...
Болката во грбот е еден од оние симптоми што често доаѓа како изненадување кога станува збор за грип или обична настинка. Иако многумина прво помислуваат на проблем со грбот, причината не е ‘рбетот, туку начинот на кој телото реагира на вирусот. Добивајте вести на Viber Болката во грбот често го придружува грипот, настинката или Ковид-19, но овој симптом не е само несакан ефект од инфекцијата. Зад неа стои сложена комуникација помеѓу ...
Ученичка во основно училиште во централна Хрватска пронашла список со имиња на деца со заканувачка порака и веднаш го пријавила кај наставниците и директорот, по што била известена полицијата. Дел од родителите изразиле загриженост бидејќи за случајот дознале подоцна од своите деца. Директорот уверува дека училиштето е безбедно и дека се преземени сите мерки, додека полицијата потврди дека е во тек истрага. Голем број родители не ги пуштиле ...
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел остро одговори на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за можно преземање на Куба, најавувајќи „нескршлив отпор“. Во понеделникот, Трамп им рече на новинарите дека мисли дека ќе има „чест да ја преземе Куба“. „Верувам дека ќе имам чест да ја преземам Куба. Тоа би било добро. Тоа е голема чест“, рече тој за време на потпишувањето на извршната наредба во Белата куќа. Во вторник, ...
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека Иран пријавил дека нуклеарна централа била погодена во вторникот вечерта. „Не е пријавена штета на објектот, ниту повредени лица“, се вели во соопштението на МААЕ, пренесуваат светските агенции. Во електраната се сместени и руски научници, вработени во рускиот „Росатом“, кои, како што претходно објавија медиумите, не можат да контактираат со раководството на иранската нуклеарна ...
Владо Георгиев својот концерт во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје закажан за 20 март (петок), го помести и го презакажа во нов термин, за 24-ти април. До поместување на концертот дојде заради, како што самиот Владо вели, „пропуст на неговиот организационен тим“ кој не бил информиран дека во седмицата кога требаше скопскиот концерт да се одржи се паѓа годишнината од катастрофата во Кочани. „Оваа недела не е во ред да пееме. Барем јас така мислам. ...
На 16.03.2026 во 17:25 часот во СВР Скопје, од Македонската православна црква – Охридска архиепископија е пријавено дека во периодот од февруари 2026 година до пријавувањето, од црквата „Св.Великомаченик Ѓорѓи“ на подрачјето на Чаир во Скопје бил одземен бакарен лим од кровот на црквата, при што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 16.03.2026 во 17:25 ...
Кога во март 2015 Хрватска, Албанија и Косово потпишаа во Тирана декларација за одбранбена соработка, беше кажано дека тоа не е воен сојуз туку трилатерален договор во областа на одбраната и безбедноста. Но, самото создавње на некаков сојуз за воена соработка ја активира „безбедносната дилема“кај Србија, со неизбежното прашње: Што ни спремаат соседите? Значи, за да зоврие политичката атмосфера и за да почне трка во вооружување, не е важно што ...
Министерството за здравство соопшти дека е извршено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, во согласност со важечката методологија за формирање на цените. Новите одлуки веќе се објавени на веб-страницата на министерството, а дел од лековите ќе имаат намалени цени. Министерот за здравство Азир Алиу истакна дека цените на лековите се клучен инструмент за обезбедување достапна терапија за граѓаните и за ...
Двајца македонски државјани во текот на февруари биле хоспитализирани откако им била дијагностицирана маларија по враќање од егзотични дестинации. Станува збор за лица на возраст меѓу 40 и 60 години, од Скопје и Куманово, кои престојувале во Занзибар и Сиера Леоне. Од Министерството за здравство информираат дека пациентите биле соодветно лекувани во болнички услови и во моментов се наоѓаат во добра општа состојба. Благодарение на навремената ...
На 16.03.2026 во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А.(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор. Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од ...
На 16.03.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 11-годишна малолетничка од Скопје. Според пријавеното, околу 13:20 часот на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и сервисната улица со ул.„Народен Фронт“ во Скопје, патничко возило удрило во неа и го напуштило местото на настанот. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се ...
Обезбедувањето морало да реагира за присуството на малолетници во дискотеката или во најмала рака да го извести сопственикот на објектот, вели претседателката на Комората за приватно обезбедување Верица Милевска-Стефановска која сведочеше на денешното судско рочиште за пожарот во Пулс. Милевска-Стефановска одговори и потврдно на прашањето дали употребата на пиротехниката претставува безбедносен ризик. Милевска – Стефановска говореше и за ...
Она што го предупредуваше ДУИ веќе се случува. Нема никаква интервенција од Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост на случувањата, велат од ДУИ. Според оваа партија, Република Северна Македонија во моментов функционира без функционално Министерство за економија, во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и, воопшто, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека одлуката на Извршниот одбор за иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството е донесена едногласно, по направени внатрепартиски проверки. Тој нагласи дека се работи за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. „Точно е дека се почитувало и се слушало туѓото мислење, така е и сега, така и ќе биде понатаму. Но, тука не станува збор за туѓо и ...
Шокантен инцидент се случи во Скопје кога ноќта, околу 3 часот по полноќ, непознато лице подметнало пожар на џипот кој го користел градоначалникот на општина Шутка, Курто Дудуш. Возилото е сопственост на неговата сопруга, Фатима Османовска. Неофицијално, снимките од безбедносните камери покажуваат маскирано лице кое истурало запаллива течност врз автомобилот, пред да избувне пожарот. Сопствениците на возилото го забележале инцидентот, но за ...
Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција. Според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот ...
Независниот синдикат на професионални војници тврди дека додека се промовираат реновирани објекти во касарната Јане Сандански во Штип, професионалните војници во најголем дел престојуваат во руинирани објекти кои, според синдикатот, потекнуваат уште од времето на поранешната ЈНА и со децении не се обновени. Од синдикатот велат дека министерот си нарачува ПР кампања по касарните за да се прикаже дека се работи на модернизација на ...
Две лица се застрелани во бистро во Раунхајм во близина на аеродромот во Франкфурт, соопшти денеска германската полиција. Според првичните полициски наоди, вооружено лице влегло во бистрото околу 3:45 часот наутро по локално време и ги застрелало двете лица, кои веднаш починале. Полицијата соопшти дека напаѓачот избегал од местото на настанот и оти во тек е потрага. Областа околу бистрото е опширно оградена. Голем контингент на полицијата го ...
Возач го загуби животот, а три лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 13:40 часот се случи на патот Кочани – Виница, во атар на Виница. Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко. -Во несреќата, од здобиените повреди починал ...
Бил Гејтс зборувал како го воспитувале родителите и кои методи ги користеле за да ја развијат неговата дисциплина, карактер и претприемачки дух. Еден од најпознатите и највлијателни претприемачи на денешницата, Бил Гејтс, растел во семејство во кое големо внимание било посветувано на образованието и воспитувањето. Неговите родители, Вилијам Х. Гејтс и Мери Максвел Гејтс, не планирале нивниот син да стане милијардер, но верувале дека знаењето, ...
Подготовката е многу едноставна, а вкусот е фантастичен. Ќе ви треба: 500 г брашно 1 лажичка прашок за пециво 1 лажичка сода бикарбона 100 г шеќер 200 г сечкани ореви 200 г урми 200 г суво грозје 5 лажици џем од кајсии 1 портокал (сок) 1 лажичка цимет 500 мл млака вода 4 лажици џем од кајсии Подготовка: Извалкајте ги сувото грозје во брашното, протресете ги низ прсти за да го отстраните вишокот брашно. Отстранете ги семките од урмите, ...