Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Над 700 луѓе загинале во израелските напади низ Либан од 2 март, според податоците на Министерството за здравство на таа земја објавени денеска, јавува „Анадолија“. Либанската национална новинска агенција NNA пренесе соопштение од министерството во кое се наведува дека вкупниот број на загинати во периодот од 2 до 13 март достигнал 773, додека 1, објави 4news.mk 933 лица се повредени. Хезболах на 2 март започнал да ги напаѓа израелските воени ...
Владата донесе одлука Агенцијата за храна и ветеринарство да ги продава заловените крави од Крива Паланка преку јавен оглас, на кој ќе можат да се пријават регистрирани кланици и месарници. Од агенцијата велат дека досега се фатени 84 крави, кои по извршен здравствен преглед ќе бидат понудени на продажба, објави 4news.mk Оваа мерка доаѓа во услови кога, според проценките, во регионот има околу 600 крави кои долго време шетаат без надзор и ...
Сојузот на синдикатите на Македонија го крева притисокот врз Владата и работодавачите со повик за масовен протест в сабота, 14 март, откако синдикалното раководство оцени дека законското усогласување на минималната плата не одговара на реалниот раст на трошоците за живот. Од ССМ порачуваат дека работниците повторно се туркаат под прагот на сиромаштија, додека државата нуди покачување кое, според нив, е веќе „изедено“ од поскапувањата. ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице (Стојанче Јовановски) на кое му се ставаат на товар три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, потоа Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело – Наведување на самоубиство и ...
Германската и романската полиција работат на расчистување на бизарен и свиреп случај во кој маж од Балканот станал жртва на трговија со органи. Несреќниот човек бил намамен во Германија со ветување за добро платена работа, но наместо на работно место, завршил во заробеништво на озлогласен криминален клан од Темишвар. Според истрагата, водачот на кланот, кој со години живее во Германија и страда од тешка болест, во дослух со своите соработници ...
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денес на прес-конференција ги повика сите работници утре да дојдат во Скопје и да се изборат за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари. – Живееме како сиромашни работници со богати газди и со уште побогати во Владата. Ве повикуваме да ги поддржите вашите семејства, вашите деца и внуци, да излезете на улица и да им покажете дека сакате вашата плата да се ...
Скопската полиција привела 40-годишен маж откако бил пријавен дека физички го нападнал својот татко и му го опожарил автомобилот. Како што соопштија од МВР, на 11 март 2026 година во 02:20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Т. (40) од Скопје. Според пријавеното, околу 01:30 часот тој физички го нападнал својот 61-годишен татко, по што му го опожарил патничкото возило. Пожарот бил ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кочани најави дека ќе има намалување на цените на нафтените деривати за повеќе од 2 денари. Според премиерот, заедно со Министерството за енергетика и минерални суровини работеле со снабдувачот ОКТА, која на компаниите што соработуваат со нив ќе им даде попуст од отприлика 45-50 долари по тон. Како што вели Мицкоски, тоа ќе значи намалување по 2 денари за литар. -Разговарав и со голем дел од ...
Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, ...
На 13.03.2026 година, во СВР Битола било пријавено дека во стан во Битола, без траги на насилство, е пронајден починат А.Д. (19) од Битола. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, која прибрала докази и составила записник, додека во текот на истрагата ...
На 12.03.2026 година во 17:55 часот, во СВР Битола е пријавено дека од село Саждево, крушевско, во Општа болница Прилеп бил донесен А.И. (20) од село Саждево, без знаци на живот. Според пријавеното, тој починал по удар од струен удар, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидната екипа на ОВР Прилеп, а информацијата ја објави Скопје1.мк. На 12.03.2026 година во 17:55 часот, во СВР ...
На 12.03.2026 година во 21:05 часот, во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на село Мојанци, кочанско, избувнал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП Водовод – Кочани. Лицето В.И. (56) од село Мојанци, кој го пријавил пожарот, заедно со двајца соселани, обидувајќи се да го изгаснат со ПП апарат, вдишале чад и добиле лекарска помош од Итната медицинска служба. На терен веднаш е интервенирано од ...
Соседите со месеци слушале расправии и повици за помош од станот каде што живееле мајката и шестгодишната ќерка кои трагично настрадаа во скопската населба Тафталиџе, раскажува нивната сосетка Тања Спировска во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Во разговор за 4ТВ, таа вели дека насилството не било изолиран случај, туку проблем кој траел подолго време и за кој повеќе соседи пријавувале. „Немав страв дека станува збор за лажно пријавување, затоа ...
„Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Во овој период Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети“, велат од ДУИ. „Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе влијае врз цените на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги ...
Коментаријаќи го воениот сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Косово, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека верува дека се подготвуваат за напад на Србија во иднина. „Се подготвуваме за нивниот напад. Тие чекаат моментот што ќе се случи во иднина да избувне поголем конфликт меѓу Европејците и Русите и уште поголем на Блискиот Исток. Сè што правиме, го правиме за да ја одбраниме нашата земја. Не можеме да ги напаѓаме земјите ...
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „24 Анализа“ изјави дека на денешната комеморација за загинатите во Кочани недостасувале фотографии од жртвите, оценувајќи дека тоа било сериозен пропуст, но не и намерен чин за навреда кон семејствата. „Јас во животот сум присуствувала на многу комеморации и првото што недостигаше денеска во собраниската сала беа фотографиите на загинатите. Не сакам да навлегувам во детали, не сум била ...
Лука Дончиќ и Анамарија Голтес беа во центарот на вниманието овие денови, а НБА ѕвездата официјално го потврди раскинувањето на нивната свршувачка. НБА ѕвездата Лука Дончиќ го потврди раскинувањето на неговата свршувачка со Анамарија Голтес, со која доби две ќерки за време на нивната десетгодишна врска. Во својата последна изјава за ESPN, тој откри и дека се бори за старателство над своите ќерки Габриела и Оливија. „Ги сакам моите ќерки ...
Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски предупредува дека енергетиката мора да се третира како критична инфраструктура и прашање на државна безбедност, особено во услови на глобални конфликти и политичка нестабилност. Во анализа објавена на социјалните мрежи, Миноски посочува дека во време на кризи, како што се војната во Украина и тензиите на Блискиот Исток, стабилноста на секоја економија зависи од три клучни столба – енергетската ...
На 11.03.2026 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобило ...
На 11.03.2026 околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во меѓувреме член нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила. Увид ...
Тригодишно дете од Штип синоќа итно било хоспитализирано на Педијатриското одделение во штипската Клиничка болница, откако испитувањата покажале присуство на „бензодијазепам“ (седативи) во неговиот организам. Според информациите од СВР-Штип, мајката (24) го донела детето во болницата претпладнето, по што лекарите веднаш реагирале поради симптоми на труење. Детето е задржано на опсервација под лекарски надзор. Полицијата и Центарот за ...
На денешното продолжение од судскиот процес за трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани, каде пред една година загинаа 63 лица, сведокот Дарко Стојков, инспектор во подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Виница, ги опиша сериозните пропусти во безбедносните стандарди на објектот. Стојков, кој бил дел од екипата за увид во објектот заедно со тројца други инспектори, посочи дека во моментот на проверката во „Пулс“ имало ...
Македонија се соочува со продолжено намалување на наталитетот, а најновите податоци покажуваат дека бројот на новородени деца и стапката на фертилитет продолжуваат да опаѓаат. Според последните статистики, во 2024 година во земјава се родени 16.061 деца, што претставува најниско ниво досега. Паралелно со падот на бројот на новородени, се намалува и стапката на фертилитет, објави 4news.mk Во 2024 година таа изнесува 1,44 живородени деца по ...
Првата недела од војната против Иран ги чинеше САД повеќе од 11,3 милијарди долари, според брифингот на Пентагон пред членовите на Конгресот, објави денес „Њујорк тајмс“. Повикувајќи се на анонимни извори кои биле присутни на брифингот во вторник, весникот наведува дека бројката не ги вклучува многу од трошоците поврзани со подготовката на нападот, што укажува дека конечната бројка би можела да биде значително поголема. Претставници на ...
Грчките власти најавија целосно затворање на источната внатрешна обиколница во Солун во двата правци. Причината е рушењето на мостот „Агиос Павлос“, клучен дел од големиот инфраструктурен проект Flyover кој го менува градскиот сообраќај. Затворањето ќе започне во петок, 13 март во 23 часот и ќе трае цели 48 часа, до недела, 15 март во 23 часот. Сообраќајот ќе биде стопиран на делницата помеѓу клучките К7 (Ептапирхио) и К8 (Тријандрија), што ...
Лекарската комора на РСМ, заедно со европските докторски асоцијации и Министерството за здравство, денеска го одбележува 12 Март, Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, кој претставува аларм за „тивката пандемија” што го нагризува здравството и општеството. Претседателот на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, истакнува дека кога еден лекар е нападнат вербално, физички или преку ...
Професорот кој сексуално вознемирувал ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ доби само мерки на претпазливост. Тој се сомничи дека ѝ барал да имаат полови односи. Судот одлучи да му го одземе пасошот, да му забрани да се доближува до девојчето, а професорот не смее ниту да оди на работа. „На лицето определени му се мерки за претпазливост. Одземање на патна исправа, забрана за приближување на неколку лица и забрана за ...
На крајот на месец Март, Македонија преминува од зимско кон летно сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот. Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка. Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во октомври, кога часовниците повторно се враќаат еден час наназад. ...
Метео анализа на Славчо Попоски: На ден петок 13-ти март 2026 и за време на викендот (14/15 март 2026) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висински или плиток циклонски систем кој ќе биде присутен над нашиот дел од Европскиот Континент. Токму поради ова атмосферата нема да биде во целост стабилна па така по претежно сончевото и стабилно утро и претпладне, во попладневните часови ќе имаме повеќе облачност кога ќе се создаваат ...
Пролетните земјоделски активности во Крива Паланка повторно ги активираа пожарникарите. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) алармира дека само од почетокот на март имале десетина интервенции, најчесто на отворен простор каде се опожарени големи површини мешовита шума и пасишта. Командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, предупредува дека несовесното палење стрништа и фрлањето догорчиња веќе предизвикале сериозни материјални ...