Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Еден ден откако беше откриено злосторството во Чачак , на улицата Ратко Митровиќ, јавноста е сè уште во шок. Владимир Ц. (47) ги убил своите родители мајката Мила Ц. (72) и таткото Неѓу Ц. (72) . По смртта на неговите родители, Владимир Ц. си го одзел животот. Како што дознавме од истрагата, масакрот во семејната куќа се случил пред најмалку седум дена, а случајот во полиција го пријавил роднина. – Извештајот пристигна околу 9:45 часот наутро ...
„Два скандали, две објавени бомби од Антикорупцискиот тим на СДСМ чекаат соодветна институционална рекција од ДКСК и Јавното обвинителство. Првата бомба, фирма со двајца вработени основата минатата година добива 9 милиони евра договори за тендери од владата на Мицкоски, објавена пред 10 дена“, велат од СДСМ. „Втората бомба, семејна фирма на Томовски, го чисти Буџетот на граѓаните со 5,5 милиони евра. Бројот е негов, таткото е негов, зетот и ...
Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ (EasyJet) од следната година воведува нова сезонска авиолинија која директно ќе ги поврзува Скопје и Бодрум, пренесува авијацискиот портал „Екс ју авиејшн“. Летовите на релација Скопје – Бодрум ќе започнат од 2 јули и ќе се реализираат еднаш неделно, секој четврток. „Изиџет“ истовремено воведува сезонски лет и до Сараево, кој ќе стартува од 28 јуни, со реализација секоја недела. Инаку, ова не е првпат ...
Ѓумбирот е една од најстарите лековити билки во традиционалната кинеска медицина, а историјата бележи дека дури и Конфучие редовно го користел за сила, варење и општа виталност. Денес тој се користи ширум светот – како зачин, чај, додаток во исхраната или природен лек за настинка. Но и покрај сите негови придобивки, ѓумбирот не е погоден за секого и може да доведе до несакани ефекти ако се користи неправилно или во прекумерни количини. Според ...
Воведувањето на системот „Безбеден град“ (Safe City) донесе неочекуван пресврт во сообраќајната слика на главниот град. Иако бројот на сообраќајни несреќи со тешки телесни повреди и фатални последици е во опаѓање, екипите на Брзата помош во Скопје регистрираат нов тренд – зголемен број на полесни, верижни судири. Причината, според лекарите од терен, е промената на фокусот кај возачите: наместо на патот, погледот им е „залепен“ за ...
Откријте го најсреќниот месец за секој хороскопски знак во 2026 година – дознајте кога добивате посебни моќи и како најдобро да ги искористите планетарните влијанија. – Секој хороскопски знак во 2026 година има свој најсреќен месец кој носи олеснување, внатрешна сигурност и можности што го менуваат животот. – Периодите поддржани од планетите обезбедуваат јасност на одлуката, внатрешна рамнотежа и чувство дека сте на вистинскиот пат. – ...
Британските медиуми излегоа со нови детали околу наводниот договор со Македонија за прифаќање на мигранти за кои властите во Лондон ќе оценат дека се неподобни за влез во Британија. „Дејли Експрес“ пишува дека пристапот на Северна Македонија е претпазлив и прагматичен откако останатите Балкански држави како Албанија и Босна и Херцеговина одбија веднаш да бидат инволвирани посочувајќи ги како проблем лимитираните капацитети и националните ...
Општина Крива Паланка денеска во 17 часот со музички хепенинг и забавен спектакл официјално ќе ја осветли новогодишната елка на централниот градски плоштад. Од општината ветуваат забавна програма и старт на една од највпечатливите зимски манифестации во регионот. – Оваа година општината подготви уште посјајно празнично издание и градот ќе блесне во полн сјај со свеченото осветлување на новогодишната елка. Ќе одбројуваме заедно со граѓаните и ...
Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е шаблон кој денеска го разоткриваме целосно. Зошто Томовски овие денови толку многу се труди да покаже дека нема никаква поврзаност со семејната фирма? Иако Витомир е негов татко, Кутановски негов роднина, внукот, зетот се негови, дури и неговиот број е пријавен како контакт во семејната фирма. Затоа е нервозата? Затоа што се фатени ...
Пратеникот од редовите на СДСМ Љупчо Николовски упати честитка по повод денешниот празник „Св. Климен Охридски“. – Честит празник Св. Климент Охридски – темелот на нашата писменост, просвета и духовност. Делото на Св. Климент е темел врз кој е изградена нашата традиција, култура и идентитет. Неговата мисија да создава, просветлува и обединувa е наш обврзан патоказ и денес. Да го чуваме и надградуваме она што го наследивме – јазикот, писмото и ...
BOOKING.COM ги објави резултатите од голема меѓународна анкета спроведена меѓу речиси 30.000 патници од 33 земји, а објавената листа на најпосакувани дестинации за 2026 година изненади со својата разновидност. Наместо класични европски метрополиси или веќе познати одморалишта, патниците избраа места за следната година кои нудат автентичност, природна убавина, локален карактер и искуства што тешко се наоѓаат во пренатрупани туристички центри. ...
Соопштение на СДСМ: Реакциите на Томовски за скандалот со семејната фирма која добила 161 тендер (5,3 милиони евра) се епски, како на човек што сака да побегне од сопствената сенка. Што вели Томовски сублимирано во една речница: Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата. Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени. Не е време за правдање туку за ...
Нова промена на времето се очекува оваа недела, и тоа со температури кои се нетипичини за овој период од годината. Синоптичарот Славчо Поповски најавува невообичаено топло време за декември во Европа и на Балканот. Според него, температурите во наредните денови ќе бидат повисоки од просечните за декември дури и за повеќе од 10 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска за Македонија најавуваат променливо облачно со сончеви ...
Во зима, честопати поминуваме повеќе време во затворен простор, а сончевата светлина е оскудна. Ова може да го намали природното производство на витамин Д во нашето тело, што влијае на имунитетот, расположението и здравјето на коските. Недостатокот на овој витамин може да се почувствува преку намалена енергија, почести настинки или чувство на замор што го придружува поголемиот дел од зимската сезона. За среќа, со правилна исхрана, можеме да ...
Роден во Рим, од царски род. Неговата мајка и двајца браќа, патувајќи по море, биле разнесени од бура во различни правци; а таткото, тргнувајќи да ги бара, исто така исчезнал. Кога Климент имал дваесет и четири години, тргнал на Исток во потрага по своите родители и браќа. Во Александрија го сретнал апостол Варнава, а потоа му се придружил на апостол Петар, чии следбеници биле токму неговите двајца браќа, Фаустин и Фаустинијан. По Божја ...
На 06.12.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи. По целосно документирање ...
СДСМ, преку Антикорупцискиот тим АКТ, денеска објави нов скандал, нова бомба од серијата злоупотреби што ја тресат власта на Мицкоски и ДПМНЕ. На денешната прес-конференцијата, членот на ЦО, Александар Саша Димитријевиќ ги претстави најновите докази за системско испумпување на народни пари преку фирми блиски до власта. „АКТ, активно продолжува со објавување на криминалот на ДПМНЕ и владата на Мицкоски пред Конгресот на старата банда“, истакна ...
Сега, фрли си го во корпа конгресниот патриотски говор, бидејќи така и така никој веќе не ти верува. Наместо тоа, кажи им ја вистината на твоите делегати за договорот кој си го направил околу мигрантските кампови. Кога ќе отидеш на говорница, покажи им ја картата на заветна Македонија и објасни им на кои места од нашата држава ќе бидат поставени овие кампови и колку мигранти ќе има во нив. Соопшти им го на гордите делегати она што вчера го ...
Сега, фрли си го во корпа конгресниот патриотски говор, бидејќи така и така никој веќе не ти верува. Наместо тоа, кажи им ја вистината на твоите делегати за договорот кој си го направил околу мигрантските кампови. Кога ќе отидеш на говорница, покажи им ја картата на заветна Македонија и објасни им на кои места од нашата држава ќе бидат поставени овие кампови и колку мигранти ќе има во нив. Соопшти им го на гордите делегати она што вчера го ...
Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го зафатат целиот Балкан вклучувајќи ја и Македонија и ќе донесат високи температури на воздухот кои ќе бидат пролетно високи. Во делови од Балканот и во Македонија температурите ќе се искачат дури и до 20 степени а можно е тие да надминат и 20 степени. Врнежи не очекувам следната седмица што значи дека ќе имаме многу посуво и ...
Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, Ким Картрал (69), стапи во брак со својот долгогодишен партнер Расел Томас (55), а за венчавката официјално не сакала да се огласи. Според информациите на People, парот не сакал раскошна прослава ниту медиумско внимание, па затоа ја организирале церемонијата во Лондон, во присуство на само 12 гости. Така ја крунисале својата љубов која од самиот почеток ја чувале подалеку од јавноста. Тие направија ...
Американските советници за вакцинација ја укинаа долгогодишната препорака сите новороденчиња во САД да ја примаат вакцината против хепатит Б веднаш по раѓањето. Од сега, таа ќе се дава само на бебиња чии мајки се позитивни на вирусот (помалку од 1%). За останатите новороденчиња, комитетот одлучи лекарите и родителите самостојно да одлучуваат кога ќе започне вакцинацијата, со препорака првата доза да се даде пред два месеца. Јавноздравствени ...
Српскиот портал „Нова“ посвети текст на најновото соопштение на СДСМ, во кое македонската опозиција го опишува премиерот Христијан Мицкоски како „мал Вучко“ и тврди дека тој ја копира политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ. Според написот, СДСМ смета дека Мицкоски „прави сè исто што и Вучиќ“ кога зборува за избори и кога ја креира политичката сцена во земјава. „Нова“ ја пренесува оценката на СДСМ дека е „симптоматично“ тоа што ...
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.Б.(40) од с.Габревци, В.Р.(52) од с.Ракитец, Љ.М.(64) од с.Долни Липовиќ, Г.Р.(71) од с.Ракитец, М.М.(67) од с.Ракитец, В.Н.(71) од с.Долни Липовиќ, В.И.(48) од с.Ракитец, С.Р.(33) од с.Ракитец, Г.К.(51) од с.Дедино, М.Д.(50) од с.Габревци и Ј.Б.(47) од с.Габревци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“, објави 4NEWS.mk На 10.11.2025, пријавените без да ...
Поранешниот премиер Зоран Заев на социјалните мрежи излезе со одговор на прозивките од неговиот претходник и полиитчки опонент Никола Груевски. „Тебе навистина ти е досадно, нели?! Читам денес дека си почнал и да се разубавуваш:) Човеку, ти навистина не знаеш што да правиш со самиот себе. Само да ти кажам, овие твоите те слушаат, гледам дека секојдневно им делиш задачи. Знам, контролата од далечина ти е малку тешка. Можеше да ја одлежиш ...
Нашите мозоци секојдневно примаат огромна количина на информации, но само мал дел од нив се пренесува во долгорочните сеќавања. Иако процесот на складирање на сеќавања може да нѝ изгледа случаен, истражувањето од Универзитетот Рокфелер покажува дека постојат прецизни „молекуларни тајмери“ зад сцената кои одредуваат што мозокот ќе задржи, а што ќе отфрли. За да разберат како се формираат сеќавањата, научниците користеле виртуелна реалност кај ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е завршена постапката за обработка, евалуација и верификација на сите пристигнати пријави за финансиска поддршка преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. По деталните проверки спроведени од комисиите и вкрстувањето на податоците со надлежните институции, јавно e објавен списокот на сите лица и домаќинства кои се стекнаа со право ...
По трагичната пукотница што се случи во четврток, 4 декември, во вечерните часови во населбата Ситнице, денес беше потврдено дека една од жртвите, 28-годишна жена, починала од повредите. Нејзината 29-годишна сестра исто така беше тешко повредена во нападот од 40-годишен маж. Полицијата сè уште интензивно трага по сторителот. Тешката ситуација во Ситнице ја коментираше Милорад Михановиќ, градски советник во Мурско Средишќе, кој беше лично ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес конференција најави дека неговата партија има подотвено „бомби 2.0“ и дека секојдневно ќе објавувале нов владин скандал. „Превенцијата не успеа, корупцијата ескалираше и мора се да истражи затоа што крадењето мора да престане. Ние спремивме нови „бомби 2.0“. Утре следува нов скандал, нова корупциска шема, членови на владејачката гарнитура. За се имаме докази и документи и ќе ги прикажеме во јавноста“, ...
Трет ден од тестирањето на SafeCity v1.0B. Додека сите драмат за 51-60 km/h, на никој не му текна да мери потрошувачка на гориво, а? Е па, вака: Од просечни 6l/100 km, отидов на просечни 8,5l/100 km. Во превод: ако во работна недела проаѓаш 100 km, тоа ќе те чини 2,5 литри гориво повеќе. На месечно ниво – 10 литри. Ако сеуште не ви светнала сијаличката, тоа се 10 литри гориво повеќе од СЕКОЕ возило. Согорени. Во 2024 во Скопје имало скоро ...