Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп ноќеска изјави дека договор за завршување на војната во Украина би можел да биде постигнат по неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, јави ДПА. -Мислам дека сме доста блиску до договор. Сега погледнете, Украина мора да се согласи со тоа, изјави Трамп во интервју за Фокс њуз по состанокот. „Украина мора да се согласи. Мислам, знаете, претседателот Зеленски мора да се согласи“, додаде ...
Вести од Мициленд: – Измена на изборен законик после распишани избори; – ДКСК во раце на миленик на власта; – Обележувањето на службените возила ќе почекаат подобри временски услови; – За граѓаните повисоки цени, а за власта тоа се инвестици; – Ново задолжување од 1 милијарда евра; – Непотизмот пуштен на најјако; – Вработувањата согласно табела на оценки, ама завртена наопаку; – Аметризмот и површноста ги водат институциите; – Транспарентноста е ...
Денеска (16.08.2025) во 02:41 часот на телефонскиот број 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој од “Меѓународниот аеродром Скопје” требаше да полета кон Турција. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна односно дека нема никаква експлозивна направа. Околу 06 часот аеродромот продолжи со редовно ...
На 14.08.2025 во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Словенија” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од с.Гумалево, скопско и електричен тротинет „шаоми”, управуван од К.М.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен е увид од ...
По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата, објави поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и актуелна независна кандидатка за градоначалник на Општина Центар, Билјана Ивановска. Таа објави дека синоќа полицајци ја побарале дома за да и врачат кривична пријава, но таа не била дома. „Синоќа во 20:30ч двајца полицајци ме побарале да ...
Црногорската полиција го осомничи 18-годишниот Андреј Танасковски, државјанин на Северна Македонија, за обид за убиство на 56-годишниот Марко Љубиша – Кан, висок член на криминалната група од Будва поврзана со „Шкаљарскиот клан“. Настанот се случил на 7 август во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Пржно, кога осомничениот испукал два проектили во правец на Љубиша, кој добил повреди во главата, но по укажана помош бил пуштен на домашно лекување. ...
Професорката Билјана Ванковска со жестока реакција до претседателката Гордана Силјановска Давкова, бидејќи не се огласи по повод 24 годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. „Да бидеш во Охрид, токму на “местото на злосторството”, да си претседател/ка и да си тераш 12 август со деца , и да го прескокнеш/премолчиш 13-ти, во најмала рака е чудно. Или кукавички – особено кога како професорка си пишувала и предавала за Охридскиот договор?! ...
Пицерија во Италија се најде под жестоки критики откако на сметката за пицата „триколоре“ 31-годишната олимписка пливачка Елене Ди Лиддо забележа дополнителна наплата од 1,50 евра со образложение „без домати“. Дополнително, таа платила уште 1,50 евра за верзија без лактоза. Ди Лиддо на својот Инстаграм објави фотографија од сметката, изразувајќи револт дека се наплатува нешто што не го јадела и праша дали ова е законски. Случајот предизвика ...
Џеки Безос, мајката на Џеф Безос, почина на 78 години. Фондацијата на семејството Безос, која таа ја ко-основаше заедно со својот син, ја потврди нејзината смрт во соопштение во четврток, 14 август, како и Џеф во почит кон неговата мајка на Инстаграм. Основачот на Амазон сподели дека неговата мајка починала „по долга борба со Lewy Body Dementia.“„Таа почина денес, опкружена со толку многу од нас кои ја сакавме – нејзините деца, внуци и мојот ...
Србија помина уште една бурна ноќ синоќа откако во десетици градови се одржаа антивладини протести. Веќе традиционално, најрадикално беше во Белград и во Нови Сад, каде демонстрантите се судрија со полицијата. Во Белград полицијата на неколку локации употреби солзавец и извади борни коли за да ги растера демонтранстите, кои протестираа пред Владата, додека дек од нив се упати кон штабот на владејачката СНС. За време на протестите од страна на ...
На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен Б.Р. (29) од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и ...
„Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ...
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 36 степени. Според ...
Во однос на информацијата што ја објавија некои медиуми, дека во маркетите нема доволно домашни јајца, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски истакна дека прв пат слуша за ваков проблем. -Прв пат слушам за ваков проблем, не знам за каков проблем станува збор. Јас знам дека нашето производство на јајца ги задоволува домашните потреби, а имаме и количини кои се извезуваат надвор од државата. Дополнително ќе ...
Во изминатиот период, граѓаните на Македонија се соочуваат со зголемен број на измамнички напади преку апликацијата Вибер. Овие измами се дизајнирани да ги украдат личните податоци и пристапот до корисничките сметки, а хакерите користат два главни методи. Измамнички повици од броеви што почнуваат со +1 Еден од најчестите напади започнува со повик преку Вибер од броеви кои започнуваат со префиксот +1. Овој префикс најчесто се поврзува со ...
СДСМ побара разрешување на в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, и целосна истрага за наводните злоупотреби во рамки на програмата Еразмус+. На прес-конференција, потпретседателот на СДММ, Јовица Јанковиќ, изјави дека ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, во својот извештај објавен минатата година, наведува злоупотреби на европски средства во вредност од милиони евра. „Во ...
Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. – Вчера, во 22.42 часот во СВР Куманово од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово, соопшти СВР Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. – Детето е примено вчера на педијатрија, по ...
Во вторник и среда (19 и 20 август) е првото пријавувње за упис во прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за академската 2005/2026 година. Според Конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети во негов состав слободни се вкупно 9719 места. Од нив, 4683 за редовни студенти во државната квота, 4081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни студенти. Како и во минатите години, најмногу слободни ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.З. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...
Сигурно сте ја забележале новата опција Repost на Instagram, во истиот ред каде што се Like и Share под објавите. Како се репостира, каде се гледа и како се исклучува ако не ви е потребна? Опцијата Repost тука работи исто како и на другите апликации – можете да ги објавите повторно вашите омилени објави и да видите што објавиле вашите пријатели. За да репостирате фотографија или Reel, сè што треба да направите е да кликнете на двете стрелки што ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека само благодарение на мудроста и трпението на огромен број граѓани, мирот во земјата е „чудесно зачуван“ по тензичните настани, посочувајќи дека ситуацијата во Нови Сад била на работ на трагедија. „Вечерва е тешка вечер за граѓаните на Србија. Важно е што, благодарение на мудроста и трпението на огромен број граѓани, чудесно успеавме да го зачуваме мирот засега. И кога велам чудесно, ...
Двајца Срби и еден Македонец, биле убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка. Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка, според медиумските извештаи, биле пронајдени во црни пластични кеси. Според неофицијални информации, тие биле мачени, па ликвидирани во Боливија. „Телата се испратени на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Жртвите сè уште не се официјално идентификувани. Врз основа на првите ...
Паника поради падот од 130.000 гласа Не е мал бројот на оние кои се зачудени од “кампањата пред кампања” која деновиве ја води премиерот Мицкоски. Не толку од самиот технички момент, бидејќи кај нас веќе од поодамна се дозволува предизборната кампања да започне далеку пред законски пропишаните рокови. Зачудени се од паничниот аудио и видео сигнал кој го емитира Мицкоски. Целиот во грч, со избезумен лик и пискав глас, почна да нуди и ветува се’ и ...
Денес ги поставивме темелите на православниот крст кој за големиот христијански празник ,,Успение на Пресвета Богородица” ќе засвети над Крива Паланка – како симбол на вера, надеж и заедништво, соопшти денеска градоначалникот на Крива паланка Сашко Митовски. Овој крст ќе биде место за молитва и духовен мир, белег на општината за генерации што доаѓаат, порачаа претходно од општината. Според планот, осветувањето на крстот ќе се случи на големиот ...
Во најновиот извештај на Стејт департментот на САД за човековите права за 2024 година се наведува дека во Северна Македонија не се забележани значителни промени во состојбата со човековите права. Документот идентификува повеќе клучни прашања, меѓу кои ограничувања на слободата на изразување и медиумите, насилство и закани врз новинари, зголемено вознемирување новинарки, стратешки судски тужби против медиумски работници и предизвици за ...
Иако фактори како што се активностите, времето и буџетот обично го обликуваат изборот за одмор, и безбедноста е клучен фактор при резервација на следната дестинација. Во таа смисла, градови како Дубровник (Хрватска) и Талин (Естонија), на пр., успеале да го зачуваат своето средновековно наследство, истакнувајќи ја и безбедноста и удобноста на туристите и жителите. Индексот на најбезбедни туристички места ги оценува европските градови врз основа ...
СДСМ обвинува дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фатена во голем скандал со назначувањето на в.д. директорката на Националната агенција која располага со средствата од Еразмус+. Претседателот на Комисијата за образование и наука на СДСМ, Јованче Манасков, истакна дека Ана Михајлов, првиот човек на агенцијата е под активна истрага на ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами. Според СДСМ, ова ја урива довербата на младите во институциите. ...
Си замина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Во својата долготрајна, богата и плодна кариера, таа отпеа четириесет оперски улоги, како и многубројни партии во ораторијални дела и соло изведби, застанувајќи повеќе од 1.200 пати на оперската и концертната сцена, во дваесетина земји низ светот. Со извонредна музикалност и изразито чувство за артизам, таа ги ...
Ако си градоначалник од на Панче МВР партијата, во 2 сабајле дома им влагаат на тие што му пишале порака дента, претрес, им зимаат телефони, апсат и притвор. Ако си градоначалник, жена, мајка, безбедно можеш да се движиш секаде освен во Чаир, а таму ако физички те нападнат Панче МВР ги брани со живот јавно со тезата: малце била тепана и може таа го тепала командантот, а не тој неа. Јасно ви е дека не смеат да писнат за Чаир? ФБ став на Данела ...
Ивона Јо го претстави својот најличен и најмоќен проект досега „Молитва“, песна создадена во еден здив под раководство на Темелко Андреев, кој авторски стои зад текстот, музиката, аранжманот, како и режијата на видеото. Ова не е само музичко издание, туку искрена духовна и емотивна катарза, огледало на внатрешната борба, болка и победа над најтешкиот противник: самите себе. „Молитва“ е автобиографска исповед, но и универзална приказна за сите ...