Виното Cabernet sauvignon barrique од Винаријата „Бовин“ се закити со златен медал на реномираниот „Конкорус интернациоал де кабернетс“во Франција. Ова признание го става гроздоберот на Бовин од 2019 и 2020 година меѓу најдобрите кабарнеа во светот, истакнувајќи го неговиот исклучителен квалитет и изработка. Виното, прославено по својата брилијантна рубин боја и ароматичен профил, може да се пофали со сложени ноти на билки, капини и цреши, што ...

Винарската визба „Тиквеш“ е првата компанија во винската индустрија во регионот која ги применува водечките глобални ЕСГ-стандарди во доменот на заштитата на животната средина, позитивното општествено влијание и транспарентното корпоративно управување. Примерот на „Тиквеш“ треба да биде инспирација и мотив и за останатите домашни компании за тоа како треба да размислуваат и делуваат за да постигнат одговорен и одржлив развој, е една од клучните ...

Во центарот на Задар, на шеталиштето „Калеларга“ на „Широка улица„ бр.10, отворен е продажниот објект „Тисак селект“ на „Тисак“ кој е прв објект од ваков формат. „Тисак селект“ донесува нова димензија во купувањето, збогатувајќи ја нашата стандардна понуда со широк асортиман на алкохолни пијалаци, тутунски производи и асортиманот за подароци и сувениир. Ова е единствен формат смислен за да привлече нови купувачи под ново име и визуелен ...

Компанијата „Идеа -Цг“ повторно ги отвори вратите на реновираниот маркет во населбата Драгова Лука во Никшиќ. Објектот кој се протега на површина од 283 квадратни метри има проширена понуда од 6.000 артикли, вклучувајќи ги и сопствената месарница и пекара. Според зборовите на раководителката на оваа продавница, Сања Бачовиќ, задоволството на купувачите секогаш е на првото место, а реновирањето на објектот во овој дел на Никшиќ претставува само ...

Трговскиот синџир „Лидл“ купи имот на „Скопски пазар“ АД Скопје во Општина Гази Баба кај локацијата на поранешен „Бриколаж“ за 9.564.485 евра. За зделката информира „Скопски пазар“ согласно Глава 6 од Правилата за котација на Берзата. Како предмет на големата зделка е наведена продажба на недвижен имот евидентиран на КП 1306/1 и КП 1306/2 КО Гази Баба и соодветно запишани на имотен лист 8882 КО Гази Баба и имотен лист 1077 КО Гази Баба. ...

„Волмарт“ во соработка со компанијата „Вижн груп“ го најави воведувањето на дигитални цени во 2.300 продавници. За неделно ажурирање на хартиените цени за над 120.000 производи, колку што бројат просечно продавниците на „Волмарт“, на вработените обично им требаат околу два дена. Дигиталните цени можат да се ажурираат во рок од две минути преку мобилна апликација „Ми@Волмарт“, соопштуваат од компанијата. Исто така дигиталните цени ќе им ...

Учениците од четврто одделение од Основните училишта во Србија во текот на оваа учебна година имаа можност да ги научат основите за правилна и балансирана исхрана како дел од програмата „Здрава храна секој ден“. Едукативната програма ја спроведува малопродажниот синџир „Макси“ со поддршка на Министерството за образование, а вклучува предавање на нутриционистката Ивана Мишиќ, кое е прилагодено за деца на возраст од 10 години. Предавањето ...

Компанијата „Персу“ за порталот logistika.biz го најави отворањето на новиот дистрибутивен центар. Од компанијата соопштуваат дека оваа инвестиција ќе им овозможи да ги унапредат своите логистички капацитети и ефикасно да одговорат на потребите на купувачите. Горди сме на отворањето на нашиот нов дистрибутивен центар. Овој дистрибутивен центар ја претставува нашата посветеност за постојано подобрување на услугите и обезбедување на најдобри ...

„Македонија 2025“ објавува повик за апликации од македонски компании за „Битов - Програмата за претприемачи“. „Битов - Програмата за претприемачи“ е основана во соработка со „Каталисте +“ (поранешна „ЦЕСО“ – Кандиан ексекутив сервис организејшн) . „Каталисте +“ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и ...

Во соработка со компанијата „ЛКВ Валтер“, dm дрогерие маркт од годинава преминува на интермодален транспорт. Како што соопштуваат од компанијата, најголемиот дел од транспортните рути ќе бидат покриени со железница, додека по патиштата ќе се одвива само дел од транспорот, од производниот погон до терминалот и од терминалот до дистрибутивниот центар. Со ваква одлука компанијата очекува до крајот на 2025 година да се намалат околу 400 тони Со2. ...

Овој месец во Белград и уште во 15 градови низ светот се спроведува меѓународната кампања за рециклирање „Интернешнл ресајклинг тур“, во која граѓаните се повикуваат да рециклираат со цел да се заштити животната средина и да се ублажат климатските промени, а сето тоа по повод Светскиот ден за заштита на животната средина. Кампањата за подигање на свеста има за цел да ја истакне важноста од рециклирање на лименки со пијалоци со цел да се заштедат ...

Според податоците на „Бартхас“ од Нирнберг, кој е најголем продавач на хмељ, најголемите четириесет пиварници во светот минатата година произвеле помалку пиво во однос на претходната. Големите пиварници минатата година произвеле 162 милијарди литри, или 2,2 отсто помалку во однос на 2022 година, соопштија од „Бартхас“. На ранг листата се шест германски пиварници и поголемиот дел од нив не можеле да го запрат овој тренд, а „Бархас“ забележал пад ...

Производителот на виски „Браун Форман“ пријави дека остварил заработка од 56 центи по акција на крајот на кварталот, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите кои прогнозирале заработка од 42 центи од акција. Компанијата во овој период пријавила пад на нето продажбата од 8% на 964 милиони долари, што е под очекувањата на аналитичарите. Кварталната бруто маржа на производителот за една година имала пад од 60,8% на 59%, соопштуваат од ...

Компанијата „Дијаџио“ со помош на вештачката интелигенција преку алатката „ВИ палете“, ги претстави потрошувачките трендови за ова лето кои се однесуваат на коктелите. Од компанијата соопштуваат дека оваа алатка ги идентификува трендовите и случувањата во секторот за храна и пијалаци преку следењето на глобалните разговори на социјалните мрежи. На начинот на кој денеска се дружиме влијаат многу фактори, како што се различните култури, ...

Искористете ја шансата! Претставете ги вашите деловни резултати во ексклузивните изданија Мапа на трговци и Мапа на дистрибутери. Зголемете ја видливоста, зајакнете ја вашата позиција и зајакнете го вашиот имиџ со учество во овие изданија! Контактирајте нè за повеќе информации Душица Димитровска Меил: dushica@instore.mk Телефон: 070 375 220 Мери Каталиниќ: Меил: meri@instore.mk Телефон: 071 262 441 Разгледајте ги претходните изданија на Мапа на ...

Компанијата „Дијаџио“ со помош на вештачката интелигенција преку алатката „ВИ палете“, ги претстави потрошувачките трендови за ова лето кои се однесуваат на коктелите. Од компанијата соопштуваат дека оваа алатка ги идентификува трендовите и случувањата во секторот за храна и пијалаци преку следењето на глобалните разговори на социјалните мрежи. На начинот на кој денеска се дружиме влијаат многу фактори, како што се различните култури, ...

Руската компанија „Магнит“ ги најави плановите за изградба на нов дистрибутивен центар и отворање на 100 нови продавници во московскиот регион. Оваа информација за соопшти гувернерот на московската област, Андреи Воробиов, после потпишивањето на договорот со генералната директорна на трговскиот синџир, Ана Мелешина. Дистрибутивниот ценар кој ќе се простира на површина од 86.000 квадратни метри, ќе се изгради во Подолска и ќе опслужува над 400 ...

Компанијата за дистрибуција на прехранбени производи „Делта ДМД“ го најави увозот и лансирањето на новите сладоледи на „Фереро“ на српскиот пазар. Меѓу новите производи се сладоледите со вкусови како Ferrero Rocher, Raffaelo, Kinder Bueno и Kinder Bueno White и во продажба ќе бидат и во фамилијарни пакувања од по четири сладоледи. Новите сладодели ќе бидат достапни на крајот на овој месец во сите поголеми супермаркети како и во одредени ...

Препознавајќи ја се поголемата популарност и побарувачка за автентичната азиска храна, Maggi најави лансирање на нова линија на производи кои се инспирирани од вкусовите на азиската кујна. Со Maggi потрошувачите во своите кујни за помалку од 10 минути ќе можат да ги пробаат вкусовите на Јапонија, Кина, Тајланд и Индија. Новата азиска колекција вклучува сосови, пасти за готвење и инстант нудли од тајландскиот Pai Thai до кремастите Tikaa Masala ...

Годинава навршуваат 10 години откако „Колид с тим“ ја почна соработката со „Лидл“. Kако што истакнаа од компанијата постојаноста во нивната понуда, производство со непроменет квалитет и навремена достава според договорените количини, се причините зошто соработката и понатаму трае. Дополнително, за воспоставување и одржување на соработката потребни се и одредени сертификати. Покрај стандардните сертификати како HACCP кој е задолжителен за сите ...

Компанијата „Хенкел“ по повод 30 годишната работа во Хрватска ги претстави реновираните канцеларии во своето седиште во Загреб, кои се уредени според концептот „смарт ворк“. Компанијата го одбележа јубилејот во друштво на соработниците, деловните партнери и колегите, а пред присутните се обрати претседателот на управата на „Хенкел“ – Хрватска, Марко Минтас. „Хенкел“ и понатаму ќе биде силно присутен, водејќи ја индустријата напред. Како лидери ...

Годинава кога Nutella слави шеесет години, компанијата „Фереро“ го најави лансирањето на веганска верзија од овој познат крем од лешник. Веста за лансирањето на овој производ ја соопшти Џорџио Сантаброџио, главен извршен директор на „Веге груп“, на годишниот настан на „Ниелсен Линкотро“ во Сардинија. „Веге група“ е традиционлано првата малопродажна група која е информирана за иновациите на „Фереро“. Побарувачката на пазарот за растителните ...

„Фајнанс тинк“ го објави „Макроекономскиот монитор“ за првиот квартал од годинава. Според објавеното, во првиот квартал од 2024, БДП се зголеми за 1.2% на годишна основа, задржувајќи ја потиснатата економска динамика од 2023. Релативно воздржаната економска активност е резултат на две главни тенденции. Од една страна, извозот забележа релативно голем пад од 7.8%, подлабок од тој во 2023. Од друга страна, приватната потрошувачка, која сочинува ...

Светските цени на храната во мај пораснаа на највисоко ниво во последните шест месеци, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Порастот на цените на житарките и млечните производи повеќе го компензира падот на цените на шеќерот и растителните масла, додека индексот на цените на месото е речиси непроменет во однос на април. Индексот на ФАО на цените за основните прехранбени производи во мај пораснал за 0,9 отсто ...

Брендот за сосови на „Унилевер“, Hellmann's, инвестира 14,7 милиони евра во својата фабрика во Поусо Алегре во Бразил. Овие средства ќе бидат искористени за унапредување на работата и задоволување на растечката побарувачка на производите во пакувањата „сквиз“, а од компанијата соопштуваат дека побарувачката на мајонезот во ова пакување минатата година пораснала за 30%. Секој месец добиваме се поголем удел на пазарот и потребни ни се поголеми ...

Шпанскиот „Глово“ кој на пазарот во Словенија влезе во 2021 година откако ја купи апликација „Ехрана“, на почетокот на мај неочекувано го напушти пазарот. Сега повторно е достапна веб страницата на „Ехрана“, која од 2010 година беше достапна се до преземањето на страна на „Глово“, пренесува „Сибиз“. До доѓањето на платформата „Волт“, „Ехрана“ беше главна веб страница за доставување на храна во Словенија затоа што немаше конкуренција. Сега ...

Во пресрет на „Грчкиот месец“ во „Супер Веро“, кој традиционални се одбележува секој јуни, компанијата организира час по традиционалниот грчки танц, сиртаки, на „Плоштадот на слободата“ во Нови Сад. Покрај традиционалниот танц , „Супер Веро“, подготви и награден конкурс под името „Гастрономска одисеја“. До 30.јуни сите кои купуваат грчки производи во вредност од најмалку 1.500 динари, ќе можат да учествуваат во наградниот конкурс. Главната ...

Пред предвиденото и во партнерство со некои од најпознатите брендови на FMCG во светот, „ДС Смит“ замени повеќе од една милијарда парчиња пластика, 16 месеци пред пред поставената цел до 2025 година. Ова означува клучна пресвртница за одржливост за еден од водечките меѓународни добавувачи на одржливи решенија за пакување. Од мај 2024 година, „ДС Смит“ замени над 1,2 милијарди парчиња пластика на меѓународните пазари, надминувајќи ја целта 16 ...

Пред предвиденото и во партнерство со некои од најпознатите брендови на FMCG во светот, „ДС Смит“ замени повеќе од една милијарда парчиња пластика, 16 месеци пред пред поставената цел до 2025 година. Ова означува клучна пресвртница за одржливост за еден од водечките меѓународни добавувачи на одржливи решенија за пакување. Од мај 2024 година, „ДС Смит“ замени над 1,2 милијарди парчиња пластика на меѓународните пазари, надминувајќи ја целта 16 ...

Реновираниот продажен објект на трговскиот синџир „Гомекс“ во Шабац, кој се наоѓа на улицата Крал Петар I бр.10, денеска ги отвори вратите за купувачите. Од компанијата соопштиваат дека за еден месец, реновирани се внатрешноста но и надворешната на објектот. Маркетот доби нова фасада, нов влезен портал и нова опрема ( каси, разладни уреди, полици), а покрај тоа поставени се нови плочки и осветлување. Продавницата на овој начин целосно е ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
28%
1009
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1009
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
38%
1008
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
25%
1010
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.95
35%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
43%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.58
54%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
44%
1010
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1009
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
42%
1009
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 20ᴼ
0.51
46%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52