„Лидл“ – Хрватска ќе додели 20.000 пакети за новородените бебиња, во кои покрај производите од „Лидл“, тие ќе содржат и водич „Се што му треба на бебето“, во кој се содржани совети од педијатри, психолози и искуства од родители и стручњаци. За овие пакети родителите ќе можат да се пријават преку апликацијата „Лидл Плус“. Покрај поклон пакетите, компанијата ќе го поддржи и проектот „Невидлива“, изложба посветена на мајчинството во огранизација ...

Компаниите „Ахолд Делез“ и „Џенерал милс“ потпишаа нов договор за партнерство во чии рамки ќе работат на намалување на емисите на гасови. За да се постигне таа цел, компаниите ќе ги поддржат земјоделците кои се дел од синџирот на снабдување и кои во своето производство сакаат да ги имплементираат процесите на регенеративно земјоделство. Ова партнерство нагласува колку стратешката соработка е клучна во решавањето на климатските последици и во ...

Тренинг центарот на Институтот за извоз, воспоставен во рамки на „Проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, кој Комората го реализира во партнерство со УСАИД, почнува со две паралелни обуки од вкупно единаесет, во рамки на двете програми, „Како да започнете со извоз на меѓународни пазари“ и „Извозен менаџмент“. Во рамки на првите две обуки „Меѓународен бизнис и меѓународни односи„ и „Анализа, пристап и модели на влез ...

Според студијата на дигиталното здружение „Битком“ сѐ повеќе компании во Германија работат без употреба на хартија, а дури и факсот за кој до неодамна германските компании тврдоглаво го употребувале сега се користи сѐ помалку. Хартијата ја исфрлиле од употреба 15 отсто од компаниите што е речиси двојно повеќе отколку пред две години, а околу 24 отсто од компаниите моментално во користат само четвртина од хартијата во својата работа. Па така ...

Александра Оливера Кориши завршила студии од областа на економија и менаџмент во Белград, по што продолжила со специјализации во повеќе европски метрополи. Кариерата ја почнала во областа на образование на млади, а потоа се пренасочила кон стекнување искуство во областа на банкарството. Од 2006 година работи во dm, најпрво како менаџер на асортиманот, а потоа како прокурист за набавка и маркетинг, продажба, човечки ресурси и логистика. Во 2008 ...

Во присуство на претставници од Стопанската комора на Србија и голем број директори и менаџери од водечки компании од логистика, транспорт и трговија се одржа третиот по ред „Кастемерс деј“ на „Нелт“. Фокусот на овогодинешниот настан беше ставен на трансформацијата на целиот логистички сектор, интегрираните синџири на снабдување и интермодалниот транспорт, преку зајакнување на регионалните партнерства. „Нелт група“ на настанот ја најави ...

Во изминатите две години „Кооп“ асортиманот на своите приватни трговски марки го дополни со над 5.000 производи. Од компанијата наведуваат дека ваквото проширување доаѓа како одговор на инфлацијата, која доведе до промена во купувачките навики кај потрошувачите. Потрошувачката се промени, се купува сѐ помалку и се фаворизираат евтини производи. За да одговориме на овие промени, фокусот го насочивме на основната вредноста на нашата компанија: ...

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 996 евра или 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари. Загрижува податокот во делот на трошоците за исхрана и пијалаци за месец септември кои изнесуваат 23.034,00 денари споредено со месец август, кога изнесувале 22 317 денари и истите како ...

Сојузниот завод за статистика „Дестатис“ објави дека во август има пад на извозот од Германија во САД и Кина, во споредба со истиот месец во 2023 година. Како што се наведува во извештајот, извозот во Кина во овој период имал пад за 15,2 отсто (7 милијарди евра), додека извозот во САД бележи пад од 3,2% (12,6 милијарди евра). Овој пад се припишува на слабата побарувачка, наведуваат од „Дестатис“. Вкупниот извоз на земјите надвор од ЕУ во август ...

Владината одлука за намалување на бруто профитната маржа на 73.прехранбени производи вчера беше објавена во Службен весник, а денеска прехранбените производи во маркетите треба да ја има ознаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Со есенската кошничка се опфатени брашното, лебот и пекарските производи, тестенините, оризот, зејтинот, месото, млечните производи, јајцата, овошјето и зеленчукот, теглите со ајвар, шеќерот, млечното чоколадо, повеќе ...

Од први октомври „Кауфланд“ – Хрватска најави ново зголемување на платите за своите вработени. Компанијата ќе ги зголеми платите за сите вработени на неуправувачки позиции во продавниците во просек за 7%, а во логистиката во просек за 6%. Во ова зголемување ќе биде вклучење и зголемувањето на додатокот за исхрана кој од први октомври ќе изнесува сто евра. Летната сезона беше исклучително напорна за нашите вработени, но на крајот успешна. Во ...

„Максима група“ која управува со трговските синџири „Максима“ и „Барбора“ на Балтикот, „Стокротка“ во Полска и со „Т маркет“ во Бугарија, за првата половина од годианва пријави пораст на приходите за 4,7 отсто ( 3 милијарди евра) во споредба со истиот период од минатата година. Во соопштението од групацијата нaведуваат дека значителен придонес во овој пораст е тековната експанзија во Полска и Бугарија, како и зголемената продажба во Литванија и ...

ЦЕФТА (Централоевропски договор за слободна трговија) соопшти дека одлуката за олеснување на електронската трговија би требало да донесе бројни олеснување за економијата и граѓаните. Тоа е документ кој чека зелено светло на мешовитиот Комитет на ЦЕФТА, а кој доколку биде усвоен, ќе донесе бројни олеснувања во е-трговијата и ќе потврди дека сме чекор поблиску до европските стандарди, се вели во соопштението, кое го пренесе „Мина.“ ...

Обемот на малопродажбата во Велика Британија на месечно ниво бележи пораст од еден отсто во август, по зголемувањето од 0,7 проценти во јули. Според Заводот за национална статистика, супермаркетите и малопродажбата за облека забележале пораст благодарејќи на топлото време и распродажбите на крајот на сезоната, пренесува „Анадолу агенси“. На долгорочен период, обемот на малопродажбата е во пораст за 1,2 отсто во трите месеци до август, во ...

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ ќе се зголемат цените на бензините еуросупер БС – 95 и еуросупер БС – 98 за 1,50 денари по литар. Од комисијата соопштуваат дека за 0,5 денари ќе се зголемат и цените на еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 75 денари, на еуросупер БС – 98 ќе биде 77 денари, а на еуродизелот цената ќе изенсува 67,50 денари. Маслото за горење ...

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ ќе се зголемат цените на бензините еуросупер БС – 95 и еуросупер БС – 98 за 1,50 денари по литар. Од комисијата соопштуваат дека за 0,5 денари ќе се зголемат и цените на еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 75 денари, на еуросупер БС – 98 ќе биде 77 денари, а на еуродизелот цената ќе изенсува 67,50 денари. Маслото за горење ...

Малопродажниот синџир „Волгринс“ како дел од своите трговски марки лансира нова премиум линија за производи за нега на кожата. Како одговор на се поголемата побарувачка за врвни решенија за нега на кожа, „Волгринс“ го редефинира своето портофолио за козметички производи и понуди производи кои ветуааат врвен квалитет и достапност, соопштуваат од компанијата. Опсежните истажувања на компанијата покажале дека купувачите иако сакаат врвни производи ...

Малопродажниот синџир „Волгринс“ како дел од своите трговски марки лансира нова премиум линија за производи за нега на кожата. Како одговор на се поголемата побарувачка за врвни решенија за нега на кожа, „Волгринс“ го редефинира своето портофолио за козметички производи и понуди производи кои ветуааат врвен квалитет и достапност, соопштуваат од компанијата. Опсежните истажувања на компанијата покажале дека купувачите иако сакаат врвни производи ...

Федералната служба за контрола на пазарот на алкохол и тутун соопшти дека продажбата на алкохолни пијалоци во Русија (без пиво и сајдер) во првите осум месеци е зголемена за 2,4 отсто во споредба со истиот период во 2023 година, на 14,9 милиони хектолитри. Продажбата на алкохол со јачина поголема од 9% во овој период е зголемена за 4,8%, на 7,8 милиони хектолитри. Значителен пораст е забележан кај продажбата на шампањ (за 11,6%, на 1,3 милиони ...

Управата за храна „Конаб“ соопшти дека производството на говедско месо во Бразил годинава ќе достигне рекордно ниво, благодарејќи на извозот и стабилноста на домашната потрошувачка. Најголемиот светски извозник ќе произведе годинава на 10 милиони метрички тони говедско месо, што е за 7,5 отсто повеќе отколку минатата година, што е и најмногу во историјата, соопштуваат од „Конаб“. Според „Конаб“ во 2025 година, сепак, производството треба да се ...

Компанијата „Колгејт – Палмолив“ ја претстави 100% рециклирачка амбалажа, која ќе се користи за асортиманот на „Палмолив“ во Австралија и Нов Зеланд. Со ваквата одлука ќе се елминираат над 1.900 тони на пластика, што е во согласност со целта за одрживост на компанијата. Во своите цели за одржливост до 2025 година, компанијата има за цел да елиминира една третина од употребата на нова пластика и да се префрли на пластична амбалажа која може да ...

По усвојување од страна на Владата на предлогот на Министерството за економија и труд за ограничување на маржата за дел од прехранбените производи, Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за магазинот Instore, појаснува зошто се одлучиле за ваква мерка, а не за замрзнување на цените. Владата го услови предлогот на министерството за економија и труд за ограничување на маржата за сто прехранбени производи. Зошто се одлучивте за ваква ...

Со големи попусти и забавна атмосфера со DJ, dm на 19 септември ја отвори својата нова дрогерија во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје. Во новата, модерно-опремена дрогерија на dm, на продажна површина од 470,47 m2 купувачите може да ги пронајдат своите омилени производи од богатиот асортиман на dm, кој брои повеќе од 14.000 производи, во кој има сѐ на едно место – производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна ...

Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на бруто-производна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 отсто и во трговијата на големо и во трговијата на мало. На листата на основни прехранбени производи во тн. есенска кошница се вклучени 73 производи кои се најзастапени во потрошувачката кошница на граѓаните. Ваквата одлука ја донесовме врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за индекс на ...

„Нестле“ потпиша договор со саудиската „Модон“( Саудиска управа за индустриски градови и технолошки зони) за основање на својата прва фабрика за производство на храна во оваа држава. Фабриката која ќе биде изградена во индустрискиот град Једах, ќе биде во вредност од 72 милиони долари. Во договорот е содржан планот за изградба на фабрика од 117.000 квадратни метри, а фабриката на почетокот ќе се фокусира на производство на детска храна и ќе ...

„Кооп“ започнува со 24 часовна услуга за достава на намирници за купувачите за да може да одговори на растечката побарувачка за брза испорака. Оваа услуга ќе биде достапна за потрошувачите во Лидс, Лондон и Манечестер, а за доставата ќе бидат задолжени партнерите на компанијата „Деливеро“, „Џаст ит“ и „Убер итс“. Задоволувањето на потребите на нашите членови и купувачи е во срцето на нашиот пристап и е согласно со нашата стратегија за ...

„Баерсдорф“ – Хрватска во партнерство со меѓународната логистичка компанија „ДСВ“, во својот возен парк ги воведува првите камиони на био – лнг (биолошки природен плин) погон. Се работи за био гас кој произведува 99% помалку емисии на азотни оксиди и 98,88% помалку Со2 во споредба со дизелот. Оваа иновација претставува значителен чекор во настојувањата да се намали карбонскиот отпечаток што ќе придонесе за остварување на програмата за одржливост ...

Поради сушите во Бразил, цената на најпопуларното кафе, арабика, на берзата во Њујорк пораснала за 3,3%. Ова е најголемо берзанско зголемување на цената на кафето арабика во последните 13 години. Во Бразил привршува жетвата за сезоната 2024 – 2025 и се очекува дека производството ќе биде намалено поради исклучително топлото време кое влијае врз родот на арабиката. Вниманието на трговците со кафе сега е насочено кон следната сезона која не ...

„Лидл“ го отвори својот прв дистрибутивен центар во Сардинија и дваесетти во Италија, како дел од инвестицијата вредна над 70 милиони евра. Новиот дистрибутивен центар ќе почне со работа од 1.октомври, тој е на површина од 37.000 квадратни метри има складишен капацитет од 25.000 палетни места, 101 товарно место и 45 места за камиони. Објектот поседува фотонапонски систем од 2.688 киловати, кој покрива 50% од енергетски потреби, како и систем за ...

„Дадон“ соопшти дека постепено ќе ја отстранува ознаката „Нутри скор“ на своите млечни и растителни пијалаци. Од компанијата посочуваат дека со користењето на оваа ознака за производите како што се млечните напитоци кои се класифицираат како безалкохолни, овие производи се споредуваат по нутритивната вредност со другите производи од оваа категорија што дава „искривена слика“ за нивната нутритивна вредност. Па така, млечните производи како ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
40%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.47
60%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
52%
1013
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
76%
1014
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.47
76%
1015
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
65%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.14
40%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
45%
1016
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1016
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
76%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
58%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
77%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52