
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Во Берово, Лазарополе и Попова Шапка утрово е најстудено, – 3 степени, а натопло во Гевгелија пет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот -2 степени се измерени во Маврови Анови, 0 во Крива Паланка, 1 во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Крушево, два во Претор, Виница и Куманово, три во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Велес и Кавадарци. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа ...
Пациентите со мултипла склероза се соочуваат со недостаток на лекови веќе втора недела поради доцнење на постапките од тендерот. Иако техничките работи околу тендерот се завршени, според процедурите се очекува терапијата, поточно инекциите „копаксон“, да стигне до крајот на месецот. -Постапката е во тек, проблемот со доцнењето на тендерот настана поради промена на економскиот директор и ние направивме се што можеме да ја забрзаме процедурата. ...
Во Берово, Лазарополе и Попова Шапка утрово е најстудено, – 3 степени, а натопло во Гевгелија пет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот -2 степени се измерени во Маврови Анови, 0 во Крива Паланка, 1 во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Крушево, два во Претор, Виница и Куманово, три во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Велес и Кавадарци. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа ...
Во просториите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ во Охрид денеска Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија ќе спроведе натпревар во финансиска писменост за млади и завршна конференција. Натпреварот е во рамки на проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи – ФинЈес“, поддржан и кофинансиран од Американската амбасада во Скопје. Целта на конференцијата е промоција на резултатите од проектот, а на истата ќе се понудат предлози за натамошно ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешното обраќање во Советот на Град Скопје потенцираше дека единствено нешто за кое се заинтересирани советниците од ВМРО-ДПМНЕ е паушалот од 500 евра. Таа посочи дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја оправдаат довербата на граѓаните и во Советот да гласаат за проектите и програмите во интерес на оние кои што ги гласале тие ја злоупотребуваат говорницата за популизам. „Градоначалникот ...
Фотографија од виножито над мурал во Скопје го симболизира будењето и доаѓањето на пролетта. Станува збор за дело на Нина Симовска со наслов „Будење“ кое реализираше во рамките на кампањата „Почувствувај ја моќта на инспирацијата“ со која dm дрогерие маркетите одбележуваат јубилејот од 10 години постоење на македонскиот пазар. Портретот е насликан со свежи бои што го означуваат будењето на природата, а истовремено целата композиција означува ...
„Далма фуд и кетеринг сервис“ е задолжена за исхраната на македонската војска, потврдува договорот потпишан на 26 февруари годинава. На веб страницата е-набавки може да се најде договорот што Министерството за одбрана го потпишало со оваа компанија, вреден 6 милиони евра за една година. Договорот ги содржи сите поединости, при што интересен е начинот на исхрана на македонските војници. Не е стандардната слика што повеќето од нас ја имаат во ...
Во СВР Тетово во текот на вчерашниот ден биле регистрирани шест пријави од граѓани кои биле повредени при напад од бездомни кучиња. Повредени се четири малолетници, како и двајца мажи на 44 и 54 години. – Три од пријавите се за напади што се случиле на улицата „Љубо Божиновски-Пиш“, и по еден на улиците „Јордан Златаноски“, „Михајло Раичевиќ“ и „Димо-Гавроски-Кара“, информираше СВР Тетово. Градоначалникот Биљал Касами кој денеска беше дел од ...
Деца кои се вакцинирани со трета доза ДиТеПер во последните шест месеци може да одат во градинка, реши Комисијата за заразни болести. Задолжително е во следните шест месеци да се изврши и ревакцината, соопшти денеска претседателот на Комисијата проф. д-р Александар Петличковски. Д-р Петличковски рече дека не може да каже кога Министерството ќе достави известување до градинките, но може да се очекува тоа да биде денеска или во следните денови. На ...
Она што некогаш беше извор на забава и радост за скопјани, денес претставува само тивок потсетник на минатите времиња. Скопското лизгалиште, со поглед кон планината Водно, еднаш живописна и магична атракција, сега е запуштено место, оставајќи ги жителите да размислуваат за неговата загуба. Некои информации говорат дека на ова лизгалиште, изградено на крајот од 60-тите години од минатиот век, за време на викендите доаѓале околу 4.000 рекреативци, ...
ЈП „Градски паркинг“ в сабота од 10 ди 14 часот организира „Отворен ден“ во канцеларијата во Карпош, лоцирана на улицата „Дрезденска“ бр. 15/3. Тоа како што велат од претпријатието е поради зголемениот интерес кај граѓаните за започнатото зонско паркирање во Општина Карпош, а во рамки на активностите за транспарентност кон граѓаните и корисниците на паркинг услугите. Од ЈП „Градски паркинг“ ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да дојдат и ...
Светлана Мојсов, чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е добитничка на наградата Перл Мајстер Грингард за 2024 година, соопшти Универзитетот Рокфелер. Оваа награда е истакната меѓународна награда која им оддава признание на истакнати жени научници. Мојсов, научен вонреден професор во Рокфелер, ќе биде одликувана на церемонијата во кампусот на 17 април. ...
Силниот земјотрес, кој утрово околу 4 часот ја погоди Црна Гора, предизвика големи материјални штети во селата во близина на епицентарот на земјотресот, а не беше поштедена ниту соседна Босна и Херцеговина. Во месноста Гац, во градот се регистрирани помали штети, а екипи на штабот за вонредни ситуации сега ги посетуваат селата долж границата за да видат каква е состојбата таму. И додека се чекаат првите извештаи од терен, АТВ објави видео од ...
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска била исконтактирана од уметници кои користат средства од Министерстото за култура за нивните проекти во МКЦ, откако беа отпуштени 30 хонорарци, што го успори работењето на установата. Костадиновска вели дека за случајот како министерството немаат конкретен одговор, и МКЦ не е во нивна надлежност, па тоа е нешто коешто ќе треба Државната комисија за спречување на корупцијата да го одговори. ...
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на ТАВ констракшнс, Фатин Кан и претставници на Националниот џез оркестар, денес (14.03 2024) во 11 часот ќе извршат увид во почетокот на реновирањето на просторот доделен на НУ Национален џез оркестар, кој се наоѓа во подрумскиот дел на ...
За учениците да стигнат до новото модерно скоро изградено училиште во населеното место Визбегово ќе мора да облекуваат гумени чизми бидејќи патот и ако ветен неколку пати уште не е асфалтиран. Се работи за населеното место и улиците кои водат кон ова училиште од страна на качанички пат. На тaа страна ниедна од уличките кој те води кон ново изграденото училиште не е асфалтирана. Основното училиште во Визбегово изградено, комплетирано од ...
„Калиопе Австрија и Северна Македонија“, Жените во општеството, културата и науката, е насловена изложбата што се отвори во Чифте амам, во организација на Австриската амбасада во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија. – „Калиопе Aвстрија и Северна Македонија” е прилика да се присетиме колку жените напредувале, но и да се осврнеме на она што се’ уште треба да го направиме за да обезбедиме еднаквост-истакна на ...
Изборите треба да се искористат да се изберат нов градоначалник на Скопје и нов совет оти вака не оди, вели професорот и член на Советот на Скопје, Никола Пановски, кој беше обвинет дека украл 29 клупи оти јавно праша каде се. За спорните клупи на кејот на Вардар на потегот од Градскиот парк до мостот кај хотелот „Александар палас“, кои ги нема, Пановски вели дека имало точка на дневен ред на седница во февруари, но информација не добиле, па ...
105 милиони посетители е новиот рекорд за оваа популарната туристичка дестинација во Дубаи која е изградена во 2008 година и се простира на неверојатни 1.200.000 метри квадратни до највисоката зграда во светот. Најпосетуваното место во светот е Дубаи Мол во Обединетите Арапски Емирати, според тврдењето на сопствениците на гигантскиот трговски центар. Ова тврдење е поткрепено од емиратската мултинационална агенција за развој на недвижнини Емаар ...
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Црна Гора во 4,06 часот по локално време, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Нема информации дека некаде има материјална штета. Според официјалните информации тој бил проследен со 30-тина помали потреси. Скопјани на социјалните мрежи споделуваат информации дека земјотресот беше почувствуван и во Македонија, особено кај што живеат на ...
Попладне ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени. ...
Во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, соопштија денеска од МВР. За возење повеќе од дозволената брзина изречени се седум санкции, 14 мерки се за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, две мерки за управување под дејство на алкокол… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните деновим најавија од МВР и ...
Изграден е регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Кавадарци. Градоначалници од Вардарски плански регион заедно со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и директорот на ВПР Сашо Мошев, денеска го посетија новоизградениот стационар. Локацијата на објектот наменет за девет општини од регионот е во населба Глишиќ на површина од 5.470 квадратни метри. Целосната финансиска конструкција на овој проект ...
„Законот се очекува да ги елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг. Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика“ велат од ...
Од состанокот на Комисијата за заразни болести утре треба да биде појасно за родителите и за вработените во градинките во Скопје дали забраната за прием на невакцинирани деца со ДиТеПер важи за тие што не се вакцинирани или и за тие што не ја примиле ревакцината. Поради забуната во јавноста и различното толкување на „целосно неимунизирани“ не е јасно дали се работи за вакцина, која се прима во три дози – на двомесечна, тримесечна и на ...
Британската кралица Камила стана горда сопственичка на сопствена верзија на куклата Барби, а кога ѝ беше врачена со насмевка изјави дека е прикажана како 50 години помлада верзија од себеси. Компанијата за играчки „Мател“ ѝ ја додели куклата за посветената соработка со фондацијата „Жените на светот“, чиј претседател е самата кралица. За оваа пригода, кралицата Камила и нејзината кукла Барби беа облечени во иста облека – син фустан на Фиона Клер, ...
Во минатото предупредувавме за проблемите кои ќе настанат со поставување на огромни контејнери без да се води сметка за движењето на луѓето. Во меѓувреме, поставување огромни контејнери на локации на велосипедски и пешачки патеки не само што направи проблем за движењето, видливоста и безбедноста во сообраќајот, туку и нередовното собирање отпад направи мини депонии околу овие грамадни објекти, реагираат од велосипедската иницијатива НаТочак. ...
Таткото на убиената Вања Ѓорчевска со шокантно сведоштво. Вели дека само сака да има конечно одлука, а отпосле ќе одлучел дали да остане на овој или да оди на, како што вели, „оној свет“. Адвокатот Владимир Туфгџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања убеден е дека неговиот клиент уште од првиот ден нема никаква вина. „Воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам конечната одлука, само сакам разрешница“ Шокатната изјава на ...
Младите на Балканот, споредено со развиените европски земји, доста доцна ги напуштаат домовите на своите родители и стануваат независни. Ова го покажало истражувањето на Евростат, според кое младите во Македонија си одат од кај мама и тато на 32,1 години. Во Хрватска, пак, младите го напуштаат домот на своите родители во просек на возраст од 33,4 години, а во Србија на 31,4 години, додека во Црна Гора на 33,3 години. Младите во остатокот од ...
Србија и натаму е рекордер во регионот по годишна стапка на инфлација. Според последните податоци објавени во земјите од регионот, Србија е на прво место со годишна инфлација во февруари од 6,4 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. По Србија, следат Црна Гора со годишна инфлација од 4,4 отсто (податоците се за јануари 2024 година), потоа Хрватска (4,1 отсто), Словенија (3,4 отсто), Северна Македонија со годишна инфлација од три отсто, ...