
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Во својот прв ден како министер за здравство, Арбен Таравари презеде решителни чекори со разрешување на осум економски директори на клиники во Скопје, кои се сметаат за вршители на должностите. Во моментот разрешени се директорите на скопската Клиника за неврологија, Ендокринологија, Максилофацијална, потоа економските директори на Дерматологија, Ревматологија. Физикална медицина, како и Токсикологија, Стоматолошката клиника и Психијатриската ...
Цената на проектот кој треба да ги поврзе Германија и Данска е околу осум милијарди долари, а покрај железничкото поврзување, тунелот ќе има и автопат со четири ленти. Тоа нема да биде само најдолгиот подводен тунел, туку и најдолгиот тунел за шински возила во светот. Кралот Фредерик Десетти го посети градилиштето по повод поставувањето на првиот бетонски сегмент во должина од 217 метри, а до крајот на проектот ќе има вкупно 79, јавува РТС. ...
Кинескиот лунарен модул Chang’e-6 денеска се врати на Земјата, завршувајќи ја својата историска мисија да ги собере првите примероци од „темната страна“, односно далечната страна на Месечината. Државната телевизија CCTV соопшти дека модулот успешно слетал во северниот дел на кинеската област Внатрешна Монголија веднаш по 14 часот по локално време. На снимката се гледа како модулот слетува на земја со помош на падобран. Така, Кина стана првата ...
Околу 30 уметници од земјава и од странство учествуваат на 13. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“, што од 22 јуни до 6 јули ќе се одржува во Вевчани. На настанот се и избраните млади таленти од Конкурсот за млади сликари 2024, што го распишаа Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Конкурсот, како дел од „Шп-арт-клуб“ на Шпаркасе Банка, и годинава разбуди голем интерес меѓу младите ...
Скопје се соочува со нов колапс на градскиот превоз откако автобусите на приватните превозници денеска не сообраќаа низ скопските улици. Ваква одлука донесоа приватниците поради неисплатените обврски кои ги има ЈСП према нив. Тие тврдат дека не добиле пари од декември, а долгот изнесува 140 милиони денари. Од друга страна пак, градоначалничката Арсовска тврди дека нема долг од 140 милиони денари а ваквата нивна одлука е само на штета на ...
Европската мрежа на оператори на преносни системи ЕНТСО-Е го истражува инцидентот што се случи деновиве во дел од системот за снабдување со електрична енергија во Југоисточна Европа, објавено е на страницата „ENTSO-E“. Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил во Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и делумно во Хрватска. „Загрозените оператори на мрежни системи, со поддршка од соседните оператори, по речиси два часа воспоставија ...
Од јули во Грција ќе се работи шест дена. Грчката влада даде можност на работодавците да можат да воведат шестдневна работна недела, доколку тоа го сака работодавецот. Притоа, работникот нема право да одбие да работи подолго, а за денот плус ќе треба да добие додаток во висина од 40% од дневницата. Законот кој во Грција се води под бројот 5053/2023 требаше да стапи на сила на 1 март, но поради калкулациите што тој би значел за изборите за ...
Под мотото ,,На одмор сум во Скопје сум”, Општина Центар од 25 до 28 јуни ќе реализира серија настани наменети за сите деца и млади кои овие жешки денови ги поминуваат во главниот град. Во вечерните часови, на повеќе локации ќе се одржуваат спортски активности, театарски претстави за најмладите, креативни работилници. ,,Ако сте на одмор, а во Скопје, само за вас неделава подготвивме спортски настани, претстави и концерти. Ве поканувам сите на ...
Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери. ,,При официјалното примопредавање на премиерската должност на новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски му посакав успешна и ефикасна работа во интерес на сите граѓани. Ги нагласивме слободните, фер и демократски избори како додадена вредност на евроинтеграциите. Искажав надеж дека политичките ...
ЈП Комунална хигиена – Скопје утрово спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што во текот на вчерашната ноќ го зафатија градот Скопје. Во координација со Градот Скопје, екипите на претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Сепак градоначалничката ниту вчера, ниту утрово не ...
Новинарот Исуф Кадриу починал денеска на 52-годишна возраст од срцев удар во туристичкиот град Шенѓин, Албанија, каде што бил на одмор со семејството. Кадриу бил заменик-главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат. Паралелно со неговите ангажмани во медиумите во земјава, од 2001 година Кадриу е постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје, од каде известува за политички, економски, културни случувања и настани од Скопје и земјава. ...
Командирот на Територијалната противпожарна единица во Тетово бара да биде исклучена струјата во целиот град по невремето. Според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. На телефонскиот број 112 стигнале неколку пријави од граѓани за поплавени подруми. Во моментов ...
По силното невреме кое попладнево го зафати Скопје, граѓани на 112 пријавиле паднати дрјва, поплавени подруми, оштетени автомобили. Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции. На места низ Скопје ...
Под мотото „Спектакуларно непослушни!“ вечерва во Скопје се одржува 5. Парада на гордоста. Учесниците се собраа во паркот „Жена-борец“, а потоа, по поздравните говори, го почнаа протестниот марш низ градските улици кој завршuva на стадионот на АРМ во Градскиот парк. И овојпат беше испратена пораката дека протестот е всушност барање, до институциите – да ги штитат човековите права и слободи на сите граѓани и да гарантираат безбеден живот, еднакви ...
Луизијана стана првата американска држава во која судот ќе има право да нареди хируршка кастрација на лица кои се прогласени за виновни за сексуално насилство врз деца. Тој вид на казна е познат во други земји каде има построгите мерки против одредени злосторства, вклучително Чешка и Нигерија, но е нов за САД. Канцеларијата на гувернерот потврди за американски медиуми дека гувернерот на Луизијана го потпишал законот. Поддржувачите на новиот ...
На 22.06.2024(сабота) во 17.00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централно-градско подрачје во Скопје. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15.00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. ...
Посетителите на Атина, Грција наскоро ќе имаат уште една дестинација на листата атрактивни дестинации: The Ellinikon – кој покрај другите нешта ќе биде најголемиот европски крајбрежен парк, виртуелно двократно ќе ги зголеми зелените површини на Атина. Грција е земја украсена со монументални знаменитости и антички класици што е навистина тешко да се замисли ваков нивитет меѓу антиквитетите, но Елинкон има што да им понуди на посетителите. Покрај ...
Примената на вештачката интелигенција и новите технологии во музиката се присутни меѓу македонските музичари и артисти одамна. Некои од нив ги применуваат делумно, а некои повеќе. Согласни се дека тие можат да бидат од корист во повеќе сегменти во креирање на музиката, но и во постпродукцијата, а особено за презентација на нивната музика преку користење на современите алатки и социјалните медиуми. Се поставуваат низа прашања од тоа дали со ...
Со концерт на хрватскиот пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли ан, вечерва ќе биде отворено јубилејното 45. издание на фестивалот „Скопско лето“. Звјездан во Скопје ќе настапи со проектот „Пијанотрон“ кој е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои свири со нозете. Звјездан има соработувано со „2Cellos“, „Harlem Gospel Choir“, Јосипа Лисац, Масимо Савиќ, Нели Андреева, Лука Паљетка. – Накратко – Звјездан е човек – оркестар! ...
Позната слика на скопската меѓународна автобуска станица: Млади Македонци им мавтаат на своите семејства, качувајќи се во автобуси (побогатите со авиони) кон дестинации како Љубљана, Софија, Загреб…Трендот на студирање во странство постојано расте. Што ги тера овие млади умови да бараат образование надвор од својата татковина? Еден од клучните фактори е квалитетот на образованието. Според резултатите од PISA, Словенија постојано ја надминува ...
Пеколни горештини и суша нè чекаат и ова лето, а климатските промени го наплатуваат данокот на невнимателност на човекот, како најодговорен за емисиите на стакленички гасови. Иако само што календарски започна, летото веќе го чувствуваме во полн замав, а заради високите температури во земјава веќе е прогласена и портокалова фаза на опасност. Жештините ќе се задржат и во следните денови, заради што Институтот за јавно здравје веќе излезе со ...
Итната медицинска помош во Скопје го евидентираше првиот случај на каснување од змија. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) редовно информираат за пријави за змии во населени места, а надлежните апелираат да се внимава во текот на летото, со цел граѓаните да се заштитат од влекачите. Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје во изјава за МИА открива дека во вторникот имале пријавен случај на каснување од змија. Станува збор за ...
Во следните денови нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло, најавуваат од УХМР. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Денеска ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а во недела попладне ќе има локална појава ...
На бројот 112 беше пријавена опасност од парчиња фасада што паѓаат од зграда во општина Центар. Од локалната самоуправа информираат дека се излегло на терен, се решил случајот и опасноста е отстранета, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. – Настанатата ситуација, со фасадата во распаѓање, претставуваше потенцијална опасност за граѓаните кои поминуваат на тој потег од улицата „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ број 24, зад новата ...
По повод 65-годишнината од основањето на Технолошко – металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска во просториите на Факултетот, со почеток во 18 часот ќе се одржи свечено одбележување. На настанот ќе бидат доделени дипломи за студентите кои магистрирале и дипломирале во учебната 2022/2023 година, плакети на истакнатите личности кои дипломирале на ТМФ, како и на вработените кои навршиле 35 години стаж во ...
Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ и годинава ги собра најдобрите раскажувачи од основните училишта во земјава на супер финален натпревар кој, вчера се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. На натпреварот во раскажување приказни учествуваа ученици во две категории – од 3 до 5 одделение и од 6 до 9 одделение. Секој пријавен натпреварувач имаше на располагање бесплатна онлајн обука за јавен говор. Со учество во натпреварувањето, децата ...
„За убави маалски дружби”, Општина Центар доби нов сквер како донација од Стопанска банка – АД Скопје. Скверот е пред платото на Општина Центар на аголот од ул. „Михаил Цоков ” и ул. „Орце Николов” и вклучува футуристичка инсталација т.н. „урбан атрактор”. Оваа урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, декоративно зеленило и паркинг за велосипеди се протега на површина од 56 метри квадратни. Градоначалникот на Општина Центар, ...
Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија со жалење и длабоко сочувство кон фамилијата, ја известува јавноста дека на 19ти јуни, околу 23.15 часот, во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-Карил почина припадник на Армијата, професионален војник со иницијали А.Ј, на 25 годишна возраст. Професионалниот војник е еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се ...
Група советници во градот Скопје поднесоа Иницијатива за воспоставување 24-часовен мониторинг видео-надзор во возилата под надлежност на ЈСП Скопје, а Советот на денешната седница ја прифати иницијативата. Со неа се задолжува градоначалничката да се произнесе по оваа иницијатива до соодветните ресори и надлежните во јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и на следна седница да биде ставена како точка на дневен ред и да може да се изгласа, ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети. Кон околу 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од близу 298 милиони денари. Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со ...