Граѓани корисници на средства од права на социјална заштита изразуваат револт и незадоволство поради тоа што сѐ уште ги немаат добиено парите за ноември. Гневни и загрижени секојдневно прашуваат кога ќе им биде исплатена помошта, која велат вообичаено стасувала на сметка во тек на првата недела од месецот. На социјалните мрежи може да се забележат низа коментари и реакции, како на страницата на Министерството за социјала и на страниците на ...

Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам, рече дека е избран модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за ...

Министерството за дигитална трансформација инфрмира дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426. -Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди ...

Вчера (8.12.2025) во 20:00 часот во ОВР Гостивар се пријавиле 49-годишна жена и нејзината 19-годишна ќерка од Гостивар, извести СВР Тетово. Според пријавеното, околу 18:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички го нападнале нивниот 65-годишен сопруг и татко, при што ќерката употребила стаклен предмет. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата. ...

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за академски студии од втор и трет циклус во земјава. Стипендиите се наменети за студенти запишани на магистерски или докторски студии во едно од следниве научни подрачја: природно-математички науки (биологија, физика, геофизика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика), инженерство и технолошки науки (електротехника, ...

Студените денови доаѓаат, а многу луѓе забележуваат дека им станува сè потешко да се загреат. Ова не е случајно – телото се менува со возраста и реагира различно на ниски температури. Токму затоа многу луѓе стануваат многу почувствителни на студ отколку порано, а лекарите ги идентификуваа главните фактори што можат да влијаат на ова. Прво, како што метаболичките функции се забавуваат со возраста, телото произведува помалку топлина отколку ...

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека по воведувањето стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната академска година, годинава исто така за прв пат ќе додели и седум стипендии за втор и пет стипендии за трет циклус на студиски програми за изучување на македонскиот јазик. Конкурсите се веќе објавени. За стипендија за втор циклус на студии чиј износ е 9.000 денари и ...

СВР Тетово информира дека вчера (8.12.2025) во 15:45 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово кај наплатна станица Тетово на патот Гостивар-Тетово ја лишиле од слобода С.А.(35) од Гостивар. „При контрола во сообраќајот со радар, констатирано е дека управувала патничко возило ,,ауди“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час на место каде со сообраќаен знак ...

Со цел побезбедни празници – да не се употребува пиротехника, апелираат утрово од Министерството за внатрешни работи. Министерството ги повикува граѓаните за време на новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нагласуваат, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки ...

Вдахновен од Светиот Дух, Кој повторно се излеа на ова евхаристиско свештенодејство, по молитвите на нашиот патрон свети Климент, во чиј спомен веќе неколку дена прославува целокупната наша Црква и држава, ете во овој празничен миг, со благослов на нашиот блаженејши Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан – застанувам на ова амвонско место за да произнесам слово за оној, кој нè воспита во верата, кој нè научи преку своите писанија и ни ...

Пратеникот Беким Сали кој е предложен за вицепремиер и министер за европски прашањае е избран за вршител на должноста претседател на политичката партија Алтернатива, откако досегашниот лидер Зеќирија Ибрахими поднел неотповиклива оставка на вчерашната седница на Централното собрание на партијата. Ибрахими во објавата на Фејсбук, каде информира за оставката, посочува дека таа е резултат на неговите политички убедувања и визија, а не поради ...

Граѓаните имаат можност да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки во земјава уште два дена, односно денеска и утре. Граѓанските обврзници oд оваа емисија се со рок од две години и каматна стапка од 4,5 проценти годишно. Износот на една граѓанска обврзница којашто граѓаните можат да ја запишат е 10.000 денари. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а аукцијата ќе се одржи во петок, на 12 декември. ...

Од први јануари почнува примената на Законот за работно ангажирање лица кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија, најавува заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Ристески посочува дека во земјава за првпат се воведува ваков закон и дека опфатени ќе бидат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може дополнително да заработат, без да ги загубат ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата. „Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.“, се вели во извештајот на АМСМ. Од таму потсетуваат дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително ...

Управата за јавни приходи информира дека до крајот на ноември спроведени се околу 4.000 контроли при што евидентирани се неправилности во делот на неиздавање на фискални сметки при што изречени се над 2.500 глоби, а на 113 даночни обврзници им е изречена забрана за вршење дејност. – Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе достигне 9 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи во текот на оваа седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и ...

Енергетскиот домашен сок за појак имунитет се препорачува во текот на зимата и сезоната на вирусни инфекции за заштита од настинки, грип и други патогени што циркулираат меѓу населението. Енергетскиот пијалок е најдобар кога го правиме сами, од свежи и домашни состојки, без додаден шеќер и адитиви. Нутриционистите истакнуваат дека е особено важно што ѓумбирот се наоѓа како една од главните состојки на секој домашен сок за зајакнување на ...

„Во последните години Русија е изложена на мерки на економски притисок од страна на западните земји. Стана очигледно дека едностраните принудни мерки им нанесуваат тежок удар на самите иницијатори“, се наведува во соопштението по повод заседанието на Генералното собрание на ОН посветено на Меѓународниот ден на борбата против едностраните принудни мерки. Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека економиите на европските земји ...

Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18. партиски конгрес да ја води ВМРО-ДПМНЕ во наредните четири години што, според статутот на партијата, ќе биде негов последен мандат. Според Зоранчо Јованчев, претседател на Изборната комсија, од 817 присутни делегати, 804 гласале и дале поддршка за нов мандат на Мицкоски. На конгресот во Кавадарци тие го реизбраа Мицкоски за лидер на партијата кој беше и единствен кандидат за функцијата. ...

Карате шампионот од Гостивар, Берат Јакупи вчеравечер на свечен настан во Центарот за култура АСНОМ ја заокружи долгогодишната успешна спортска кариера преку која испиша историја во каратето на Македонија. Како што истакна Јакупи, ова за него беше ноќ со многу емоции и споделени чувства со најблиските, пријателите, колегите, соработниците, поддржувачите. „Има многу луѓе коишто ми помагаа во мојата кариера, бескрајно сум благодарен на секој ...

Европската комисија во средата презентираше двегодишен план за финансирање на Украина, а една опција е користење на руските средства замрзнати во Европа. Меѓутоа, мерката сè уште се соочува со отфрлање од Белгија, каде што се наоѓаат поголемиот дел од замрзнатите руски средства. „Доколку ЕУ, во напад на лудило, сè уште се обидува да украде руски средства замрзнати во Белгија со доделување на она што се нарекува псевдо-заем за репарација, ...

Иако комуникацијата денес опфаќа бројни платформи и апликации, сепак мора да признаеме дека SMS-от е она што го започна сè. Неговата историја е исклучително интересна. Имено, пред 33 години, Нил Папворт, 22-годишен развивач на софтвер од Велика Британија, ја испратил првата SMS порака од компјутер до својот колега Ричард Џарвис. Нил работел како програмер и тест-инженер на развојот на услугата за кратки пораки (SMS) за својот клиент, ...

СВР Тетово информира дека вчера (5.12.2025) во 09:50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на ул. „Браќа Ѓиноски” во Гостивар го лишија од слобода 38 годишниот гостиварец Е.Е. поради основано сомнение дека е сторител на кривични дела ,,тешка кражба”, сторени во текот на минатиот месец во продавници и маркети. Ноќеска пак, 5 минути после полноќ часот во Чајле, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.К.(44) од Леуново, ...

Од Министерството за здравство денеска информираат дека на Клиниката за ортопедија успешно биле изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти. Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција и пациентката се врати на вообичаените активности. Операцијата ја предводеле науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, ...

Најниска температура од 1 степен Целзиусов утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Берово, Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе со 4 степени, 6 Претор, 7 Крива Паланка, 8 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, 9 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Демир Капија, Кавадарци, Струмица, 10 Велес и 11 степени во Гевгелија, соопшти УХМР. Според количината на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот утрово од 30 литри на метар квадратен се ...

Со одлука на Министерството за култура и туризам, денес официјално, Центарот за култура во Гостивар има нов директор, Исмет Ислами, информираа од установата. „Со ова назначување, се отвора ново поглавје кон развој на културни проекти, зајакнување на соработката и служење на заедницата со професионализам и достоинство. Центарот за култура останува отворена, транспарентна и посветена институција на културните вредности на градот“, се вели во ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година. За истиот период за 2,67 отсто е намален надоместокот за пренос на електрична енергија, односно за користење на преносниот систем од МЕПСО, а за 3,4 отсто е намалена цената на операторот на пазарот на електрична енергија ...

Да се биде добар партнер не значи совршенство, туку разбирање како да се покаже вистинска љубов кон некого. Љубовта е, пред сè, искуство, нешто што го чувствуваме преку гестови, внимание и емоционална поврзаност. Сите сакаме и примаме љубов на различни начини, но она што е универзално е потребата да се чувствуваме видени, ценети и безбедни во врската. И токму тоа го одредува нашето задоволство од нашата врска. Благодарност Првата и најсилна ...

„Денес стоиме обединети во духот на знаењето и светлината, за да му оддадеме чест на големиот учител и просветител, на нашиот духовен татко-Св.Климент Охридски. Во времиња кога тишината на неписменоста го пикривала народот, Климент ја запалил светлината на словото. Со љубов, трпение и вера, ја пренесол мудроста и го втемелил првиот храм на просветата на овие простори. Блажени да сте сите кои го облагородивте овој ден, блажени да се овие ...

Со манифестација во пресрет на празникот 8 Декември, средното општинско училиште-гимназија во Гостивар оддаде почит кон ликот и делото на Свети Климент Охридски, една од најсветлите фигури на словенската писменост и култура. Свеченоста се одржа во Центарот за култура АСНОМ. Програмата спои содржини во современи и традиционални форми на изразување: поезија, музика, сценска изведба, како и презентација на видео поткаст со дебата на тема – Дали ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
70%
1018
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
62%
1013
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
73%
1008
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
4.63
75%
1018
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
2.56
76%
1021
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
93%
1008
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
55%
1019
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
44%
1015
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
3.6
56%
1020
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
4.63
95%
1012
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1022
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.71

Сребро

3663.67

Цинк

3.34

Иридиум

221848.72

Родиум

348835.60

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.15

Платина

83354.78

Паладиум

5433.48

Злато

150834.91

Рутениум

45750.51

Калај

54.20