Манчестер Јунајтед не успеа со победа да ја заврши претсезоната, откако во Вроцлав загуби со 4-2 од италијанскиот Милан. „Црвените ѓаволи“ двапати имаа предност, но во второто полувреме целосно го загубија ритамот и примија три гола. По натпреварот, менаџерот Мајкл Керик истакна дека тимот мора да ги анализира грешките пред почетокот на сезоната. „Разочарани сме од резултатот. Имавме добри моменти и двапати бевме во водство, но начинот на кој ...

Хитот во македонскиот ракомет, Охрид, ја одбрани титулата и повторно го освои Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2026“. Во драматичното финале одиграно на отвореното игралиште „Горан Попоски-Бабец“, охридските „гладијатори“ триумфираа над екипата на Вардар со 31-30. Ракометарот на Охрид, Мартин Ивановски, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на 54. издание на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2026“. Ивановски покажа одлични партии ...

Хрватска е победник на Европското првенство од дивизијата Б за кошаркари до 16 години, откако во големото финале во Гевгелија славеше против Исланд со 69-67. Во извонредно неизвесен и драматичен финален натпревар, хрватските кадети успеаја да ја задржат предноста во самиот финиш и да стигнат до шампионскиот пехар. На свечената церемонија во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија беа доделени медалите и признанијата за најдобрите на ...

Францускиот кошаркар Оливие Сар е нов играч на Реал Мадрид, откако потпиша двегодишен договор со шпанскиот клуб. Сар минатата сезона настапуваше за Кливленд Кавалирс во НБА лигата, каде што просечно постигнуваше 3,5 поени и 2,8 скока. Во Развојната лига имаше просек од 13,7 поени и 7,3 скока. Así juega @Sarr_Olivier! pic.twitter.com/S3mhjJzov4 — Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) August 15, 2026 Кариерата ја започна на Универзитетот Вејк ...

Иднината на Рафаел Леао во Милан е сè понеизвесна. „Росонерите“ се подготвени да го пуштат португалскиот репрезентативец за сума од 40 до 45 милиони евра, што е значително помалку од првичните 60 милиони. Причината за ваквиот потег е тоа што Леао не се вклопува целосно во плановите на Рубен Аморим, па Милан смета дека летниот преоден рок е вистински момент за разделба. Најсериозен интерес досега покажува Галатасарај, кој понудил околу 35 ...

Депортиво Алавес оствари убедлива победа од 3-0 (0-0) против Хетафе во воведниот натпревар од новата сезона во шпанската Примера. Натпреварот на стадионот „Мендисороза“ го одбележаа неколку клучни моменти. Гостите останаа со десет играчи на теренот откако Кико Феменија заработи исклучување. Со играч повеќе на теренот, Алавес целосно ја презеде контролата врс играта во второто полувреме. Голема улога во победата имаше Маријано Диаз, кој ...

Новак Ѓоковиќ сензационално е елиминиран уште во своето прво појавување на Мастерсот во Синсинати. Србинот загуби од аргентинскиот тенисер Тиаго Августин Тиранте во три сета, со резултат 2-6, 6-4, 6-4. Ова е еден од најшокантните порази во кариерата на српскиот ас, со оглед на тоа што Тиранте во моментов се наоѓа на 50. место на АТП листата. Покрај тоа, ова е првпат по 2007 година Ѓоковиќ да загуби во воведното коло во Синсинати. Мечот ...

Трансферот на Родри во Барселона веројатно влегува во завршна фаза, откако каталонскиот гигант испратил трета понуда до Манчестер Сити. По двете одбиени понуди, Барселона сега нуди до 70 милиони евра без вклучени бонуси, сума која е блиску до минимумот што англискиот клуб е подготвен да го прифати. Сити првично бара околу 80 милиони евра. Сепак, позицијата на „граѓаните“ е отежната бидејќи Родри веќе постигнал договор со Барселона, а неговиот ...

Ракометарите на Охрид се победници на 54-то издание на Меѓународниот турнир во Струга. Во финалето што се одигра вечерва на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“, Охрид славеше во драматичен финиш со 31-30 (15-13) и го одбрани трофејот кој го освои и минатата година. Двете екипи имаа свои моменти, но кога најмногу требаше поконцентрирани беа охриѓани и го одбранија трофејот. Охрид на две минути до крајот поведе со +3, но Вардар 1961 ...

Шкотската репрезентација наскоро би можела да има втор странски селектор во својата историја. Белгиецот Себастијан Покоњоли во моментов се споменува како прв фаворит за испразнетото селекторско место, откако Стив Кларк си замина од функцијата. Повеќе угледни медиуми, меѓу кои и „Би-Би-Си“, пренесуваат дека Фудбалската федерација на Шкотска контактирала со повеќе потенцијални кандидати, но Покоњоли е меѓу оние кои се издвојуваат како ...

УЕФА подготвува предлог за целосна промена на начинот на кој се избира претседателот на ФИФА. Идејата е да се воведе ротациски систем, според кој претседателската функција би ја преземале конфедерациите наизменично, со мандат од четири години. Со ваквиот модел би се ограничила можноста еден човек со години да ја концентрира моќта во Светската фудбалска организација. Предлогот, според кој конфедерациите би имале поголема улога во управувањето, ...

Драган Стојковиќ - Пикси би можел да има нов селекторски предизвик, и тоа на клупата на Јужна Кореја. Поранешниот стратег на Србија не крие дека е заинтересиран за работата, но има јасен услов пред да седне на преговарачка маса - сака долгорочен проект. Стојковиќ за медиумите потврди дека постои интерес од негова страна, но отфрли можност да биде само привремено решение. „Заинтересиран сум за репрезентацијата на Јужна Кореја, но само доколку ...

Баерн Минхен се наоѓа пред потенцијално една од најзначајните финансиски трансакции во својата историја. Според информациите на повеќе упатени медиуми и извори, германскиот гигант планира да продаде пет отсто од сопственичкиот удел, во договор вреден околу 250 милиони евра. Доколку договорот биде реализиран по споменатата сума, математички би произлегло дека вкупната вредност на Баерн би изнесувала околу пет милијарди евра. Тоа, сепак, не ...

Семејството на прерано починатиот Брендон Кларк ќе го добие преостанатиот дел од неговиот договор со Мемфис Гризлис, во вредност од 12,5 милиони долари, потврдуваат извори од НБА лигата. Иако претходно се појавија информации дека парите нема да му бидат исплатени на семејството, новите наводи велат дека договорот на Кларк бил целосно осигуран во случај на смрт. Исплатата ќе биде реализирана преку животното осигурување, а не директно од ...

Она што се најавуваше, конечно доби и официјална потврда. Англискиот репрезентативец Џед Спенс го напушти Тотенхем и премина во редовите на италијанскиот шампион, Интер. Интер се сврте кон Спенс во текот на летниот преоден рок, особено по неговите одлични партии за Англија на неодамна завршениот Мундијал. Со неговото доаѓање, тренерот Кристијан Киву доби играч кој ја покрива десната страна од теренот, односно Спенс би требало да претставува ...

Ракометарите на Прилеп го освоија третото место на 54. издание на традиционалниот меѓународен турнир „Струга 2026“, откако го совладаа домаќинот Струга со 30-28. Пред исполнетите трибини на отвореното игралиште „Горан Попоски - Бабец“, љубителите на ракометот проследија интересен и неизвесен натпревар меѓу две израмнети екипи, кои најавија возбудлива сезона во македонскиот шампионат. Прилеп во поголемиот дел од натпреварот ја контролираше ...

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, се онесвести во финишот од пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг, кој баварскиот тим го доби со 3-1. Мусиала го постигна третиот гол за Баерн во 81. минута, а само неколку минути подоцна загуби свест на теренот на „Алијанц Арена“. Прв до него притрча соиграчот Исмаел Сајбари, по што веднаш реагираа и лекарските екипи. По укажаната помош, Мусиала го напушти теренот со несигурен чекор и видно ...

Со шест натпревари и официјално започна Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), во која две од екипите кои лани испаднаа од ПМФЛ, Работнички и Брера Струмица, имаа успешен старт. Работнички на теренот во Маџари беше со 3-0 (1-0) подобар од Кожуф од Гевгелија. Стрелци за „романтичарите“ во победата беа Кудијан во првото полувреме, како и Пограџа и Богданоски во второто полувреме. Возбудлив натпревар се одигра во Ѓорче Петров, каде Тетекс ...

Италијанскиот калчолигаш Милан забележа убедлива победа над Манчестер Јунајтед со 4-2 во еден од најинтересните контролни натпревари во пресрет на новата сезона. Англискиот тим одлично го отвори натпреварот и поведе уште во втората минута преку Хари Мегваер. Сепак, „росонерите“ возвратија во 37. минута кога Самуел Чуквуезе ја затресе мрежата по асистенција на Рамос и го израмни резултатот. Манчестер Јунајтед имаше можност повторно да дојде до ...

Англискиот премиерлигаш Челзи со убедлива победа од 3-1 против Реал Сосиедад ја заврши предсезонската подготовка и со добра атмосфера го најави стартот на новата сезона. Лондонскиот клуб поведе уште во 11. минута кога новото засилување Морган Роџерс дебитираше со погодок. По одбранетиот удар на Жоао Педро, Роџерс најдобро се снајде во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата за рано водство на „сините“. Иако Челзи го контролираше ...

Екипата на Тиквеш не ја оправда благата фаворитска улога и впиша минимален пораз (0-1) од Шкендија Арачиново во третото коло од Првата македонска фудбалска лига. За новиот прволигаш ова беше прв триумф во елитното друштво во историјата. Првото полувреме понуди многу возбудувања за публиката. Тиквеш започна со голема офанзива и бараше рано водство, а тоа се потврди со неколкуте добри шанси на Сила и Лусианињо. Кавадарчани повеќе пати опасно ...

Баерн Минхен со победа од 3-1 против Лајпциг ја продолжи успешната серија во подготвителниот период пред почетокот на новата сезона. Гигантот настапи во силен состав, иако во тимот сè уште недостигаат Хари Кејн и Мајкл Олисе. Во нападот покрај Дијаз шанса добија младите Арјан Ибрахимовиќ и Тим Биндер. Баварците поведоа уште во 14. минута преку летното засилување Луис Диаз, кој постигна убав погодок. Во второто полувреме во листата на ...

Екипата на Силекс си ја заврши домашната задача и убедливо славеше над Скопје (3-0) во рамки на третото коло од Првата македонска фудбалска лига. Куп-освојувачот во вториот дел го скрши отпорот на дебитантот, кој парираше 45 минути, но потоа се распадна. Во првото полувреме видовме активен фудбал со шанси на двете страни, но немаше погодоци. Александар Васоски добро го имаше поставено својот тим, недостасуваше само реализацијата, која потоа ...

Бугарскиот првак Левски официјално го потврди ангажманот на српскиот репрезентативец Марко Грујиќ. Искусниот играч за врска во Софија пристигнува како слободен агент, а со бугарскиот клуб потпиша договор на една година со можност за продолжување на уште една сезона. Грујиќ во Левски доаѓа од редовите на грчки АЕК, кој воедно е и противник на бугарскиот тим во плејофот за пласман во Лигата на шампионите. Триесетгодишниот фудбалер е добро ...

Грчкиот репрезентативец Јанис Адетокумбо со големи амбиции влегува во новата НБА сезона по преселбата од Милвоки Бакс во Мајами Хит. Грчката суперѕвезда не криеше дека од себе очекува многу и најави голема борба за највисоките дострели, но и сериозни индивидуални остварувања. „Оваа сезона ќе доминирам. Сакам да докажам дека сум еден од најдобрите во НБА. Заедно ќе се бориме за високи дострели, а зошто не и за шампионската титула. Знам дека не ...

Хулијан Алварез и неговите претставници побарале директна средба со извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил Марин, за да разговараат за иднината на аргентинскиот напаѓач. Алварез сака да го напушти клубот и како следна дестинација ја посочува Барселона. Тој веќе му кажал на Диего Симеоне дека сака промена, но тренерот и понатаму го гледа како важен дел од својот тим. Причината за инсистирањето на разговор со Хил Марин е ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години доживеа висок пораз од селекцијата на Бугарија (62-102) во последниот меч од Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се одржува во нашата земја. Во мечот за тринаесеттото место, нашиот национален тим беше целосно надигран. Македонија ги загуби сите четири периоди, а разликата од минута во минута стануваше се поголема и во корист на Бугарите. Колку за илустрација дека противникот беше ...

Нов играч на македонскиот суперлигаш ТФТ Скопје е Григориј Ѓорѓевиќ, еден од најголемите македонски кошаркарски таленти. Младиот репрезентативец на неодамнешното европско првенство до 18 години имаше просек од 13.4 поени, 4.7 скокови и 6.4 асистенции, што воедно беше и трет најдобар асистент на целото првенство. Ѓорѓевиќ дополнително го потврди својот квалитет и на М18 „фајнал-форот“, каде што беше прогласен за МВП на финалниот турнир за ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, со голем оптимизам гледа кон новата сезона и со задоволство зборуваше за враќањето на Жозе Мурињо на клупата на „кралевите“. Мурињо по 13 години повторно го презеде Реал Мадрид, а клубот му довери тригодишен договор до 2029 година. „Многу е позитивно да имаме тренер како Мурињо, кој совршено знае како се победува и кој точно ни покажува по кој пат треба да одиме за да стигнеме до успех. Секој играч е ...

Милан се вклучи во трката за еден од најталентираните млади фудбалери на Црвена Звезда, Василије Костов, за кого интересот од европските гиганти станува сè поголем. Според информациите на италијанскиот новинар Матео Морети, Милан веќе воспоставил контакт со Црвена Звезда и со претставниците на 18-годишниот фудбалер. „Росонерите“ сакаат да го обезбедат неговиот потпис во текот на ова лето, но планот е Костов да остане уште една сезона во ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35