Високо квалитетно судење на дерби натпреварот од третото коло во Првата МФЛ, помеѓу екипите на Струга Трим Лум и Вардар, велат од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Во една од клучните судиски ситуации, одбранбениот играч на домашната екипа игра со рака во неприродна положба, јасно одвоена од телото, со што го спречува развојот на акцијата на гостинската екипа. Станува збор за казниво играње со рака, а главниот судија е во непосредна ...

Екипата на Шкендија извојува победа со конечни 4-1 (0-0) над Брегалница Штип во натпреварот од третото коло на Првата македонска фудбалска лига. За тетовскиот прволигаш ова е трет триумф од исто толку мечеви во новата сезона. Првото полувреме беше прилично содржајно со шанси, а повеќе пати се закани домашната екипа. Тамба беше во центарот на вниманието, се закани уште во четвртата минута, но имаше и уште две прилики во продолжение. Гостите од ...

Поранешниот ракометар на Вардар и еден од најдобрите дефанзивци во Европа во својата генерација, Илија Абутовиќ, за новата сезона се врати во Партизан и стана првото засилување на белградскиот клуб. По 16 години минати во странство, искусниот српски ракометар повторно ќе го носи црно-белиот дрес. Во интервју за „Моцарт Спорт“ по враќањето во Партизан, Абутовиќ посебно се осврна на периодот минат во Македонија. „Морам да кажам дека во ...

Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид успешно ги продолжува подготовките за новата сезона, откако забележа две победи на контролните натпревари против медитеранската репрезентацијата на Египет. Двата пријателски дуели се одиграа во салата во Автокоманда и беа од затворен карактер. На првиот натпревар избраниците на Кирил Лазаров славеа со 33-31, додека на вториот меч повторно беа подобри од египетската селекција, овојпат со резултат ...

Шпанскиот фудбалски првак Барселона продолжува со добрите настапи во подготвителниот период, откако на пријателски натпревар го совлада Базел со убедливи 5-2. Актуелниот шпански шампион до предност стигна во 34. минута преку летното засилување Карим Адејеми. Германскиот крилен напаѓач одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и со прецизен удар ја затресе мрежата за 1-0. Сепак, Базел успеа да возврати пред паузата и во 43. минута го ...

Успешен настап во подготвителниот период имаше и Реал Мадрид, кој со убедливи 3-0 го совлада германскиот Шалке. „Кралскиот клуб“ брзо го отвори резултатот, откако Килијан Мбапе уште во шестата минута ја затресе мрежата на германскиот тим за водство од 1-0. Само четиринаесет минути подоцна, Дин Хојсен ја зголеми предноста на Реал Мадрид на 2-0, потврдувајќи ја доминацијата на шпанскиот гигант во првото полувреме. Во продолжението од ...

Екипите на Расинг Сантандер и Виљареал ги поделија бодовите во натпреварот од првото коло на Примера, кој заврши со конечен резултат 2-2 (2-2). Сите четири погодоци беа постигнати во првото полувреме. Најпрво домаќинот дојде до двојна предност со головите на Андрес Мартин и Серхио Мартинез, но „жолтата подморница“ возврати преку Папе Геје и Николас Пепе, кои стрелаа на крајот од првиот дел, и тоа во период од само шеесетина секунди. Вторите ...

Италијанецот Рикардо Калафиори влезе во историјата на Комјунити Шилд со гол постигнат само 23 секунди по почетокот на натпреварот меѓу Арсенал и Манчестер Сити. Италијанскиот дефанзивец го искористи одличниот старт на „топчиите“ и со прецизен удар го совлада сонародникот Џанлуиџи Донарума, за најбрз погодок во историјата на ова натпреварување. Погодокот беше одлична најава за Арсенал, кој на крајот одигра фантастичен натпревар и со 3-0 го ...

Актуелниот фудбалски првак во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Вардар, врза два порази во низа. По поразот од Шкендија во претходната рунда по кој тимот остана без тренер затоа што отказ доби Кристијан Фабијани, црвено-црните не успеаја да дојдат до бодови на гостувањето кај Струга ТЛ (0-1). Мечот го реши еден гол кој падна во второто полувреме, а Вардар може да жали затоа што не извади барем реми затоа што имаше шанси за ...

Англискиот првак Арсенал на убедлив начин ја отвори новата сезона во Англија, откако во финалето на Комјунити Шилд го совлада Куп-освојувачот Манчестер Сити со 3-0 и го освои првиот трофеј во новата натпреварувачка година. „Топчиите“ поведоа уште во првата минута од натпреварот. По само 23 секунди игра, Рикардо Калафиори ја заврши одличната акција на Арсенал и ја затресе мрежата на Џанлуиџи Донарума за рано водство од 1-0. Избраниците на ...

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16 години) со два пехара го заврши настапот на тунриот Југ Опен 2026 што изминативе денови се одржуваше на терените на ТК југ во Скопје. Турнирот е од рангот Ј60 Скопје за тенисери и тенисерки до 18 години. Митевска во сингл финалето денеска ја совлада Верица Зориќ од Србија со 2-1 во сетови (2-6, 6-3, 63). Македонската тенисерка заедно со Андреја Глушкова од Бугарија беа најуспешни и во ...

Пред речиси еден месец во Њујорк се одигра финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, во кое „Црвената фурија“ славеше со минимални 1-0 во продолженијата. Натпреварот му припадна на словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој имаше исклучително тешка задача поради големиот број остри дуели и неспортски потези од аргентинските фудбалери. Еден од играчите кои најмногу правеле проблеми бил Леандро Паредес. Тој влезе во игра на ...

Англискиот репрезентативец Ентони Гордон неодамна се приклучи на подготовките на Барселона, а тренерот Ханси Флик веднаш се уверил дека каталонскиот клуб добил сериозно засилување. Гордон летово изненадувачки пристигна од Њукасл за 70 милиони евра и потпиша петгодишен договор. Иако подоцна се приклучи на подготовките поради настапот на Светското првенство, Англичанецот пристигна во одлична физичка форма, што особено го воодушевило Флик. ...

Новак Ѓоковиќ откри дека здравствен проблем, дополнително влошен од високите температури и влажноста во Охајо, бил главната причина за неговиот пораз во второто коло на турнирот во Синсинати. Српскиот тенисер беше елиминиран од Аргентинецот Тиаго Агустин Тиранте, кој направи големо изненадување и славеше со пресврт од 2-1 во сетови (2-6, 6-4, 6-4). Ѓоковиќ одлично го отвори мечот, но во текот на првиот сет почна да покажува знаци на физички ...

Актуелниот англиски шампион, Арсенал, го отвори резултатот во Комјунити Шилд, и тоа уште во првата минута од натпреварот. Одбраната на Манчестер Сити уште не беше „целосно поставена“, кога Рикардо Калафиори доби супер топка од Мајлс Луис-Скели, а италијанскиот дефанзивец немаше проблеми да го совлада Донарума. Голот беше постигнат во 23. секунда од мечот. „Топчиите“ добија огромен мотив за остатокот од мечот, додека нивните навивачи ...

Екипата на Севилја со драматичен пресврт го совлада Рајо Ваљекано со 2-1, а победничкиот гол беше постигнат од пенал во седмата минута од судиското продолжение. Интересно е што двата гола за домаќинот беа постигнати од белата точка. Првиот пенал го реализираше Гуриди, додека вториот го погоди Пеке, за голем пресврт и победа на домаќините. Токму вториот пенал предизвика жестоки реакции. Ситуацијата во која Лејун наводно го фаулираше фудбалерот ...

Италијанскиот суперталент Кими Антонели е на чекор да испише нова страница во историјата на Формула 1 и да стави крај на една суша која трае повеќе од седум децении. По 11 трки во сезоната 2026, 19-годишниот возач на Мерцедес е лидер во генералниот пласман со 219 бодови. Антонели зад себе има шест победи, едно второ место, две трети места и триумф во спринт-трката на Силверстоун, со што создаде предност од 50 бодови во однос на Луис Хамилтон ...

Португалецот Жоао Феликс го одбележа натпреварот меѓу Ал-Наср и Ал-Фатех во Саудиска Арабија, на кој актуелниот шампион ја започна новата сезона со убедлива победа од 3-0. Во составот на Ал-Наср го немаше Кристијано Роналдо, кој натпреварот го следеше од свечената ложа. Португалската ѕвезда таму имаше можност да ужива во мајсторијата на својот сонародник. Во 40. минута, Феликс изведе вистинска фудбалска магија. Португалецот тргна во продор ...

Младиот шпански тенисер Рафаел Ходар направи спектакуларен пресврт против Денис Шаповалов и обезбеди место во третото коло на Мастерсот во Синсинати. Ходар беше на чекор од пораз во решавачкиот сет. Губеше со 1-5, а Канаѓанецот имаше дури две меч-топки. Сепак, 19-годишниот Шпанец покажа карактер и успеа целосно да го сврти текот на натпреварот, а во продолжението одигра неверојатно и освои шест гема во низа, за голем триумф со 7-5, 4-6, 7-5. ...

Екипата на ГРК Охрид со тесна победа над Вардар 1961 во финалето го освои турнирот во Струга. По натпреварот, тренерот Борис Ројевиќ не го криеше задоволството од прикажаното и вели дека е убаво кога вака ќе се тргне во сезоната. „Одличен турнир за нас, го победивме шампионот, секогаш е добро да се отвори сезоната со победа затоа што тоа носи верба во работата и во тимот. Имавме добри 60 минути, добар е триумфот за самодовербата. Сега ни ...

Екипата на ТФТ Скопје потпиша со уште еден млад кошаркар и објави дека постигнат е договор со македонскиот репрезентативец Матеј Митревски. Станува збор за 19-годишен млад и перспективен бек-шутер, кој во Тафталиџе доаѓа од Вардар, а под водство на тренерот Боро Смилковски ќе добие можност да продолжи да се развива и да го покаже својот потенцијал. Матеј е уште еден дел од определбата на ТФТ за развој и афирмација на македонските млади ...

Македонскиот голман Андреј Петковски летово ја смени средината и од Полска се пресели во Чешка. Првите вибрации во новиот клуб се позитивни и од двете страни. Петковски по одличната сезона во Азоти Пулави, продолжи со кариерата во чешкиот шампион Талент Плзен. Браќата Штохл, кои своевремено беа репрезентативци и долги години професионалци во Бундеслигата, го водат спортскиот сектор во клубот, Тие уште во јануари потпишаа преддоговор со ...

Париз Сен Жермен се изнаосвојува сите можни трофеи откако пред 15 години дојде во сопственост на катарските сопственици, но најмногу пехари во споменатиот период освои токму во Суперкупот на Франција. Од претходните тринаесет Суперкупа, на Парижаните им припаднаа дури дванаесет, а единствено успеа на листата да се вмеша Лил во 2021 година. Затоа е јасно дека ПСЖ овој пехар, иако најмалку вреден во сезоната, го напаѓа подеднакво силно како и ...

Екипата на Интер Мајами го запиша третиот последователен пораз во МЛС-лигата, откако на гостувањето кај Нешвил беше убедливо поразен со 4-1. Лионел Меси повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат поради уште еден нереализиран пенал. Аргентинецот во 23. минута имаше можност да израмни на 1-1, но неговиот удар од белата точка беше одбранет од голманот на Нешвил, Брајан Швејки. По одбиената топка Серхио Регилон ја затресе мрежата, ...

По завршувањето на европската авантура, фудбалерите на Шкендија целосно се фокусираат на домашните обврски. По двете победи на првите два меча и импресивна гол-разлика од 5:0, единствена цел на тимот е враќање на шампионската круна. Бразилскиот играч од средниот ред, Рафаел Фреитас, верува дека Шкендија мора да го задржи високото ниво на игра од европските сцени и во домашниот шампионат. „Без никакво сомневање, имаме квалитет да го одржиме ...

Екипата на Олимпија Милано официјално потврди дека Американецот Мозес Рајт ќе ѝ се приклучи на кошаркарската репрезентација на Македонија за претстојниот августовски ФИБА прозорец. Уште во јуни беше објавено дека американскиот центар е во напредни преговори за добивање македонско државјанство и настап за националниот тим, а сега неговото приклучување е и официјално потврдено. Македонија кон крајот на август ќе ги започне настапите во втората ...

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново ја оствари својата прва историска победа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), победувајќи го Тиквеш среде Кавадарци со резултат 0-1. Марко Симоновски постигна гол со глава во 27. минута од натпреварот и донесе три бода. Тренерот на победничката екипа, Берат Имери, не го криеше одушевувањето од трите бода. „Знаевме колку е Тиквеш квалитетен и колку значи оваа победа. Во првите дваесет минути имавме ...

Актуелниот шампион Вардар доживеа голем удар минатиот викенд, откако го загуби дербито против Шкендија на Арената „Тодор Проески“. Овој пораз, зачинет и со претходните порази на европските натпревари на домашен терен, го чинеше отказ шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани. Аргентинскиот стратег си замина, а тимот на натпреварот со Струга Трим Лум ќе го предводи Матија Мирков, кој беше негов прв асистент, а исто така беше соработник и на ...

Се враќа англискиот фудбал! Паузата заврши и време е за битка за првиот трофеј на Островот, каде што во Комјунити шилд ќе се сретнат актуелниот шампион на Англија Арсенал и освојувачот на ФА Купот Манчестер Сити. Често се зборува дека овој трофеј не е баш толку важен, некои дури и не го сметаат меѓу најзначајните за вкупниот број освоени пехари, но натпреварување е натпреварување и трофеј е трофеј. Затоа ќе биде интересно да се види каков е ...

Струга Трим Лум во дерби натпреварот од третото коло во Првата македонска фудбалска лига попладнево од 16.30 часот ќе го пречека актуелниот шампион Вардар. Стружани најавуваат дека се подготвени за надигрување, а напаѓачот Христијан Малески верува дека неговиот тим може да стигне до победа. „Се надевам дека ќе биде квалитетен и интересен натпревар, вистинско дерби во кое сакаме да го покажеме најдоброто од себе и на крајот бодовите да останат ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Цинк

3.76