Она што се најавуваше, конечно доби и официјална потврда. Англискиот репрезентативец Џед Спенс го напушти Тотенхем и премина во редовите на италијанскиот шампион, Интер. Интер се сврте кон Спенс во текот на летниот преоден рок, особено по неговите одлични партии за Англија на неодамна завршениот Мундијал. Со неговото доаѓање, тренерот Кристијан Киву доби играч кој ја покрива десната страна од теренот, односно Спенс би требало да претставува ...
Џед Спенс беше најпријатно изненадување во стартната постава на Томас Тухел на Светското првенство, а како играч кој остави извонреден турнир зад себе, десниот бек стана примамлив за многу клубови. Тотенхем не правеше опструкции во обидот да му ја исполни желбата на фудбалерот и му дозволи да преговара со различни клубови, но конечната одлука падна на Интер. Италијанскиот првак доби големо засилување во одбраната за 35 милиони евра, или ...

