Дојде време за стартот на новата сезона во шпанската Примера. Новиот шампионат почнува доста рано, но на самиот почеток слободни ќе бидат клубовите кои имаа по повеќе свои претставници на завршницата на Светското првенство. Ова лето Шпанците повторно беа скромни, па освен неколку големи трансфери нема премногу за издвојување на ова поле. Најмногу трошеа Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона. Делува дека најмногу промени во целокупната ...

Денеска се крева завесата и во Втората македонска фудбалска лига која во новата сезона ќе брои четиринаесет екипи. Во неа има поранешни шампиони и клубови кои според своето реноме веројатно припаѓаат во елитата, па се очекува возбудлива сезона. Како и секоја година второлигашите беа доста активни и на трансфер-полето. Многу промени имаше во речиси сите екипи, а ретки се оние кои ги задржаа костурите од ланската сезона. Најактивен клуб беше ...

Тиквеш со максимален ефект и импресивна гол-разлика го дочека третото коло во ПМФЛ. Кавадарчани на стартот на сезоната славеа со 5-1 против Арсими, а потоа го декласираа Башкими со 0-5, па со десет постигнати и само еден примен гол се лидери на табелата. Следен предизвик за Тиквеш е Шкендија Арачиново, која гостува во Кавадарци. Домаќинот ќе атакува на трет триумф и продолжување на победничката серија, со желба оваа сезона да биде дел од ...

Кристијан Ромеро е нов член на Атлетико Мадрид, откако шпанскиот клуб постигна договор со Тотенхем за трансферот на аргентинскиот репрезентативец. 28-годишниот дефанзивец потпиша петгодишен договор со „јорганџиите“, додека Тотенхем обезбеди 15% од неговиот иден трансфер. Ромеро беше на мета и на Интер и Арсенал, но уште од почетокот јасно стави до знаење дека негов приоритет е преселбата во Мадрид. Со трансферот во Атлетико, тој по четири ...

Силекс по ремито со Шкендија Арачиново се враќа на домашен терен со јасна цел, победа против Скопје во третото коло од Првата лига. Кратовчани на стартот на сезоната го декласираа Башкими со 6-0, а по ремито 1-1 на „Чаир“, денеска ќе атакуваат на втор триумф. Само три бода се во мислите на фудбалерите од кратовскиот табор. Голманот на Силекс, Љупче Џеков очекува тимот да ја игра својата препознатлива игра и на крајот да стигне до посакуваната ...

Феран Торес е нов фудбалер на Пари Сен Жермен, откако францускиот гигант постигна договор со Барселона за трансферот на шпанскиот репрезентативец. ПСЖ за неговите услуги ќе плати 50 милиони евра, а Торес потпиша договор со францускиот шампион до јуни 2031 година. Парижани водеа долги преговоди со каталонскиот клуб кој на крајот мораше да попушти и меѓу другото да му ја исполни желбата на фудбалерот. Bienvenue à Paris ! ...

Спортскиот директор на Силекс, Стевица Ристиќ, откри дека кратовскиот клуб летово се обидел да го врати Марко Ѓорѓиевски во своите редови, но не можел финансиски да се носи со понудата на Шкендија. „Марко Ѓорѓиевски видовте што направи за Шкендија во првите натпревари. Јас сакав да го вратам во Силекс, бевме во преговори, но реално Шкендија финансиски е помоќен клуб и го разбирам зошто ја избрал Шкендија. Марко е играч кој може да реши ...

По историскиот прв бод во ПМФЛ, Шкендија Арачиново ја очекува нов тежок предизвик. Новиот прволигаш гостува во Кавадарци кај Тиквеш, кој по две одиграни кола има максимален учинок и е лидер на табелата. Кавадарчани во досегашниот дел од сезоната го покажаа својот офанзивен потенцијал и со 10 постигнати гола се најефикасен тим во лигата. Шкендија Арачиново, пак, по ремито со Силекс ќе се обиде да остане непоразена и на второто гостување во ...

Легендарниот Кевин Гарнет наскоро ќе добие уште едно големо признание од Минесота Тимбервулвс. Клубот потврди дека неговиот дрес со број 21 официјално ќе биде повлечен од употреба, а церемонијата ќе се одржи на 28 февруари 2027 година, по натпреварот против Бостон Селтикс во „Таргет Центар“. За Гарнет ова ќе биде особено емотивен момент, со оглед на тоа што токму Минесота го избра како петти пик на драфтот во 1995 година. Во дресот на ...

Рубен Аморим започна со големи промени во Милан, а според најновите информации, португалскиот тренер веќе донел одлука на кои фудбалери нема да смета во продолжението од сезоната. Наводно, дури седум играчи добиле дозвола да го напуштат „Сан Сиро“, а клубот во финишот од преодниот рок ќе се обиде да најде нови средини за нив. Според информациите на повеќе италијански медиуми, на списокот се наоѓаат неколку звучни имиња. Меѓу нив е Фикајо ...

Украинскиот гигант Шахтјор Доњецк сака домашните натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона да ги игра на „Стемфорд Бриџ“, стадионот на Челзи во Лондон, пренесува Би-Би-Си. Шахтјор веќе повеќе од една деценија не може да го користи својот дом, „Донбас Арена“, поради воениот конфликт во источна Украина. Клубот во меѓувреме домашните натпревари ги играше во Киев и Лавов, додека европските мечеви ги организираше во Германија, Словенија и ...

Реал Мадрид продолжува успешно да заработува од својата фудбалска академија. „Кралскиот клуб“ постигна договор со францускиот Стразбур за трансфер на 20-годишниот Шпанец Јакобо Ортега, а мадридскиот гигант од продажбата ќе инкасира дури десет милиони евра. Ова е воедно и највисоката сума што Реал досега ја добил за фудбалер кој не одиграл ниту една минута за првиот тим. Ортега е роден во Мадрид и ги помина младинските категории на Реал, а ...

Ерлинг Халанд доби четири сертификати од Гинисовата книга на рекорди за извонредните голгетерски достигнувања во Премиер лигата, Лигата на шампионите и Лигата на нации. Норвежанецот најбрзо стигна до 100 гола во Премиер лигата, за само 111 натпревари, а го држи и рекордот за најмногу голови во една сезона. Во сезоната 2022/23 постигна 36 погодоци. Халанд е и најдобар стрелец во историјата на Лигата на нации со 19 гола, додека четвртиот ...

Шампионот Вардар 1961 се пласира во големото финале на 54. издание на Струшкиот ракометен турнир. Во клучниот натпревар од групната фаза, избраниците на тренерот Иван Чупиќ доминираа и убедливо го совладаа градскиот ривал Бутел Скопје со резултат 36-24. Натпреварот се одигра на салата „Тими“ заради дождот кој ги изненади ракометарите и гледачите. „Црвено-црните“ веднаш направија солидна предност во првото полувреме (21-13), која рутински ја ...

Душан Влаховиќ и официјално ја започна новата авантура во Турција. Српскиот напаѓач пристигна во Истанбул, каде што беше свечено претставен како ново засилување на Бешикташ пред повеќе десетици илјади навивачи. vlaho-besiktas.jpg Влаховиќ во четвртокот потпиша тригодишен договор со турскиот клуб, а во Бешикташ ќе го носи дресот со број 28. На презентацијата на стадионот „Тупраш“, 26-годишниот напаѓач не криеше дека има големи амбиции со ...

Премиерлигашот Челзи засега останува на ставот дека Енцо Фернандез ќе го носи синиот дрес и во новата сезона. Рокот што лондонскиот клуб им го постави на заинтересираните екипи за доставување понуда од 120 милиони фунти истече, но официјална понуда не пристигнала. Челзи им порача на потенцијалните купувачи дека имаат време до 17:00 часот по британско време да испратат понуда за 25-годишниот аргентински репрезентативец. Според последните ...

Атлетико Мадрид со победа ја заврши претсезоната. Шпанскиот тим славеше со 1-2 (1-1) на гостувањето кај Олимпик Марсеј во пријателскиот натпревар одигран на стадионот „Велодром“. Марсеј подобро го отвори натпреварот и поведе во 22. минута, кога Игор Паишао ја затресе мрежата на гостите. Атлетико брзо возврати. Во 39. минута Родриго Мендоза го израмни резултатот и на пауза се замина со резултат 1-1. Во второто полувреме мадридскиот состав ...

Кошаркарските клубови Дубаи и Војводина постигнаа договор за соработка, а српскиот клуб во периодот што следи би требало да стане еден од главните партнери на актуелниот шампион во АБА лигата. Информацијата ја потврди генералниот менаџер на Дубаи, Дејан Камењашевиќ, кој откри дека главната идеја е развој на млади кошаркари, но и помош за Војводина во спортскиот и организацискиот дел. „Баравме клуб каде што нашите млади играчи би можеле да ...

Италијанскиот напаѓач Чиро Имобиле донесе изненадувачка одлука да стави крај на професионалната кариера на 36-годишна возраст. Иако имаше договор со Париз ФЦ до летото 2027 година, Имобиле реши да не го одработи до крај. Од францускиот клуб потврдија дека главната причина за неговата одлука е желбата за повеќе време со семејството, по 17 години професионален фудбал. „Чиро Имобиле е легенда. По 650 натпревари, повеќе од 320 голови и бројни ...

Сопствениците на Ливерпул, американската групација „Fenway Sports Group“ (FSG), постигнаа договор за продажба на околу една третина од сопственичкиот удел во клубот на конзорциум предводен од британско-индискиот бизнисмен Амит Батија, во кој се наоѓа и основачот на Амазон, Џеф Безос. Од FSG потврдија дека е потпишан „конечен договор“ за продажба на стратешки малцински удел на компанијата „1892 Holding“, објави Би-Би-Си. Конзорциумот го ...

Бразилскиот фудбалер Фред ја напушти Турција и се врати во татковината, откако потпиша договор со Атлетико Минеиро до крајот на 2029 година, соопшти бразилскиот клуб. 33-годишниот Фред во Фенербахче пристигна во 2023 година, а по три сезони во турскиот клуб реши да направи нов трансфер и да се врати во средината во која ги направи првите фудбалски чекори. Имено, Фред бил дел од младинската школа на Атлетико Минеиро од 2003 до 2009 година, ...

Динамо Загреб, Хајдук и Ријека изборија пласман во плеј-офот за европските натпреварувања, што на хрватскиот клупски фудбал последен пат му се случило во 2017 година. Тогаш сите четири хрватски претставници, Динамо, Хајдук, Ријека и Осијек, стигнаа до завршната квалификациска рунда. Само Ријека обезбеди европска есен, откако по елиминацијата од Олимпијакос во квалификациите за Лигата на шампионите автоматски се пресели во Лигата на Европа. ...

Македонскиот освојувач на Купот, Силекс од Кратово, целосно му верува на шефот на стручниот штаб Александар Васоски, со кого официјално ја продолжи соработката за новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот од Кратово му ја укажа довербата на македонскиот стратег по историскиот успех во мај 2026 година, кога Силекс триумфираше во Купот на Македонија по победата над Шкендија во големото финале. Спортскиот директор потврди дека во ...

Актуелниот европски шампион, ПСЖ, продолжува со засилувањето на офанзивната линија. Францускиот клуб постигна договор со Ајакс за трансферот на 21-годишниот белгиски крилен напаѓач Мика Годтс, за кого францускиот клуб ќе плати 55 милиони евра. Договорот е усогласен меѓу клубовите, а преостанува само формализацијата на трансферот. Годтс во Париз пристигнува по одличната сезона во дресот на Ајакс, во која се наметна како еден од најинтересните ...

Македонската репрезентација до 16 години со одлична игра и голем пресврт ја совлада Унгарија со 95-76 и обезбеди пласман во натпреварот за 13. место на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Нашите кадети имаа тежок почеток на натпреварот и во вториот период се најдоа во негатива од 18 поени (33-51). Сепак, избраниците на селекторот Дејан Стојановски покажаа карактер и со одлична игра во продолжението целосно го свртеа текот на мечот. ...

Славниот НБА кошаркар, Клеј Томпсон, изјави дека Голден Стејт Вориорс од сезоната 2016/17 би го совладале легендарниот состав на Чикаго Булс од сезоната 1995/96 во потенцијална финална серија. Поранешната ѕвезда на Вориорс го доби едно од најпопуларните прашања меѓу НБА фановите - кој би победил во серија меѓу две екипи кои се сметаат за едни од најдобрите во историјата на кошарката? „Напаѓачката моќ што ја имавме беше нешто што се гледа ...

Екипата на Арсими се избори за победа над Башкими и славеше со минимални 1-0 (0-0) во натпреварот од третото коло во Првата македонска фудбалска лига, со што дојде до првиот позитивен резултат и први три бода во новата сезона. Натпреварот започна со високо темпо, очигледна беше желбата на двете екипи рано да дојдат до позитивен резултат, па така, првите добри акции ги видовме уште во првите петнаесетина минути. Аљбин Рамадани „излета“ сам ...

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид ја засили бековската линија со потписот на 24-годишниот Максим Шулга. Украинскиот бек потпиша двегодишен договор со шпанскиот гигант и по една сезона во Бостон и неговите филијали во Џи-лигата се враќа во Шпанија. Шулга, кој е висок 193 сантиметри, поголемиот дел од минатата сезона го помина во Мејн Селтикс, каде што во просек бележеше 15,7 поени, 6,7 асистенции и 4,4 скока по натпревар. Тој доби шанса и во НБА, ...

Македонскиот второлигаш Беласица се пофали со четири нови засилувања за претстојната сезона, со што повторно најавува високи амбиции и атак на погорните позиции на табелата. Во Струмица пристигнаа Рон Мемеди (напаѓач кој може да ги покрие и крилните позиции), Давид Спасов - офанзивен поливалентен играч, Михаил Танчев, кој игра по крилните позиции, како и Елмаз Емуш (уште едно офанзивно крило). Од новите аквизиции се очекува значително да го ...

Леандро Паредес ја одби можноста за трансфер во Милан и донесе одлука да остане во Бока Јуниорс, со што ги прекина шпекулациите за негово враќање во Серија А. Според информациите на „ТајК Спортс“, претставници на Милан директно контактирале со 32-годишниот аргентински репрезентативец за да ја проверат неговата достапност, но Паредес веднаш ја отфрлил можноста за трансфер. Светскиот шампион од 2022 година побарал италијанскиот клуб воопшто да ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53