Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
ТФТ Скопје се пофали со уште едно ново име и продолжи да го составува тимот за сезоната 2026/27. Ново засилување е 18-годишниот Ѓорѓи Цветковски, кој важи за еден од најперспективните млади македонски кошаркари. Цветковски зад себе има одлично издание на Европското првенство за играчи до 18 години, каде просечно постигнуваше 17,3 поени и имаше одлични 45% реализација за три поени. Со тоа беше втор најдобар стрелец на шампионатот и се најде во ...
Кошаркарскиот клуб Работнички продолжува со засилувањето на ростерот за новата сезона, откако скопскиот тим го промовираше Тарик Брунчевиќ како ново засилување. Искусниот крилен центар игра на центарските позиции, а во текот на кариерата настапуваше во Србија, Романија, Словенија, Русија и Франција. Брунчевиќ е висок 206 сантиметри и се очекува да донесе дополнителна цврстина под обрачите, особено во играта во рекетот и скокот, но и поголем ...
Охрид победнички го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако бранителот на трофејот славеше над селекцијата на Египет до 20 години со 31-27. Избраниците на Борис Ројевиќ одлично го отворија натпреварот и со цврста игра во одбраната, предводена од Ѓорѓески, брзо стигнаа до 4-1. Во продолжението Охрид неколкупати имаше предност од четири до пет гола, но не успеа дополнително да се одлепи. Пропуштените шанси за ...
Џамал Мусиала повторно ги загрижи сите во Баерн, откако германскиот репрезентативец уште еднаш падна на теренот, само три дена по непријатниот момент на натпреварот против Лајпциг. Овојпат инцидентот се случи на пријателската средба со Хајденхајм. Мусиала влезе во игра во продолжението, но само четири минути подоцна падна без контакт со противнички фудбалер. Jamal musiala, Bayern Münih'in bugün oynadığı maçta da baygınlık geçirdi. ...
Црвена Звезда покажа интерес за Петар Ратков, кој е на излезни врати од Лацио и не е во плановите на новиот тренер Џенаро Гатузо. Лацио сака да го продаде српскиот напаѓач и да врати што е можно поголем дел од 13 милиони евра, колку што плати за него минатата зима. Токму поради високата цена, постои можност Црвена Звезда да се обиде да го доведе Ратков на позајмица. Ратков уште како фудбалер на ТСЦ беше интересен за белграѓани, но во 2023 ...
Љупчо Дориев игра во неверојатна голгетерска форма и повторно се запиша во листата на стрелците во шампионатот на Узбекистан. Македонскиот репрезентативец беше стрелец во триумфот на Согдиана над Кизилкум со 2-1 и уште еднаш покажа дека се наоѓа во одличен ритам. Офанзивецот ја затресе мрежата во 38. минута, кога ја доведе Согдиана во предност од 1-0. Домашниот тим потоа успеа да го задржи водството и да стигне до важна победа во 18. коло. ...
Фудбалскиот сојуз на Сенегал официјално го назначи Патрик Виеира за нов селектор на сениорската репрезентација. Виеира на клупата на Сенегал доаѓа на местото на Пап Тјав, кој доби отказ по настапот на Светското првенство, каде што африканската селекција беше елиминирана во шеснаесетфиналето. „Овој стратешки избор претставува нов чекор во напорите на Фудбалскиот сојуз на Сенегал да воспостави врвен систем на стручна работа, кој е целосно ...
Родри и официјално е нов фудбалер на Барселона. Каталонскиот клуб постигна договор со Манчестер Сити за трансфер вреден 60 милиони евра, плус дополнителни 15 милиони евра преку бонуси. Шпанскиот репрезентативец потпиша договор со Барселона до јуни 2030 година, со што стави потпис на четиригодишна соработка со каталонскиот гигант. The master of space and time touches down in Barcelona pic.twitter.com/BESJxrGg3w — FC Barcelona (@FCBarcelona) ...
Додека траат преговорите за трансферот на Бредли Баркола, англискиот гигант Ливерпул работи и на доведување на младиот Ибрахим Мбаје. Според информациите на францускиот новинар Фабрис Хокинс, Ливерпул веќе ги договорил личните услови со Мбаје. Доколку двата клуба пронајдат заеднички јазик околу обештетувањето, младиот крилен напаѓач ќе потпише петгодишен договор со клубот од „Енфилд“. Мбаје наводно ја избрал понудата на Ливерпул пред ...
Ракометарите на Вардар 1961 со победа над Олимпијакос од 39-27 (21-11) го отвори меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Со убедлива партија тимот на Иван Чупиќ стигна до висок триумф на отворањето на турнирот во „Билјанини Извори“. Стартот на средбата беше израмнет со подобри моменти за вардарци кои почесто водеа, а гостинот парираше до 3-3. „Црвено-црниот“ тим поведе со 6-3 преку Воркапиќ, откако претходно не искористи неколку ...
Цените на билетите за официјалното деби на Леброн Џејмс во дресот на Филаделфија Севентисиксерс достигнаа рекордно и астрономско ниво, надминувајќи 1.900 долари за најевтините места на отварањето на сезоната. „Ефектот Леброн“ предизвика незапаметен скок на секундарниот пазар на билети, каде што почетните цени за неговиот прв официјален натпревар за сезоната 2026/27 против Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ се движат помеѓу 1.881 и 1.999 ...
Викендов во битолското село Црнобуки заврши седмиот Меморијален турнир „Трофеј Трајан Куља - Црнобуки 2026“, на кој настапија најдобрите младински екипи од земјата и регионот. По тридневните натпреварувања постигнати се следните резултати по возрасни категории: Генерација У9: 1. Партизан 2. Еден на еден 3. Марадона 4. Јанг Тим Најдобар играч: Огнен Билиќ (Партизан) Најдобар стрелец: Кенан Ахмети (Јанг Тим) Најдобар голман: Владан Стојковиќ ...
Претседателот на српскиот ракометен првак, белградски Партизан, Милјан Жугиќ, официјално најави дека клубот во наредните неколку години ќе се пласира на „фајнал-фор“ во Лигата на шампионите или на завршниот турнир на Европската лига. Ова амбициозно ветување беше дадено за време на промоцијата на новиот тим на белградските „црно-бели“ за претстојната сезона 2026/27. Клубот се враќа во најелитното европско друштво по пауза од тринаесет години, ...
Првакот на Шпанија, Барселона, го именуваше Рафиња за свој капитен за сезоната 2026/2027. Крилниот напаѓач ги наследува Роналд Араухо и Марк-Андре тер Штеген, кои беа позајмени на Ливерпул и Ајакс, соодветно, и беа прв и втор капитен минатата сезона. Френки де Јонг, кој беше трет капитен во претходната сезона и се чинеше логичен наследник, на крајот нема да ја преземе улогата на прв капитен оваа сезона. Холанѓанецот ќе мора да се задоволи со ...
Второто коло од шампионатот на Македонија нема да биде комплетно. Натпреварот меѓу Тетекс и Работнички е одложен на барање на домашниот тим поради тоа што двајца фудбалери ќе бидат дел од Медитеранските Игри во Таранто. Поради активностите за обновување на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“, а во консултација со ЈП „Комуналец“ – Битола и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесена е одлука натпреварот од второто коло ...
Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува првиот натпревар во новоформираната Регионална лига, а противник на стартот ќе биде српскиот тим Војводина. Во пресрет на средбата, ракометарот на охриѓани Анте Иванковиќ истакна дека успешните подготовки и квалитетниот турнир во Струга му даваат дополнителна самодоверба на тимот пред новиот предизвик. „Нè очекува натпревар во првото коло од Регионалната лига против младата и талентирана екипа на ...
Динамо Загреб го пречекува норвешки Викинг во квалификациите за Лигата на шампионите, а пред натпреварот големо внимание во Норвешка привлече состојбата на легендарниот стадион „Максимир“. Новинар на „ТВ2 Спорт“ направи обиколка низ стадионот и без влакна на јазикот го опиша она што го затекна. „Стадионот на Динамо е распадната дупка, но има свој шарм. Ова е стадион стар 115 години, а мислам дека некои од овие работи се исто толку стари. Тука ...
Јаник Синер води трка со времето за да биде подготвен за последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен. Најдобриот светски тенисер се врати во Торино, каде што ја продолжи рехабилитацијата по проблемите со десното колено. Синер последниот меч го одигра на Вимблдон, каде што ја одбрани титулата, а потоа поради повредата го пропушти турнирот во Синсинати. Италијанецот реши да не ризикува и целосно да се посвети на заздравувањето пред ...
Еурофарм Пелистер утре ќе ја има последната проверка пред почетокот на официјалните натпревари во новата сезона. Избраниците на Лино Червар ќе одиграат пријателски натпревар против Еурофарм Пелистер 2, а средбата е закажана за 17:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Овој дуел ќе биде последна можност за Червар да ја провери формата на своите ракометари и да ги дотера последните детали пред стартот на натпреварувачките ...
Австрија ќе биде засилена со неколку важни кошаркари за дуелот со Македонија на 30 август во Виена. Селекторот Арамис Наглиќ го објави списокот од 13 играчи, предводен од најдобриот стрелец во квалификациите за СП 2027, Богиќ Вујошевиќ, кој просечно постигнуваше 19,8 поени. Во составот се враќа и Рашан Мбемба, кој по речиси четири години повторно ќе биде дел од националниот тим. На списокот се и Ерол Ершек, Даниел Фридрих, Јакоб Лор, Даниел ...
Динамо Загреб продолжува со потрагата по нов голман, а последното име кое се поврзува со хрватскиот шампион е ирскиот репрезентативец Гевин Базуну. „Модрите“ сакаат да ја засилат голманската позиција, но не планираат да издвојат голема сума. Поради тоа засега не успеаја да го вратат Доминик Ливаковиќ, за кого Фенербахче бара околу четири милиони евра. Сепак, преговорите за негово враќање сè уште не се целосно затворени. Како нова опција се ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и аптеки ВИА ФАРМ потпишаа договор за соработка и спонзорство, со кој се обезбедува дополнителна поддршка за медицинската грижа во Националните тимови. ВИА ФАРМ ќе ги снабдува репрезентативните селекции со потребни медицински средства и суплементи, со цел да се обезбедат соодветни услови за медицинска грижа, опоравување и подготовка на фудбалерите. За нашата федерација, ваквите партнерства ...
Нови превирања ја тресат ФИФА откако организацијата се раздели со својот главен оперативен директор Кевин Ламур, кој јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино за продажба на дел од правата поврзани со Светското првенство на приватни инвеститори. Според „Скај“, Ламур остро реагирал на недостигот на транспарентност околу проектот вреден околу 20 милијарди долари и обвинил дека вработените во ФИФА биле доведени во заблуда. ...
Вардар 1961 подготовките за новата сезона ги продолжува со серија сериозни тестови во Охрид. „Црвено-црните“ ќе настапат на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, а тренерот Иван Чупиќ очекува дуелите со квалитетни ривали да дадат вистинска слика за моменталните можности на неговата екипа. Хрватскиот стратег втора година по ред го предводи Вардар на овој турнир и верува дека силните натпревари ќе бидат од голема корист во оваа фаза од ...
ГРК Охрид е подготвен за настап на петтото издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, кој ќе биде одлична можност за проверка на формата пред почетокот на новата сезона. Тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ, очекува силни натпревари и најави дека турнирот ќе го искористи за да им даде поголема минутажа на сите ракометари и да испроба дел од работите кои екипата ги подготвува на тренинзите. „Посакувам добри натпревари, без ...
Охрид од денеска повторно ќе биде центар на ракометните случувања во регионот. Од 18 до 22 август во СЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи јубилејното петто издание на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, кое ќе биде најквалитетно и се очекува да е највозбудливо досега. На турнирот ќе настапат осум екипи, поделени во две групи. Во групата А се домаќинот ГРК Охрид, Загреб, младинската репрезентација на Египет и Војводина, додека во групата Б ...
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Амар Дедиќ, официјално е нов фудбалер на Њукасл Јунајтед. Дедиќ на својот 24. роденден го комплетира трансферот во премиерлигашот, каде пристигнува од португалска Бенфика. Со „страчките“ договори соработка до летото 2031 година. Босанскиот репрезентативец во новиот клуб ќе го носи дресот со број 37 и за првпат во кариерата ќе има можност да настапува во Премиер лигата. Дедиќ претходно го носеше дресот ...
Познат е распоредот за четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига, кое овојпат ќе биде распослано во три натпреварувачки дена. Програмата ќе биде отворена во петок со дуелот Скопје – Тиквеш од 17:00 часот. Истиот ден ќе има и вечерен фудбал во Штип, каде Брегалница од 19:00 часот ќе го пречека Башкими под рефлекторите. Единствениот саботен натпревар е пресметката меѓу Шкендија Арачиново и Арсими, закажана за 16:30 часот, додека во ...
Ракометниот клуб Вардар 1961 започна нов серијал насловен „Љубовта наша голема“, посветен на навивачите кои веќе 65 години се нераскинлив дел од историјата на „црвено-црните“. Во пресрет на новата сезона, низ серијалот долгогодишни поддржувачи на Вардар ќе раскажуваат за своите најдраги моменти, спомени и емоции поврзани со клубот. Прв гостин е Александар Узуновски – Узун, препознатлив по својата долгогодишна и безрезервна поддршка на Вардар. ...
Хенрик Михитарјан се присети на интересна приказна од периодот кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и неговиот однос со тогашниот тренер Жозе Мурињо. Ерменскиот фудбалер откри дека Португалецот го игнорирал на тренинзите, но речиси секоја вечер му испраќал иста порака на „WhatsApp“. „Мики, те молам, замини“, му пишувал Мурињо, а Мхитарјан секогаш одговарал: „Ќе заминам ако го пронајдам вистинскиот клуб, во спротивно ќе чекам до ...