Еурофарм Пелистер утре ќе ја има последната проверка пред почетокот на официјалните натпревари во новата сезона. Избраниците на Лино Червар ќе одиграат пријателски натпревар против Еурофарм Пелистер 2, а средбата е закажана за 17:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Овој дуел ќе биде последна можност за Червар да ја провери формата на своите ракометари и да ги дотера последните детали пред стартот на натпреварувачките ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа во пријателски тренинг натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со убедливи 39-17. Ова беше првиот претсезонски тест за битолчани кој се одигра во салата „Боро Чурлевски“. Меѓу другото, ова беше и премиерен меч на Лино Червар на клупата на Еурофарм Пелистер. Веќе традиционално, со меч меѓу пелистерци и „двојката“ стартуваше уште една сезона на двата клуба. Битолската публика знаеше да го дочека ...
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 39:17 Попладнево во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“ двата битолски суперлигаши, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, се претставија пред битолската публика со меѓусебен пријателски натпревар со кој го одбележаа стартот на новата натпреварувачка сезона во Битола.Веќе традиционално, со меч меѓу пелистерци и „двојката“ стартуваше уште една сезона на двата клуба, а Еурофарм Пелистер го ...
Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а битолскиот тим доби засилување на десната бековска позиција со враќањето на Лука Ѓеоргиевски. Младиот битолчанец повторно ќе го облече „зелено-белиот“ дрес, откако минатата сезона во пролетниот дел настапуваше за Прилеп. Со прилепскиот тим Ѓеоргиевски го освои првото место во суперлигашкиот плеј-аут, а сега повторно се враќа во составот на Еурофарм Пелистер 2. ...
Пелистер со убедлива победа од 39-17 против Пелистер 2 го одбележа традиционалниот тест-натпревар во Битола, кој привлече големо внимание поради првото појавување на Лино Червар пред домашната публика. Иако дуелот имаше пријателски карактер, трибините беа добро исполнети, а навивачите го поздравија новиот тренер и му посакаа успех во сезоната. Червар ова лето пристигна во Битола со големи амбиции и задача да го предводи Пелистер во битката ...
И натаму траат подготвителните натпревари на македонските ракометни екипи пред стартот на новата сезона. Засега најавите се дека нѐ очекува уште поинтересна битка за трофејот во домашниот шампионат. Вардар, Алкалоид, Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид се издвојуваат како четворка која е во предност пред останатите екипи, но и тие можат да приредат изненадување. Во Битола ракометот и натаму е во фокусот, а колку во градот се сака овој спорт говори ...

