Поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ е уапсен во голема полициска акција во Португалија, во која биле запленети дури еден и пол тони кокаин, објавија португалските медиуми. Милошевиќ бил приведен на автопатот А6, а покрај огромната количина наркотични средства, чија вредност се проценува на околу 70 милиони евра, во возилото биле пронајдени и два пиштоли. Акцијата била спроведена минатата среда, а само една недела претходно во Шпанија ...

Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ е пред сензационален трансфер во Барселона. Според информациите од трансфер-инсајдерот Фабрицио Романо, каталонскиот гигант постигнал усмен договор со Фенербахче, а Романо ја потврди зделката со своето добро познато „Here we go“. Барселона веднаш ќе издвои два милиони евра за Ливаковиќ, а преку бонуси сумата може да достигне уште два милиони евра. Сепак, 31-годишниот голман нема веднаш да му ...

Башкими по првите три кола во новата сезона е без освоен бод и без постигнат гол во ПМФЛ, но во кумановскиот табор веруваат дека тимот е блиску до првиот позитивен резултат против Брегалница во Штип. Иако резултатски почетокот е лош, во Башкими веруваат дека последниот натпревар против Арсими во Гостивар покажа дека тимот може да игра многу подобро. Кумановци беа поразени, но прикажаа солидно издание и останаа без награда поради слабата ...

Брегалница ќе го дочека Башкими во рамките на четвртото коло од Првата македонска фудбалска лига, со цел да стигне до втората победа во сезоната. Штипјани досега собраа три бода, по триумфот над Арсими, додека на гостувањата кај Вардар и Шкендија Тетово беа поразени. Домашниот терен и моменталната форма ја ставаат Брегалница во улога на фаворит, но тимот на Никола Кузманов тоа ќе треба да го потврди и на теренот. Башкими, пак, во Штип ...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија отвори постапки за случувањата на терените од минатото коло. Кај прволигашите е поведена дисциплинска постапка против Струга Трим Лум по две основи и тоа: за необезбедување паркинг за гостинскиот автобус, како и несоодветно обележан терен. Од друга страна постапка има и против Тиквеш за слаба организација на натпреварот против Шкендија Арачиново, фрлено шише на терен и ...

По болниот пораз од Хетафе со 3-1 во Мадрид, фудбалерите на Партизан се враќаа кон Белград, но атмосферата на летот барем малку ја ублажи емотивниот говор на капетанот на авионот. Пилотот им се обрати на играчите и на стручниот штаб, испраќајќи им порака за поддршка по тешкиот резултат во Шпанија. Неговите зборови ги трогнаа сите во клубот, а Партизан подоцна го сподели моментот со јавноста. View this post on Instagram A post shared by ...

Еурофарм Пелистер со натпревар против „помладиот брат“ Еурофарм Пелистер 2 прејде во поофицијалниот дел од подготовките. Пред битолчани се предизвиците во Регионалната лига, а најава за она што следува даде искусниот стратег Лино Червар. „Навистина ова е едно семејство, во кое е младата екипа покрај сениорите. Ние работевме многу, чекаме вистински натпревари. Веќе в недела ни доаѓа Партизан тука, можеби за нас е прерано, ама ќе се обидеме да ...

Еурофарм Пелистер ги привршува подготовките за новата сезона, а ракометарите веќе се целосно фокусирани на првиот сериозен предизвик. На еден од претсезонските тренинзи, Ник Хенигман зборуваше за досегашниот тек на подготовките, тимската атмосфера и новиот тренерски пристап. „Го завршивме овој дел на подготовки и сега почнува она сериозното. Мислам дека минавме добри три недели подготовки, посебно на делот во Словенија. Веќе мислите ни се на ...

Фудбалската федерација на Македонија во Струмица е организатор и ќе биде домаќин на развоен турнир за репрезентации до 15 години, на кој ќе настапи репрезентацијата на Македонија составена од фудбалери од генерацијата 2012 година. Турнирот е одлична можност за младите репрезентативци да стекнат меѓународно искуство и да ги одмерат силите со квалитетни селекции. Македонија ќе одигра три натпревари: 21 август, Македонија- Босна и Херцеговина, ...

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра во три натпреварувачки дена и тоа денес (петок), сабота и понеделник со два натпревара. Пред стартот на возбудувањата во оваа рунда беа одредени официјалните лица. Двата дерби дуели се играат в понеделник. За мечот меѓу Вардар и Силекс е одбран Игор Стојчевски, додека Шкендија во Скопје ќе ја дочека Струга, а одговорноста да го суди натпреварот ја доби Стојанче Трпчевски. Судии ...

Премиер лигата ова лето доживеа вистинска тренерска револуција. Дури девет клубови во сезоната 2026/27 влегуваат со нов менаџер, што претставува рекордна бројка во модерната ера на англискиот фудбал. Најголемите промени се случија кај дел од фаворитите. Енцо Мареска го презеде Манчестер Сити од Пеп Гвардиола, Чаби Алонсо седна на клупата на Челзи, додека Андони Ираола го замени Арне Слот во Ливерпул. Еве ги сите девет промени: • Борнмут: ...

Време е за новата сезона во италијанската Серија А. Натпреварите започнуваат утре со дуелот на шампионот Интер против повратникот во елитата Монца, а пред стартот на кампањата може да се подвлече црта од досега сработеното на трансфер пазарот. Милан и Јувентус беа екипите кои потрошија најмногу, вкупно повеќе од 300 милиони евра, додека добр се засилуваше и Интер со одбрани имиња. Активни беа и Комо и Рома, додека скромен трансфер рок имаа ...

Трабзонспор му приреди изненадување на Исак Кирни, младиот навивач на Мохамед Салах, кој отпатува од Англија во Турција за повторно да се сретне со својот идол. Исак и Салах имаат посебна приказна уште од времето кога египетскиот напаѓач го носеше дресот на Ливерпул. Тогаш клубот од „Енфилд“ му овозможи на младиот навивач неколку средби со Салах, а нивната приказна привлече големо внимание. По трансферот на Салах во Трабзонспор, Исак не ...

Американскиот кошаркар Пејтон Вотсон е трејдуван од Денвер Нагетс во екипата на Кливленд Кавалирс, пренесуваат повеќе медиуми. Лани имаше солидна сезона, во која просечно бележеше 14,6 поени, 4,9 скока и 2,1 асистенции по натпревар. Во рамките на зделката, Денвер ќе добие пик од првата рунда на драфтот во 2031 година, како и пик од втората рунда во 2032 година. Во Нагетс пристигнува и Џулијан Рис од Вашингтон. Вотсон, пак, нема да биде ...

Новата сезона во француската Лига 1 носи нова трка за титулата, но фаворитот повторно е добро познат. Пари Сен Жермен влегува во сезоната како убедливо најголем кандидат за шампионскиот трофеј, со амбиција да стигне до шестата титула во низа и вкупно 15-та во историјата. Парижаните зад себе имаат и нов европски успех, а летово дополнително го засилија составот. Сезоната требаше да започне со дуелот ПСЖ - Рен во Париз, но поради проблемите со ...

Тренерот на Челзи, Чаби Алонсо, порача дека Енцо Фернандез има одличен однос кон обврските во клубот и дека во моментов е концентриран на настапите за лондонскиот тим, и покрај шпекулациите за неговата иднина. Челзи во мај постигна договор со агентот на аргентинскиот репрезентативец, Хавиер Пасторе, според кој Фернандез би можел да го напушти клубот за сума од 120 милиони фунти. Рокот за заинтересираните клубови истече на 14 август, но до ...

Новата сезона од највозбудливиот и најквалитетниот клупски шампионат, Премиер лигата е пред нас. Сезоната во англиската елита ќе биде историска, затоа што дури девет екипи ќе ја започнат со нови менаџери, а според сите очекувања битката за шампионската титула одново ќе се води помеѓу неколку клуба. Исто така интересно ќе биде и во долниот дел од табелата, каде што се очекуваат неколку изненадувања. Во продолжение ви ги претставуваме екипите ...

Четирите најголеми тениски турнири - Австралија Опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен, заеднички ќе формираат Совет на играчи на Грен слемовите, со кој тенисерите и тенисерките ќе добијат поголема улога во носењето одлуки. Новото тело официјално ќе започне со работа по завршувањето на УС Опен 2026, а неговата главна цел ќе биде да воспостави директна комуникација меѓу играчите и организаторите на четирите Грен слем турнири. Советот ќе се ...

Кошаркарскиот клуб Работнички доведе уште едно име во стручниот штаб во пресрет на новата сезона. Нов кондиционен тренер на скопскиот клуб е Анатолиј Романов. Романов е високо сертифициран фитнес тренер и апсолвент на Факултетот за физичка култура и спорт, а зад себе веќе има искуство во работата со кошаркари. Тој активно работи како кондиционен тренер со професионални кошаркари, но и со млади спортски таленти во Македонија, а отсега своето ...

Американскиот кошаркар Кендрик Нан мораше да биде опериран поради повреда на менискусот на коленото, што претставува лоша вест за Панатинаикос пред почетокот на новата сезона. Нан се повреди за време на приватните тренинзи во САД, а во средата беше подложен на оперативен зафат. Според информациите од Грција, операцијата била рутинска и поминала без никакви проблеми. Сепак, 31-годишниот бек ќе мора да паузира во наредниот период. Грчкиот ...

Фудбалерот на Милан, Самуеле Ричи, е на чекор до преселба во Комо, откако двата италијански клуба постигнале начелен договор, пренесуваат повеќе медиуми на „чизмата“. Станува збор за едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот по завршувањето на сезоната. Комо, кој од клупата го предводи шпанскиот стратег Цеск Фабрегас, ќе ја преземе целата плата на италијанскиот репрезентативец додека трае позајмицата. Фабрегас сака дополнително да ...

Ракометарите на Прилеп продолжија со одличната игра на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски”, совладувајќи ја екипата на Мулти Есенс од Скопје со сигурни 31-26, пред домашната публика во сала „Ристе Ристески - Ричко”. Екипата на Наум Танески влезе концентрирано и на полувреме имаше солидна предност (15-13), која успешно ја задржа до крајот. Најефикасен беше Денис Шабановиќ со 8 гола, а одлична партија одиграа и Димитар Димитриоски (5 гола) и ...

Наместо на „Паркот на принцовите“, натпреварот од првото коло во француската Лига 1 меѓу ПСЖ и Рен ќе се одигра на стадионот на гостинската екипа. Одлуката официјално ја потврди раководството на француското првенство, откако беше проценето дека условите на „Паркот на принцовите“ во моментов не се соодветни за безбедно одржување на натпреварот. Причината е многу топлото време, кое ја оштети тревата на теренот. Од Лига 1 објаснија дека ...

Екипите на Рајо Ваљекано и Алавес одиграа 1-1 во натпреварот со кој беше отворено второто коло во шпанската Примера. Рајо поведе во 48. минута преку Серхио Камељо, но гостите успеаја да избегнат пораз во финишот. Во 84. минута израмни Марјано Диаз, поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, кој повторно се запиша меѓу стрелците. Диаз блесна и во првото коло, кога постигна гол и запиша две асистенции во убедливата победа на Алавес над Хетафе од 3-0. ...

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар 1961 славеа сигурна победа над Нексе со 33-27 и направија важен чекор кон пласман во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. За разлика од убедливата победа над Олимпијакос, овојпат македонскиот тим мораше сериозно да се помачи. Нексе одлично го отвори натпреварот и ја имаше предноста на своја страна, но Вардар 1961, предводен од одличниот Валах, успеа да се врати и да израмни. ...

Барселона направи конкретен чекор за ангажман на хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ и веќе испрати официјална понуда до Фенербахче, пренесува каталонски „Спорт“. Ливаковиќ наводно е заинтересиран за трансфер на „Камп Ноу“, но реализацијата на зделката ќе зависи од финансиската ситуација на каталонскиот гигант. Барселона во моментов има други приоритети и не сака дополнително да го оптовари буџетот за плати. Интересен е и планот за хрватскиот ...

Екипата на Хајдук Сплит испушти голема шанса за победа во првиот плеј-оф натпревар за Конференциската лига на УЕФА, откако прими гол во 95. минута и ремизираше против полскиот Раков со конечни 2-2 (1-1). Домашниот тим заслужи победа, зашто играше со човек помалку од 55. минута, па затоа разочарувањето кај навивачите е сигурно големо. Имаа Хрватите активен и позитивен резултат до последниот судиски свиреж, но гостите успеаја да приредат голем ...

Србија славеше над Франција со 90-87 во пријателски натпревар одигран во Белградската арена, во меч кој донесе драматична завршница. Домашната селекција на полувреме имаше минимална предност од 46-45, но во третата четвртина успеа да се одвои и во еден момент стигна до +13. Франција не се предаде и во финишот се врати во игра, намалувајќи на само два поени разлика. Сепак, во клучниот момент Алекса Аврамовиќ со спектакуларна блокада над Силвен ...

Црвена Звезда оствари убедлива победа од 3-0 (1-0) против Викторија Плзењ во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лига Европа, со што Алберт Риера имаше идеално деби на клупата на белградскиот клуб. Шпанскиот стратег ја презеде Звезда само неколку дена пред натпреварот, откако Дејан Станковиќ си замина по елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампионите. Риера пред мечот најави дека сака тим кој ќе доминира со поседот, ќе игра ...

Американската тенисерка Џесика Пегула обезбеди место меѓу најдобрите четири на ВТА турнирот во Синсинати, откако во возбудлив четвртфинален дуел ја совлада сонародничката Аманда Анисимова со 2-1, по сетови 6-4, 2-6 и 7-6/4. Натпреварот траеше два часа и 15 минути, а Пегула мораше да одигра максимално концентрирано во решавачкиот сет за да стигне до победата. Третата носителка на ВТА листата во полуфиналето ќе се соочи со победничката од ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Родиум

295786.87