Фудбалот остана во втор план на „Селтик Парк“, откако 65-годишен навивач на Селтик почина за време на натпреварот против ЛАСК во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите. На трибините му се слошило во текот на натпреварот, по што веднаш била повикана медицинска екипа. Службите реагирале брзо и навивачот бил пренесен во болницата во Глазгов, но за жал, лекарите не успеале да го спасат. Полицијата потврди дека смртта не се смета за ...

Никлас Суле направи потег кој ретко се гледа во модерниот фудбал. Германскиот дефанзивец на само 30 години се повлече од професионалниот фудбал, а денес игра за аматерскиот тим СВ Тифенбах во деветтата германска лига. Суле пред само неколку години играше финале во Лигата на шампионите и беше дел од најголемата европска фудбалска сцена. Сепак, по две тешки повреди на лигаментите, реши да стави крај на професионалната кариера. Наместо милиони, ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се враќа на терените и ќе настапи на последниот Грен слем турнир во сезоната - УС Опен, кој од 30 август до 13 септември ќе се одржи во Њујорк. Алкараз преку социјалните мрежи потврди дека ќе биде дел од турнирот, откако успешно се опорави од повредата на десниот зглоб. Повредата ја заработи на 14 април, за време на мечот од првото коло на турнирот во Барселона против Ото Виртанен. Поради повредата, шпанскиот ...

Тримо Требње направи голем чекор кон финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако словенечкиот тим го совлада Олимпијакос со 25-24. Словенците по два натпревари имаат максимални четири бода, а најзаслужен за новата победа беше Урбан Лесјак, поранешниот голман на Еурофарм Пелистер. Тој запиша дури 19 одбрани и заслужено беше прогласен за МВП на натпреварот. Олимпијакос долго му парираше на Тримо, а на полувреме ...

Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски” во Прилеп започна со вистинска ракометна драма. Во сала „Ристе Ристески - Ричко”, екипите на Бутел и Тиквеш одиграа исклучително израмнет натпревар, во кој на крајот со насмевка остана Тиквеш (23-22). Бутел влезе подобро во натпреварот и на полувреме имаше предност од четири гола (15-11), но во вториот дел Тиквеш покажа карактер и постепено ја стопи разликата. Клучен фактор за пресвртот беше одличната игра ...

Екипата на Бешикташ е на само чекор од групната фаза во Лига Европа, откако вечерва славеше со убедливи 3-0 (2-0) над литванскиот Спирис Каунас во првиот плеј-оф натпревар. Турскиот гигант беше далеку подобар тим на теренот и сосема заслужено обезбеди солидна залиха за реваншот. Головите ги постигнаа Ох-Хеонг Гуи, Мајкл Муриљо и Орхан Кокчу, а дебитантски настап имаше и Србинот Душан Влаховиќ, кој втрча на теренот во 60. минута. Огромна ...

Македонската делегација летна за Таранто, Италија, каде што ќе се одржат Медитеранските игри 2026. Македонските спортисти во следните две недели ќе ги бранат националните бои на големата меѓународна спортска сцена. Ова ќе биде историски настап за Македонија, која во Таранто ќе има најбројна делегација досега на Медитеранските игри. Вкупно 130 членови ја сочинуваат експедицијата, од кои 90 се спортисти. Македонија ќе има претставници во 19 од ...

Наградниот фонд на последниот Грен слем турнир во тениската сезона, УС Опен, годинава ќе достигне рекордни 108 милиони долари, соопштија организаторите. Ова е втора година по ред наградниот фонд да биде зголемен за дури 20 отсто, што претставува значителен скок во однос на претходните сезони. Победниците во машка и женска конкуренција во сингл ќе заработат по 5,5 милиони долари. Според организаторите, тоа ќе биде најголемата поединечна ...

Реал Мадрид и натаму останува највредниот фудбалски бренд во светот. Според најновото истражување на „Бренд Фајнанс“, шпанскиот гигант третпат по ред се најде на врвот на листата на најбогати фудбалски брендови. Вредноста на брендот на Реал Мадрид достигна рекордни 2,4 милијарди евра, што е зголемување од 25 отсто во однос на претходното рангирање. Со овој резултат, Реал Мадрид стана првиот фудбалски клуб во повеќе од 20-годишната историја на ...

Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години вечерва заминува за Таранто, Италија, каде ќе настапи на Медитеранските игри. Селекторот Александар Таневски и покрај сите проблеми, со оптимизам гледа на настанот кој следи, за кој вели дека е филтер за иднината на македонската У21-селекција. „Пред нас е специфичен и тежок турнир, со три натпревари за само шест дена против квалитетни репрезентации Тунис, Турција и Мароко. Поради тоа што ...

Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години вечерва заминува за Таранто, Италија, каде ќе настапи на Медитеранските игри. Селекторот Александар Таневски мораше принудно да менува двајца играчи пред заминувањето за Италија, а голем хендикеп е што селекцијата која е филтер за играчите кои одат од помладата во постарата селекција и е влог за иднината, ќе го нема капитенот Димитар Данев од Вардар. Од првичниот објавен список, меѓу ...

Грчкиот кошаркар Никос Плотас е ново засилување на Олимпијакос, потврди актуелниот европски шампион. 22-годишниот Плотас стави потпис на петгодишен договор со еден од најдобрите грчки клубови. Плејмејкерот зад себе има одлична сезона, во која беше прогласен за најдобар млад играч во грчкото првенство. Плотас минатата сезона настапуваше за Промитеас. Во домашниот шампионат просечно постигнуваше 5,5 поени, со 1,8 скока и 1,2 асистенции по ...

Навивачки организации од повеќе делови на светот започнаа петиција со која бараат претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, итно да се повлече од функцијата. Иницијативата, која се шири под хаштагот #InfantinoOut, доаѓа по контроверзниот план на првиот човек на светската фудбалска организација да им понуди дел од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори. Во петицијата се бара не само оставка на Инфантино, туку и ...

Фудбалскиот магионичар Роналдињо повторно е во центарот на вниманието во Италија. Легендарниот Бразилец пристигна во земјата, каде што вечерва ќе биде специјален гостин на претставувањето на составот на Равена, клуб со кој неодамна склучи договор. Роналдињо слета со приватен авион на аеродромот во Форли, кој се наоѓа на околу 30 километри од Равена. По пристигнувањето, расположениот Бразилец им потпиша неколку фудбалски топки на вработените, ...

Повторно неизвесни „облаци“ надвиснале над Прилеп и иднината на Победа. Сепак, како светло на крајот на тунелот се јавува можна иницијатива за организирање и преземање на клубот. Се најавува нова ера и продолжување на успесите од минатото. „Постојат моменти кога минатото и иднината се среќаваат, кога нешто што се сметало за заборавено почнува повторно да дише. Наследство изградено низ генерации, пренесено низ спомени, страст и срцата на оние ...

Јан Диоманде имаше подолго интервју за шпанскиот медиум „АС“ по трансферот во Реал Мадрид. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска пристигна во Мадрид со огромни очекувања, а самиот трансфер го опиша како остварување на детскиот сон. Тој откри детали за трансферот во шпанскиот гигант, односот со Жозе Мурињо и фудбалерите кои оставиле најголем белег врз неговата кариера. „Ова е мојот нов дом. Среќен сум што сум тука и што сум дел од ...

Џеј Краудер ќе биде нов кошаркар на Асвел, откако францускиот клуб постигна договор со искусниот американски крилен кошаркар. 36-годишниот крилен кошаркар пристигнува со огромно НБА-искуство и треба да биде едно од најзвучните засилувања за екипата која ја предводи Тони Паркер. Краудер во најсилната светска лига настапуваше од 2012 до 2025 година, носејќи го дресот на Далас Маверикс, Бостон Селтикс, Кливленд Кавалирс, Јута Џез, Мемфис ...

Американскиот тенисер Тејлор Фриц обезбеди место меѓу најдобрите осум на Mастерс турнирот во Синсинати, откако во осминафиналето го совлада Австралиецот Кристофер О’Конел со 6-4 и 6-3. Мечот траеше еден час и 17 минути, а Фриц одигра сигурно во клучните моменти. Деветтиот тенисер на АТП-листата направи по еден брејк во двата сета, што му беше доволно за убедлив триумф. За место во полуфиналето, Фриц ќе се соочи со Брендон Накашима. ...

Соколи 1933 го комплетираа ангажманот на американскиот кошаркар Џеј Пал, кој ќе биде ново засилување за тимот во пресрет на новата сезона. Станува збор за 206 сантиметри висок и атлетски ориентиран кошаркар, кој зад себе има богато искуство од НЦАА-лигата. Пал настапуваше за Џексонвил Стејт, Кембел и Сан Диего Стејт. По завршувањето на колеџ-кариерата, Пал играше и надвор од САД, настапувајќи во Грузија, Белгија и Мексико. Минатата сезона го ...

Црвена Звезда тргна по Бамба Диенг и веќе испрати понуда за 26-годишниот сенегалски напаѓач. Станува збор за фудбалер кој според „Трансфермаркт“ е проценет на 15 милиони евра. Диенг летово беше на чекор до трансфер во Лацио, со кого претходно постигна договор, но зделката пропадна во последен момент. На лекарските прегледи била утврдена повреда на коленото, по што италијанскиот клуб се откажа од ангажманот. Токму оваа ситуација сака да ја ...

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите и на 59 години. Напаѓачот постигна два гола од пенал во убедливата победа на Фукушима Јунајтед над Ојама со 7-0 во Царскиот куп на Јапонија. Со двата погодоци, Миура стана најстариот стрелец во историјата на најстарото јапонско фудбалско натпреварување, кое годинава се одржува по 106. пат. „Кинг Казу“ беше еден од клучните играчи во убедливиот триумф на ...

Koшаркарската селекција на Австрија направи промена во ростерот во пресрет на августовскиот циклус од претквалификациите за Евробаскет 2029, а оваа промена е особено значајна и од аспект на натпреварот со Македонија во Виена. Селекторот Арамис Наглич го повика Ерик Диц на местото на Даниел Кепел, кој сè уште не е целосно закрепнат од терапијата со матични клетки на левото колено и нема да биде во составот за претстојните натпревари. Диц ќе ...

Фудбалската федерација на Македонија ја утврди ждрепката за 1/16-финалето во Купот на Македонија за сезоната 2026/27. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека актуелниот освојувач на Купот, Силекс, е слободен и директно ќе настапи во 1/8-финалето. Овче Поле Свети Николе – Вардар Победа Валандово – Струга Трим Лум Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930 Могила 2023 – Арсими 1973 БВК Коњаре – Башкими 1947 Студеничани – Пелистер Венец Неготино ...

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, потпиша нов договор со Ред Бул и ќе остане во тимот до крајот на 2030 година. Со новиот договор, Холанѓанецот стави крај на шпекулациите околу својата иднина, откако во изминатиот период беше поврзуван со можен трансфер во Мерцедес или Мекларен. „Ги имаме најдобрите луѓе и возбуден сум што ќе продолжиме да работиме заедно и ќе се обидеме повторно да се вратиме на врвот“, ...

Ибрахима Конате официјално беше претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид, откако францускиот дефанзивец потпиша договор со шпанскиот гигант до 30 јуни 2030 година. Конате беше пречекан од претседателот Флорентино Перез во клупските простории, каде што го стави потписот на четиригодишниот договор. По официјализацијата, 27-годишниот Французин кој ќе го облече дресот на „кралскиот клуб“ го избра бројот 16. Acto oficial de bienvenida de ...

Роберт Рикиќ и во новата сезона ќе го носи дресот на Работнички, откако искусниот центар потврди дека останува во редовите на скопскиот клуб. „Голем поздрав до нашите верни навивачи. Со големо задоволство потврдувам дека ќе го носам истиот дрес (на Работнички) и наредната сезона. Сметам дека имаме недовршена работа на паркетот и се надевам дека со вашата поддршка и атмосфера каква што знаете да направите само вие, ќе дојдеме до заедничките ...

Големо изненадување се случи во осминафиналето на турнирот во Синсинати, каде што најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка го заврши својот настап по поразот од 20-годишната Чехинка Сара Бејлек. Младата Бејлек ја запиша најголемата победа во досегашната кариера, совладувајќи ја првата тенисерка на ВТА листата во два сета. Особено драматичен беше првиот сет, во кој одлуката падна во тај-брејкот. Чехинката остана посмирена во клучните ...

Кошаркарскиот клуб го претстави своето прво странско засилување за новата сезона. Станува збор за американскиот плејмејкер Кам Хамилтон, кој доаѓа од Шарлот, Северна Каролина. Хамилтон ќе биде првиот Американец во составот, а во новата средина пристигнува со меѓународно искуство стекнато во неколку различни првенства. Покрај настапите во САД, во досегашната кариера играше и во Албанија, Кипар и Полска. Особено импресивна за Хамилтон беше ...

Манчестер Сити повторно го насочи вниманието кон Јужна Америка во потрага по млади таленти. На радарот на англискиот гигант се најде 19-годишниот Леонел Флорес, еден од најперспективните фудбалери на Бока Јуниорс. Според информациите од Аргентина, „граѓаните“ внимателно ја следат ситуацијата околу младиот фудбалер, чија откупна клаузула во актуелниот договор изнесува 15 милиони евра. Токму релативно ниската клаузула ги загрижи челниците на ...

Ракометарите на Прилеп продолжуваат со подготвителниот период, а следен тест за екипата на Наум Танески ќе биде настапот на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Стратегот на прилепчани очекува силни натпревари кои ќе му дадат појасна слика за можностите на целиот ростер. Прилеп досега одигра неколку квалитетни контролни натпревари, а настапи и на турнирот во Струга, каде што го освои третото место зад Охрид и Вардар. „Првиот ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Калај

46.54