Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (1 февруари 2026) изврши посета на компјутерскиот центар на проектот „Безбеден град“ во СВР Скопје, каде што официјално започна имплементацијата на системот за автоматска евиденција на сообраќајни прекршоци преку паметни камери, соопштуваат од МВР. Тошковски истакна дека проектот се одвива според планираните параметри и дека граѓаните во голем број ги почитуваат сообраќајните правила, што ...

Системот „Безбеден град“ само за еден ден регистрирал вкупно 646 сообраќајни прекршоци на територијата на државата, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи. Според официјалните податоци од МВР, најголем дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, но евидентирани се и десетици случаи на минување на црвено светло. За минување на црвено светло се констатирани 64 прекршоци, од кои 35 во Скопје, пет ...