
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера го прими Томас Бирн, државен министер за европски прашања и одбрана на Ирска со кого размениле мислења за севкупните билатерални односи, како и за процесот на пристапување кон Европската Унија. Како што се наведуав во соопштението од кабинетот на Претседателката, Сиљановска – Давкова оценила дека политичките односи се пријателски и без отворени прашања, но со скромна динамика и посочила на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека неговата администрација постигнала договор со Пакистан според кој Вашингтон ќе соработува со Исламабад за развој на огромните нафтени резерви на оваа јужноазиска земја. -Тукушто потпишавме договор со Пакистан според кој Пакистан и САД ќе соработуваат за развој на огромните нафтени резерви на земјата, напиша Трамп на социјалните медиуми. „Моментално сме во процес на избор на нафтена ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вчера изјави дека над 50 милиони евра ќе бидат распределени за студенти за ваучери за купување електронски уреди, посочувајќи дека тоа е дигитализација во пракса. На критиките од опозициската СДСМ дека во една година ова е прва мерка што ја донеле за младите, тој одговори дека СДСМ задоцниле седум години и оти немале ниту една мерка од ваков вид за младите луѓе. -Премиерот ја најави ...
Политиката ја оставам на политичарите, имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд големите случаи како „Онкологија“, Пулс“ и „Крмзов“, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за весникот Вечер. -Не можев да ја следам целата дискусија во парламентот, овде во обвинителството имаме многу работа, особено по откривање на големите случаи каде што моравме да ангажираме и по неколкумина обвинители. Политиката ја оставам на ...
САД постигнаа трговски договор со Јужна Кореја со кој ќе се воведе царина од 15 проценти за увозот од Јужна Кореја, објави претседателот Доналд Трамп. Покрај тоа, Јужна Кореја ќе инвестира 350 милијарди долари во САД и ќе купи енергетски производи во вредност од 100 милијарди долари, напиша Трамп во објава на Truth Social. -Исто така, беше договорено дека Јужна Кореја ќе биде целосно ОТВОРЕНА ЗА ТРГОВИЈА со САД и ќе прифаќа американски ...
САД мора да му ја надомести штетата на Иран што ја предизвика за време на војната минатиот месец, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на министерот за надворешни работи на Иран, откако Техеран зазеде построг став и постави нови услови за продолжување на нуклеарните разговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. -Тие треба да објаснат зошто нè нападнаа за време на преговорите и мора да осигураат дека нема да го ...
Вкупно 17 случаи на вирусот Западен Нил се потврдени во Грција, од кои десет се регистрирани во текот на изминатата седмица, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека 14 случаи покажале симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а три случаи благи или никакви симптоми поврзани со централниот нервен ...
Израелската војска уби најмалку 30 Палестинци кои чекаа хуманитарна помош во северна Газа, според агенцијата за цивилна одбрана управувана од Хамас, пренесе Гардијан. Портпаролот на цивилната одбрана во Газа, Махмуд Басал, изјави дека најмалку 30 лица се убиени, а 300 се ранети. Израелската војска соопшти дека нема сознанија за жртви во инцидентот северно од градот Газа, бидејќи Обединетите нации соопштија дека паузите во израелската офанзива ...
Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината. Ова не е статистика. Ова е национална трагедија и природна катастрофа. Директна последица на неспособноста, негрижата и целосното потфрлање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во справувањето со пожарите, се наведува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално, се наведува во соопштението од СДСМ. Европската статистика е поразителна. По доаѓањето на ...
Премиерот Марк Карни изјави дека Канада планира да признае палестинска држава во септември, станувајќи третата земја од Г7 што даде таква објава во последниве денови, пренесува Би-би-си. Карни рече дека потегот зависи од демократските реформи, вклучително и од одржувањето избори на Палестинската самоуправа следната година без Хамас. Неговите забелешки доаѓаат еден ден откако Велика Британија објави дека ќе признае палестинска држава во септември ...
Светски познатата виолончелистка Ана Руцнер од Хрватска во придружба на битолскиот Камерен оркестар, синоќа во амфитеатарот на Хераклеја Линкестис одржа спектакуларен концерт. На првиот настап во земјава, Руцнер како специјална гостинка на Камерниот оркестар на Битола, на концертот насловен „Flowers Symphony“, го презентираше својот талент, хармонија со публиката и исклучително впечатливиот сценски настап. – Големо е задоволството што Ана ...
Ирска отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ засновано на заслуги, порача денеска од Скопје ирскиот министер за европски прашања и одбрана, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани. Бирн, чија земја го презема претседавањето со Советот на ЕУ во втората половина на следната година, нагласи дека членството во ЕУ ја трансформирало Ирска на економски и социјален план и и донело ...
До крајот на 2027 година треба да биде завршена и пуштена во употреба Универзалната сала. До петок ќе биде распишан тендер за реконструкција на салата и градежните работи да почнат откако ќе заврши тендерската постапка односно кон крајот на септември. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека пред две недели поднел информација на седница на Влада за постапките и дека се завршени сите процеси што биле наследени од ...
Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Сопиште, Аеродром и Студеничани. Во периодот од 07:00 до 16:00 часот, струја ќе немаат корисниците од последна автобуска станица 24-ка до маркетот „ДАВИДОВ“ во општина Сопиште, а од 13 до 15 часот корисниците од викендиците Дражилово, ХПП Патишка Река и Крас Јаболце. Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“ во општина Аеродром, а од 09:30 до ...
Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата до 06:30 часот активни се три пожари и еден е под контрола. Изгаснати се 24 пожари од вкупно 28 регистрирани пожари. Активен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово каде од вчера, покрај екипи од државава, дејствуваа и чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ и словенечки пожарникари. Според информациите на ЦУК, активни се и пожарите меѓу ...
На седницата на Економско-социјалниот совет, којашто е во тек, ќе се разговара за програмата за работа и за потрошувачките кошнички. Од Сојузот на синдикати пред почетокот на седницата најавија дека ќе го покренат прашањето за зголемувањето на минималната плата на 500 евра и за усогласување на останатите плати, односно нивно зголемување за 6.000 денари. Од останатите синдикати велат дека нема синдикат којшто не е за зголемување на платите, но ...
Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе се одржи свечена церемонија на потпишување на договори во рамки на новата швајцарска поддршка за јакнење на јавните комунални претпријатија во земјата. Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, на настанот ќе се обратат и ќе ги потпишат договорите: првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и ...
Поради снимање филм вечерва во периодот од 20:00 до 04:00 часот затворен за сообраќај во двете насоки ќе биде булеварот„11-ти Октомври“ на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје. Како што соопшти МВР, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. Tags: ...
Поставена спомен-плоча кај мостот на Бит Пазар, во чест на четворицата жртви и преживеаните од трагичниот настан на Бит Пазар од ноември 1992 година – момент со особена тежина во историската меморија на нашиот град. „На овој комеморативен чин имав чест да бидам заедно со Првиот заменик претседател на Владата, г. Изет Меџити, институционални претставници, семејства на жртвите и граѓани, кои со своето присуство ја претворија оваа пригода во ...
Како што вештачката интелигенција сè подлабоко навлегува во секојдневниот живот, се појавуваат и нови културни реакции кои укажуваат на растечка загриженост за прекумерната употреба на алатки како ChatGPT. Напредните корисници, кои се потпираат на ботот за најразлични задачи – од пишување содржини до донесување секојдневни одлуки – сè почесто стануваат предмет на потсмев на интернетот. Во својата анализа, медиумскиот критичар Расти Фостер, во ...
Том Круз (63) и Ана де Армас сѐ почесто се забележани заедно во јавноста, па веќе се чини дека воопшто не ја кријат својата врска. Последниот фотонапис на таблоидот „ТМЗ“ говорат дека двојката е фотографирана при прошетка „рака за рака“ во американската сојузна држава Вермонт изминатиов викенд, што многумина го толкуваат како „официјална“ потврда за нивната врска. Де Армас и нејзиниот 26 години повозрасен колега заедно глумат во нивниот прв ...
Памела Андерсон и Лијам Нисон, наводно, почнале романса откако заедно ја снимаа комедијата „Гол пиштол“ (The Naked Gun). Имено, извор близок до филмот за „Пипл“ (People) изјави оти „јасно е дека тие се заљубени еден во друг“, но тоа е романса во своите раните фази. Претставниците на Андерсон и Нисон засега сѐ уште не се достапни за коментар. На премиерата на „Гол пиштол“ во Њујорк во понеделникот, 28 јули, и двете ѕвезди дојдоа со своите синови ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше трговскиот договор што го постигнаа Европската унија и САД. – За да бидете слободни, мора да се уплашите. Не се плашевме доволно, изјавил тој пред министри, пренесуваат француски дипломати. Иако договорот нуди поголема „видливост“ за француските компании, Макрон рече дека тоа е само прв чекор и оти преговорите за него ќе продолжат. – Сега е поважно од кога било да се забрза европската агенда ...
Процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ треба да има крај рече министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска на заедничката пресконференција со министерот за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Бирн, одговарајќи на прашањето до кога македонската Влада ќе чека одговор од Бугарија во однос на заедничка резолуција за македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент и ставот на Софија и изгласаните декларации во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави царина од 25% за Индија почнувајќи од 1 август, критикувајќи го Њу Делхи за нејзиното купување на руска енергија и оружје за време на војната во Украина, пренесува Кијив Индипендент. Критикувајќи ја Индија за нејзините „трговски бариери“, Трамп исто така рече дека земјата „отсекогаш купувала огромно мнозинство од својата воена опрема од Русија и е најголемиот купувач на енергија од Русија, заедно со ...
Извозот на сурова нафта од Русија нагло се намали во првите седум месеци од 2025 година, намалувајќи се за речиси 30 милиони барели во споредба со истиот период во 2024 година, објави Блумберг на 29 јули. Според податоците за испорака собрани од Блумберг, Русија извезла четири проценти помалку сурова нафта – приближно 30 милиони барели помалку – отколку во истиот период минатата година. Падот е уште поголем во споредба со 2023 година, при што ...
Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор на дело во болниците во земјава ќе добијат договори за неопределено време веднаш по изборите, а најдоцна до крајот на годинава, најави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски при денешната посета на ЈЗУ Општа болница Велес заедно со својот заменик Бранко Аџигогов како и со заменик министерот за здравство Јовица Андовски, одговарајќи на новинарско прашање. – ...
Најголемата еврејска организација во Велика Британија повика на „брзо, непречено и одржливо зголемување на помошта преку сите достапни канали“ во Газа, во ретка имплицитна критика кон израелската влада, пренесе Гардијан. Одборот на пратеници одржа итен состанок во вторник вечерта, поради растечкиот ужас кај британските Евреи од хуманитарната криза во Газа, каде што децата се неухранети и гладни, а очајните родители се убиваат додека се обидуваат ...
Дебитанскиот игран филм на режисерот-сценарист Горан Станковиќ, снимен во копродукција со Македонската филмска продукција „Дрим фектори“ (Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), ќе ја има својата светска премиера во програмата „Дискавери“ на Интернационалниот филмски фестивал од А-класа во Торонто, Канада, којшто ќе се одржи во септември, соопштија продуцентите. -Регионалната соработка е од клучно значење за нашите земји да можат да реализираат големи ...
Министерот за здравство Азир Алиу информираше денеска дека за хонорарците од Клиничката болница во тек е вториот конкурс за административни работници. По завршувањето и на тој конкурс ќе чекаат извештај од болницата за да се тестираат кандидатите. Тој соопшти дека како Министерството за здравство, ги завршиле административните процеси за медицинскиот персонал, доктори и медицински сестри – Тој конкурс веќе заврши, чекаме од болницата да ни ...