Сè поголем број диви пчели и пеперутки во Европа се соочуваат со опасност од истребување, предупредува новата проценка за заштита на природата на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN). Во Извештајот се нагласува дека е потребна итна акција за спас на опрашувачите, кои имаат клучна улога во природните екосистеми и производството на храна, но се изложени на закани од интензивно земјоделство, загадување и климатските промени. Според ...

Литванија, Летонија и Естонија развиваат координирани акциски планови за масовна евакуација на населението во случај на можен руски напад или внатрешни немири. Информацијата ја потврдија извори од балтичките влади, нагласувајќи ја потребата од координирани чекори за брза мобилизација на населението и ефикасно управување со логистиката. Според официјални извори, трите земји подолго време ја нагласуваат загриженоста поради потенцијални кибер ...

Изборната кампања за Локалните избори 2025 година се интензивира пред молкот што започнува во петок на 17 октомври на полноќ и гласањето на 19 октомври. Политичките партии и коалициите одржуваат митинзи, средби со граѓани, а активни се и на социјалните мрежи. Низ 80-те општини и особено во Градот Скопје се забележливи и големи билборди со кандидатите за градоначалници. Независните кандидати ја реаизираат кампањата, генерално, со ...

Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во 1941 година во Прилеп и Куманово. Празникот годинава ќе биде одбележан со свечена академија во Прилеп и доделување на истоимената награда во Скопје. Свечената академија под мотото „На вистинската патека, за татковина со иднина“ ќе се одржи во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и на неа, според најавата од владината прес-служба, ќе се обрати премиерот ...

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален граничен Систем за влез/излез (ЕЕС), кој според очекувањата на Европската комисија би требало да го поедностави и забрза процесот на премин на граничните премини. Сепак, постои загриженост дека воведувањето на ЕЕС во пракса, барем во почетокот, ќе предизвика застои и поголеми гужви при пасошките контроли. ...

Реал контактирал со претставници на напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, за да ја процени можноста за негов трансфер во шпанскиот клуб, објави „Caught Offside“. Според изворот, „Лос Бланкос“ би можеле да го продадат напаѓачот Винисиус на неименуван клуб од Саудиска Арабија за 250 милиони евра ова лето. Реал Мадрид има намера да ги искористи приходите од овој договор за да го купи Халанд. Во исто време, се забележува дека Манчестер сити ...

Новиот шеф на Командата на американската војска за Блискиот Исток, Бред Купер, денеска соопшти дека американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа. Купер на Х напиша дека се вратил од посета на Појасот Газа, каде што разговарал со официјални лица за создавање на т.н. цивилно-воен координациски центар под водство на САД, кој, како што е наведено, ќе „ја ...

🌙 Викенд на интуиција и повторно поврзување Месечината овој викенд ја посетува длабочината на Ракот, а Венера во Шкорпија нежно ги отвора нашите емоционални слоеви. Светот станува потивок, но побогат. Ова е време кога наместо да зборуваме, учиме да слушаме – не само другите, туку и себе. Да забавиме, да почувствуваме, да простиме. Понекогаш повторното поврзување не значи да се вратиме кај некого, туку да се вратиме кај делот од нас кој сме го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина, како и ограничувања за извозот на технолошки производи. „Дознавме дека Кина зазела исклучително агресивен став во трговијата и испратила крајно непријателско писмо до светот, со кое најавува дека од 1 ноември 2025 година ќе воведе широки контроли на извозот за речиси сите производи што ги произведува – и за некои ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека добил телефонски повик од новата добитничка на Нобеловата награда за мир, венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо. – Лицето што всушност ја доби Нобеловата награда денеска ми се јави и ми рече: Ја прифаќам во ваша чест, затоа што Вие навистина ја заслуживте, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, без притоа да го спомне името на Мачадо. – Многу убава работа, додаде ...

„Мицкоски година и пол мисли дека може да ги изманипулира луѓето дека живеат добро. Тоа е инстинктот на измамниците и манипулаторите, да лажат за сè, па дури и за она за кое не може да се лаже: дали некој живее подобро или полошо“, порача вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче од трибината во општина Гази Баба. Тој истакна дека реалноста е дека на оваа неспособна власт ни уште две децении нема да ѝ бидат доволни, затоа што немаат ниту ...

Израелската војска го потврди почетокот на прекинот на огнот во Газа во петок, а преостанатите 48 заложници, од кои околу 20 се верува дека се живи, треба да бидат ослободени до понеделник. Палестинците изјавија дека жестокото гранатирање во делови од Газа претходно во петокот претежно престанало по објавата на војската, пренесе Гардијан. Во меѓувреме, Трамп планира да ги свика светските лидери на самит за Газа за време на неговата посета на ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе го засили притисокот врз Москва, јави ДПА. – Канцеларот му вети (на Зеленски) дека Германија ќе ја продолжи својата поддршка и ќе ја прошири соработката во одбранбената индустрија, изјави владиниот портпарол Штефан Корнелиус. Корнелиус додаде дека Германија, заедно со своите западни партнери, ќе го засили притисокот врз Москва. На ...

Претседателот на Франција Емануел Макрон повторно го назначи Себастијан Лекорну за премиер и го задолжи да формира нова влада, соопшти кабинетот на Макрон. Новото назначување доаѓа откако Лекорну поднесе оставка на функцијата претходно оваа недела. Неговата непосредна задача ќе биде в понеделник да го достави буџетот до Парламентот. „Ја прифаќам – по должност – мисијата што ми ја довери претседателот на Републиката да направам сè што е можно ...

Дваесет современи занаетчкии ќе се претстават со свои уникатни креации на Есенскиот базар, што ќе се одржува од денеска на приземјето во Скопје Сити Мол. На дводневниот базар ќе бидат претставени еко производи, рачно изработен накит и кожни аксесоари, чанти, дрвени садови и украси, еќоксидни уникати и рачно насликана керамика, ароматични свеќи и природна козметика. – Есенскиот базар – „Креативна есен во срцето на градот“ е платформа која ги ...

Поимот „slop“, кој младите го користат за да означат содржини генерирани од вештачка интелигенција, сè повеќе станува дел од секојдневниот речник. Она што пред неколку години изгледаше како далечна иднина, денес се претвора во масовен тренд – особено со појавата на апликации што овозможуваат за неколку секунди да се создаде целосно видео. Еден од најпознатите новинари кои го следат овој феномен е Кевин Рус, ко-водител на подкастот „Hard Fork“. ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити денеска од Старата скопска чаршија го промовираше четвртиот столб на неговата изборна програма – културата, која ја посочи како клучна компонента за економски, социјален и урбан развој на општината. -Не сме случајно во Чаршија за да го промовираме четвртиот столб на изборната програма – културата, бидејќи позитивните и европски практики покажуваат дека културата го подобрува ...

Македонската фудбалска репрезентација ги задржа шансите за пласман на Светското првенство 2026, откако вечерва одигра нерешено 0-0 против Белгија на гостувањето во Гент и остана првопласирана во квалификациската група Ј. Првото полувреме, според очекувањата, донесе целосна офанзива на Белгија, но македонската одбрана беше на висина на задачата. Белгискиот тим во првиот дел имаше 81 отсто посед на топката, но ниту еден удар во рамките на голот на ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денес ја претстави визијата за целосна реставрација и ревитализација на Старата Чаршија, проект кој, како што рече, има за цел да ѝ го врати автентичниот изглед, дух и достоинство на оваа историска и културна целина, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник од редовите на НАИ Бујар Османи. „Нашата идеја е да ѝ ја вратиме автентичноста, да ѝ го вратиме имиџот. Треба да го ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево во рамки на 142- седница донесе одлука за одобрување акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори закажани за 19 октомври. За Здружението на граѓани Цивил – Центар за слобода Скопје беа одобрени 51 набљудувачи, за Европскиот парламент дополнителни 12, за Здружението на граѓани за зајакнување на демократските врендости Триси консталтикс-Скопје – 36, за Државната ...

Неколкумина загинаа, а најмалку 12 се водат за исчезнати во експлозијата што денеска се случи во воениот објект за производство на експлозиви во американската сојузна држава Тенеси. Според локалните власти, детонацијата ги потресе околните куќи и предизвика серија помали експлозии. Голем број служби за итни случаи се на терен за да ја проценат штетата и да го изгаснат пожарот. Поради опасноста од секундарни експлозии, спасувачите засега ...

Репрезентацијата на Белгија е вечерашниот ривал на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Дуелот се игра во Гент, а воедно е натпревар од групата Ј за квалифакиациите на СП 2026. Македонската репрезентација како првопласирана влегува во пресрет на последните три натпревари, додека втората Белгија има бод помалку, но и натпревар повеќе за одигрување. Избраниците на селекторот Благоја Милевски од среда се во Гент, а синоќа одржаа и ...

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо денеска изјави дека наградата е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“. Ние сме на прагот на победата и денес, повеќе од кога било, сметаме на претседателот (на САД) Доналд Трамп, народот на САД, народите во Латинска Америка и на демократските земји во светот како наши главни сојузници за постигнување слобода и демократија, објави Мачадо на платформата Икс. ...

Во белгискиот град Гент вечерва е дуелот на непоразените репрезентации од групата Ј од квалификациите за СП 2026. Македонската фудбалска репрезентација по пет натпревари со 11 бодови е лидер на табелата, додека домаќинот Белгија е на втората позиција со 10 бодови. Нашиот противник вечерва ќе ја игра својата игра: со контранапад и ќе се обиде да притиска високо и да игра со долги топки. Тие имаат талентирани играчи и добро ги користат своите ...

Движење Слободни и независни (Слободоумни и финансиски независни) претставено од ПП Работничка партија Скопје сака да ја информира јавниста, Државната изборна комисија и сите странски амбасади и мисии за сериозните системски проблеми кои ги уриваат основите на фер изборен процес, а кои директно влијаат врз правото на граѓаните да изберат информирано и слободно. Денеска, пред седиштето на Државната изборна комисија (ДИК), одржавме ...

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан денеска повторно, третпат, побара да се изгради нов главен град бидејќи актуелниот Техеран е „неодржлив“ поради загадувањето, густиот сообраќај и недостигот на вода. – Денес, нема простор за избор. Принудени сме да го сториме тоа. Животот во Техеран ќе стане неодржлив, истакна Пезешкијан, кој за изградба на нов главен град разговарал и со иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи. Иранскиот претседател ...

Се очекува граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет да се отвори на 14 октомври, а по прекинот на огнот таму ќе бидат распоредени офицери од Мисијата на Европската унија за помош на границите (ЕУБАМ), соопштија денеска италијанските власти. Мисијата на ЕУ вклучува италијански, шпански и француски полициски сили, со цел да се обезбеди неутрално присуство на трета страна на стратешкиот граничен премин. Нејзините офицери беа распоредени ...

Од недела почнува постепеното воведување на новиот систем за преминување на надворешните граници на Европската Унија, соопшти Европската комисија. Земјите-членки ќе почнат да собираат електронски податоци за државјани од трети земји кои престојуваат до 90 дена. Преодниот период ќе трае шест месеци, при што земјите сами ќе одредуваат на кои гранични премини прво ќе ја воведат новата процедура. Потоа системот ќе се прошири на сите гранични ...

Хамас повеќе не е вооружената група чија инвазија на Израел ја предизвика двегодишната војна во Газа, изјави портпарол на израелската армија денеска, откако започна примирјето со палестинското движење. -Хамас не е Хамас од пред две години. Хамас беше поразен секаде каде што се боревме против него, изјави бригадниот генерал Ефи Дефрин пред новинарите. Тој го повика палестинското население во Газа да избегнува влегување во областите под контрола ...

Претседателот на Собранието на Косово, Димал Баша, го прогласи Собранието на Косово за конституирано откако Ненад Рашиќ беше избран за потпретседател на Собранието од српското малцинство, објавија косовските медиуми. Рашиќ е петтиот потпретседател на Собранието. Тој, исто така, ја прогласи конститутивната седница на Собранието на Косово за затворена. Ова значи дека сега е отворен патот за формирање на новата влада на земјата, 8 месеци по ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
82%
1012
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
51%
1007
weather icon

Загреб

22ᴼ / 20ᴼ
6.69
54%
1005
weather icon

Софија

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
55%
1012
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.58
54%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
73%
1006
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
77%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
60%
1010
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
100%
1011
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
2.24
42%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
4.12
59%
1006
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1013
Currency

61.615

Currency

53.0811

Currency

70.9961

Currency

34.5177

Currency

37.94

Currency

66.7611

Currency

7.462

Currency

0.65009

Currency

0.35037

Currency

0.52585

Currency

1.26609

Currency

0.6035