Израел извел нов напад во западниот дел на Иран, четврти по ред од почетокот на ескалацијата на конфликтот меѓу двете земји, јавуваат ирански медиуми. Според новинската агенција Тасним, „ционистичкиот режим“ погодил зграда на противпожарната служба во провинцијата Илам, а видеоматеријал прикажува чад кој се издигнува над погоденото подрачје. Дополнително, и болница во реонот претрпела сериозни оштетувања од израелски воздушен напад, пренесува ...

Авион на „Луфтханза“ кој летал од Франкфурт до Индија бил принуден да се врати вчера поради закана за поставена бомба, изјавија од германската федерална полиција за ДПА. Одделот за корпоративна безбедност на „Луфтханза“ ја предупредил полицијата за заканата, по што авионот се вратил во Франкфурт на Мајна, каде што безбедно слетал околу 18:30 часот по локално време. Авионот LH752 бил на пат кон градот Хајдерабад и се вратил додека летал над ...

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ зборуваше колку Македонија е безбедна држава и потенцираше дека македонските граѓани прават разлика од тоа како било претходно, а како е сега и тоа се должни на многуте акции кои беа спроведени од страна на Министерството за внатрешни работи. -Мислам дека македонските граѓани прават разлика помеѓу она што го начекавме, она што го оставија овие ...

13 дена - Frontline

Пишува: ГОРАН ВОЛКАНОСКИ Верувајте, да не ме чепнеше еден мој драг генерациски другар, не ќе знаев дека орбановецот Сијарто ни дошол во посета. А, со оглед на тоа што ни кажал, подобро и да не доаѓал. Се радувам што веќе неколку години наназад не следам македонски телевизии. Нашиот “стратешки” партнер со други зборови, ни кажал, баталете ЕУ! Што мислите, на кого во Македонија му одговара протежирање на евроскептицизмот? Кој беше учесник на ...

Европската Унија има за цел да соработува со Соединетите Американски Држави за да спречи нагло зголемување на цените на енергијата предизвикано од конфликтот меѓу Израел и Иран, пренесува ДПА. Зборувајќи пред официјалниот ден на отворање на самитот на Групата седум (Г7) водечките индустријализирани демократии во Канада, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека разговарала за ова прашање со американскиот ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои Големата награда на Канада. Британецот стартуваше од пол-позицијата и стана победник на трката. Расел победи за прв пат во сезоната 2025 и по четврти пат во својата кариера. За прв пат оваа сезона, победникот на етапата не беше возач од Мекларен или Ред Бул. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го освои второто место, додека колегата на Расел од Мерцедес, Андреа Кими Антонели, беше на третото место. На ...

Со доделување на наградите на најдобрите театарски остварувања на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“, синоќа во Прилеп заврши 59 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Најдобра театарска претстава во целина, според фестивалското жири, е претставата „12“ на МНТ од Скопје. Оваа претстава ја понесе и специјалната награда за колективна актерска игра. -Театарот е местото каде невидливото станува видливо, според Питер Брук. ...

Во живописното планинско одморалиште Кананаскис во Алберта, од 15 до 17 јуни 2025 година се одржува 51-от самит на групата најразвиени демократии во светот – Г7. Ова е седми пат Канада да биде домаќин на самитот, и втор пат токму во Кананаскис, по историската средба во 2002 година. Домаќин на годинашниот самит е новоизбраниот премиер Марк Карни, кој со ова го бележи своето прво големо меѓународно претставување откако ја презеде функцијата на ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска повторно му се закани на Иран, велејќи дека „жителите на Техеран ќе ја платат цената“ за нападите на Иран врз израелските цивили. -Арогантниот диктатор во Техеран стана кукавички убиец кој ги таргетира израелските цивили за да ги спречи ИДФ (Израелските одбранбени сили) да продолжат со нападите што ги осакатуваат воените капацитети на Иран. Жителите на Техеран наскоро ќе ја платат цената, рече ...

Израелските напади врз Иран убија најмалку 224 лица, а повредија повеќе од 1.000 од петокот, соопшти иранското Министерство за здравство. -По 65 часа агресија од страна на ционистичкиот режим, 224 жени, мажи и деца загинаа како маченици, напиша портпаролот на Министерството за здравство, Хосеин Керманпур. Повеќе од 90 проценти од жртвите беа цивили, додаде тој. Израел започна невиден напад врз иранските воени и нуклеарни објекти во петокот ...

Иранскиот народ мора да ги остави настрана своите разлики и да се обедини во услови на континуирани израелски напади, изјави претседателот на Исламската Република, Масуд Пезешкијан, во обраќањето пред парламентот, цитирано од агенциите. -Ние не ја сакавме оваа војна, ниту пак сме ние тие што ја започнаа. Не бевме ние тие што убија високо рангирани војници и научници, туку тие терористи убија, изјави тој пред Меџлисот. „Ние не сме агресори. Сега ...

Цените на нафтата беа нестабилни во понеделник, откако скокнаа за 7% во петок, бидејќи обновените напади од страна на Израел и Иран во текот на викендот ги зголемија загриженостите дека битката може да се прошири низ целиот регион и значително да го наруши извозот на нафта од Блискиот Исток, пренесува Ројтерс. Фјучерсите за сурова нафта Брент пораснаа за 6 центи, или 0,08%, на 74,29 долари за барел до 07:42 часот по Гринич, додека фјучерсите за ...

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека вчера во телефонски разговор му рекла на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека дипломатијата е најдоброто долгорочно решение за конфликтот со Иран. Сепак, претседателката на ЕК не повика на итен прекин на огнот, велејќи дека „Иран очигледно не треба да има нуклеарно оружје“. -Но, секако мислам дека решението преку преговори, на долг рок, е најдоброто решение, ...

Четири лица – две жени и двајца мажи (сите во седумдесеттите години) беа убиени во најновите ракетни напади врз централен Израел, потврдија службите за итни случаи Маген Дејвид Адом (МДА). Нападите погодија четири различни локации. Според соопштението на МДА, вкупно 87 повредени лица се однесени во болници, вклучувајќи 30-годишна жена во сериозна состојба со повреди на лицето, пет лица со умерени повреди и 81 со полесни повреди. Израелските ...

Украина наводно лансирала беспилотни летала во рускиот регион Татарстан, при што загинал еден, а 13 биле повредени, објави гувернерот Рустам Миниханов на 15 јуни, пренесува Кијив Индипендент. Украинските беспилотни летала наводно биле соборени, но остатоците паднале врз фабрика во градот Јелабуга, каде што се произведуваат руски дронови за напад од типот Шахед, предизвикувајќи пожар. Според Миниханов, станува збор за автомобилска фабрика, но ...

Во Стопанската комора денеска ќе се одржи презентација на дигиталната платформа за ММСП, „ONE STOP DIGITAL“, наменета за микро, мали и средни препријатија, како еден центар за информации и поедноставена комуникација, со што преку мобилна апликација овие компании ќе имаат брза достапност во дигитална форма на сите коморски услуги. Дигиталната платформа со мобилна апликација е изработена со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ...

Полицијата соопшти дека осомничениот 57-годишник е уапсен во американската држава Минесота поради убиството на демократска пратеничка и нејзиниот сопруг додека се претставувале како полицаец, пренесува Би-би-си. Апсењето во неделата вечерта беше кулминација на огромна дводневна потера по убиството на Мелиса Хортман, највисоката демократка во Претставничкиот дом на Минесота, и нејзиниот сопруг, Марк, претходниот ден. Гувернерот на Минесота, Тим ...

Родители на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани ќе достават писмено барање за детално објаснување против кого ќе се води обвинителната постапка, што ја соопшти минатата недела државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. – Ние не сме правници и не го разбравме обвинителниот акт што го соопшти јавниот обвинител против осомничените за трагедијата во „Пулс“, поради што бараме Основното јавно ...

Иран им соопштил на посредници од Оман и Катар дека Техеран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади, изјавија извори директно запознаени со разговорите. -Иранците ги информираа катарските и оманските медијатори дека ќе ги продолжат разговорите дури откако Иран ќе го заврши својот одговор на израелските превентивни напади, рече изворот. Изворот, исто така, ги негираше извештаите дека Иран им се обратил на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти Израел и Иран ќе можат да постигнат договор, но понекогаш, како што рече, земјите прво мора да се борат за него. Во разговор со новинарите пред заминувањето за самитот на Г-7 во Канада, Трамп рече дека САД ќе продолжат да го поддржуваат Израел, но одби да каже дали побарал од земјата да ги прекине нападите врз Иран. -Се надевам дека ќе има договор. Мислам дека е време за договор и ...

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека Русија нема кредибилитет да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран, како што предложи американскиот претседател Доналд Трамп. Во интервју за Еј-Би-Си Њуз вчера, Трамп рече дека е отворен за можноста Владимир Путин да ја преземе улогата на посредник меѓу Израел и Иран. Макрон јасно ја отфрли таквата идеја. -Не верувам дека Русија, која во моментов е вклучена во конфликт со висок ...

Израелските воздухопловни сили нападнаа и уништија воени цели во Техеран, соопштија вечерва Израелските одбранбени сили (ИДФ). „ИДФ нападнаа и уништија места за производство на ракети земја-земја, места за радари за детекција и лансери за ракети земја-воздух во Техеран, по наредба на Дирекцијата за разузнавање на ИДФ“, се вели во соопштението на ИДФ, пренесува Си-Ен-Ен. Овие потези дојдоа откако Израел соопшти дека започнува „серија напади“ ...

Израел и Иран разменија уште еден ноќен бран напади додека смртоносниот конфликт влегува во четвртиот ден. Жртвите се зголемуваат од двете страни додека Иран и Израел ги прошируваат нападите, во услови на меѓународни апели за дипломатија и деескалација, пренесува Си-ен-ен. Сцени на хаос, вознемиреност во Тел Авив додека Израелците се будат од најновиот бран ирански напади додека Израел вели дека ги погодил командните центри на иранските сили ...

Преку Министерството за образование и наука за следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат најголем број на стипендии за дуалното образование досега, односно 1570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта, соопшти владината прес-служба. -За тоа дека вложуваме во дуалното образование и ги стимулираме и компаниите за нивна поголема вклученост, покажува и тоа што над 550 компании оваа година ...

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА На патот „од нива до трпеза“, премиерот Мицкоски нареди бисер по бисер од изјави. Небаре премиер кој се прославил со својот труд да ја направи Нашата земја почитувана, демократска, интегрирана со Европа и светот – тој одговара на прашања за најгорливите светски кризи со крајна леснотија, чиниш зборува за облините на тиквите на пазар. „Има кризен штаб во МНРиНТ, се следи будно состојбата преку извештаите кои што ги добиваме ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ставил вето на израелскиот план за атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, пренесуваат медиумите во САД и во Израел. Израелците ја информирале администрацијата на Трамп дека планираат убиство на Хамнеи. Откако била информирана за планот, Белата куќа јасно им ставила до знаење на израелските претставници дека Трамп е против таквата идеја. Администрацијата на Трамп настојува да избегне ...

Израел, во својата досега најголема ескалација на конфликт со Иран, изведе напади врз неколку клучни нафтени и гасни објекти во Иран, вклучувајќи го и најголемото гасно наоѓалиште во светот – South Pars. Погодени локации South Pars (Фаза 14) – офшор гасно наоѓалиште во провинцијата Бушехр, кое произведува околу 12 милиони м³ на ден и покрива две третини од внатрешната иранска потрошувачка. Гасно постројување Fajr‑e Jam – исто така во ...

Директорот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, изјави дека е постигнат договор со Џенаро Гатузо да стане селектор на „Азурите“. – Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука, му изјави Буфон на новинарот Матео Морето. Последната работа на 47-годишниот фудбалски стручњак беше во Хајдук, кој го напушти на почетокот на јуни. Пред тоа, Гатузо ги тренираше Марсеј, Валенсија, Наполи, ...

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Северна Македонија. Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Оттаму додаваат дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата. ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска го обвини Советот за безбедност на Обединетите нации за рамнодушност по израелскиот напад врз неговата земја. На средба со странски дипломати, која беше пренесувана на државната телевизија, Арагчи изјави дека „израелскиот напад без преседан беше пречекан со рамнодушност од страна на Советот за безбедност на ОН“. – Западните влади го осудија Иран, наместо Израел, а Иран е нападнатата ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
8.23
27%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
3.6
39%
1016
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
37%
1017
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
32%
1016
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.5
30%
1014
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
2.06
36%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
8.05
40%
1013
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
7.2
31%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.12
26%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
4.63
36%
1015
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 30ᴼ
7.72
36%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
10.29
31%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75