Во Музејот на современата уметност – Скопје вечерва во 18 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Ибрахим Махама. Делото на Махама, кое ја обвиткува фасадата на Музејот на современата уметност, претставува прва негова самостојна изложба во земјава. Изложбата ја реализира Музејот на современата уметност Скопје со финансиска поддршка и паритетен придонес од Министерството за култура и туризам, како и од Фондацијата Рајтман (Reitman ...

Во рамки на 48. Денови на македонска музика, вечер во Музејот на македонската борба ќе настапи триото АСТНИДЕ од Германија. Триото го сочинуваат Петар Манчев – виолина, Феликс Цимерман – виолончело и Марико Судо – пијано. На програмата се делата на македонскиот композитор Благој Цанев – „Фолклорни напеви за виолина, виолончело и пијано“ и на Јоханес Брамс – Клавирско трио бр.1, оп.8 и „Трио 25.713“ на Дамјан Темков. Петар Манчев започнал со ...

Месечината во Лав ја осветлува сцената на животот — не за да бидеме во центарот, туку за да се сетиме кој е нашиот внатрешен глас. По чувствителниот ден со Месечината во Рак, сега се јавува потреба за топлина, признание и духовна гордост. Последната четвртина повикува да ги исчистиме сомнежите и да го задржиме само она што нè полни со радост. Денот носи моменти на самодоверба, но и на тивка интроспекција. Светлината не е само на сцената — таа е ...

Четири години беа доволни да се види вистинското лице на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром – неспособност, незаинтересираност и нула исполнети ветувања. И Тимчо Муцунски пред да стане министер, и неговиот наследник Дејан Митески – ветуваа сѐ и сешто: „хумана урбанизација“, нови градинки, училишта, паркинзи, велосипедски патеки, зелени површини, па дури и „смарт општина“, изјави Марко Данилоски, кандидат за советник на СДСМ во Советот на ...

Населбата Радишани ќе биде во фокусот на серија инфраструктурни и урбани проекти што ќе придонесат за подобри услови за живот, сообраќајна безбедност и уредена јавна средина. Ова го најави кандидатката за советничка во Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ, нагласувајќи дека приоритет е реализација на конкретни решенија што ќе се спроведуваат во текот на целиот мандат. „Меѓу планираните активности се: Целосно покривање и уредување на пазарот ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за продолжено кривично дело „тешка кражба“ и кривично дело „одземање на моторно возило“. Осомничениот, како што информира Јавното обвинителство, за помалку од 20-тина дена, односно од 22 септември до 9 октомври 2025 година, извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје со што прибавил вкупна противправна имотна корист од ...

Барселона е една од најдобрите три екипи во светот, но ние ќе настапиме фокусирани на сите детали од ракометната игра, изјави Рубен Гарабаја, тренер на РК Еурофарм Пелистер. Шпанскиот стратег Гарабаја на својот сонародник Карлос Ортега кој долг период е тренер на Барса ќе се спротивстави со игра и голема поддршка на битолските „чкембари“. – Секој натпревар против нив е посебен, затоа што имаат мнигу ѕвезди и многу добри ракометари. Мора да ...

Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната пеперутка“, базиран на ликовите од популарната анимирана серија „Светот на Биби“, го освои престижното признание MIA Development Award for Outstanding Animation Project на филмскиот и телевизискиот маркет MIA Market 2025 во Рим, кој се одржа од 6 до 10 октомври. Наградата, во вредност од 5.000 евра, беше доделена на 10 октомври во силна меѓународна конкуренција, од страна на стручно жири ...

Голем број истакнати американски медиуми одбија да се согласат со новата политика на Министерството за војна (Пентагон) за новинарски пропусници, која го ограничува она што акредитираните новинари можат да го објават. Новинарите имаат рок до 17 часот (21:00 GMT) денеска да се согласат со новите упатства, кои беа ревидирани откако првиот нацрт, во кој се наведува дека информациите „мора да бидат одобрени за јавно објавување од страна на соодветен ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје одигра нерешено 1:1 со Казахстан во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Во првиот дел противникот беше подобар со повеќе контрола над топката, додека нашите репрезентативци имаа повеќе шанси за постигнување гол. Воведните минути беа во знакот на гостите од Казахстан, кои ја имаа и првата шанса за водство преку Ислам Чесноков, но тој биеше над голот. Во 24. минута ...

Во организација на Францускиот институт во Скопје од денеска на Широк сокак во центарот на Битола ќе биде поставена дигиталната изложба „Фауна”, која ќе биде отворена еден месец. Како што информираат од Францускиот институт Скопје, изложбата претставува иновативен пристап кон урбаната уметност која комбинира збогатена реалност и еколошка свест. Настанот се организира во соработка со НВО Центар за деконтаминација од Битола и Француската алијанса ...

Поранешните демократски претседатели Џо Бајден и Бил Клинтон синоќа го пофалија актуелниот американски претседател Доналд Трамп за неговиот придонес во постигнувањето на прекин на огнот во војната во Газа, што е редок пример на двопартиско одобрување за републиканскиот лидер. „Го пофалувам претседателот Трамп и неговиот тим за нивната работа да го донесат обновениот договор за прекин на огнот до крај“, напиша Бајден, кој беше претседател до ...

Германските истражители и финансискиот регулатор БаФин (BaFin) затворија повеќе од 1.400 нелегални веб-страници во Источна Европа поврзани со измами во онлајн тргувањето. Акцијата, наречена „Операција Херкулес“, била спроведена од полицијата во покраината Баден-Виртемберг, БаФин, Европол и бугарските власти. Целта била да се прекинат активностите на мрежи кои овозможувале измамнички инвестициски шеми преку лажни трговски платформи. Корисниците ...

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на јавна трибина посветена на развојот и иднината на Старата скопска чаршија, истакна дека зачувувањето на културното наследство и интегрирањето на традицијата со модерниот градски живот ќе бидат еден од нејзините приоритети, соопшти СДСМ. – Чаршијата не е само туристичка атракција таа е жив организам, место на занаетчии, култура, уметност и заедништво. Нашата цел е да ја вратиме ...

Носителката на листата за советници во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, Ана Карајанова Димитрушева, во видео-обраќање ја претстави лична политичка мисија за брзи, мерливи и системски промени за пристапно и праведно Скопје, се вели во соопштението од ДОМ. „Јас сум Ана Карајанова Димитрушева, живеам со мултиплекс склероза повеќе од 25 години. Ја прифаќам оваа чест како најголема обврска пред луѓето со попреченост, пред сите оние кои ...

Селекторот на Шведска, Јон Дал, Томасон, го коментираше поразот од 1:0 од Косово синоќа во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година на домашен терен. – Секако не бевме доволно добри, а тоа е ужасен резултат. Навистина боли. Заборавивме како да постигнуваме голови, а не знам зошто, изјави Томасон за „Ројтерс“. Шведска, со еден бод од четири натпревари, е на четвртото место во Групата Б. Тие ќе играат против Швајцарија на ...

„Во Кочани никој, ниту еден политичар не може да оди со крената глава, со крената глава не се оди кај луѓето кои со месеци бараат правда“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанскиот собир во Кочани. „Со крената глава не се оди пред луѓе што изгубиле сè, а не ја добиваат сè уште вистината. Со крената глава не се оди кај оние кои со месеци бараат правда, а имаше обиди за селективна правда. Со ...

Шест детски и младински претстави, од кои пет гостински, ќе бидат изведени во официјалната (натпреварувачка) програма на 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров”, кој ќе се одржува од 15 до 18 октомври 2025 во организација на Театарот за деца и младинци со Совет на фестивалот. Нив ги избрала селекторката Драгана Милошевски-Попов од над 40 пристигнати апликации. На прес-конференција на ТДМ денеска беше посочено дека под мотото ...

Претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Словачкиот претседател ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести на церемонија во нејзиниот кабинет, по што ќе биде одржана тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и ...

Многу е лесно да урнеш, а многу е тешко да изградиш, па затоа овие 15 месеци ние градевме внимателно тула по тула и ги соѕидувавме темелите на државата. Ветивме тука од Велес дека пензионерите во првата година ќе добијат линеарно по 5 илјади денари и тоа го испорачавме во првите 9 месеци, а во првата годинаипол од нашиот мандат тие линеарно ќе станат 7 илјади денари зголемување за пензионерите, најави од Велес премиерот и претседател на ...

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер го поздрави вчерашниот „историски ден“, кога клучните држави се согласија со мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа. Стармер, кој присуствуваше на потпишувањето на примирјето во египетското летувалиште Шарм ел Шејк, најави дека Велика Британија ќе има клучна улога во набљудувањето, зачувувањето на примирјето и реформирање на структурите на Хамас и предавањето на ...

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“? Под превезот на населба за млади, Имер Селмани ќе добие можност да изгради нови згради во Општина Ѓорче Петров, вели во гостување во „Слободен печат“ кандидатот за градоначалник од СДСМ, Костадин Ацевски. – Сега има планирано една нова населба со убаво име, „Богородица“, за млади брачни ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити денеска најави дел од неговата изборна програма со која се предвидува басплатни униформи и дневни оброци за сите ученици од сите основни училишта во оваа општина. -Во Чаир нема разлики. Има можности за сите. Ова е нашата филозофија на владеење. Нашата визија за една општина која гарантира еднаквост, достоинство и поддршка за секое семејство. Затоа, во нашата програма за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот за прекин на огнот во Газа. Пред да го потпишат, Трамп изјави дека „документот опфаќа многу правила и прописи, како и многу други работи, и е многу сеопфатен“. Додека го потпишуваше документот, тој рече: „Ова трае 3.000 години, можете ли да верувате? Овој пат ќе трае“. „Ова е неверојатен ден за светот“, рече Трамп, додавајќи ...

Израелската затворска служба синоќа соопшти дека ослободила речиси 2.000 затвореници, претежно Палестинци, како дел од договорот за прекин на огнот во Газа. Службата во соопштението наведува дека „1.968 терористи биле префрлени од неколку затвори низ земјата во затворите Офер и Кзиот“. -По завршувањето на потребните процедури во затворите и одобрението од политичките власти, сите терористи биле ослободени, при што оние од затворот Офер се ...

Сѐ повеќе јавни личности и жени во политиката, модата и културата се појавуваат со долга коса – тренд што многумина веќе го нарекуваат „епоха на Рапунзел“, пишува Њујорк Тајмс. Од црвениот тепих до политичката сцена На премиерата на новиот филм на „Gucci“ во Милано, Деми Мур блесна со нејзините препознатливи долги темни локни. На државниот банкет во Британија, и Меланија Трамп и Кетрин, принцезата од Велс, се појавија со пуштена долга коса. ...

Проект за целосна санација и уредување на фасадите на сите згради во стариот дел на општина Чаир, најави денеска Бујар Османи, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната унија за интеграција (НУИ). -Ќе започнеме сериозен проект од првиот ден за уредување на фасадите на сите згради во стариот Чаир. Ова не е само прашање на естетика, туку и прашање на енергетска ефикасност. Нова фасада значи и нова термоизолација, што ќе ги намали ...

Почина Илија Темелковски – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот, објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Спортот и ракометот пред се изгубија вреден спортски работник. Тој како селектор ја предводеше македонска ракометна репрезентација, на Светското првенство 2009 година во Хрватска. Но, белег остави и со работата со младите категории: освојувањето на шестото место на СП во 2017 година во Алжир и претходно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика претседателот на Израел Исак Херцог да го помилува премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој е обвинет за корупција. Трамп го упати повикот за време на посетата на израелскиот Парламент( Кнесетот), нарекувајќи го својот пријател Биби Нетанјаху „еден од најголемите“ воени лидери. За време на конфликтот меѓу Израел и Хамас, неколку рочишта веќе беа одложени во случајот против Нетанјаху. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржа говор во Кнесетот за што рече дека тоа е „голема чест“. Трамп нагласи дека овој ден е ден за благодарност кон „семоќниот Бог на Аврам, Исак и Јаков“. – Денеска небото е мирно, пушките молчат, сирените се тивки, и сонцето изгрева над Светата земја која конечно е во мир, рече Трамп, откако ја пофали храброста на 20-те живи заложници кои денеска се вратија кај своите семејства. Тој изрази надеж ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1013
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
0.0
76%
1009
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
0.0
92%
1007
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
87%
1013
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.15
85%
1013
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
98%
1006
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
92%
1013
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
82%
1011
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
100%
1011
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1012
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
87%
1009
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1014
Currency

61.6217

Currency

52.9633

Currency

70.9274

Currency

34.3556

Currency

37.6708

Currency

66.7907

Currency

7.43901

Currency

0.65463

Currency

0.3504

Currency

0.52568

Currency

1.262

Currency

0.6035