Песната на кралицата на македонската народна песна, Виолета Томовска, „Заиграј со мене ти”, доби нова верзија. Истата сега Томовска ја пее со Драган Спасов Дац и Александар Митевски. Новата верзија на песната, која е веќе хит, е направена во чест и сеќавање на авторот на музиката на истата, Милан Завков, а текстот е на Томовска. Аранжманот е на Митевски, на хармоника свири Мишел Трајковски, на гитара Ташко Грујовски, Бобан Василески, а на ...

Германските власти потврдија дека најмалку две лица загинаа, од кое едното е дете, откако автомобил влетза на божиѓен базар во Магдебург. Direkte Aufnahme von der Tat, ich bin unfassbar bestürzt. Warum ist das in Deutschland möglich⁉️ Magdeburg, Weihnachtsmarkt pic.twitter.com/7CEQhH2GCS — Michael (@Michael27184036) December 20, 2024 Не се склучува можноста бројот на загинатите да биде поголем, а 15 лица од околу 70 повредени се во тешка ...

Денеска во руски напад на главниот град на Украина, Киев, е погодена и зградата во која се наоѓа македонската Амбасада. Од македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) најостро го осудија нападот. „Информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев. При ...

Државната помош во земјите од Западен Балкан се движи од под 0,5% од БДП во Косово и Албанија, до 5,9 % од БДП во Србија (податоци од 2022). Северна Македонија доделува државна помош од 1,9% од БДП или 253 милиони евра. Ова го покажа студијата „Зајакнување на економиите од Западен Балкан: Атрактивност и транспарентност на државната помош во регионот“ на Finance Think заедно со мрежата на тинк тенкови од Западен Балкан, WebEcon. Целта на оваа ...

На лепливата лента која и била ставена на устата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје имало траги од еден од осомничените, Велибор Манев, кажа денеска на судењето обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска. Во нејзиното тело бил пронајден и еден куршум. Истиот е боева муниција од 9 милиметри, произведен во 2002 година. Обвинителството ќе презентира над 197 докази и има над 10 илјади принт скринови од комуникација преку мобилни телефони. ...

Вознемирувачки детали денеска соопшти обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска на судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Како што кажа обвинителката девојчето било живо и не било задушено, кога било пукано во неа, од далечина од половина метар, одзади, понадесно. Вања се движела по кал пред да биде убиена додека клечела, за што сведочи калта под нејзините нокти, како ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42.134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесувала 63 392 денари. Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација ...

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024. „Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја ...

ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје ќе врши санација на неколку поголеми дефекти на водоводната мрежа, со што ќе дојде до затворање на главниот градски цефковод. Санацијата, ќе започне на 21 декември (сабота). „Следува сложен оперативен план за санација на ул. „Никола Парапунов“ на затварач Ф-700мм. Покрај оваа локација, опфатена е и санација на уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод Ф-1600мм и тоа на потегот од ...

На плоштадот Македонија е поставена највеличествената и најимпозантната божиќна пештера во регионот. „Ова ремек дело, кое плени со својата возвишена естетика, претставува можност за сите нас автентично да се подготвиме за празникот на Христовото раѓање. Посебна благодарност до вајарот Зоран Тошески кој заедно со својата сопруга Македонка и тим на волонтери, успеаа да созадат дело кое на идните генерации ќе им сведочи за љубовта кон Бога, кон ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) има снимка која јасно покажува како полицаецот го прекршил законот и процедурата, за да поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби го помине Граничниот премин “Блаце„ и избега во Косово. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Нема снимка од бегството на Груби преку „Блаце“, камерите снемале батерии, на граница бил заведен како „пешак“ Оваа го соопшти министерот за ...

Анализата на Центарот за граѓански комуникации покажува дека општините годишно трошат над 1 милион евра за ангажирање на пејачи и забавувачи за манифестациите кои ги организираат. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Најскапо платена е Северина, најмногу пари заработила Јелена Розга: За пејачи и забавувачи општините трошат над 1 милион евра годишно Кој е најмногу платен Годинава, заклучно со октомври, највисок хонорар зела хрватската пејачка Северина Вучковиќ, за ...

Внукот на лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети, ќе се спаси за случајот со пиротехничките средства кои му беа најдени во автомобилот пред речиси една година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дрин Ахмети легално купил пиротехнички средства, кои се забранети за продажба кај нас Телевизијата Алсат М објави дека Основното јавното обвинителство (ОЈО) се откажало од кривично гонење на Дрин Ахмети за овој случај. Од Обвинителството за телевизијата ...

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, се уште е надвор од земјата. Нема официјална информација дали моментално е во Косово или во Албанија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои адвокати ги ангажираа Груби и Бајрами Но, преку неговиот адвокат Владимир Доневски бара да му се укине одредениот притвор од 30 дена. Доневски поднел жалба за истиот, а истото како што пренесуваат дел од медиумите ќе го ...

Зимска приказна 2024 во Битола ќе започне утре и ќе трае од 20 декември до 6 јануари. Годинава, акцентот на Зимска Приказна е ставен на поддршката за локалните трговци, угостители и хотелиери. Очекувањата се дека зголемената посетеност на туристи и граѓани ќе има директно позитивно влијание врз локалната економија. „Зимската Приказна е повеќе од празнична програма – таа е можност за Битола да го покаже својот туристички потенцијал. Нашата цел ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 17 и 18 декември изврши вонреден инспекциски надзор во врска со починатото седуммесечно бебе на ЈЗУ УК за Детски болести Скопје. Врз основа на извршениот увидот во медицинска документација (истории на болест, упати и специјалистички извештаи) и изјавите од докторите кои учествувале во лекувањето, констира дека седуммесечното бебе прв пат во ЈЗУ УК за Детски болести Скопје било донесено на ...

Новата 2025 година ќе донесе револуција во начинот на кој го доживуваме шопингот, кој ќе претставува искуство, начин на живот и можност за квалитетно поминато време. Со отворањето на Гевгелија Мол во летото 2025 година, вашите шопинг навики ќе се променат засекогаш! Овој модерен трговски центар ветува дека ги редефинира традиционалните шопинг искуства, комбинирајќи ги купувањето, забавата и дружењето во еден единствен простор. Оваа иновативна ...

Само од јануари до октомври годинава, општините потрошиле на пејачи и на други забавувачи 961 илјада евра, покажуваат анализата и базата на отворени податоци за трошоците на општините за забавни манифестации на Центарот за граѓански комуникации. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра. Лани, за оваа намена биле потрошени 1 милион и 11 илјади евра. Најскапо платена, годинава, е хрватската пејачка Северина ...

Во рамки на акцијата за разбивање на криминалната скопска група „Беланоца/Барон“ полицијата вчера пронајде бункер со пушки, муниција, опрема за оружје… ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Претреси во Арачиново и во повеќе делови од Скопје Бункерот е пронајден на локација на патот Орланци-Никуштак, а во истиот имало еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со ...

Охриѓани, но и жителите од регионот oд мај 2025 ќе може да уживаат во понудата која ја носи новиот трговски центар Охрид Мол. На површина од приближно 17.000 м2 и со модерна инфраструктура, максимална фунционалност, достапен паркинг и квалитетен микс од реномирани брендови – Охрид Мол ќе биде новата примамлива дестинација за сечиј вкус и омилено “шопинг” искуство за секој поединец. Германскиот моден бренд NewYorker коj ценовно спаѓа во ...

Премиерот Христијан Мицкоски од денеска е во Брисел, Белгија за Самитот ЕУ-Западен Балкан. Во македонската делегација е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, амбасадорот Данчо Марковски и шефот на Кабинет на премиерот, Владимир Нелоски. „Денеска сме овде во Брисел да испратиме порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваа своето место ...

Бегалецот Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, имал полициско обезбедување, кое му следува како поранешен функционер. Дека истото го користи откри самиот кога во неделата преку социјалните мрежи соопшти дека заминал од земјата за да завршел некои обврски. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Фокус велат дека истото не го користел кога избега од Македонија преку Граничниот ...

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кој од вчера и официјално е бегалец, откако за него е распишана меѓународна потерница, на Граничниот премин „Блаце„ бил заведен како пешак, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Меѓународна потерница за Груби и Бајрами Иако бил во возило „мерцедес„ на почесниот конзул на Косово, Арсим Папранику, и ...

Кривична пријава за криминалот во Државна лотарија, вреден осум милиони евра од Министерството за внатрешни работи, заработи и поранешниот премиер, а сега пратеник на опозициската СДСМ, Димитар Ковачевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Што пишува во кривичната за поранешниот премиер Ковачевски: МВР со детали за криминалот во Државна лотарија Истата е за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој пак вели дека секогаш работел според законите, и ...

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, осомничени за криминал вреден осум милиони евра, се уште не се вратиле во Македонија, но и двајцата веќе си ангажирале адвокати. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали Во меѓувреме тие за случајот во Лотарија добија и по 30 дена ...

Каратистот на „Макпетрол“ и на репрезентацијата на Македонија, Стефан Стојановиќ, годинава имаше извонредни постигнувања крунисани со бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, во категоријата над 84 килограми во млади сениори (У-21). Со овој резултат тој на изборот за „Спортист на годината 2024“ е номиниран за „Млад спортист на годината“. Листата на успеси на Стојановиќ е голема и тој еден од ...

Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Во првиот блок, како што наведе, зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, додека во евтината тарифа за 0,9 проценти. – Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од ...

Почесниот конзул на Косово во Македонија и познат бизнисмен, Арсим Папранику, е повикан на распит во полициската станица Карпош, каде што дава исказ во врска со истрагата за финансиски малверзации во Државна лотарија. Според информациите на ТВ Телма, тој го однел поранешниот вицепремиер Артан Груби во Косово. За Груби е распишана меѓународна потерница, бидејќи е недостапен на органите на прогонот, за криминалот што го направил во Државна ...

На 17 декември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. „На седницата беше оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со ...

Економскиот раст во третиот квартал на 2024 година умерено забрза и достигна 3%, што е блиску до проекциите на Народната банка, информираат од таму. „Растот остварен во првите три квартали од годината изнесува 2,6% и е малку повисок од очекуваниот, при нагорни ревизии во податоците за првата половина на годината. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
87%
1009
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
8.23
70%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
91%
1008
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
7.2
71%
1015
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
5.53
96%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
97%
1009
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
85%
1006
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1007
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
1007
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -3ᴼ
6.69
82%
1019
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
90%
1012
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
10.29
80%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

68416.79

Цинк

3.29

Сребро

2677.51

Рутениум

45750.51

Калај

46.04

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Бакар

11.84

Злато

163216.16

Иридиум

215504.98

Родиум

334367.76

Паладиум

55363.59