Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти детали за акцијата која ја нарече „Адитив“, со која се опфатени 23 лица, кои се сомничат за криминал вреден 6,5 милиони евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Се апсат поранешни директори на ЕСМ и РЕК Битола: Осомничен и Васко Ковачевски, кој не во Македонија Предистражната постапка траела две недели, а во рамки на акцијата се направени 77 претреси во Битола, ...
Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на Судскиот совет, јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат, одлучи денеска Владата. Исто така нема да има исплата на 13. плата во сите органи на државната управа и средствата ќе се пренасочат за развојни проекти, информираа од таму. Од Владата исто така ...
Врховниот суд како највисок суд во државата целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава, велат оттаму. „Соединетите американски држави даваат континуирана поддршка и исклучителен придонес за правосудството, кој е заснован на правните начела и демократските вредности. Нотираните податоци и укажувања во Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско ...
Поранешниот директор на Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски е еден од осомничените во новиот случај на Основното јавно обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, по чии налог полицијата денеска апсеше поранешни директори и раководни лица на државните ЕСМ, РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и на ТЕЦ Неготино. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Се апсат поранешни директори на ЕСМ и РЕК Битола: Осомничен и Васко Ковачевски, ...
Од вечерва на полноќ цената на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1 денар, а за 0,50 денари цената на Еуросупер БС-98, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС, а цените на бензинот Еуросупер БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. Еден литар дизел со новата одлука ќе се продава за 70 денари, цената на ...
Оваа година, новогодишната магија за најмладите и нивните семејства со посебен сјај пристигна во Дајмонд мол. Од 11 декември, па сѐ до 11 јануари во новата 2025-та, децата ќе можат да уживаат во радостите што ги носи Светот на Дедо Мраз и во изненадувањата и доживувањата кои тој ги нуди. Најмладите ќе можат да се возат во новогодишното вовче кое секој ден, сѐ до Новата Година, ќе кружи низ трговскиот центар и ќе изнудува насмевки од сите. ...
Во понеделникот попладне, премиерот Виктор Орбан учествуваше во дискусии со Доналд Трамп, Илон Маск и Мајкл Волц во Мар-а-Лаго. Унгарската делегација беше дополнета со министерот Петер Сијарто и претседателот на групацијата 4iG, Гелерт Јасаи. Централна тема на дискусијата беше претставувањето на HUSAT сателитската програма на 4iG Групацијата. Оваа иницијатива е прва во Централна и Источна Европа која развива телекомуникациски и сателитски ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повика Јавното обвинителство да постапи по допрен глас во врска со случајот за Артан Груби и за апелацискиот судија Енвер Беџети, кои од вчера се најдоа на „црната листа“ на Стејт департмент. Таа смета дека не смееме како досега да останеме мирни, а оние кои се нашле на црните листи да продолжат со своите редовни активности. Очекува Судот, јавниот обвинител да почне да постапува. „Постојат во ...
Овој петок (13.12), со почеток во 20:00 часот, во Социјалниот Центар Дуња во Скопје, со заеднички концерт на импровизирана музика ќе настапат Амплидајн Ефект (Amplidyne Effect) на електроника и Мартин Џорлев на гитара. Амплидајн Ефект, проект на Мартин Георгиевски, е активен од 2009 година, препознатлив по електронска и амбиентална музика со сесии од импровизирана музика. Од тогаш, има издадено бројни изданија а настапувал на повеќе ...
Маж на возраст од 51 година од Македонија починал во месноста Шилигарника над Банско во Бугарија, каде што бил на одмор со семејството, пренесуваат бугарските медиуми. Локалната полиција соопшти дека немало видливи траги на насилство, туку најверојатно се работи за срцев удар. Мажот се качувал пеш на Шилигарника, по што бил пронајден онесвестен. Тој бил реанимиран околу 40 минути, по што дошла брза помош, која само констатирала дека нема ...
Денеска по налог на Основното јавно обвинителството за борба против организиран криминал и корупција полицијата спроведува акција за апсење на поранешни директори и раководни лица на државните Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ), РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и на ТЕЦ Неготино. Меѓу осомничените во акцијата се и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој од октомври не е во Македонија, неговиот наследник Васко Стефанов и Пеце ...
Одлуката на американскиот Стејт департмент, функционерот на опозициската ДУИ, Артан Груби, да го стави на „црната листа“, ја раздрама и коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Артан Груби со семејството и судијата Енвер Беџети завршија на „црната листа“ на САД Партнерот од коалицијата, Зијадин Села, кој уште води битка со Арбен Таравари за лидерското место во Алијансата за Албанците, (од која дел е во Владата, а ...
Американскиот Стејт департмент го стави поранешниот прв вицепремиер, кадар на опозициската ДУИ, Артан Груби на „црната листа“ на САД. На истата заврши и неговото семејство. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Артан Груби со семејството и судијата Енвер Беџети завршија на „црната листа“ на САД Груби по одлуката се огласи на Фејсбук и напиша дека за истата дознал од медиумите. Во реакцијата напиша дека целиот негов јавен живот го посветил на западните ...
Функционерите на опозициската ДУИ за одлуката на САД да го стави нивниот колега Артан Груби на „црната листа“ ја дознаа во шаторите од пред Уставниот суд каде го „чуваат“ албанскиот јазик. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Притисокот врз Уставен за Законот за јазици, школски пример за политичко влијание Реакцијата на поранешните јавни функционери Бујар Османи и Арбер Адеми на веста за Груби стана вирнална и хит на социјалните мрежи. Тие дознаа за одлуката на ...
Македонија изминатото лето беше погодена со рекордни над 2.000 пожари на отворено, кои предизвикаа штета од над 5 милијарди денари. Изгореа шуми стари и над 100 години, како и над 600.000 кубни метри дрвна маса, а беше погоден и животинскиот свет. Доколку ги немавме нашите храбри пожарникари, кои работат со децении во ненормални услови, штета сигурно ќе беше поголема, а ќе имаше и бројни човечки жртви. Нема дилема, за еМагазин македонските ...
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, функционер на опозициската ДУИ и судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети, се новите лица од Македонија кои завршија на т.н. црна листа на САД. На листата е ставено и семејството на Груби. Според американскиот Стејт Департмент, Груби и Беџети се ставени на листата поради нивната вклученост во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва на собир пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т.н. „Стража на јазикот“, побара Судот да ги отфрли поднесените 13 иницијативи за оспорување одредби во Законот за употреба на јазиците. Тој се закани дека „нема да има мир ако не биде така“ и порача „далеку рацете од промената на Законот за јазиците.“ „На 11 декември, ние бараме Уставниот суд, ако е навистина Уставен суд кој дели правда, ако е суд ...
Спасувачката служба од Охрид вчера добила повик од група ловци чие ловечко куче се изгубило претходниот ден. Со помош на околувратникот со вграден ГПС локатор, го лоцирале кучето на едно хоризонтално зарамнување од ископот на каменоломот во с. Речица, 100-на метри од подножјето и околу 50-на од горниот раб на ископот. „Поради сериозната експонираност на теренот, ловците побараа помош од ПСС, по што еден тим од двајца спасувачи веднаш излезе ...
Утре ќе се одржи протест за чист воздух. Протестниот марш ќе започне во 16 часот од Министерство за животна средина, ќе се продолжи преку Собрание и ќе заврши пред Влада. „Протестираме бидејќи секоја година од 3.828 до 5000+ луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет ...
Пласманот на Стефан Стојановиќ на првата позиција на Светската младинска лига во Венеција е јубилеј за карате клубот „Макпетрол“. За скопската екипа ова е успех од особено значење затоа што е 50 одличје освоено на најсилните натпреварувања организирани од Светската карате федерација (WKF). Овие медали се од највисоко рангирани натпревари: светски златни лиги, светски премиер карате лиги, светски купови за млади и светски премиер лиги, серија ...
Соборениот претседател на Сирија, Башар ал Асад, кој стана азилант во Русија, имал колекција од 40 луксузни возила, вредна милиони долари. Bashar-al Assad’s private fleet of cars at the abandoned presidential palace in #Damascus. Discernible among them a few Toyota Land Cruisers, a Ferrari F50, a Ferrari F430, a Lamborghini LM002, a Lamborghini Diablo SV, an Aston Martin, numerous Lexus.pic.twitter.com/WnAPT5SdAa — Daphne Tolis (@daphnetoli) ...
Сопругот на Бијонсе Ноулс, Шон Кори Картер, познат како Џеј Зи е обвинет дека заедно со неговиот колега, раперот, Шон Диди Комбс, силувале 13 годишно девојче. Наводното силување се случило во 2000 година по шоуто на доделувањето на музичките видео награди на MTV, на забава на Комбс, кој е во притвор неколку месеци поради обвиненија за силување, трговија со луѓе… ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Со Шон Диди е завршено, ќе настрадат ли и кариерите на ...
Државниот авион со кој македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова требаше да лета за Париз, Франција, е со дефект од 3. декември, а истиот последен го користел претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши за лет до Стокхолм, Шведска, објави Сакам да кажам. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сиљановска Давкова не отиде во Париз на отворањето на катедралата Нотр Дам, владиниот авион имал дефект На аеродромот во Стокхолм е утврдена неисправност на ...
Соборениот сириски претседател Башар ал Асад стана азилант во Русија. Азил таму доби и неговото семејство, и сите се веќе во Москва. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Падна режимот на Башар ал Асад во Сирија, претседателот исчезна Вчера по 13 години граѓанска војна бунтовниците предводени од Абу Мохамед ал Џавлани, лидер на исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), која ОН, САД, Турција и други земји, ја сметаат за терористичка ...
Македонската берза го објави билтенот за ноември, кој покажува дека во тој период најтргувани биле акциите на Комерцијална банка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје и Македонијатурист АД Скопје. Со акциите на Комерцијална банка е остварен промет од 281,6 милиони денари, со акциите на Алкалоид, 232,3 милиони денари, а со акциите на Македонијатурист, 60,5 милиони денари. Во топ 5 се и акциите на НЛБ Банка АД Скопје и Макпетрол АД Скопје. ПОВРЗАНИ ...
Јавното претпријатие (ЈП) Комунална хигиена Скопје склучи договор за набавка на гориво со друштвото за производство, трговија и услуги Пуцко петрол увоз-извоз ДООЕЛ од селото Пласница. Договорот е во вредност од 177.000.000 денари или 2.878.049 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Марковски компани за 5 години склучила 77 договори за јавни набавки, Д-р Пановски, 1.491, а Пуцко петрол 1.776 Договор од 2,3 милиони евра склучи Пуцко петрол со ЈП за одржување и ...
Дете на возраст од 14 години и двајца возрасни денеска се пронајдени мртви во неготинското село Црвени Брегови. Тие се најдени починати во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект. Информацијата за државната агенција МИА ја потврдија од Јавното обвинителство, од каде велат дека при првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Нивните тела се дадени на обдукција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Познат идентитетот на ...
Вчера во импровизиран верски објект во мала куќа во неготинското село Црвени Брегови беа пронајдени три починати лица, од кои едното е дете на 14-годишна возраст. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 14-годишно дете и двајца возрасни пронајдени мртви во импровизиран верски објект во неготинско Според информации од СВР Велес, детето е од Црвени Брегови, Ј.Ј. (71) е од Битола, а Ф.Е. (66) е од Ресен. На нивните тела првично не се најдени траги на насилство, а се ...
По 13 години граѓанска војна во Сирија падна режимот на претседателот Башар ал Асад, кој исчезна од главниот град Дамаск, кој го зазедоа бунтовниците, предводени од Абу Мохамед ал-Џавлани, лидер на исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која ОН, САД, Турција и други земји, ја сметаат за терористичка организација. #Syria BREAKING: the regime has just lost control of it's first suburb in the city of #Damascus. Syrians in the ...
Македонските државјани да ја напуштат Сирија во првата можна прилика и да ги одложат сите патувања таму, апелираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) по влошената безбедносна состојба таму. Од МНР предупредуваат дека постои можност за натамошно влошување на ситуацијата во Сирија, а заедно со тоа се намалени и можности за навремено напуштање на државата. „Како и секогаш, Министерството им ги става сите свои ...