Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
По наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, полициски службеници попладнево постапуваат во Судскиот совет, информираат од Јавното обвинителство. Од таму велат дека постапувањето на полицијата не е поврзано со формираниот предмет за црната листа на САД, туку се однесува на известување од МВР во кое е побарана обвинителска наредба за обезбедување на записници од седница на Судскиот совет во врска со мандатот на Весна Дамева, со ...
Македонскиот пејач, композитор и продуцент Димитар Андоновски го претставува спотот за својата песна „Бура“, која за прв пат беше изведена на овогодинешниот Макфест. Денес, песната ја доживува својата долгоочекувана видео премиера, која ќе биде објавена на неговиот официјален YouTube канал: Dimitarofficial. „Бура“ е песна што го отсликува внатрешниот свет на емоции, борби и турбуленции, инспирирани од лични искуства. Комплетното авторство – ...
Аеродром и оваа година традиционално го организира предновогодишниот музички спектакл под мотото „Аеродром пулсира vol.3”! На 21 декември, со почеток во 18:30 часот, во трговскиот центар Џевахир Мол Скопје, ве очекува вечер исполнета со музика, емоции и забава. Годината во која Џевахир Мол од сон стана реалност заслужува да биде испратена на најдобар можен начин – со настапи на најголемите ѕвезди од македонската музичка сцена. Сите љубители ...
Апелацискиот суд Скопје ја укина првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје со која сопственикот и управител на фирмата „Беса транс“, Беким Хаџиу, беше осуден на една година и осум месеци затвор за фалсификување исправа за автобусот со кој во ноември 2021 година во трагична несреќа во Бугарија загинаа 45 лица, претежно македонски државјани. Од Судот за државната новинска агенција МИА потврдија дека е донесена одлука по предметот и ...
На годинашниот The Economist MeetUp во Скопје, говорејќи на панелот „Бизнис, закон и заедница“, на тема „Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст“, заменик претседателот на Адора Бизнис Групација, Душко Чифлиганец, на почетниците во претприемништвото им порача на прво место да го ставаат својот интегритет, да работат етички, морално и чесно, бидејќи овие карактеристики за жал сè повеќе недостасуваат во работната ...
Македонската ИКТ компанија за дистрибуција и развој на софтверски решенија АИТОНИКС АД го објави проширувањето на своето партнерство со брендот Philips, кое веќе ќе вклучува и широка гама на производи од сегментот “Паметни уреди за домот”. Philips e компанија позната со богатата историја на иновации и е докажан светски бренд, кој обезбедува супериорни технологии на пазарот, со постојан фокус на одржливост. Комбинирајќи го дизајнот и ...
Повеќе од 2 милиони евра годишно трошат општините и министерствата за адвокатски услуги, покажуваат анализата и базата на отворени податоци за исплатите од општините и министерствата за адвокатски услуги, кои ги направи Центарот за граѓански комуникации. Само општините и Град Скопје лани потрошиле 67.269.053 денари или 1,1 милион евра за исплати на адвокати. Министерствата, на адвокати пак им исплатиле 62.428.934 денари или 1 милион евра. ...
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавните набавки, поднесен во Собранието по скратена постапка на 5 декември 2024 година, од група пратеници. „Предложените законски измени со кои се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки претставуваат сериозно уназадување на заштитата од корупција во ...
Судскиот совет доби нови членови. Станува збор за судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип. Ала беше единствениот кандидат за избор на член на Совет од редот на судии од посебна листа на кандидати. За местото на член на Советот од апелационото подрачје Штип, имаше пет кандидати. Конкуренти на Ристова беа Мери Гичева од Основниот суд Штип, претседателите на Основниот суд Штип и Апелацискиот суд ...
Броиме ситно до Новата година, џингл бел звони на секој чекор, а во пресрет на веселите празници, за децата и сите оние што се чувствуваат еуфорично, подготвена е „Зимска бајка“. Организаторот најавува вистински празник за најмладите на 22. декември (недела) во 12 часот, точно напладне во Арената Јане Сандански ќе се случува неколку часовна журка. На овој детски спектакл ќе има пеење, смеење, играње, тука се омилените детски музички ѕвезди: ...
Поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Стефанов, кој е осомничен во случајот „Адитив“ на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доби 30 дена притвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра Неговиот претходник, поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски останува недостапен за органите на прогон и нема официјална ...
Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кадар на опозициската ДУИ му контрора на американскиот Стејт департмент, кој го стави на „црната листа“ за примање мито. Вели дека бил „чист како солза“. Иако е „чист„ решил да се повлече од политичкиот живот и дека за тоа го информирал лидерот на партијата Али Ахмети, кој не се огради од него. На Фејсбук напиша дека ја донел таа одлука оти ...
Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека најголемиот акционер, Скопски пазар, акционерското друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје, купил дополнителни 3.042 акции и сега поседува 89.208 акции односно 19,73% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Скопски пазар стана најголем акционер во Македонијатурист Акции купил и акционерот, друштвото за трговија, ...
Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Владимир Пецовски се стекнал со 16 нови акции, и сега поседува вкупно 16.460 или 6,35% од вкупниот број на акции. Акционерот со над 5%, компанијата Настел ДООЕЛ, пак продал 176 акции, и сега поседува вкупно 21.322 или 8,23% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Генералниот директор Пецовски и членови на УО на Реплек купија акции, Настел продаде Настел ...
Во првите десет месеци годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 8,8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1%, а кај странските има зголемување за 14,7.%. Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,1 %, а кај странските има зголемување за 9,9.%. Според ...
Гоце Трајковски, син на Кираца Трајковска, и двајцата сведоци за случајот со грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е недостапен откако е осомничен за подметнување на пожар во скопска Кисела Вода, откри денеска обвинителот Гаврил Бубевски. Тој се бара со потерница за делото Подметнување пожар на 13. ноември, кога со уште две лица запалил кафуле на приземјето. Другите две лица ...
Лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети денеска не се огради од својот соопартиец Артан Груби, кој САД го стави на „црната листа„ заради примање поткуп за влијание врз судските процеси за поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, ќе се истражува и кој ги поткупил Тој кажа дека неговата партија не ја оспорувала одлуката на ...
Основното јавно обвинителство оформило предмет за поранешниот функционер на опозициската ДУИ, Артан Груби и судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети, откако двајцата се најдоа на „црната листа„ на САД, бидејќи како што информираа од Стејт департментот биле поткупени да влијаат врз судските процеси за поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој ...
Поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е еден од осомничените во случајот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, „Адитив“, не се откажал од македонското државјанство, како што објавија некои медиуми, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра -Посоченото ...
Крива Паланка блесна – раскошно накитена и украсена – сјае во празничен декор од илјадници светилки и ја носи празничната магија во срцата на паланчани. „Никој не остана рамнодушен на блескавата предновогодишна атмосфера за која веќе се шири и раскажува насекаде. За радост на граѓаните од сите генерации во пресрет на празнувањата и за сите од државата и регионот што повторно со нетрпение очекуваат да го посетат најубаво украсениот град во ...
Едукативна средба на која родителите ќе дискутираат за врсничкото насилство утре (12 декември) ќе се одржи во салата на советот на општината во Штип. Почетокот на работилницата, која е наменета и за родителите од Свети Николе, е закажан за 18 часот. Настанот е организиран од „Макпетрол” во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство”. Водител ќе биде актерот Сашко Коцев, а за стручниот дел од темата ќе ...
Од денес, патниците, корисниците, гостите и персоналот на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе имаат на располагање дополнителна услуга и погодност – четири станици за полнење електрични возила. Оваа нова предност, која дополнително ја збогатува понудата на ТАВ Аеродроми, е овозможена од ЕВН Македонија и е во согласност со стратегиите за одржливост и континуирано подобрување на услугите за клиентите на ...
Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да одржи подготвителна седница за иницијативите поврзани со Законот за употреба на јазиците, па потоа да одлучува за уставноста на овој закон. Најпрво ќе повикаат странски експери за да ги слушнат нивните мислења, а потоа ќе одржат седница и да одлучуваат за измените. „Дали за еден, два, три месеци плус или минус, овој суд ќе донесе одлука“, рече претседателот на Уставниот суд Дарко ...
Финансиската едукација и финансиската вклученост се суштински за економскиот раст и општествениот развој, но и за граѓаните, бидејќи само финансиски едуцирано лице може да носи исправни одлуки за штедењето, кредитирањето и инвестирањето. Финансиската едукација е значајна и за целиот финансиски систем, бидејќи го намалува ризикот од презадолженост и со тоа придонесува за целокупната финансиска стабилност. Спроведувањето на Националната ...
Општина Центар информира дека заврши со процесот на украсување за Новогодишните и Божиќните празници. Оваа година, новогодишното украсување со бројни светлосни украси, елки и декоративни елементи поставени на најфреквентните локации во општината започна на 21 ноември со цел создавање празнична атмосфера која ќе донесе радост и топлина на жителите на општината, но и на сите граѓани. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека секоја ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), согласно своите законски надлежности, и оваа година спроведува процес на редовно ажурирање на регистрите на сметководители, овластени сметководители и правни лица кои вршат сметководствени работи. Процесот ќе трае до 20-ти декември, до кога сите физички и правни лица кои вршат сметководствени работи ќе треба да ги достават податоците и евентуалните промени, при што задолжително ...
Во случајот „Адитив“ на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се осомничени двајца поранешни директори на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра Станува збор за Васко Ковачевски, кој моментално не се знае каде е и неговиот наследник Васко Стефанов, кој вчера беше приведен на Граничниот премин „Табановце„. ПОВРЗАНИ ...
Вечерва на плоштадот во Скопје се поставува новогодишната елка. На плоштадот се донесени и дрвените куќички, но се уште не се ставени во употреба. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Од 30. ноември до 19. јануари „Зимзоленд“ во Скопје: Луна парк, концерти, лизгалиште… се на едно место Централното градско подрачје се уште не е новогодишно украсено. Предновогодишна атмосфера има само на Зимзоленд во Аеродром. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Галерија) Битола како новогодишна бајка ...
Од струмичките акционерски друштва „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“ преку Македонската берза информираа дека „Тотал инженеринг“, каде управител е струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, доставила понуда и проспект за нивно преемање. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Вице Заев сака да ги преземе „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“ „Тотал инженеринг“ сака да ги купи сите ...
На граничниот премин „Табановце„ во рамки на акцијата „Адитив“ полицијата го приведе Васко Стефанов, поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), наследник на Васко Ковачевски, кој се бара во рамки на истата акција, но се уште е недостапен. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра Засега нема официјални информации каде бил Стефанов, а медиуми објавија дека бил во соседна ...