Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрани, кој е во бегство, доби нова кривична пријава. Овојпат за фиктивни набавки тендери за набавки на телевизори и принтери. Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против него поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување, Соизвршителство за сторено кривично дело ...
И вработен во Финансиската полиција е осомничен за криминалот во Државна лотарија. Информацијата за државната агенција МИА, ја потврди директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски. Тој е уапсен и треба да биде спроведен на распит во Основното јавно обвинителство. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали Осомничени за криминалот во Државна лотарија за криминалот вреден ...
Радио Слободна Европа (РСЕ) објави дека е уапсен сопственикот на кумановската компанија „Ритрон копи“, Артан Ајрули, во рамки на друга истрага поврзана со работата на поранешното раководство на Државната лотарија. Станува збор за добиени тендери за набавка на телевизори за државното акционерско друштво. Се работи за фирма на млад кумановец, кој склучил договор за набавка на терминали за коцкање за потребите на Државна лотарија, пишува РСЕ. ...
Јакнење на конкурентноста, поттикнување на силен економски развој и реформи, зајакнување на приватниот сектор преку партнерства и соработка се во фокусот на организацијата Македонија 2025. Таа годинава реализираше над 45 активности кои беа насочени кон зајакнување на човечкиот капитал во Македонија како основа за развој во сите сфери на општеството и економијата, кон зајакнување на конкурентноста на компаниите и кон поттикнување и поддршка на ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова донела одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија, информираат од Нејзиниот Кабинет. За претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а членови се: проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, м-р Гена Теодосиевска, Дејан Георгиевски, Жарко Башески, ...
Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кој избега од Македонија, немал албански пасош, како што деновиве се шпекулираше, откако се појавија информации дека е во Албанија. Оваа за БИРН го вели Арта Сакја, советник за медиуми на албанскиот претседател Бајрам Бегај. Новинарите на БИРН во Албанија не нашле и никаков запис во тамошниот „Службен весник“ дека Груби добил албанско ...
И покрај сите предизвици со кои се носеше Алкалоид АД Скопје во текот на годината која изминува, компанијата презентираше успешни резултати во работењето, вели во обраќањето до јавноста и вработените во Алкалоид, генералниот директор на компанијата и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов. -Регистриравме ново друштво во Казахстан. Инвестиравме во истражувачко-развојна компанија за развој на биослични лекови во Јужна Кореја. Во ...
Македонскиот народен театар, најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија, ја испишува сопствената историја од 31 јануари 2025 година и достојно ќе го одбележи јубилејот – 80 години. „Чуварот на културните и традиционалните вредности низ годините преку репертоарската програма го чува и го негува театарскиот јазик и идентитет. По формирањето и натамошното постоење, поминува низ разни периоди: ...
Советот на Општина Битола го прифати барањето на Здружението на лиценцирани такси превозници со кое се зголемуваат цените на услугите за такси превоз во овој град. Одлуката ќе стапи во сила со објавување во општинскиот Службен гласник, со што ќе се овозможи сите такси превозници на старт да наплаќаат по 60 денари, а потоа во прва тарифа ќе се наплаќаат по 35 денари од изминат километар. Во втора тарифа 40, а тарифата за трета ноќна смена, ...
Македонскиот пејач Драги Иванов објави нова песна „Усни“. Тој е автор и продуцент на истата, а видеото е е реализаран со помош од Ѓорги Вацев, кој е одговорен за снимањето, колорот и целиот графички дизајн. За да се реализира видеото, како што вели, било потребно да му падне шеќерот, да јаде сникерс и да одмори пред воопшто да проба да го искачи Водно со велосипед, но му успеа. Подршка за прекрасното видео добил и од Ведран Андонов, негов ...
Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот, друштвото за внатрешен и надворешен промет Чезакомерц Симеон Роберто и Виктор ДОО Скопје купило дополнителни 56 акции и сега поседува 28.158 акции односно 6,22% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и ...
Случајот со криминалот во Државна лотарија, за кој од Основното јавно обвинителство соопштија дека е вреден осум милиони евра, останува во фокусот на јавноста и медиумите. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали За истиот се осомничени поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кој е во бегство, како и поранешниот директор на ...
Од ТТК Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека со Решение на гувернерката на Народната банка од 25. декември 2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување на проф. д-р Драгољуб Арсовски за член на Управниот одбор (УО) на ТТК Банка. -Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на Банката од 30.9.2024 година со која Драгољуб Арсовски е повторно именуван за член, тој исто така е избран и за претседател на ...
Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот друштвото за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн доо увоз-извоз Скопје, продало 15.000 обични акции издадени од Македонијатурист. Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Најголемиот акционер, ...
Карате клубот „Макпетрол“ со шест свои членови се најде меѓу добитниците на награди за најдобри спортисти што ги доделува Град Скопје. Во категоријата „Најуспешни спортисти во младинска категорија“, меѓу десетте најуспешни влегоа три припадници на скопската екипа. Второто место му припадна на каратистот Стефан Стојановиќ додека третата награда ја освои Витомир Трајковски. Листата од десет најуспешни ја комплетира Данило Божовиќ. Во сениорска ...
По остварените позитивни резултати на домашниот и на странските пазари, „Реплек АД“ и во следната година најавува раст во сите сегменти од своето работење, информираат од таму. Во 2025 година според бизнис планот компанијата планира раст на приходите од продажба за 25% во однос на остварените резултати годинава и тоа и на домашниот и на странскиот пазар. Таргетот за раст на приходите од продажба на странските пазари изнесува 26% или од ...
Единствено можно решение е уставни измени со одложено дејство. Тоа би било вин решение и за Бугарија, кажа меѓудругото македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во годишното обраќање во македонското Собрание, која повика на обединување во однос на евроинтеграциите и на консензус меѓу власта и опозицијата околу заедничките државни интереси. -Предложивме излезно решение дури и за едно нерационално барање. Со креативно интерпретирање ...
Со парите од криминалот во Државна лотарија, вреден осум милиони евра, меѓудругото се купувале и имоти во земјава и странство, откри во интервју за за Алсат М, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали Тој рече дека станува збор за многу тежок криминал во овој случај, во кој двајцата главни осомничени се поранешниот прв вицепремиер и министер ...
Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Македонија. Овој чекор, велат од групацијата, преставува значителна пресвртница во плановите на 4iG за да придонесе во модернизација на ...
Музичките љубители и почитувачите на француската култура ќе имаат уникатна можност да уживаат во магична музичка вечер на 26 декември 2024 година во Музејот на македонската борба со почеток од 20 часот. Младата и талентирана Јована Јанкулоска ќе го одржи својот прв самостоен концерт под наслов „Désir d’amour“ (Љубовен копнеж). „Темата на концертот е љубов, а француската музика е мојата инспирација уште од детството. Со овој концерт го ...
За поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, бегалецот Артан Груби, останува притворот кој го доби за кримналот во Државна лотарија вреден осум милиони евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали Оваа е последната официјална информација која ја соопштија македонските институции од кои се уште нема одговор каде избегал. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...
Скопјанецот Љ.Б. на возраст од 37 години пред неколку дена заработи кривична пријава, бидејќи се борел за Русите во Украина. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кривична и притвор за скопјанец кој се борел за Русите во Украина Кривичната ја доби поради сомнение за кривичното дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Во информацијата од Министерството за внатрешни работи, беше откриеа и сумата која ја добиваат платениците ...
Од Витаминка АД Прилеп преку Македонската берза информираа дека Друштвото се стекнало со 319 сопствени акции на 17. декември, што претставува 0,42% од вкупниот број на акции. -Вкупниот број на сопствени акции кои ги поседува Друштвото се 2.785, што претставува 3,63% од вкупниот број на акции од издавачот Витаминка, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Витаминка со раст на добивката за 58% во третиот квартал За менаџментот на Витаминка лани 41,1 ...
Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Душан Пецовски, претседател на Управниот одбор и генерален директор на Реплек, се стекнал со 5 нови акции, и сега поседува вкупно 31.620 или 12,20% од вкупниот број на акции. Акционерот со над 5%, компанијата Настел ДООЕЛ пак продала 3.357 акции, и сега поседува вкупно 17.866 или 6,89% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Настел повторно продаде акции на ...
Од Кривичниот суд Скопје вчера информираа дека останува притворот од 30 дена за поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој е во бегство. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Останува притворот за бегалецот Груби, Кривичен му ја одби жалбата Тој е еден од осомничените за криминалот во Државна лотарија, вреден осум милиони евра. Се уште нема официјална потврда каде точно се наоѓа. Пред неколку дена на распит ...
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) нема да ги гони поранешните функционери Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески за упадот во македонското Собрание од 27. април 2017 година, за случајот познат како „организаторите на 27 април“. Обвинителството смета дека тие треба да бидат опфатени со Законот за амнестија од 2018 година и за нив судењето треба да запре. „Обвинетите бараат примена на ...
Маж на возраст од 29 години од Кавадарци му се заканувал на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев и неговото семејство. Како што информираа од СВР Велес, тој е приведен синоќа, бидејќи подолг временски период упатувал закани за Јанчев и неговото семејство на социјални мрежи. Тој бил задржан во полиција и по документирање на настанот ќе добие соодветна пријава. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кавадарчанецот кој ја загрози сигурноста на ...
Останува притворот од 30 дена за поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кој избега од Македонија. Основниот кривичен суд Скопје ја одби неговата жалба и притворот ќе важи од денот кога тој ќе биде достапен за органите на прогонот, информираа од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Адвокатот на бегалецот Груби вели дека тој не направил кривично дело Тој е еден од осомничените во случајот со ...
Жена од Скопје починала откако вчера била прегазена од автомобил. Станува збор за В.М. (72), во која на крстосницата од булеварот.„Партизански одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“ удрило патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(30) од Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи. Жената со тешки телесни повреди била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, па била препратена во ...
Повеќе од половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Македонија очекуваат подобрување на економската активност во нивниот сектор во текот на наредната година, покажува истражувањето спроведено во рамки на Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АПП). И покрај инфлацијата и растот на цените кои и понатаму претставуваат главен предизвик за стопанството, голем дел од менаџерите изразуваат умерен оптимизам во ...