
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Поради масовното иселување на младите и празнење на училиштата, во државата има вишок на наставници, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. „Лично сметам дека наставник не може да биде вишок. Ние, треба само да ги направиме функционални. Кога ќе направиме нормални паралелки, не паралелки од по 10 или 15 ученици, туку кога ќе ги сведеме на 20 ученици, наставникот што е вишок ќе продолжи да работи во втората половина на денот ...
Деветте нови лекови на позитивната листа, во аптеките ќе бидат достапни од 16 септември, најави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. Листата ќе се проширува со помош на Светска здравствена организација (СЗО). „Ние подготвуваме платформа заедно со СЗО која што ќе обезбеди транспарентност на целиот процес при идното проширување на лековите. Исто така, препораки ќе имаме од СЗО, меѓутоа и од експертите внатре во државата. Ние би сакале ...
„Граѓаните, политичките партии, изминатите повеќе од три децении многу пати покажаа волја, но прашањето е дали во Брисел има волја да се реши овој проблем. Затоа што ако во Брисел има волја, тогаш има и начин. Евроинтегративниот процес е двонасочна улица“, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Алсат М“. Мицкоски рече дека треба да се знае што е тоа што Европската Унија го планира со ...
Владата го достави до Собрание Законот со кој државата ќе се задолжи кон Унгарија за 500 милиони евра. Утре се очекува да се гласа потребата од донесување на Законот, по што ќе расправаат матичните комисии за финасирање и буџет и законодавно правната комисија. Парите од кредитната линија се обезбедуваат со камата од 3,25 отсто, 15 години отплата и 3 години грејс-период. Реализацијата ќе се спроведува од Развојната банка, а на крајните корисници ...
Никогаш не знаете колку ви се важни работите што со години се дел од животот додека не се соочите со нивната загуба. Оваа сурова вистина ја научивме на најтежок можен начин, кога нашиот дом беше уништен од пожар. Тоа беше домот каде што моето семејство живееше повеќе од три децении, полн со спомени и вредни предмети кои го обележаа нашиот живот. Се сеќавам на денот кога се случи. Се вративме од прошетка и ја видовме нашата куќа опколена од ...
Билјана Стефаноска е нова директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Таа денеска ја преседе функцијата од в.д. директорката Јасмина Лескаровска. Стефаноска, информираа од агенцијата, се обврзала дека посветено ќе работи и ветила одговорност, отчетност и транспарентност. Досегашната директорка Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што следува, и ...
Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Пецовски Владимир се стекнал со 3 нови акции, со што сега поседува вкупно 16.413 или 6,33% од вкупниот број на акции. Акционерот со над 5%, компанијата Настел ДООЕЛ пак продала 99 акции, со што сега поседува вкупно 21.753 или 8,39% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Настел продаде, Душан и Владимир Пецовски купија акции на Реплек Владимир Пецовски и Коста ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска преку писмено соопштение апелира граѓаните што сè уште имаат возачки дозволи со старото уставно име на државата навреме да ги заменат со нови. Старите возачки се со важност до 31 декември годинава, кога истекува и рокот за нивна замена. „Сите капацитети на Министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки ...
Ванчо Ѓорѓиев е избран за нов претседател на Комисијата за историски прашања, на местото на досегашниот Драги Ѓоргиев, кој повеќе не е дел од ова тело. Ѓорѓиев, кој е професор на Факултетот за историја порано беше член на комисијата, но ја напушти во 2021 тврдејќи дека имало политички притисоци во нејзиното работење. Во новиот состав на комисијата е и историчарот Александар Литовски, кој беше член на историската комисија во периодот 2018 до ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок ќе замине во официјална посета на Бугарија, а информацијата ја потврди министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој заедно со министерот за култура, Зоран Љутков, ќе бидат дел од делегацијата што ќе ја предводи претседателката. Муцунски изјави дека се договараат деталите околу форматот на средбите. Тој оцени дека ваквата посета доаѓа во период кога помеѓу Софија и ...
Албанија во октомври ќе одржи меѓувладина конференција со Европската Унија (ЕУ), што значи дека и официјално ќе ги стартува преговорите, а можеби и Македонија, најави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на меѓупарламентарната конференција за Заедничката надворешна и безбедносна политика и Заедничка безбедносна и одбранбена политика во Будимпешта. Како што пренесува српска „Политика“, Вархеји рекол дека ЕУ треба да ги продолжи преговорите ...
Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година покажува дека четирите телевизии на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа (Компани 21-М, Шења, Клан и Сонце) и двете телевизии на државно ниво преку сателит (24 Вести и Наша ТВ) лани заедно остварила загуба во износ од 112,6 милиони денари и тој резултат е најлош во периодот од 2018 година наваму. -Најголема загуба прикажале ...
Осум дена во Германија е исчезната 25-годишната Наташа Соврановски, по потекло од Македонија. Таа сo нејзиното семејство живее таму, а последен пат е видена на 2. септември. Нејзиниот семејство преку социјалните мрежи апелира за помош, а ако некој има информации, да пријави на +49 1573 4580153 или директно да ја контактира полицијата. Исчезнала во Завелштајн. Висока е 180 сантиметри, има темно кафеава коса и кафеави очи, а има и тетоважа на ...
Кралското семејство преку социјалните мрежи објави дека принцезата од Велс, Кејт Миделтон го завршила третманот со хемотерапии. Преку видео, Миделтон објаснува низ каков процес таа и нејзиното семејство поминале за овие девет месеци, но истовреме дава поддршка на сите оние кои се борат со рак. „Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот како што знаете може да се смени за миг и моравме да најдеме начин да се ...
СВР Охрид до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против девет лица по член 235 став 3 од Кривичниот законик поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба”, а против две од овие лица е поднесена и кривична пријава по чл.382 „спречување службено лице во вршење на службено дејствие”. Сите девет лица се лишени од слобода и со кривичната пријава се предадени во ОЈО Кичево за понатамошна постапка. „Имено, вчера (08.09.2024), во ...
40-годишен кумановец загина, откако со мотор излетал на патот Битола-Ресен. „Вчера во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С.. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот“, информираат од ...
19-годишно момче се шетало со пиштол и куршуми во него, полицијата го привела. „На 08.09.2024 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(19) од с.Морани, скопско, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „зораки“, една рамка и 61 куршум. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок,“ велат од МВР. ...
Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година покажува дека терестријалните телевизии на државно ниво Алфа, Алсат-М, Канал 5 и Сител лани оствариле добивка, додека Телма работела со загуба. -Финансискиот резултат на сите пет телевизии заедно изнесувал загуба од 7,81 милион денари, стои во анализата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колкави приходи имале лани Сител, Алфа, Телма, Канал 5 и Алсат М МРТ лани со загуба од ...
Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година покажува дека терестријалните телевизии на државно ниво – Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани заеднички оствариле вкупни приходи во износ од 1.106,93 милиони денари, а потрошиле вкупно 1.103,39 милиони денари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Алфа, Алсат М, Канал 5 и Сител лани со добивка, Телма со загуба Највисоки вкупни приходи остварила ТВ Сител (474,04 милиони ...
Финансискиот резултат од работењето на МРТ во 2023 година бил загуба во износ од 131,77 млиони денари, покажува анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година. Од рекламирање МРТ остварила 12,28 милиони денари, што претставува 1,2% од вкупните приходи. -Овој вид приход е за три пати помал отколку во претходната година, кога биле остварени вкупно 37,63 милиони денари. Ваквата состојба, како што е ...
Во петокот во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред авто школа на подрачјето на Бит Пазар, откако со возило бил удрен малолетник од Скопје, возачот од возилото физички го нападнал. Потоа, според пријавеното, откако малолетникот се пожалил на неговата мајка Ѓ.Ј.(39) од Скопје, таа дошла и од службена просторија на авто школата била истуркана надвор и физички била нападната од истото лице. Се преземаат мерки за ...
„Како нација имаме две големи цели. Првата мораме да го победиме разочарувањето кај секој еден човек кој е напластено од сите претходни порази и неуспеси. Втората е уште поголема цел, а тоа е да го сузбиеме криминалот и корупцијата метастазирана во сите делови од општеството“, порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на Свечената академија по повод 8 септември – Денот на независноста. Премиерот Мицкоски изјави дека денес голем ...
Средношколец агресивно се однесувал кон вработени во училиштето во кое учел и оштетил инвентар. “На 6 септември во 20 часот и 20 минути во СВР Скопје е пријавено дека во 16 часот и 50 минути, во средно училиште на подрачјето на Општина Аеродром ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените на училиштето и им упатувал закани. Потоа оштетил и дел од инвентарот. Известен е јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за ...
Пожарот кој беснееше во Мариово, делумно е ставен под контрола поради дождот. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека дождот значително помогнал во гаснењето на огнената стихија во Мариово. Сепак, огнот продолжува да тлее на неколку локации, каде пожарникарите и спасувачките екипи неуморно се борат со преостанатите жаришта. „Дождот кој заврна во прилепско помогна во гаснењето на пожарот во мариовскиот крај. За жал, огнот сѐ ...
„Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел, едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата на 10 септември ќе го отвори четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на Македонија. Проекцијата на филмот има музичка придружба во изведба на пијанистот Милош Станојевиќ, еминентен српски пијанист и добитник на повеќе награди на државни натпревари во Србија. Една од најиконичните сцени во историјата на киното – ...
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата денеска организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, во 13:00 часот. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со ...
Пожарот во прилепско Мариово е најголем, најкомплициран и најтежок за гаснење, оцени директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Ситуацијата е критична, бидејќи е зафатена површина од околу 16.000 хектари, а периметарот на огнената линија изнесува 110 километри. На овој пожар утрово биле упатени 100 припадници на Армијата, 25 припадници на специјалната полициска едница „Тигар“, триесетина вработени во „Национални шуми“, како и два тима на Дирекцијата ...
Ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и Уставот, албанскиот јазик ќе се унапредува, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши во интервју за Лајм. Според него, употребата на албанскиот јазик не е на посакуваното ниво и политичката битка на албанските партии треба да биде за целосно изедначување на албанскиот со македонскиот јазик. „Идејата на Охридскиот договор беше албанскиот јазик да биде официјален на државно ниво и затоа сум ...
Првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев ќе биде промовирана на 25 септември (среда), во 19 часот, во „Литература.мк” во „Дајмонд мол”. Долгоочекуваната книга, чиј автор е доајенот на спортското новинарство Зоран Михајлов, е издание на „Арс Либрис”, дел од „Арс Ламина – публикации”. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Љубомир Кекеновски и поранешниот фудбалер и соиграч на Панчев, Васил Рингов, а модератор ќе биде ...
ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство. „На 06.09.2024 во 7.43 часот Ѓ.Б. пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен ...