Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Фатмир Дехари (51), заработи нова кривична пријава. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кичево поднело кривична за него поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик. -Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при ...
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска полициски службеници од Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ги лишиле од слобода Н.Р. (51) од Куманово, поранешен директор на Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро Берза“ Скопје, Р.А. (61) од Тетово, поранешен директор на Агенцијата за стоковни резерви Скопје, Т.К .(55) од ...
На сајотот на Министерството за внатрешни работи е објавена потерница за Ремзи Мифтари, одговорниот за транспорт во „Дурмо турс“, кој е осуден на затворска казна од 10 години за несреќата кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица. Тој беше осуден во мај, но неколку пати го одлагаше одењето во затвор во рокот што му беше даден. На 18. ноември од Основниот суд Гостивар беше побарано присилно приведување на Мифтари, но полицијата не успеа да го ...
Владата денеска именуваше повереници за општините Маврово Ростуше, Центар Жупа, Врапчиште и Гостивар, во кои на локалните избори не се избраа градоначалници, и каде на 11. јануари ќе има гласање од почеток. Причината беше што во тие општини не беше исполнет цензусот за излезност од 33,33%. Онер Јакупоски е именуван за повереник за општина Маврово Ростуше, Аријан Ибраим за повереник за Центар Жупа, Буњамин Кадриу за Врапчиште и Фадил Џелили за ...
Неколку лица кои кобната вечер на 16. март биле во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, неколку месеци по трагедијата пријавиле проблеми со дишење и други здравствени проблеми, информираше вчера на второто рочиште јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, Борче Јанев. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинетите за трагедијата во Кочани не се изјаснија за вина, нивните адвокати го нападнаа обвинението Тие немале никакви повреди или симптоми во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска прашан за реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи и тамошниот претседател Румен Радев за нападот за кој поранешниот новинар и публицист, Владимир Перев, припадник на бугарската заедница во Македонија, тврди дека бил направен врз него во маркет во Скопје, рече дека таков напад немало. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Во маркет во Скопје нападнат поранешниот новинар Владимир Перев, припадник на бугарската ...
Адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски се тројцата кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), во Стразбур, Франција. Од Комисијата за избор информираа дека за кандидатите се гласало тајно, двајца од избраните добиле по пет, а еден четири гласови. Нивните имиња до крајот на неделата треба да бидат испратени до експертскиот панел на Советот на Европа, кој ќе ја даде ...
Познати се имињата на кандидатите за нови министри од владејачката коалиција “Вреди„. Како што е веќе познато нов прв вицепремиер, како и министер за европски прашања, ќе биде поранешниот министер за здравство Беким Сали. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Беким Сали, кој ќе биде прв вицепремиер Тој доаѓа на местото на Изет Меџити, кој стана градоначалник на скопската општина Чаир на последните локални избори. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Изет Меџити, новиот ...
Поранешниот министер и заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и другите четири осомничени за случајот со злоупотреби во Агенцијата за стокови резерви, останаа без пасоши. Тие додека трае истрагата треба редовно да се јавуваат и во суд. Освен Димковски, во случајот се осомничени и поранешните директорите на Јавното претпријатие „Агро берза“ и на Агенцијата за стокови резерви, вешто лице и раководител во ...
Аце Боцевски-Циганот, кој 28 години, Македонија, го бара со меѓународна потерница за убиство, нема да биде екстрадиран од Грција, откако судот во Солун одлучил дека случајот е застрен и му ја укинал мерката притвор, пренесе грчката државна агенција АНА-МПА. Тој пред Судот тврдел дека бегството од Македонија било поради политички притисоци, дека работел во обезбедувањето на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров и дека се чувствувал ...
За синоќешното одложување на финалето на ЕХФ Европскиот куп помеѓу Алкалоид и грчки АЕК, се огласија и од македонскиот клуб, од каде се заблагодарија за подршката од навивачите. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Не се одигра мечот помеѓу Алкалоид и АЕК, управата на грчкиот клуб не им дозволи на играчите да излезат на терен -За жал, не по наша вина, финалниот натпревар со РК АЕК од Атина не се одигра поради тоа што противничкиот тим не сакаше да излезе на терен ...
Спортската, но и пошироката јавност е во шок, а социјалните мрежи се преплавени со негативни реакции за вчерашното одложување на натпреварот на ЕХФ Европскиот куп помеѓу македонскиот ракометен клуб Алкалоид и грчкиот АЕК. Како што е познато во салата „Борис Трајковски“ на терен не излегоа грчките играчи, оти тоа не им го дозволи управата на тимот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Не се одигра мечот помеѓу Алкалоид и АЕК, управата на грчкиот клуб не им дозволи ...
Можна креативна дипломатија за закочениот европски пат на Македонија во Виена, Австрија, најави македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Радио Слободна Европа. „Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за Европската унија (ЕУ) е политиката на проширување да се спроведе“, вели претседателката, според која министерката за европски и ...
Синоќа како што е познато не се одигра финалниот натпревар на ЕХФ Европскиот куп помеѓу македонскиот ракометен клуб Алкалоид и грчкиот АЕК. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Не се одигра мечот помеѓу Алкалоид и АЕК, управата на грчкиот клуб не им дозволи на играчите да излезат на терен За откажувањето на натпреварот грчкиот клуб ги обвини македонските власт или како што ги нарече во соопштението “локалните власти“, иако причината е што грчките навививачи дошле ...
Синоќа во Скопје не се одигра финалниот натревар во ЕХФ Европскиот куп помеѓу македонскиот ракометен клуб Алкалоид и грчкиот АЕК, бидејќи управата на грчкиот тим не им дозволи на своите играчи да излезат на терен. Причината беше тоа што ги немаше нивните навивачи. Како што веќе објавивме, наместо 200, како што било договорено, за Скопје тргнале повеќе, па биле вратени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Не се одигра мечот помеѓу Алкалоид и АЕК, управата на ...
Вечерва во Скопје не се одигра финалниот натревар од ЕХФ Европскиот куп помеѓу македонскиот ракометен клуб Алкалоид и грчкиот АЕК, бидејќи управата на грчкиот клуб не им дозволи на играчите да излезат на терен, поради закани од грчките навивачи. Во салата „Борис Трајковски“ можеше да бидат присутни само 200 грчки навивачи, како што било договорено пред неколку дена, но за Скопје тргнале плус навивачи кои неофицијално биле вратени од патерина. ...
Во сообраќајка која се случи на 23. мај загинаа 47-годишниот полковник Стефан Ивановски и 32-годишната Ана Нешковска, вработена во Министерството за одбрана. Несреќата се случила на крстосницата на Булеварот „8 септември“ и Булеварот “Никола Карев“ во близина на карсната “Илинден“, откако моторциклот на кој биле двајцата излетал од коловозот и удрил во бетонски столб, информираа од полицијата. Ивановски е поранешен припадник и командант на ...
Вицепремиерот Арбен Фетаи на вонредно Собрание на крилото на поделената Алијанса за Албанците (АА), предводено од Арбен Тарвари е разрешен од партиската функција – претседател на Собранието на крилото. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е вицепремиерот Арбен Фетаи, кој останува во Владата и го напушти Таравари Оваа следи откако Фетаи го напушти крилото на Тарвари и одлучи да остане во Владата. За нов претседател на Собранието на крилото е избран Назим Таипи. ...
Актуелните градоначалници на скопски Центар, Горан Герасимовски и на Крушево, Томе Христовски, се сигурни кандидати за градоначалници на опозициската СДСМ на престојните локални избори, кои треба да се одржат во октомври, информираше лидерот на партијата, Венко Филипче. Тој информираше дека партијата веќе имала потвредни коалициони партнери, без да открие повеќе детали, дека се уште немал средба со Арбен Тарвари, кој предводи едно од крилата ...
Комисијата за одлучување по прекршок (КОП) при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) по поведена прекршочна постапка донела решение за изрекување прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) заради давање неточни, нецелосни податоци и податоци кои можат да ја доведат во заблуда КОП, информираа од КЗК. Како што се наведува во соопштение од КЗК, Комисијата по допрен глас повела постапка против Сојузот на ...
Витаминка годинава е дел од 4. издание на China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair (Меѓународен саем за потрошувачки производи), кој се одржува од 22 до 25 мај 2025 година во Нингбо, Кина. Настанот, кој претставува единствен национален институционален саем во Кина посветен на соработката со земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), на едно место собира стотици компании, со цел унапредување на трговијата и економската ...
Маж на возраст од 42 години загина откако со товарно возило „рено мастер“ излетал од коловозот и удрил во заштитна ограда на експресниот пат Прилеп-Градско. Се работи за лицето А.Ѓ. од Крива Паланка, а несреќата се случила пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес. Со тешки телесни повреди завчера тој бил пренесен во Општата болница во Велес, каде што во 01.30 часот вчера починал. По несреќата М.В. (44) од скопското село Трубарево, кој ...
Денеска во Кочани се одржа седмиот „Марш за ангелите“. Семејствата на настраданите преку транспаренти порачаа дека „Моќта на луѓето е посилна од луѓето што се на моќ“,„Не чекајте катастрофа, дејствувајте сега“, „Ефективен притвор“ „Секој може да е следен“, „Системот убива“. „Нашиот глас е гласот на оние кои трагично заминаа во огнот. Молк што зборува повеќе од илјада зборови, ама нема да трае вечно како вашето судење,“ порачаа родителите. ...
„Виз ер“ најавува нова рута од Охрид до Базел, Швајцарија, која започнува со работа овој октомври. Билетите се веќе во продажба со почетна цена од 1.299 денари во еден правец (вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба). Оваа нова рута им овозможува на патниците лесен пристап до град познат по својата стратешка локација на крстопатот меѓу Швајцарија, Германија и Франција, нудејќи лесен пристап до повеќе европски дестинации. ...
Скопскиот Брас Фестивал, чија што идеја е промоција на лимените дувачки инструменти како и унапредување на методите на изучување на истите, оваа година ќе се одржи со свое пролетно и есенско издание. „Во пролетното издание ќе се одржат три настани, а како главен настан е гостувањето на квартетот туби XL од Хрватска на 28 мај во малата сала на Филхармонија. Составот е навистина невообичаен, поради не толку познатата солистичка природа на ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ја посети базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, по повод чествувањето на Св.Кирил и Методиј. „Особено е значајно за нас, оти тоа е местото каде што светите браќа ја носат глаголицата и каде што за прв пат се одобрени словенските богослужбени книги. Положив венец пред спомен-плочата на македонски јазик, поставена во сеќавање на големите дела на светите браќа Кирил и Методиј, втемелувачите на ...
Штипска Апелација го пушти од притвор Шабан Салиу, осомничен во случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, пишува „Скопје1“. За разлика од претходните ослободувања кои дојдоа по предлог на Обвинителството, овојпат, тие се уште немаат добиено ниту решение. За тоа време, Салиу, веќе може да се шета слободно, а како мерка на претпазливост му е одземен само пасошот и треба да се јавува во скопскиот Кривичен суд двапати неделно. Салиу има ...
Овие двајца браќа, благородни по срце и ум, ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски на прославата на споменот и делото на Св.Кирил и Методиј. “Свети Кирил, со духовна проникливост, ја создаде глаголицата, првото словенско писмо, кое подоцна, со трудот на учениците, ќе се развие во кирилицата — нашето писмо. Неговиот брат, Свети Методиј, како мудар учител, се бореше ...
По четиригодишна пауза, од 27 октомври 2025 година, граѓаните повторно ќе можат да патуваат од Скопје до Ларнака, Кипар, преку директни летови на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“. Синоќа, на прославата на 15-годишнината на ТАВ Македонија, министерот за транспорт и врски Александар Николоски, најави дека е потпишан договор за субвенции за 11-тата дестинација од скопскиот аеродром – но без да ја открие дестинацијата. Сега е јасно: станува ...
Отворени се две нови телефонски линии за информирање на граѓаните и здравствените лица со мајмунските сипаници. Граѓаните можат да добијат информирации на телефонскиот број 076/233-791, а здравствените работници на 076/233-792. Од Институтот за јавно здравје информираат дека епидемиолози исконтактирале со лицата кои биле во контакт со позитивните лица со Mpox и оти тие немаат никакви симптоми на заболување. Двете лица кај кои е констатиран ...