Македонијатурист АД Скопје во првите девет месеци од годинава има драстичен раст на добивката. Од Друштвото преку Македонската берза информираа дека од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности, остварило добивка по оданочување од 159,75 милиони денари. Во истиот период претходна година добивката била 72,37 милиони денари. Вкупните приходи за овој период изнесуваат 400,85 милиони денари и ...

Нови случаи на „исчезнување„ на работници од Непал во Македонија. Станува збор за К.Д.Б. (25) и Т.М.А. (34), кои работеле во скопски Аеродром во приватна фирма, информираа од Министерството за внатрешни работи. Изминативме месеци од Македонија „исчезнаа“ голем број на работници од Непал, во различни градови, кои се дојдени во земјава за да работат. Повеќе од очигледно е дека голем број од работниците од Непал доаѓаат во Македонија за да пребегат ...

Топ тема во соседна Грција е смртта на четири бебиња, за што е отворена истрага, а шокантниот факт е дека во моментов на нивната смрт секогаш е присутна 24-годишна девојка. Две од децата се нејзини, а две на нејзини пријателки. Првото бебе, новороденче на девојката, под сомнителни околности, починало во јуни 2022 година. Една година подоцна починала и нејзината втора ќерка, која имала само два месеци. Во август годинава починало 15-месечно ...

Тетекс АД Тетово во првите девет месеци од годинава остварил добивка од 11.455 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Истиот период лани добивката изнесуваше 40.378 илјади денари. Остварените приходи од продажба на производи и услуги изнесуваат 43.745 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на материјали, готови производи и стоки. Во финансиските приходи ...

Девојка на возраст од 21 година вчера со возило прегазила 77-годишна жена, која подоцна починала во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Несреќата се случила на локалниот пат кон селото Горно Којнаре, кумановско, кога С.П. од Горно Којнаре, која управувала со возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, удрила во починатата С.Ѓ. од селото Матејче, липковско, информираа од Министерството за внатрешни работи. Девојката се здобила со ...

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 година. НЛБ Банка оствари нето – добивка во износ од 44.178 илјади евра, што претставува зголемување за 11,6 % во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите од 6,9 % и раст на депозитите од 8,1 % споредено со истиот период претходната година. ...

На само неколку недели до претстојната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 12 ноември во големата сала на Националната опера и балет во Скопје, настанот ветува ден исполнет со инспиративни говори, панел дискусии и студии на случај преку кои ќе се „отплеткуваат“ можностите што ги нуди е-трговијата. Учесниците ќе имаат уникатна можност да го слушнат искуството на интернационалните и домашните индустриски експерти кои го искористуваат ...

Висока посветеност на добросостојбата на вработените и континуирано надградување на системот за безбедност и здравје во работата, е еден од приоритетите на Титан УСЈЕ. Добрата пракса на компанијата, денес беше наградена со највисокото признание во областа – Национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа во 2024 година. Титан УСЈЕ е една од добитничките на оваа награда и тоа во категоријата компании до 250 ...

Од следната година ќе бидат отворени шест нови авионски линии, до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул, кои ќе ги субвенционира државата, а се избрани на неодамна објавениот оглас. Четирите нови авионски линии се од скопскиот аеродром, од каде два пати неделно ќе се лета на релацијата Скопје-Дубаи-Скопје (од 30. март), Скопје-Барселона-Скопје (од 30. јуни), а по три пати неделно ќе се лета на линијата Скопје-Лион-Скопје (од 30. ...

Во моментов цената на метар квадратен во Охрид се движи од 1.500 до 3.500 евра, зависно од локацијата, објави телевизијата 24, која јавува за градежна експанзија во македонскиот туристички центар. Зголемената побарувачка според телевизијата, драстично ја кренала цената, но и апетитите на инвеститорите. Пракса е и понатаму најмногу да се купуваат станови за туристички цели кои се издаваат во сезона и стојат практично неискористени девет месеци. ...

Момче на возраст од 15 години доцна синоќа извршил терористички напад на полициската станица во Босанска Крупа, Босна и Херцеговина. Убиен е полицаецот Огњен Маран од Босански Нови, а ранет е Авдо Хасановиќ, полицаец од Босанска Крупа, пренесуваат босанските медиуми. Момчето влеголо во полициската станица и прво со нож го нападнал Маран, кој веднаш им подлегнал на повредите, а потоа Хасановиќ, кој се здобил со повреди и е пренесен во ...

Од ОКТА АД Скопје преку Македонската берза информираа дека ЕЛ.П.ЕТ. – Балканики аноними етериа петрелеу, мнозинскиот сопственик на компанијата, ја зголемил својата сопственост за 276 акции, достигнувајќи вкупно 724.155 акции, и сега поседува 85.56% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ “Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 241 акции на ОКТА “Балканики аноними етериа петрелеу“ купи нови акции на ОКТА “Балканики аноними етериа ...

Вабтек МЗТ АД Скопје за периодот јануари – септември 2024 година остварил негативен финансиски резултат, нето загуба по оданочување во износ од 48.130 илјади денари, информираа од таму преку Македонската берза. За овој период Друштвото остварило оперативни приходи во износ од 2.137.124 илјади денари, кои бележат пораст од 23% во однос на истиот пресметковен период од минатата година. Вкупните оперативни расходи изнесуваат 2.032.644 илјади денари ...

Рокот за автопатот Кичево-Охрид, кој се гради повеќе од 10 години, повторно може да се одложи, најави заменик директорот на Јавното претпријатие Државни патишта, Назим Таипи. „Работите треба да завршат до 2026 година, но поради некои проблеми како свлечишта, прашањето за некои обештетувања, работите може да се одложат“, изјави Таипи за емисијата „Daily Click“ на ТВ21. Тој најави и дека следниот месец треба бидат пуштени 2 километри од патот ...

Современ дом АД Прилеп во првите девет месеци од годинава остварил добивка од 12.123 илјади денари и споредбено со истиот период од минатата година истата е намалена за 0,02%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Во овој период Друштвото остварило вкупни приходи од 76.646 илјади денари, кои се помали за околу 20% во однос на истиот период во 2023 година. Вкупните расходи изнесуваат 64.523 илјади денари и истите се намалени за околу 23% во ...

Скопски пазар АД Скопје за периодот јануари – септември 2024 година остварил добивка од 352.015 илјади денари, што преставува зголемување од 347% во однос на истиот период од минатата година, информираа од таму преку Македонската берза. Остварени вкупни приходи за овој период изнесуваат 550.030 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 110%. Вкупните расходи изнесуваат 198.015 илјади денари ...

Едукативните средби, преку кои родителите имаат можност подобро да се запознаат со булингот, продолжуваат в петок во Општина Аеродром. Во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, на 25 октомври со почеток во 18 часот ќе се одржи работилница во основното училиште „Љубен Лапе“. Ова е трета ваква средба, по општините Центар и Куманово. Работилници со ваква тема изминатава година беа ...

Синоќа е запален автомобилот на Благој Серсемов, новинар и сопственик на локалната телевизија и онлајн медиум, М-нет, од Штип. Возилото било запалено во дворот на неговата семејна куќа. Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудија вандалскиот чин, посочувајќи дека сторителите ризикувале да нанесат и поголема штета во смисла на изложување на потенцијален ризик по безбедноста на членовите на семејството на Серсемов и на ...

Членот на криминалната скопска група “Барон“, Акиф Бејадин Равманоски од Арачиново или попознат како Акиф Јусуфи, откако пред некој беше помилуван од македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, денеска е уапсен за обид за убиство. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Помилуваниот член на криминалната група „Барон“ јавно и се заблагодари на Сиљановска Давкова 29-годишниот Равманоски, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), е ...

Известувач од Нојшател, Швајцарија за емагазин.мк, Силвана Жежова На 9 октомври се одржа Technovation, конференција, која Филип Морис Интернешнал (ФМИ) традиционално ја организира во научно-истражувачкиот центар во Нојшател, Швајцарија. Првите луѓе на компанијата од целиот свет, дискутираа во која насока ќе се движи тутунската индустрија во следните 10 години, што е направено во изминатите 20, но најважната порака за денешницата е пушачите да ...

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на средбата со премерот Христијан Мицкоски во Владата, уште еднаш го потсети за уставните измени. „Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе ...

Градоначалниците на општините Струмица и Карпош, Костадин Костадинов и Стевчо Јакимовски најавија дека ќе ја напуштат Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). „Општина Струмица од денеска се откажува од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а градоначалникот Костадин Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор. Напуштањето на ЗЕЛС е во знак на револт заради индиферентниот однос ...

На 1 ноември 2024 година, во 19 часот, Националната опера и балет во Скопје ќе биде домаќин на изложбата „Carra,“ новото дело на уметникот Бојан Ковски. Оваа изложба, инспирирана од незаборавната италијанска икона Рафаела Кара, ја претвора телесната уметност во живописен омаж на нејзината уметност и енергија. Но, ова не е обична изложба. „Carra“ е експлозија на движења, бои и форми, каде телото станува платно, а секој потег – песна што не се ...

Атлантик Група во првите девет месеци од 2024 година оствари приходи од продажба во износ од 798,5 милиони евра, што во споредба со истиот период минатата година претставува раст од 10,6%. Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) порасна за 33,1% на 97,3 милиони евра, додека нето добивката порасна за 22,3% и изнесува 44,7 милиони евра. „Атлантик Група“ во првите девет месеци од 2024 година продолжува со одличите резултати. Како ...

Во агендата на моделите помеѓу другите работи стојат и датуми каде мора во точно време да се појават па дури и да се претходно на другата страна на светот. „Тоа се случи со нашиот интернационален модел Џоја како што милуваат да ја ословуваат во светските модни центри. Додека престојуваше и работеше во Париз и стигна итен мејл дека мора да се појави во Рим за да ја изработи кампањата на брендот Мона за претстојната сезона. Снимањето и ...

Листата на помилувани осудени лица од страна на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, за 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, продолжува да ја бранува јавноста. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова На истата освен член на криминалната скопска група „Барон“, што предизвика најголемо внимание и реакции, се најде и Живко Делиџаков од селото Богородица, кој доби скратување на ...

Државното акционерско друштво Аеродроми на Македонија доби нов Надзорен одбор (НО), информираа од таму преку Македонската берза. За нови членови на НО се избрани Бејтула Демири, независен член, Берат Даути, независен член, Ангела Нушева, Мартин Корубин и Целе Најдески. Разрешени се Зејнел Куч, Хатиџе Топали, Кирил Петров и Мухарем Имеровски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ М-НАВ доби нов претседател на Надзорниот одбор М-НАВ доби нов Управен одбор и директори ...

Македонската преседателка Гордана Сиљановска Давкова, која за за 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба го помилува Акиф Бејадин Равманоски од селото Арачиново, член на скопската криминална група “Барон“, познат и како Акиф Јусуфи, на Инстаграм доби јавна благодарност од него. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова Со одлуката на претседателката затворската казна на Равманоски е заменета со условна ...

Исчезнатиот 60-годишен стружанец К. М., кој исчезна во реонот на селото Брчево пред три дена, вчера е пронајден мртов. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Потрага по стружанец, два дена се води за исчезнат во реонот на село Брчево Неговото беживотно тело, без траги на насилство, било пронајдено во атарот на струшкото село Глобочица, информираа за државната агенција МИА од СВР Охрид. Неговото тело е дадено на обдукција. Починатиот на 20. октомври излегол од својата ...

Одлуката за помилувања на осудени лица на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, предизвика лавина од реакции во јавноста. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова На истата се најде и член на скопската криминална група „Барон“, Акиф Рваманоски, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани, братот на Шенки Версаче, како и поранешниот ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
6.69
30%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
40%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
38%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 24ᴼ
6.69
33%
1017
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
8.63
24%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
57%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
4.12
44%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
33%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
28%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
35%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
6.69
32%
1013
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762