Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот извештај за глобалните економски изгледи, на Македонија годинава и предвидува растот на реалниот домашен бруто производ (БДП) од 2,2 отсто, а во наредната од 3,6 отсто. Со овој раст, кој е поотимистички од прогнозата на Светска банка, Македонија годинава останува една од земјите со најнизок раст на БДП од земјите од Западен Балкан. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонија годинава со најмал економски раст на ...

Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое денеска ни овозможи да имаме самостојна држава и своја самосвест, истакна на одбележувањето на 23 Октомври, премиерот Христијан Мицкоски. „Никулците на македонската национална мисла создадени пред Илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, ...

Нова пукање во скопското село Арачиново. Вчера на прагот од неговата куќа е ранет 42-годишниот Ќ.Д. од Арачиново. Тој со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога и е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, од каде го пријавиле инцидентот. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, ранетиот од едно лице бил повикан да излезе пред вратата од неговата куќа, по што лицето пукало кон него. На местото на настанот ...

Во согласност со потребите на своите потрошувачи, „Макпетрол“ постојано работи на подобрување и проширување на својата мрежа на услужни објекти, со цел да го олесни и унапреди снабдувањето со горива, био горива и течен нафтен гас. Целосно обновената бензинска станица на „Макпетрол“ во Гостивар, лоцирана на булеварот ЈНА 310, започна со работа. На оваа локација, потрошувачите имаат пристап до сите видови ULTRA горива на „Макпетрол“, произведени ...

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната нето-плата во август е 41.097 денари. Според податоци на ДЗС, со месеци нема промена во однос на тоа во кој сектор е највиската просечна нето-плата. Станува збор за секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата за август изнесува 96.574 денари. Следи секторот Научно истражување и развој со 62.421 денари, па Останати стручни, научни и технички дејности – ...

ЈСП Скопје информира дека денеска, поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на: Транспортен центар; Ѓорче Петров и Зелен пазар. Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон ...

На 22 октомври 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со ...

Лавина од реакции во јавноста предизвика одлуката за амнестирање на осудени лица на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за 23 Октомври, денот на македонската револционерна борба. Според истата изречената казна затвор за Акиф Бејадин Равманоски од селото Арачиново е заменета со условна осуда на 1 година и 3 месеци. Равманоски е попознат како Акиф Јусуфи и е член скопската криминална група „Барон“, а бил осуден за недозволено поседување ...

Адинг АД Скопје во првите девет месеци од годинава има добивка пред оданочување од 55.683.000 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Во споредба со истиот период лани истата е зголемена за 20,9%. Вкупните приходи за овој период изнесуваат 415.638.000 денари и истите бележат раст од 8,6%, а вкупните расходи изнесуваат 359.469.000 денари, и споредено со истиот период минатата година бележат зголемување од 14,3%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Раст на ...

Од државното акционерско друштво за вршење на дејност давање услуги во воздухопловната навигација, М-НАВ, Скопје, преку Македонската берза информираат за промени во Управниот одбор (УО). Нов член на УО е Владимир Ристески, кој е и извршен директор за воздухопловна навигација, како и претседател на УО. Тој доаѓа на местото на Хекуран Асани. Во УО влегува и Климент Чепуњоски, кој ќе биде и извршен директор за воздухопловна техника. Тој доаѓа на ...

Утре во посета на Македонија е претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која е на турнеја низ земјите на Западен Балкан. Во Скопје таа ќе има средба со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, со кој треба да има и заедничка прес конференција. Фон дер Лајен ќе има средба и со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Поради посетата на Урсула фон дер Лајен посебен режим на сообраќајот во четврток ...

Титан Усје е меѓу првите во земјава кои активно применуваат циркуларни практики, особено преку копроцесирање на алтернативни горива како оризова лушпа и остатоци од текстилната индустрија. Во периодот од 2020 до 2024 година, околу 5% од топлинската енергија што ја користат печките на УСЈЕ доаѓа од нефосилни горива. Овие практики значително го намалуваат користењето на фосилни горива и придонесуваат кон декарбонизацијата на процесите во ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) оформи предмет за именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Претседателката на комисијата, Татјана Димитровска рече дека до нив пристигнала претставка која се однесува на наводи за незаконско именување. По обезбедените докази и изготвената документација, комисијата ќе донесе соодветна одлука за која ќе биде информирана и јавноста. ПОВРЗАНИ ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 41.097 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 112.9. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9 ...

Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата привремена локација на IQOS караванот, поставен пред влезот на Алфи во Куманово. Работното време на оваа продажна локација е: од понеделник до сабота, од 10 до 21ч. Недела и на државните празници се неработни денови. На оваа привремена локација, сите полнолетни пушачи ќе можат да се ...

Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид информира дека шеесетгодишниот стружанец К.М. од пред два дена се води за исчезнат во реонот на селото Брчево. „Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне во 18:38ч. оперативниот центар на ПСС беше алармиран од МВР секторот за потраги по исчезнати лица, дека во реонот на село Брчево, исчезнат е жител на Струга (60 годишна возраст), со потекло од селото, кој претходниот ден се упатил да ...

Неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, утврдил Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година. „Недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и материјали со фактичката состојба, а евидентирањето на приемот и ...

Оваа година се одбележува 20-годишнината од соработките со познатите гостински дизајнери на H&M, иницијатива која длабоко го промени пејзажот на современата мода. За да ја прослави оваа јубилејна годишнина, H&M сега повторно ги споделува своите најлегендарни и најомилени колекции преку специјално издание на претходно саканите модели. H&M ја лансираше својата прва дизајнерска колекција со Карл Лагерфелд, тогаш креативен директор на ...

Државниот завод за статистика објави дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година изнесувал 897.694 милиони денари и во однос на 2022 година, номинално е зголемен за 10%, а реално за 2,1%. Најголемо учество на додадената вредност со 18,9 % во структурата на БДП, во 2023 година, имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности ...

Поранешниот член на британскиот поп бенд, One Direction, Лиам Пејн (31) за време на смртта бил под дејство на неколку дроги, покажа делумната аутопсија. Потврдено е присуство на „розов кокаин“ – рекреативна дрога која обично е мешавина од неколку дроги, вклучувајќи метамфетамин, кетамин, МДМА и други – како и кокаин, бензодиазепин и крек. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) На 31-годишна возраст почина Лијам Пејн, поранешниот член на „Уан дајрекшн“ Тој како ...

Во време на неизвесност и брзи промени, многумина се прашуваат како најдобро да ги заштитат своите семејства и најблиски. Животното осигурување станува сѐ позначајно, бидејќи обезбедува не само финансиска поддршка во непредвидени ситуации, туку и чувство на сигурност за утрешниот ден. Додека се справуваме со секојдневните предизвици, важно е да размислуваме за долгорочната безбедност и благосостојба на оние што ги сакаме. Сепак многумина се ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, кој неодамна беше во фокусот на јавноста откако беше нападнат од неколку лица, останал без дипломатски пасош, објави Нетпрес. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Неколку лица го нападнале Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Дипломатскиот пасош му бил одземен со одлука на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Одлуката фудбалерите да добијат ...

Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во државна сопственост, Скопје, склучи договор за услуга од работна рака за тековни машински интервенции во РЕК Битола со друштвото за трговија, производство и услуги Марковски компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола. Договорот склучен на 10. октомври е во вредност од 64.900.000 денари или 1.055.285 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е Марковски компани, ...

Правобранител од Охрид лажно се преставувал како адвокат. Станува збор за лицето А.Р. (40), кој заработи кривична пријава од СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. Тој од 10. ноември 2020 година, бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. Но, како што информираа од полицијата, тој пред надлежниот Основен суд Охрид во ...

Албанските медиуми објавија дека денеска е уапсен поранешниот претседател, премиер, министер за надворешни работи и претседател на Партијата на слободата во Албанија, Илир Мета. Тој е уапсен по налог на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата (СПАК), а според локалните медиуми е обвинет за перење пари, корупција и непријавување имот. Од полицијата и СПАК засега нема повеќе детали. 🇦🇱 Albania's former president and prime ...

Македонското Собрание доби “заштитена соба“, за поголем надзор над безбедносните служби. Истата е од највисок, т.н. прв степен на заштита за документи со највисока класификација и ги исполнува сите стандарди на аудио и анти-радијациска заштита. -Опремена е со соодветна заштитена опрема за да се гарантира заштитата на класифицираните информации. Опремата ги задоволува највисоките стандарди на радијациска заштита, информираа од Собранието. ...

Многу адреналин, најекстремни каскадерски предизвици досега и тестови на издржливост и храброст до крајни граници. Вака може да се опише финалната епизода, со која заврши првата сезона на адреналинското шоу ТРИУМФ, кое се емитува на платформата GLEY или на YouTube каналот LAZAROV, и кое со секоја нова епизода соборува рекорди на гледаност. Последната и најекстремна епизода на ТРИУМФ заврши со триумф на тимот од Крива Паланка, кој во директна ...

Халк Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 20 милиони евра, што претставува значајна докапитализација и силна поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанкаси АШ Туркије, информираат од Банката. Комисијата за хартии од вредност на 46. седница донела Решение со кое се одобри 21. емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. -Со оваа емисија, Халк Банка АД Скопје издаде 123.000 обични акции со номинална и ...

Ветеринарната комора во целост ги поддржува сите активности и мерки преземени од надлежните органи во врска со последните настани, поврзани со откривањето на авијарна инфлуенца кај птица во Скопската зоолошка градина. „Во целост разбирајќи ја сензитивноста на поединци и групи во врска со третманот и благосостојбата на животните за кои искрено и принципиелно се залагаме и се дел од нашата професионална етика и пракса, укажуваме до јавноста дека ...

На вчерашниот референдум граѓаните на Молдавија изгласаа промена на уставот, за во него да биде вградено дека земјата е посветена на членството во Европска Унија (ЕУ). Разликата за тие што беа “за“ и “против“ е само неколку илјади гласови, односно 50,1% од Молдавците се изјасниле „за“. Резултатот до последен момент беше неизвесен. Од ЕУ обвинија дека Русија се мешала во референдумската кампања, како и на претседателските избори, за кои се ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
6.69
30%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
40%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
38%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 24ᴼ
6.69
33%
1017
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
8.63
24%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
57%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
4.12
44%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
33%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
28%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
35%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
6.69
32%
1013
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762