Во првиот квартал од 2026 година, плаќањата со платни налози на граѓаните бележат раст од 10,3% кај бројот и 14,6% кај вредноста на извршените платежни трансакции, информираат од Народна банка. Значителен е растот на електронските плаќања, и тоа за 21,9% кај трансакциите и за 23% кај вредноста, во споредба со истиот период од 2025 година. „Најголемиот број од платежните трансакции иницирани по електронски пат во анализираниот период се ...

Прометот во трговијата на мало во мај годинава бележи раст во повеќето категории во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголемо зголемување е регистрирано кај продажбата на автомобилски горива, додека позитивен тренд е забележан и кај храната, пијалаците и тутунот. Реалната стапка на прометот во групата „Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ е повисока за 9,1 процент во однос ...

Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 проценти во однос на мај минатата година, додека во периодот јануари – мај годинава бележи пад од 0,3 проценти споредено со истиот период лани, објави Државен завод за статистика. Во мај годинава, во однос на мај лани, индустриското производство бележи пораст од 6,1 проценти во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, додека опаѓање има во рударство и ...

Струмица е најновата клучна точка на инвестициската мапа на Lidl во земјава, информираат од таму. Со денешното поставување на камен-темелникот, компанијата официјално ја започна изградбата на новиот маркет, кој не само што ќе ја прошири продажната мрежа, туку ќе донесе и директен поттик за локалната економија, посочуваат од таму. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот развој на Lidl во Македонија, насочен кон создавање нови работни места, ...

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП инвестираше еден милион евра во два нови уреди за напреден безбедносен преглед на рачен багаж со компјутерска томографија, заедно со две нови автоматизирани ленти, производство на британската компанија Смитс Детекшн, информираа од таму. Оваа најсовремена опрема ќе ги унапреди безбедносните стандарди, ќе ја зголеми ефикасноста на ...

Мнозинскиот сопственик на Алта банка АД Битола, Алта банка АД Белград, Србија, купи нови акции на македонската банка, информираа од таму преку Македонската берза. Српската банка купи нови 40 обични акции и сега поседува вкупно 372.114 обични акции односно 95,1754% од вкупниот број на обични акции издадени од Алата банка Битола. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работела лани Алта банка Битола Алта банка Битола доби нов Надзорен одбор Кој е Давор Мацура, ...

Владејачкото мнозинство ќе се зголеми за уште еден пратеник. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека дел од коалицијата предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, станува и Демократската партија на Турците (ДПТ), која ќе има министерско место без ресор. Преговорите со ДПТ се во тек, а со нејзиното влегување во Владата, владејачкото мнозинство ќе добие и пратеник плус кој претходно беше во опозицијата во рамки на коалицијата Европски фронт, ...

Со реконструкцијата на Владата не е предвидено да има повеќе вицепремиер за добро владеење. Информацијата за емисијата “Директно“ на телевизијата Телма, ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Со измените овој ресор оди директно под ингиренции на неговиот Кабинет. -Ценам дека како концепт би бил најпродуктивен доколку биде дел од мојот Кабинет. Таму веќе имаме секретари задолжени за следење на реализацијата на програмата на Владата и за ...

Познати се и кандидатите за нови министри од владејачката Вреди. Нов министер за култура и туризам ќе биде Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот. Тој доаѓа на местото на кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков. Нов министер за односи меѓу заедниците ќе биде Агон Ферати, кој доаѓа на местото на Иван Стоилковиќ, лидерот на Демократската партија на Србите, кој ќе стане министер за локална самоуправа. Јетон Шасивари пак ќе биде ...

За поранешниот директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, по спроведената истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против него за кривично дело – Примање поткуп, информираа од таму. Според обвинението, тој како директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил ...

Основниот кривичен суд Скопје на денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, не дозволи изземање на обвинителката Наташа Сарамандова. На претходното рочиште дел од адвокатите на обвинетите побараа нејзино изземање поради „пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење”. За Судот истото е неосновано, а на барањето бурно регираа и родителите на ...

Основното јавно обвинителство на денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, презентираше докази во врска со работата на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), кој работи во рамки на Министерството за економија. Како што е познато во главниот случај се обвинети и неколку поранешни директори на ДПИ. Документацијата која ја презентираше Обвинителство покажа дека во Кафе Класик, ММММ Кафе и „Пулс”, сите во сопственост на ...

Основното јавно обвинителство Штип отвори истрага против 38-годишна доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, осомничена за примање поткуп, информираа од таму. Според Обвинителството, професорката, како службено лице, побарала 300 евра од студент за да му впише преодна оценка, иако претходно не го положил испитот. -На 16. јуни студентот не покажал доволно знаење за да го положи испитот, но наместо да му биде евидентиран неуспехот, ...

Денеска беше промовирна нова демократска платформа „Разговори за иднината во 12:05“, за подигнување на нивото на општествената дебата. „Времето на часовникот е симболична порака дека веќе е доцна, но не смееме да дозволиме да стане предоцна за Македонија. Денешната прва сесија се одржа по традиционалното демократско начело „Chatham house rules“. Поканетите учесници припаѓаат на три неформални групи на општествени чинители. Едната група се ...

Вчера од страна на членови на опозициската СДСМ и активисти беше промовирана платформа „Разговори за иднината во 12:05“, а од таму нагласија дека не станува збор за нова политичка партија. Од СДСМ пак во реакцијата за истата велат дека истата е „Проект ЗНАМ 2.0 – платформа за иднината на Мицкоски“, односно негов сателит. Од таму велат дека промовирање на луѓе без јасна структура и порака не е случајност, туку смислено од премиерот и лидер на ...

Со изгласувањето на Законот за игрите на среќа во Собранието, власта донесе една од најштетните економски и правни одлуки во државата, реагираат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). „И покрај предупредувањата на домашната и меѓународната експертска јавност, економските анализи, аргументите на легалната индустрија и бројните апели за јавна расправа, беше донесен закон кој нема да ги заштити граѓаните, туку ќе ...

На друштвата Фабрика Карпош АД Скопје, ЗК Пелагонија АД Битола и Интернешнел Хотелс АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи и годишен извештај за работењето,усвоени од Собранието на акционери, со што друштвата не постапија согласно член 40, став 1 од Правилата за котација, ...

Од Фабрика Карпош АД Скопје преку Македонската берза информираа за смени во Надзорниот одбор (НО). Нови членови на НО се Јована Стефанова и Борко Бајалски. Членови на НО повеќе не се Јован Тодоровски и Божидар Бошковиќ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е фирмата Сервис Петрол, која сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош Како работела Фабрика Карпош лани Сервис Петрол сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош Од Фабрика Карпош АД Скопје преку ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, нема да оди во затворот Скопје во Шуто Оризари на 2. јули, каде требаше да ја одлежи затворската казна. Тој како и што најави, побарал одложување поради здравствени причини, па неговото одење таму засега се одлага, додека не се донесе одлука за барањето, информираа од Основниот кривичен суд Скопје. По примањето на неговото барање, судијата за извршување санкции од Судот, ја ...

Од Министерството за внатрешни рабопти (МВР) информираа дека на 29.06.2026 година во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип ја лишиле од слобода Т.А. (39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. -Претходно, на 22.06.2026 К.Б. (26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра ...

Познати се дел од имињата на новите министри. Со реконструкцијата на Владата, владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ги доби и ресорите здравство и за социјална политика, демографија и млади. Како што информираше премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување. За нов министер за социјална политика, демографија и млади пак е предложен Ѓоко ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е во фокусот на јавноста, откако стана првиот македонски тенисер или тенисерка што ќе настапи во сингл-конкуренција на главниот турнир на Вимблдон. Зад себе има бројни успеси, но оваа и е најголем, а воедно и е остварување на голем сон да учествува на еден гренд-слем турнир. Која е Ѓорческа Таа е најдобрата тенисерка во Македонија на сите времиња. Родена е на 3. август 1994 година во Тетово. Со тенис ...

Од 10 до 12, јули, живописниот Галичник повторно ќе биде домаќин на една од најпрепознатливите и најавтентични културни манифестации во Македонија – „Галичка свадба“. Илјадници посетители од земјава и странство и годинава ќе имаат можност да бидат дел од единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно ...

Античкиот град Ефес во Туркије деновиве е домаќин на исклучителен културен настан. Во оваа позната археолошка дестинација се одржува деветтиот Меѓународен фестивал на опера и балет, на кој од петокот минатата недела па сѐ до 8. јули под отворено небо ќе може да се следи богата програма, што ги вклучува и величествените „Лебедово Езеро“, „Кармина Бурана“ и „Тоска“. Летото е период во кој блескаат отворените сцени во Туркије. Станува збор за ...

Од март следната година Србија го враќа задолжителниот воен рок за мажи до 30 години. Истиот ќе биде во траење од 75 дена. Информацијата ја соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, кој информираше дека во тек се бирократски процедури за тоа да се спроведе, пренесуваат српските медиуми. Задолжителниот воен рок Србија го укина во јануари 2011 година. Истиот беше заменет со доброволно служење, со што земјата доби професионална војска. ...

Општина Штип склучи договор за обнова на асфалт/асфалтирање на улици со друштвото за производство, трговија и услуги Коле-транс инжинеринг увоз-извоз ДОО Штип. Договорот е во вредност од 25.960.000 денари или 422.114 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 582 илјади евра склучи Општина Штип со „Ахема“ Договор од 1,1 милион евра склучи Општина Штип со „Актива“ Договор од 2,1 милиони евра склучи Општина Штип со „Коле-транс“ Фото: Унсплеш Општина Штип ...

Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за половина денар, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за исто така половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на дизелот ќе биде 80 денари за литар, на бензинот Еуросупер БС-95, 84,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 86,50 денари за литар. ...

Со грант од 1 милион евра од Светска банка Македонија ќе прави преструктурирање на државната Македонски железници (МЖ) – Транспорт, за да се создаде функционално претпријатие. Договорот денеска го потпишаа вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван. Со Европската унија (ЕУ), како што информираше Николоски, се работи на трансформацијата на двете желенички ...

Владата ќе продолжи со субвенционирање на авиолинии од и до Македонија. Информацијата денеска ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека целта е и отворање на нови дестинации, како и земјава да прерасне во регионален авио-хаб. Државата моментално на авиокомпании им дава субвенции од по 9 евра за патник што ќе пристигне на скопскиот и по 12 евра за патник на охридскиот аеродром. Фото: Унсплеш Владата ќе продолжи со субвенционирање ...

Приходите од продажба на Неоком АД Скопје лани бележат раст споредено со истите претходната година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Лани истите изнесувале 316,2 милиони денари. Добивката пред оданочување пак бележи пад, а лани таа изнесувала 2,4 милиони денари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 605,6 илјади евра склучи Министерството за здравство со Неоком Договор од над 2 милиони евра склучи Министерството за дигитална трансформација со ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.29
86%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
63%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.22
71%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.86
83%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.72
47%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.27
81%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
0.45
68%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.62
66%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.49
82%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
62%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
50%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.23
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.4604

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Кобалт

56.29

Родиум

263636.12

Иридиум

252383.36

Платина

52052.06

Алуминиум

3.17

Бакар

13.11

Сребро

1888.57

Рутениум

53852.50

Паладиум

40702.85

Калај

53.55

Злато

130879.26

Цинк

0.00