Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
И албанската полиција, како и тамошните царински власти, вели дека тројцата македонски функционери, кадри на Вреди – координаторот на пратеничката група на владејачката Вреди, Беким Ќоку, пратеникот на Вреди, Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на македонската Влада, Хасим Муртезани, биле задржани на граничниот премин, Ќафасан, поради четврто лице – нивен сопатник. Царинските власти соопштија дека имало проблем со неговите документи, а ...
Познати се осумтте земји кои се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал, кое за првпат се одржува во три земји – САД, Мексико и Канада. Утре за пласман во полуфиналето играат Франција и Мароко, а во петок Шпанија и Белгија. Во сабота за пласман во полуфиналето играат Норвешка и Англија, а во недела Аргентина и Швајцарија. Фото: Унсплеш Познати се осумтте земји кои се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство во ...
Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје имала најголем раст во јуни, покажува билтенот на Македонската берза. Акцијата на Македонијатурист АД Скопје, пак, со која беше остварен најголем промет во овој период, имала најголем пад. Еве кои се другите акции со најголем раст и пад: ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Акцијата на Комерцијална не е најтргувана на Берзата во јуни, чија акција остварила најголем промет Драстичен раст на прометот на Македонската берза во јуни ...
Групацијата Орка холдинг лани го купила деловниот простор на Евро – Азија ДОО Скопје во Градскиот трговски центар во Скопје. Информацијата групацијата ја соопшти во финансискиот извештај за работењето лани објавен преку Македонската берза. Станува збор за деловен простор од 1.000 метри квадратни, а сумата за која е купен не е соопштена. Од таму информираат и дека групацијата значително инвестирала и во изградбата на новиот деловен објект на ...
Ало медиа систем ДОО Белград, Србија, преку Ало медиа систем ДООЕЛ Скопје, ги купува радиодифузното друштво Наша ТВ ДООЕЛ Скопје и трговско радиодифузно друштво РФМ ДООЕЛ Скопје, по пат на купопродажба на удели, соопштија од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Која е Ало медиа систем Скопје Ало медиа систем Скопје е новоосновано трговско друштво основано со цел спроведување на трансакцијата и истото сѐ уште не остварува никакви деловни ...
До крајот на месецов за товарни возови треба да биде пуштена железничката делница од Драчево до Илинден, од скопската железничка обиколница, која е дел од железничкиот Коридор 10. Како што информираше на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, нејзината реконструкција е завршена, а сега истата се тестира, по што следува технички прием. Од 1. септември пак треба да започне со работа и првата линија на Градскиот ...
Бизнисменот Трифун Костовски и со неговиот син Коста Костовски се меѓу четворицата обвинети за стечајот на Еуростандард банка АД Скопје. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека до Основниот кривичен суд Скопје е поднесен обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и ...
До десет компании ќе добијат подршка за да преку Македонската берза привлечат капитал од различни видови инвеститори, вклучително и физичките лица. Проектот зад кој стојат Македонска берза, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и PwC Северна Македонија, предвидува избраните компании да учествуваат на дводневна лидерска академија наменета за сопствениците и највисокото раководство, каде ќе се обработува процесот на издавање хартии од ...
Податоците на Народната банка покажуваат дека на крајот на јуни, девизните резерви на Македонија изнесувале 4.936 милиони евра. Истите споредено со мај се намалени за 274 милиони евра или за 5,3%. Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност – 73,8%, во монетарното злато – 15,8% и во валути и депозитите – 10,4%. Фото: Унсплеш Податоците на Народната банка покажуваат дека на крајот на јуни, девизните резерви на Македонија изнесувале ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО во Анкара, Турција, кој започна вчера, а завршува денеска, синоќа присуствувала на прием организиран од турскиот колега Реџеп Таип Ердоган, информираа од нејзиниот Кабинет. Денеска таа ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади. Истиот ќе се одржи во претседателскиот комплекс ...
Во Македонија денеска доаѓа еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Во интервју за државната агенција МИА, таа меѓу друго посочува дека досега немало случај земја кандидатка за членство во Европската унија (ЕУ) да добие гаранции дека за неа нема да се појави друг спор за време на пристапниот процес до ратификацијата на договорот за пристапување од последната од 27. земји членки. – Ова е начинот на кој функционира проширувањето на ЕУ. Важно ...
Актуелната в.д. претседателка на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, денеска од страна на Судскиот совет беше избрана за претседателка на Судот. За неа гласаа 11 членови на Советот, а доби и четири гласа „за„ при гласањето според Бадентеровото начело. Таа пред една година беше избрана за в.д. претседателка на Судот. Таа на позицијата дојде како судија во Одделението за организиран криминал и корупција во истиот суд. Освен ...
Еврокомесарката Марта Кос, која денеска беше во посета на Македонија, на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, повтори дека земјава мора да ги спроведе уставните измени за реално да ги почне преговорите, но и дека Европската унија (ЕУ) не може да даде гаранции дека во иднина за Македонија нема да има нови услови. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Нема да има гранции за Македонија, ни еден кандидат за ЕУ никогаш не добил, вели Марта Кос ...
Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година се зголемени за 0.2% во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.6%. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јуни 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.8%, додека во однос на декември 2025 година ...
Бурса, еден од најпознатите туристички центри во Туркије, од 17 до 19. јули годинава ќе биде домаќин на деветтото издание на „Uludağ Premium Ultra Trail“, најголемиот планински ултра маратон во земјата. Настанот повторно ќе ги обедини љубителите на планинското трчање од целиот свет на патеките на планината Улудаг. Сместена во подножјето на оваа планина, Бурса е позната по своето богато историско наследство, термалните извори, скијачките ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – мај 2026 година, изнесува 217.977.7 милиони денари и бележи пораст од 5.70% во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2026 година, изнесува 306.513.7 милиони денари, што е за 5.91% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговската размена по ...
Компаниите електронски преку една платформа ќе ги добиваат сите дозволи и одобренија за увоз, извоз и транзит на стоки, како и плаќањата поврзани со тие постапки, од 15 државни институции. Станува збор за проект кој треба целосно да го замени сегашниот систем и да ги дигитализира процедурите за овие одобренија и плаќањето, до крајот на 2027 година. За проектот е завршена тендерската постапка и потпишувањето на договорот со избраниот ...
Орка холдинг АД Скопје лани бележи пад на добивката пред оданочување, покажува финанискиот извештај на Друштвото објавен преку Македонската берза. Лани таа изнесувала 117 милиони денари, а претходната година 487,9 милиони денари. Реализицијата и останатите приходи бележат раст, приходите од финансирање пад. Орка холдинг АД Скопје лани бележи пад на добивката пред оданочување, покажува финанискиот извештај на Друштвото објавен преку ...
Во Анкара, Турција, денеска почнува Самитот на НАТО, кој ќе трае два дена. Македонската делегација ја предводи претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а во истата се и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на македонската Армија. Сиљановска Давкова утре ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ...
Потрагата по 24-годишна девојка, македонска државјанка, заврши трагично, откако била пронајдена почината во стан на улицата „Имвру“ во областа Неаполи во Солун, Грција, пренесуваат грчките медиуми. Како што пренесува дописникот на еМагазин од Солун, нејзиното тело било пронајдено од страна на познаник, кој отишол во станот каде што живеела и ја нашол почината, по што ја известил полицијата. Според првичните информации од грчката полиција не ...
По смртта на градоначалникот Јовица Илиевски, во Општина Брвеница ќе има вонредни локални избори. Владата на денешната седница донела одлука за престанок на неговиот мандат, информираа од таму. Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општината, ја започнало постапката поради настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија. Со новиот Кодекс, како што информираа од ЗНМ, новинарите добиваат современа етичка рамка која одговара на дигиталната ера, но истовремено ги задржува основните принципи на професијата: точност, проверка, независност, одговорност, заштита на ...
Што се случува кога светот однапред ќе одлучи кои сме и што можеме да постигнеме? Токму од ова прашање започнува „Believe. Further“, новата повеќегодишна платформа на Филип Морис Интернешнл и светски познатиот тенор Андреа Бочели, создадена да поттикне поширок дијалог за напредокот, промените и храброста да се верува во можностите, информираат од таму. Претставена во Венеција, град познат по своите мостови и поврзувања, платформата обединува ...
Град Скопје склучи договор за изведба на бунари за техничка вода со друштвото за трговија и услуги Хидротек ДООЕЛ Скопје. Договорот е во вредност од 39.999.999 денари или 650.406 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,4 милион евра склучи Град Скопје со „Мастеф“ Договор од 1,8 милион евра склучи Град Скопје со “Битем“ Договор од 1,9 милион евра склучи Град Скопје со „Вато“ Фото: Унсплеш Град Скопје склучи договор за изведба на бунари за техничка ...
Алкалоид АД Скопје го доби сребрениот медал SILVER | TOP 15% за 2026 година доделен од EcoVadis, со освоени 94 перцентили, информираа од компанијата. Со ова признание Алкалоид се позиционира меѓу најдобрите 15% од сите компании оценети на глобалната платформа EcoVadis во последните 12 месеци. Сребрениот медал претставува значаен напредок во однос на минатогодишниот бронзен медал BRONZE | TOP 35% и е уште една јасна потврда за долгогодишната ...
Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра, информираат од таму. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони евра, што претставува најсилен ...
Еуролинк осигурување го зголемува својот капитал за 5,85 милиони евра преку докапитализација обезбедена од матичната компанија Grazer Wechselseitige Versicherung AG (групација ГРАВЕ) со седиште во Грац, Австрија, една од водечките европски осигурителни групации, информираат од таму. Одлуката била разгледана на Собранието на акционери, а со нејзиното усвојување вкупниот капитал на Друштвото надминува20,5 милиони евра. Со докапитализацијата, ...
Во август треба да стартува изградбата на автопатот Скопје – Блаце, а истиот треба да биде завршен за четири години. Неговата изградба ќе чини 198,4 милиони евра, од кои 30,8 милиони евра се грант од Европската унија, а 167,6 милиони евра се кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски и директорот на ЕБОР за Македонија, Фатих Туркменоглу, го потпишаа ...
Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 1 денар, а цената на Еуродизелот (Д-Е V) за 2,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 85,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 87,50 денари за литар, а на дизелот, 82,50 денари за литар. За 2 денари се зголемува и цената на ...
По подолг период акцијата на Комерцијална банка АД Скопје не е најтргуваната на Македонската берза. Како што покажува билтенот на Македонската берза за јуни, најтргувана за тој период е акцијата на Македонски Телеком АД Скопје со која е остварен промет од 106,7 милиони денари. Втора е акцијата на Комерцијална банка со која е остварен промет од 92,1 милиони денари, а трета е акцијата на Алкалоид АД Скопје, со која е остварен промет од 66,9 ...