Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
На Фејсбук во врска со обвинението за Еуростандард банка, се огласи бизнисменот Трифун Костовски. Тој е еден од четворицата обвинети, а е обвинет како член на Надзорниот одбор и е четвртообвинет. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој освен Трифун Костовски и син му се обвинети за стечајот на Еуростандард банка -Товарот што ми се става на грб е наводна несовесност во вршењето на функцијата претседател на Надзорниот одбор на банката. Притоа, како намерно да се ...
Продажбата на имотот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повторно е во фокусот на јавноста. Станува збор за запленет имот за случајот „Плацеви на Водно“, отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство, и се работи за три апартмани кои досега не се продале, а биле на продажба. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За 2,4 милиони евра повторно на продажба три стана на Груевски Се работи за станови со голема квадратура и големи ...
Во Драч, Албанија се уапсени двајца припадници на криминалната група од Македонија, позната како „Беланоца“. Како што потврдија од македонското Министерство за внатрешни работи, уапсени се М. Џ. (26) од Скопје и С. Н. (34), роден во Норвешка. Телевизијата Телма објавија дека се работи за Муса Џавит и Сенафи Нуредини. Џавит се сомничи дека во јули лани во скопското село Батинци, убил припадникот на македонската Армија пред неговата ќерка. Како ...
Американскиот Национален одбор за безбедност на сообраќајот (НТСБ) соопшти дека именувал акредитиран претставник за помош на Република Северна Македонија, во истрагата за сериозниот инцидент со авионот на Рајанер, кога поради оштетување на моторот летна дел и пукна стакло, пишува aero.telegraf.rs. Нашата држава ќе ја води истрагата, бидејќи инцидентот се случил на небото над Македонија, што во меѓународната терминологија, тоа се нарекува ...
Во врска со трите стана запленети во случајот „Плацеви на Водно“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, а кои сега на продажба, се огласи Никола Груевски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Во едниот има и џакузи на тераса: Како изгледаат становите на Груевски кои се продажба Тој повторно демантира дека становите биле негови и дека станувало збор за политички мотивиран процес. Тврди дека ...
На летот од Солун за Минхен, се случи инцидент во авион на Рајанер, откако по дефект откачен дел од моторот скршил прозорец. Според пишувањата на грчките медиуми, патник од Србија кој седел до прозорецот, за малку ќе излетал од прозорецот поради големиот притисок. Претседателот на Грчката федерација на вработени во јавни болници, Михалис Јанакос, изјавил дека трагедијата била избегната благодарение на смиреноста на патниците, пред сè на ...
Министерството за транспорт склучи договор за реконструкција на улици во Општина Валандово, со друштвото за производство, трговија и услуги ОСД Кирил ДООЕЛ експорт-импорт Штип. Вредноста на договорот е 64.776.273 денари или 1.053.273 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 966,1 илјади евра склучи Министерството за транспорт со „ОСД Кирил“ Договор од 1,9 милион евра склучи Министерството за транспорт со „ОСД Кирил“ Договор од 3,4 милиони евра склучи ...
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај и во првата половина од 2026 година, информираат од таму. Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми со кои концесионира ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28% во однос на истиот период минатата година. Во ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го поздравува зголемениот интерес на младите за образование во областа на сметководството. По зголемениот број запишани студенти на катедрите за сметководство и ревизија во изминатата година, годинава е евидентен и пораст на интересот кај средношколците, при што во првиот уписен рок во повеќе средни економски училишта се исполнети предвидените места во сметководствената област. Во ...
Од Македонски Телеком АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на 8. јули бил склучен договор за соработка за брендирање на Спортскиот центар “Борис Трајковски” Скопје со друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје. Договорот се однесува на период од 36 месеци, а надоместокот за деловната соработка на Телеком е до 720.000 евра. Телеком ќе обезбеди и дополнителни средства за ...
Демократската партија на Турците влезе во колаицијата „Твоја Македонија“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на ДПТМ Зулфикар Зејнула денеска го потпишаа договорот. „Денес направивме уште еден значаен чекор во насока на зацврстување на парламентарното мнозинство и обезбедување политичка стабилност, како неопходен предуслов за продолжување на реформите, реализација на проектите и исполнување на обврските што ги презедовме пред ...
Министерката за образование Весна Јаневска информираше дека во моментов во Собранието се прават измени на Законот за студентскиот стандард во делот на сместувањето и користењето на услугите на студентските домови. „Ја ограничуваме возраста на студентите до кога можат да бидат сместени во студентски домови. Детектиравме студенти кои со години се сместуваат во домовите, законски наоѓаат начини и ги користат услугите за 3.400 денари да живеат во ...
На електронското надавање на 29. јули повторно ќе се продаваат три стана на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Истите ги продава Агенцијата за управување со одземен имот, а беа запленети за случајот „Плацеви на Водно“, отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство. Вкупно становите државата ги проценила на 2.457.000 евра, а се наоѓаат во “Панорама резиденс“ на скопско Водно. Тие имаат вкупна површина од 750 ...
Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа од Европската комисија да ги продолжи привремените итни олеснувања за новиот систем за влез и излез ЕЕС. Во писмото до европскиот комесар за внатрешни работи Магнус Брунер, истакнале дека првите месеци од примената на системот покажале „значителни тешкотии“ кои не смеат да се потценат. Според одердени проценки, техничките потешкотии нема да се ...
Грција објави мапа на кои места ја има рибата-зајак, а од она што може да се забележи е дека ја има речиси секаде. Оваа риба веќе предизвикува паника кај туристите, по каснувањето на жена на првиот крак на Халкидики, а во вториот случај кај Патра, каде се уште не е потврдено дали станува збор за овој вид на риба. Грчките власите на рибарите им исплаќаат 5,33 евра по килограм уловена риба-зајак, а на одредени места поставуваат пловечки ...
По речиси шест години од пропаѓањето на Еуростандард банка АД Скопје, во септември 2020 година, вчера Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение за нејзниот стечај за четири лица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Трифун Костовски и син му Коста обвинети за стечајот на Еуростандард банка Најзвучното име од обвинетите е бизнисменот Трифун Костовски, кој како претседател на ...
Друштво за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје лани остварило поголеми приходи од продажба споредено со претходната година, покажува финансискиот извештај на Друштвото објавен преку Македонската берза. Но, добивката пред даночување е драстично намалена. Лани таа изнесувала 732,2 милиони денари, а претходната година била 1,7 милијарда денари. Фото: Унсплеш Друштво за производство на електрична и топлинска енергија ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Агенцијата за вработување за 2024 година. Истиот меѓу друго покажува дека исплатените пари за активните мерки за вработување – 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), не биле распоредени по принципот на рамномерен регионален развој. Од ДЗР констатирале и неправилности и ...
Со развојот на интерконекторите со Грција и Србија, Македонија влегува во нова фаза на регионално енергетско поврзување и создаваат услови за посигурно снабдување со природен гас, поголема конкуренција и пристап до повеќе извори на енергија, вели во интервју за „Фактор“, извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама. Тој посочува дека над 85 проценти од трасата за интерконекторот со Грција, е веќе исчистена и подготвена за инсталација ...
Во рамки на долгорочната платформа за стратешката соработка со лозарите, Винарската визба „Тиквеш“ ја одржа традиционалната годишна средба со своите кооперанти, која годинава беше посветена на развојот на одржливото лозарство и примената на современи технологии и практики што овозможуваат производство на поквалитетно грозје, поефикасно користење на природните ресурси, заштита на животната средина и на биодиверзитетот и поголема отпорност на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на фабриката Кромберг и Шуберт, чиј што производствен погон е лоциран во во Индустриската зона Жабени. На средбата со главниот извршен директор Жељко Матијевиќ и со менаџерскиот тим меѓу кои Георги Тренкоски и Влатко Цековски било разговарано за индустриските приоритети, производствените операции, тековните активности на компанијата, човечкиот капитал, техничкото образование, ...
Ана Виткова од страна на собраниската Комисија за избори и именувања, денеска едногласно беше номинирана за член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со отпад (РКЕ). За позицијата имаше уште еден кандидат – Александар Велјановски. Виткова е дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на правни науки, а претходно извршувала функции на државен советник и била советник на премиерот за правни прашања, а ...
Стапи во сила новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар, информираа од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини Со новата Уредба се воспоставуваат јасни и современи правила за тоа какви течни горива можат да се пласираат на домашниот пазар, како се утврдува ...
Железничката делница од Драчево до Илинден, дел од обиколницата околу Скопје, за товарни возови, ќе биде пуштена до крајот на месецов. Сега се тестира, а потоа следи технички прием. Станува збор за делница која е дел од железничкиот Коридор 10. Првата линија од Градскиот воз, од Зелениково преку Драчево па до центарот на Скопје, пак треба да започне со работа до почетокот на септември. Видеото ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) До крајот на месецов ...
Вчера на граничниот премин со Албанија, Ќафасан, еден час биле задржани тројца македонски функционери, кадри на владејачката Вреди, поради сопатник во друго возило. Станува збор за координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, пратеникот на Вреди, Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани. Информацијата ја потврдија од партијата, од каде велат дека и покрај тоа што покажале дипломатски пасоши, биле ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова ја предводеше македонската делегација на Самитот на НАТО во Анкара, Турција. Истиот заврши вчера, а траеше два дена. Од нејзиниот Кабинет информираа дека меѓу друго имала продуктивни неформални разговори со повеќе шефови на држави и влади, меѓу кои претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, германскиот канцелар Фридрих Мерц, премиерката на Исланд, Криструн Фростадотир, премиерот на ...
Kоординаторот на пратеничката група на владејачката Вреди, Беким Ќоку, пратеникот на Вреди, Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на македонската Влада, Хасим Муртезани, вчера биле задржани на граничниот премин со Албанија, Ќафасан, поради четврто лице, кое патувало заедно со нив, соопштија денеска албанските царински власти. Според албанската Царинска управа, лицето имало проблеми со патната документација и поради таа причина, не можело ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши изрази загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците во македонското Собранието на граничниот премин со Албанија, Ќафасан. „Пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен мандат. Поради тоа, секое постапување што го засега нивниот авторитет и нивната функција треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и достоинство што им припаѓаат на ...
И на денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани од Основното јавно обвинителство презентираа нови докази од комуникација помеѓу обвинетите во случајот преку „Фејсбук“ и „Вибер“. И овие пораки како и тие презентирани на претходното рочиште, според Обвинителството, покажуваат дека т.н. дискотека работела без лиценца, а под заштита на полицајци и инспектори. На Обвинителството му остана уште презентација на градежните ...
Полицаец од Полициската станица за граничен надзор Чашка заработи кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР), бидејќи на семејна прослава пукал со огнено оружје. Станува збор за лицетот З.Р., кое како што информираа од МВР заработил кривична за “предизвикување општа опасност“, а истата е поднесена до Основно јавно обвинителство за гонење на ...