На друштвата ДС Смитх АД Скопје, Пелистерка АД Скопје и ФАКОМ АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи и годишен извештај за работењето, усвоени од Собранието на акционери, со што друштвата не постапија согласно член 40, став 1 од Правилата за котација, информираа од Македонската ...

Македонската берза во јуни бележи драстичен раст на прометот, за 395%. Како што покажува билтенот на Берзата во овој период е остварен промет од 1,5 милијарда денари. Бројот на трансакции пак бележи раст од 11,48%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Акцијата на Комерцијална не е најтргувана на Берзата во јуни, чија акција остварила најголем промет Фото: Унсплеш Македонската берза во јуни бележи драстичен раст на прометот, за 395%. Како што покажува билтенот на ...

По пауза од 26 години, во државата се возобновува средното полициско образование. Министерството за внатрешни работи (МВР) објави јавен повик за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија „7 Мај“ за учебната 2026/2027 година. Наставата ќе се реализира во рамки на Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што учениците ќе следат стручна и општообразовна настава и ќе престојуваат во интернат. Голема ...

Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност водат истрага за околу 20 портали и страници на Фејсбук и Инстаграм, поради сомневање дека истите се користеле за организирано ширење говор на омраза и поттикнување тензии преку содржини поврзани со односите меѓу Македонија и Бугарија, објави порталот Скопје 1. Како што пишува порталот, повикувајќи се на свои извори, истражните органи веќе обезбедиле дел од доказниот ...

Со стартот на „Безбеден град“, во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Од почетокот на примената на системот се евидентирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95% од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Тоа јасно ...

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани од Основното јавно обвинителство презентираа докази за комуникацијата на газдата – првообвинетиот Дејан Јованов – Деко и неговиот син, обвинетиот Михајло Јованов, со инспектори, полицајци, началници, вработени во Министерството за економија… од кои добивале информации за рации и полициски и инспекциски контроли во објектот. Со нив тие комуницирале со години, а меѓу друго ...

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, информираше премиерот Христијан Мицкоски. „Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините. Првата галерија од вкупно 14. е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на ...

Откако пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска учествуваше на промоцијата на платформата „Разговори за иднината во 12.05“, лидерот Венко Филипче најави дека органите и телата на партијата ќе дискутирале за нејзиното учество. Оттука, во јавноста се постави и прашањето, дали таа ќе биде исклучена од партијата. Денеска, Петровска преку Фејсбук се огласи за учеството во формирањето на платформата, истакнувајќи дека изминативе денови добила ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, призна дека новиот систем за контрола на границите на ЕУ (ЕЕС) се соочува со технички проблеми и дека се работи со земјите-членки за истите да се решат. „Сè уште има многу работа за овие технички прашања да се решат заедно со земјите-членки“, изјави Фон дер Лајен од Ирска, која го презема ротирачкото претседателство. Таа нагласи дека воведувањето на системот за влез/излез не ја ...

Акционерското друштво во државна сопственост за производство на струја, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Скопје склучи договор за набавка на гумени транспортни ленти со челични сајли за РЕК Битола, со друштвото за производство, трговија и услуги Мај комерц-леaр ДООЕЛ извоз-увоз Скопје. Договорот е во вредност од 54.091.200 денари или 879.532 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,4 милион евра склучи ЕСМ со „Спектартермо“ Договор од 673,5 ...

Цената на становите во Скопје, продолжува да расте, покажаа и најновите податоци на Народната банка. Трендот на раст забавува, а во вториот квартал од годинава растот изнесува 5,5%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Цената на становите во Скопје продолжува да расте На годишно ниво пак растот е 13,3%, а претходниот квартал бил 16,6%. Најскапи се становите во Општина Центар. Таму просечната цена според спецјализираниот портал cenakvadrat.com се движи и до 2.500 ...

На неодамнешната промоција на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ од страна на членови на опозициската СДСМ и активисти, присуствуваше и пратеничката на партијата, Славјанка Петровска. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека органите и телата на партијата следната недела ќе дискутирале за нејзиното учество. За Филипче, како што кажа претходно и од неговата партија, новата платформа е уште „еден проект на Христијан Мицкоски“, а од ...

На прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, најголем процент има одговорот „нема да гласам“ (28%) покажува анкетата на МКД.мк, направена од Маркет Вижн. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5%, за СДСМ 6,2%, Левица 2,9%.. Кај албанските гласачи за ДУИ би гласале 12,1%, за ВЛЕН 10,7%. Христијан Мицкоски ужива најголема доверба од лидерите на партиите 23,3%, Али Ахмети 5,5%, Венко Филипче 5,1%. Анкетата била направена на ...

Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека членот на Надзорниот одбор, Виолета Божиноска, купила нови акции на компанијата. Таа купила 807 акции и сега поседува 1,61 од вкупниот број на акции на компанијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е компанијата “Гранит“, која ќе го гради автопатот Скопје-Блаце Гранит ги објави платите на надворешните членови на менаџментот Директорот на Гранит повторно купи акции на компанијата Од Гранит АД ...

Од акционерското друштво за управување со воздушниот сообраќај и давање на услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ АД Скопје, во државна сопственост, преку Македонската берза информираа за промени во Надзорниот одбор (НО). Имено, со Одлука на Владата, Милорад Милановиќ, независен член на НО, предложен од синдикална организација, е отповикан од должноста. За нов независен член на НО е избрана Татјана Бошков, предложена од страна на ...

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6% во мај 2026 во однос на мај 2025 година, соопшти државниот завод за статистика. Бројот на работниците во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.3%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.5%, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%. Според главните индустриски групи, ...

Наплатата на даноци и придонеси во првата половина од 2026 година достигнала 2 милијарди и 271 милиони евра, што е за 231,8 милиони евра повеќе од истиот период лани, информираа од Управата за јавни приходи (УЈП). Во периодот јануари–јуни 2026 година, даночните приходи бележат раст од 14,9%, додека приходите од придонеси се повисоки за 7,6% во однос на истиот период во 2025 година. Како што велат од УЈП, особено се истакнува јуни, во кој е ...

Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека цената на становите во Скопје и понатаму расте. Трендот на раст на цената на становите започна во 2022 година, а во вториот квартал од годинава тој изнесува 5,5%. Како што покажуваат податоците, трендот забававува. Во вториот квартал на годишно ниво истиот изнесувал 13,3%, а претходниот квартал бил 16,6%. Народна банка индексот го пресметува врз основа на огласени, а не реализирани цени за ...

На јавна аукција за 1.350.000 денари или околу 22 илјади евра, било продадено службеното возило на Општина Струга, „ауди 6„, за чија набавка поранешниот градоначалник на Општината, Рамиз Мерко, заврши на суд. Информацијата ја објави телевизијата Алсат, а според неа купувачот бил од битолско. Парите од продажбата на возилото ќе биле искористени за отплата на долг на Општината, потврдил актуелниот градоначалник Менди Ќура. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Рамиз ...

Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани поднесе кривична пријава против осум службени лица вработени во Државниот инспекторат за труд, поради сомнение дека со несовесно работење во службата овозможиле дискотеката „Пулс“ во Кочани со години да работи без инспекциски надзор. Кривични, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), заработија С.Ш.С. (53) од Македонски Брод, С.Ѓ. (59) од Скопје, З.М. (64), С.З. (61), Т.К. ...

Продажбата на лусузното „ауди А6„, кое го набави Општина Струга, е уште еден школски пример за тоа како се арчат парите на граѓаните. Имено, истото Општината го купи во времето кога градоначалник беше Рамиз Мерко за 67.000 евра, а сега на јавна аукција се продаде за околу 22.000 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Продадено аудито на Општина Струга, за кое му се судеше на Мерко Тоа беше купено во време кога Општината, туристички регион, имаше блокирана ...

Неотел АД Скопје лани значително ги зголемил приходите од продажба. Истите минатата година изнесувале 1,3 милијарда денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Добивката пред оданочување исто така бележи зголемување, и лани таа изнесувала 18,3 милиони денари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор вреден 178,7 илјади евра склучи Царинска управа со Неотел Фото: Унсплеш Неотел АД Скопје лани значително ги зголемил приходите од продажба. Истите ...

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци за општинските тендери за бележење на пешачките премини. Истражувањето покажува дека непостоечките и избледените пешачки премини, кои секојдневно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, во голема мера се поврзани со начинот на којшто општините ги спроведуваат тендерите за нивно обележување. Истражувањето открива дека за повеќе од половина од локалните ...

Државата преку Управата за заштита на културното наследство, не прифатила да го купи хотелот “Јадран“ во Скопје, познат и како Арапска куќа, кој е во сопственост на Македонијатурист АД Скопје, објави БИРН. Македонијатурист кој го продава хотелот, според Законот за заштита на културното наследство мораше прво да го понуди хотелот на државата, бидејќи истиот е прогласен за историски споменик на културата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе го купи ли државата ...

Од Прилепска пиварница АД Прилеп преку Македонската берза информираа дека Коста Мијоски не е повеќе член на Управниот одбор (УО) на Друштвото, откако тој поднесе оставка. Од таму информираат дека Надзорниот одбор на Друштвото на седница на 30. јуни едногласно за нов член на УО го избрал Марјан Стоилов, директор на секторот продажба. Тој е Магистер на економски науки. Стоилов поседува 1 обична акција на Друштвото. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Реизбрани ...

Електронскиот систем за казнување “Безбеден град“ наскоро ќе почне да евидентира и да испраќа казни за сторени сообраќајни прекршоци и до странски државјани кои возат низ земјава. Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. И за нив ќе важат истите казни, како и за македонските граѓани. Во текот на летната сезона значително е зголемен транзитот на странски државјани по коридорите 8 и 10, а и многу македонски ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче информираше дека ќе го номинира Горан Герасимовски, градоначалникот на скопската општина Центар, за нов потпретседател на партијата. „Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на Општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Конечниот ревизорски извештај за работењето на Јавната здравствена установа (ЈЗУ) Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, за 2024 година, информираа од таму. Истиот регистрира бројни слабости во работењето, пред се во менаџирањето со залихите, јавните набавки, сметководството, како и оптоварувањето на кадарот поради големиот број итни прегледи. Ревизорите констатирале ...

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче вчера соопшти дека ќе го предложи Горан Герасимовски за нов потпретседател на партијата. Герасимовски е актуелен градоначалник на скопската Општина Центар и оваа му е втор мандат, што за Филипче е една од причините зошто го предлага за оваа функција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Филипче ќе го номинира Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ Секако предлогот според процедурата треба да помине и пред органите на ...

Азир Алиу од Вреди, повеќе нема да биде министер за здравство. На негово место доаѓа Сашо Клековски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој е актуелн директор на Фондот за здравствено осигурување. еМагазин разгледа каков имот пријавил Алиу до Антикорупциската комисија. Каков имот пријавил? На свое име пријавил недвижен имот во скопски Чаир и Бањица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се новите министри Кои ќе бидат новите министри за правда, култура и односи меѓу ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.29
86%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
63%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.22
71%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.86
83%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.72
47%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.27
81%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
0.45
68%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.62
66%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.49
82%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
62%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
50%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.23
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.4604

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Сребро

1888.57

Цинк

0.00

Бакар

13.11

Родиум

263636.12

Платина

52052.06

Паладиум

40702.85

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.17

Иридиум

252383.36

Злато

130879.26

Кобалт

56.29

Калај

53.55