Саемот на мебел ќе се одржи од 26 до 30 март во комплексот Борис Трајковски во Скопје. „Со длабока почит кон семејствата погодени од трагедијата во Кочани, информираме дека дел од приходите од влезниците ќе бидат донирани преку Фондот за солидарност на Црвениот крст, за настраданите и повредените во трагичниот настан. За посетителите кои сакаат да придонесат, на Саемот ќе бидат поставени кутии за донации во соработка со Црвениот крст, ...

Македонија, која има долгогодишна традиција во спортот и културата, се подготвува да биде домаќин на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, настан кој ќе ги обедини младите спортски таленти од цела Европа. Фестивалот ќе биде многу повеќе од само спортска манифестација и ќе претставува исклучителна прилика за државата да го прикаже својот спортски потенцијал, но и да ја афирмира својата културна и историска важност. ЕМОФ Скопје 2025 ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, кратко излегол надвор, па ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните. Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите: лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса); ...

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Сите обвинети, Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, се изјаснија дека не се виновни. Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина ...

Германскиот синџир на маркети Лидл планира да отвори три маркети во Куманово, објави kumanovonews.mk. Едниот во центарот на градот на парцелата на Автобуската станица, вториот кај „Митев Мост“ и третиот на влезот на Куманово, кај поранешен „ЧИК“. Лидл во индустриската зона Речица покрај автопатот Куманово-Табановце веќе гради логистички дистрибутивен центар. Земјиштето со површина од 17 хектари е продадено за 5,3 милиони евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, најголемиот ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чие апсење предизвика масовни протести во Турција, ќе остане во истражен затвор до неговото судење за наводна корупција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Масовни протести во Истанбул откако беше уапсен градоначалникот Имамоглу Тој се товари и за „терористички“ дела, а Судот допрва треба да се изнесе за тоа. Имамоглу беше уапсен во средата заедно со ...

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 22.03.2025 година во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи (УЈП), Државен пазарен инспекторат (ДПИ), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Градежен инспекторат и Комунална инспекција, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вкупно 17 лица на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово во текот на ноќта биле приведени од полицијата под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост – кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Како што информира МВР, 12 лица, од кои едно малолетно, се приведени на подрачјето на Прилеп. Во Скопје е приведено едно малолетно лице и управител на ...

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт деновиве се извршени 138 контроли при кои се констатирани неправилност кај 21. правно и физичко лица за превоз на патници и стоки и за сите неправилности се изречени соодветни казни, информираа од Министерството за транспорт. Казни се изречени за правните лица: Дурмо турс со седиште во Гостивар, Дени интернационал со седиште во Илинден, Свис мак алигега со седиште во Гостивар, Зем промет – компани ...

КОД, кој се емитува на телевизијата Телма открива дека вистински газда на т.н. дискотека/кабаре „Пулс“ бил Дејан Јованов – Деко, а не управителот Александар Карадакоски, кој всушност бил шанкер. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица Карадакоски е еден од повредените во пожарот во „Пулс“, во кој загинаа 59, а се повредни 203 лица и сега се лекува во Литванија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Немало хидрант, ...

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната нето плата во јануари е 43.050 денари. Податоците на ДЗС покажуваат дека највисоката просечна нето плата за овој период е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата изнесува 99.367 денари. Во овој сектор со месеци е највиската просечна плата, а исклучок беше декември лани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Најниски просечни нето плати во декември Следи Складирање и ...

Основниот суд Кочани го прифати барањето за 30 дневен притвор на Основното јавно обвинителство Кочани за 24 лица, кои се осомничени за пожарот во т.н. дискотека/кабаре „Пулс“, во кој загинаа 59 лица, а 197 беа повредени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите осомничени градоначалници на Кочани бизнисмени Меѓу нив се и тројцата градоначалници на Општина Кочани, актуелниот во заминување, Љупчо Папазов, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, неговиот претходник Николчо Илијев, кадар ...

Во казнено-поправната установа Затвор Куманово се наоѓаат 12 лица кои се осомничени за пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а беа повредени 197, информираа од таму. Меѓу нив се и двајца поранешни градоначалници на Кочани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 30 дена притвор за 24 осомничени за трагедијата во Кочани, меѓу нив и тројцата градоначалници За трагедијата во Кочани се осомничени 27. лица, меѓу кои и актуелниот градоначалник во заминување, Љупчо ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека двајца одговорни во угостителски објекти во Општина Центар во Скопје се приведени синоќа, бидејќи била пуштата музика во деновите на жалост. – На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 ...

Од Основното јавно обвинителство информираа дека помеѓу осомничените за трагедијата во Кочани, во која во пожар во т.н. дискотека/кабаре „Пулс’ загинаа 59, а беа повредени 197 лица, е осомничен и член на групата ДНК, која имаше концерт таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за истрагата за трагедијата во Кочани: Опфатени се 27 физички и три правни лица Несреќата ја преживееа само тројца членови на групата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кривични за 34 физички и три ...

Откако на 19. март беше уапсен градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, во градот секојдневно има масовни протести, на кои учестуваат стотици илјади граѓани, а полицијата реагираше и со насилство. “ARE THESE THE LAST DAYS OF ERDOGAN? Istanbul, Ankara, Izmir, Trabzon and many other cities: Crowds of people are protesting in Turkey tonight against Erdogan and his government and the decision to arrest Istanbul Mayor Ekrem Imamoglu.” ~ Amir ...

На неизвршните членови на Одборот на директори на Тетекс АД Тетово за 2024 година им е исплатен месечен паушал од 20.000 денари нето за десет месеци и месечен паушал од 30.000 денари нето за два месеци, стои во годишниот извештај за работењето лани на Друштвото, објавен преку Македонската берза. На претседателот на Одборот на директори му биле исплатени 30.000 денари нето за десет месеци и месечен паушал од 45.000 денари нето за два месеци. -На ...

Според Државниот завод за статистика (ДЗС) просечната бруто плата во Македонија во јануари изнесувала 64.697 денари. Податоците на ДЗС покажуваат дека во тој период повторно највисоката бруто плата е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата изнесува 151.137 денари ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колку изнесува највисоката просечна бруто плата во декември Во овој сектор со месеци е највисоката бруто плата, а единствено имаше ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека се поднесени кривични пријави против 34 физички и три правни лица за трагедијата во Кочани, каде во пожар загинаа 59 лица, а 197 се повредени. „Поднесени се две кривични пријави против вкупно 34 физички и три правни лица, за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „Предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице ...

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбеди зајакната психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде поинтензивна во општините каде голем број млади, во несреќата во Кочани, загубија браќа, сестри, другари и соученици, информираше денеска министерката за образование и наука ...

По четиримесечна битка, на ВМА во Белград денеска почина Вукашин Црнчевиќ (19), како последица од повредите здобиени по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година. „Со голема тага ја информираме јавноста дека по четири месеци храбра борба почина Вукашин Црнчевиќ, повреден во трагедијата предизвикана од уривање на настрешница во Нови Сад. За жал, Вукашин е шеснаесеттата жртва на оваа трагедија,“ се ...

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ-Дуровиќ и раководителот во истото министерство, Беким Хаџиу, се дел од лицата кои се осомничени во истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во кој загинаа 59 лица, а 197 се повредени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за истрагата за трагедијата во Кочани: Опфатени се 27 физички и ...

Вчера за пожарот во т.н. дискотека “Пулс’ во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а 197 беа повредени, беа уапсени тројца градоначалници на Општина Кочани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Зар е можно градоначалникот Папазов да не ја видел т.н. дискотека во Кочани? Актуелниот Љупчо Папазов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој си даде оставка, а на позицијата дојде во 2021 година, Николчо Илијев, од опозициската СДСМ, кој беше градоначалник во периодот од 2017 до 2021 ...

Раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков денеска изјави дека сите 59 лица кои загинаа во пожарот е резултат на насилно задушување. Кај четворица од загинатите постоеле повреди односно скршеници на ребрата и се задушиле заради притисок што се случува во стампедо. „Најголем дел од нив, односно 70 проценти од нив се на возраст меѓу 16 и 29 години. Од починатите 16 лица се од женски пол, а 43 мажи. Кај дел од нив се ...

Од 23 со лиценца, констатирано е до сега 13 не исполнуваат минимум технички услови, при што се изготвуваат решенија до Министерство за економија за одземање на лиценцата и ќе бидат издадени решенија за забрана на вршење на дејност, информираше денеска портпаролката на Влада, Марија Митева за преземените активности на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Кај 5 правни субјекти коишто се регистрирани како кабаре/дискотека и коишто се со истечена ...

Со досегашната истрага за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 лица и се повредени 197, се опфатени 27 физички и три правни лица, информираа денеска од Основното јавно обвинителство Кочани. Тие се тератерат за кривичното дело “Тешки дела против општата сигурност“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 30 дена притвор за Бектеши и 12 други лица за трагедијата во Кочани -Сите осомничени во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, заеднички ...

Згрижени се 180 лица од семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство, информираше денеска портпаролот на Влада, Марија Митева. „Воедно, во овој момент бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите ...

Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел. „Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања.На лице место се ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесува 43.050 денари, а бруто-платата 64. 697 денари. Според податоците на Државниот за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: ...

Повик

13 часа - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
100%
1025
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1024
weather icon

Софија

3ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.14
83%
1027
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1026
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
91%
1026
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
95%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
81%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1147

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Кобалт

58.42

Паладиум

50058.71

Калај

41.30

Бакар

10.87

Цинк

3.13

Платина

58054.69

Алуминиум

2.87

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Сребро

2060.60

Злато

138408.99

Иридиум

145787.60