
Скопје
5ᴼ /
5ᴼ



Oбвинителството од Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144, Насилство врз дете од член 201-а, како и Предизвикување општа опасност според член 288 од Кривичниот законик. Делата ги извршила последователно така што најпрво на 10.02 при вршење семејно насилство му се заканила на сопствениот татко дека ќе го убие. Влегла во неговиот дом ...
Управата за извршување на санкиции алармираше за нередовност на здравственото осигурување на издржување на казна затвор, лицата кои се наоѓаат во притвор (ако не се осигурани по друга основа), како и малолетните лица кои се наоѓаат на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом, односно установа и за членовите на нивното семејство, кои не се осигурани по друг основ. Приближната бројка на засегнати лица е околу 1.200. ...
Од Халк Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека согласно Решение на гувернерката на Народна Банка издадена е претходна согласност за реименување на Беркан Имери и на Александар Иљов, за извршни директори и членови на Управниот одбор на Халк Банка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Беркан Имери и Александар Иљов именувани за извршни директори и членови на УО на Халк Банка Турхан Адеми не е повеќе извршен директор во Халк Банка Кој е Билал Суџубаши, ...
Повторно се одложи судењето за родилката од Дебар Јилдиз Веапоска, во Основниот суд во Струга, постапка која е започната пред три години. Се очекува супервештачење од Медицинскиот факултет од Скопје, кое треба да покаже кој го направил пропустот во оперативниот зафат, Одбраната на тројцата обвинети лекари и Обвинителството понудија сосема различни вештачења за тоа како Веапоска, по породувањето со царски рез во 2020 остана, без три органи, ...
Шведска постигна историски успех со тоа што стана официјално првата земја во светот без чад од тутун. Швеѓаните ја постигнаа оваа цел 16 години пред планираниот рок на Европската унија, додека повеќето други земји-членки имаат потешкотии да ја постигнат таа цел, велат експертите. Според официјалните здравствени податоци од шведската агенција за јавно здравје, само 4,5% од возрасните родени во Шведска пушат, што е значително под глобално ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола, постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција (УФП), поведе постапка против седум лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4, како и три лица за – Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот законик, информираа од таму. Дополнително, врз основа на согледувањата на јавниот обвинител, постапката веднаш е проширена и за едно правно ...
Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50. седница на Владата, презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот, информираат од таму. „Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски ...
Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, планирал додека избега во Турција, од таму да замине за за Минск, Белорусија и за Москва, Русија, наведоа од Основното јавно обвинителство Скопје на денешното рочиште. На истото беа изведени и неколку докази вклучувајќи и предмети собрани од местото на настаните, како и извештаи од техничката ...
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, денеска информираа дека не се разговарало за промена на македонската химна, ниту дека за тоа ќе се разговара во иднина. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Да се решеле прво етничките, па потоа економските прашања, вели Таравари Касами е за промена на државниот грб и на химната Коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, од коалицијата Вреди, пак јавно побараа ако се менува државниот грб, да се смени и химната, а за нив тоа дури и е ...
Првообвинетиот за убистиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо и денеска побара изземање на обвинителите кои го застапуваат предметот, Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска, но и на шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски. Палевски претходно освен на обвинителката Крстевска-Јосифовска, бараше изземање и на целото ...
За министерот за здравство, Арбен Таравари, кадар на владејачката коалиција Вреди е поважно прво да се решеле етничките, па потоа економските прашања. Тој денеска прашан за промената на државниот грб, рече дека од неговата коалиција биле подготвени за се да разговараат и во пакет да се решеле сите заостанати прашања од минатото. -Вреди е подготвена да разговара за се. За жал, во минатиот период повеќе осетливи теми се ставаат под тепих. Ние сме ...
Интензивирање на соработка во вршењето на законските надлежности од својот делокруг, како и размена на податоци и искуства меѓy двете институции заради натамошен развој на капацитетите на ревизорската и сметководствената професија во нашата земја, е главната цел која треба да се постигне со Меморандумот за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС), што денеска го потпишаа ...
Денеска германскиот град Минхен е во фокусот на светската јавност. Започнува Минхенската безбедносна конференција, на која се очекува да биде преставен американскиот мировен план за војната во Украина. И Македонија има своја делагација, која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски. Во истата се министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и ...
Маж на возраст од 30 години од Македонија, кој бил шеф на мафија, која оперира низ Европа, на 29. јануари бил уапсен на аеродромот во Женева, Швајцарија, објавија германските медиуми, без да биде откриено неговото име. Тој се барал по потерница од 2022 година, од страна Европската Унија, а и истиот е веќе екстрадиран во Австрија, објави германскиот портал Блик.цх. Мажот според Јавното обвинителство во Линц, Австрија, меѓудругото се сомничи дека ...
Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. На последното рочиште конечно сведочеше Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци. Сите обвинети, Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, се изјаснија дека не се виновни. Ѓорчевска и Жежовски, кои беа ...
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација, која од денеска и во наредните три дена ќе биде во Минхен, Германија, на Минхенската безбедносна конференција. Главната тема на Конференцијата е секако војната во Украина, а на истата е можно и преставување на американскиот мировен план. Мицкоски, како што најавија од Владата, на Конференцијата ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на ...
Промената на државниот грб на Македонија е во фокусот на јавноста и медиумите, а веќе почнаа лицитациите „за„ и „против„, а некои од партиите дадоа и нивни предлози како да изгледа новиот. Претседателот на Беса, која е дел од владејачката Вреди, Биљал Касами, денеска изјави дека поддржува секакви промени на Уставот, со кои ќе се менуваат државните симболи поврзани со “минатиот општествено-политички систем“. – Ние сме подготвени да разговараме за ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против неколку вработени во РЕК Битола, информираа од таму. Кривични се поднесени против П.М., во својство на директор на акционерското друштво ЕСМ, во државна сопственост Скопје, подружница РЕК Битола, Новаци, Д.П., во својство на службено лице во ЕСМ, подружница РЕК Битола, Б.Ѓ., во својство на службено лице во ЕСМ, подружница РЕК Битола, Т.А., во ...
Промената на државниот грб на Македонија по повеќе од една деценија е повторно на маса на политичарите. Премиерот Христијан Мицкоски, вчера потврди дека за тоа разговара во Владата и потсети дека во времето кога беше премиер Никола Груевски, имаше договор за промена на истиот помеѓу тогашните владини партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонија ќе го менува државниот грб, Мицкоски потврди дека се водат разговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ...
Информацијата, дека Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10-процентно ограничување на маржата во трговија на мало и за 10 проценти на трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, а истата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите, како и со бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока ...
Иницијативата за општо корисна работа на малолетници кои вандализираат урбана опрема во Центар предвидува фарбање на клупи, менување лулашки, но и купување на опремата којашто ја имаат оштетено, информираше градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостувањето во емисијата „Во живо – Програма на градови” на МРТ1. „Преку општествено корисна работа, малолетните деликвенти, односно оние што имаат уништено дел од урбаната опрема, ...
Отако вчера премиерот Христијан Мицкоски потврди дека во Владата се разговара за нов државен грб на земјата, од Либерално-демократската партија (ЛДП) предлагаат рисот да биде на новиот грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за нашата држава. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонија ќе го менува државниот грб, Мицкоски потврди дека се водат разговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди -Рисот како симбол се наоѓа на металната петденарка, се најде на ...
Во неодамнешната акција на полицијата во која беа запленети 4,5 килограми кокаин, беше уапсен уште еден член на криминалната група на скопјанецот Раде Трајковски-Штекли, Дарко Голубовски-Кнеле. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Приведени две лица од групата на Штекли, пронајдени 4,5 килограми кокаин На пошироката јавност Голубовски и е познат по неговото гостување во подкастот на Стефан Лазаров. Во поткастот тој меѓудругото зборуваше и за Трајковски, за кој рече ...
Општина Штип склучи договор за изградба на градскиот парк „Иднина“, покрај кејот на реката Брегалница во градот, со друштвото за производство, промет и услуги Стентон градба ДОО од битолското село Долно Оризари. Договорот е во вредност од 117.998.808 денари или 1.918.680 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 4,5 милиони евра склучи Министерството за здравство со „Стентон градба„ Општина Битола склучи договор од 1,2 милион евра со „Стентон градба“ ЈП ...
Основниот суд Тетово одлучи дека претседател на Алијанса за Албанците е Зијадин Села и дека Арбен Таравари треба да му ги врати печатите на партијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Зијадин Села е претседател на Алијанса на Албанците, печатите одат кај него, одлучи Судот во Тетово И двајцата по одлуката на Судот продолжуваат да тврдат дека се претседатели на партијата, а за оваа јавно се расправаат повеќе од една година. Судот во Тетово по вторпат донесе ваква ...
Без да наведе за кои изјави на Христијан Мицкоски реагира, бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) го обвини македонскиот премиер дека ја искривува реалноста и ја поткопува европската интеграција на Македонија и добрососедските односи. Од бугарското МНР изразуваат и длабоко разочарување и категорично ги осудуваат неговите последни изјави. Според бугарските медиуми станува збор за вчерашната изјава на Мицкоски во врска со внесувањето ...
Убиецот на 29-годишната Емилија Пешева од Штип, Фадил Зејнелов (33), денеска доби доживотна казна затвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Доживотен затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева од Штип Родителите на Пешева, Џемиле Сала и Слободан Пешев, пред Основниот суд Штип изразија задоволство од казната, порачувајќи дека и покрај тоа што нивната ќерка нема да се врати, е донесена вистинската казна. Погледнете ги нивните изјави во видеото на ...
Предлог-законот на пратеничката група на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците не помина во македонското Собрание. Истиот не ни стигна на дневен ред. За него гласаа 23 пратеници, 1 беше против, а немаше воздржани, иако во Собранието имаше 100 присутни пратеници. За предлогот гласаа 23 пратеници од Левица и од СДСМ, еден пратеник од ДУИ гласаше против, а пратениците од владејачкото мнозинство – ВМРО-ДПМНЕ, Знам и коалицијата ...
Повторно се водат разговори за промена на државниот грб. Информацијата денеска ја потврди премиерот Христијан Мицкоски, кој откри дека за тоа се водат разговори помеѓу владејачките ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди, и посети дека договор за менување на државниот грб имало и помеѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ, кога тие биле во истата влада, во времето кога премиер беше Никола Груевски. -Јас знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на ...
Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за оценка на уставноста и незаконитост на измените на Кривичниот законик (КЗ) од септември 2023 година, поточно на членот 353 од КЗ. Со измените беа намалени казните за кривичните дела злоупотреба на службената должност и овластвање и злосторничко здружување, по што застареа повеќе кривични предмети против поранешни функционери. Од Судот информираа дека согласно со Актот на Уставниот суд, оваа фаза ...