Српскиот суперлигаш Земун, предводен од македонскиот тренер Ѓорѓи Мојсов, приреди изненадување во шеснаесеттинафиналето на Купот на Србија, откако го совлада фаворизираниот Раднички 1923 од Крагуевац со 1-0 и обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи. Херој на домаќините беше Василије Бакиќ, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 33. минута. Екипата на Мојсов успеа да ја зачува минималната предност до последниот судиски свиреж и да ...

Македонскиот фудбалски стратег, Ѓорѓи Мојсов оствари уште еден добар резултат на клупата на Земун, тим кого го одведе во осминафиналето во Купот на Србија. Земун успеа да направи изненадување и славеше над Раднички 1923 со 1-0. Раднички е далеку подобра екипа од составот што го води Мојсов, има 16 бода повеќе на прволигашката табела, но Купот е посебно натпреварување во кое се е возможно. Клучниот момент се случи во првиот дел кога клубот од ...