Пеце Мирчески, поранешниот директор на Службста за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, на кого Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за четири кривични дела е приведен во полициската станица Кисела Вода, објави телевизијата Телма. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Детали од Финансиската полиција за истрагата за Мирчески, поранешниот директор на СОЗР на Владата Според телевизијата заедно со него е приведен и сопственик на рент-а-кар ...

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови донесе одлука да го поништи Законот за солидарен данок. Со одлуката на Уставен, државата, односно граѓаните на 156 компаниите кои го платија истиот, треба да им вратат 50 милиони евра. Со Законот беа опфатени компании кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 10 милиони евра, а го платија во 2023 година. „Судот изрази сомнеж дека оспорениот закон ја повредува темелната вредност ...

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска информираа дека се води предистрага за злоупотреби со тендер во Министерството за внатрешни работи, без да се споделат повеќе детали. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МВР го „тресе“ Одделот за општи и заеднички работи во МВР За денешната акција на МВР, само информираат дека се изврешени претреси на 16 локации. „По наредба на јавен обвинител, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во предистражна ...

Општина Битола и оваа година продолжува со преземање конкретни мерки и активности за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред се за зголемување на сигурноста на пешаците, информираат од таму. „Согласно изготвената документација и склучениот договор за набавка, транспорт и монтажа, Општина Битола ќе инвестира 3.734.877 денари за поставување на смирувачи на сообраќајот на осум локации, вклучувајќи: вешатачка издаденост – ...

Од Управата за финансиска полиција информираа дека за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Пеце Мирчевски е поднесена кривична пријава за кривичните дела Примање поткуп, Фалсификување службена исправа, Проневра во служба и Несовесно работење во служба. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески Кривична за Давање поткуп за истиот случај заработи и уште лице, во својство на ...

Случајот со проблематичниот ученик во трето одделение во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во скопски Аеродром се уште не е решен. Родителите бараат негово преместување, а проценката на надлежните институции за случајот трае подолг период. Во училиштето во неколку наврати и се бојкотираше наставата. Советот на родители во училиштето упати отворено писмо до министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа минатиот месец вети дека ...

МВР го „тресе“ Одделот за општи и заеднички работи во МВР, поради наводни злоупотреби поврзани со тендерските постапки за сервисирање на службените возила на полицијата. „Ве информираме дека од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен Јавен обвинител во тек се мерки и ...

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. „Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија,“ информираа од таму. Станува збор за поранешниот директор на владината Служба за општи и ...

На 4 февруари 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека и покрај досегашните релативно поволни трендови, ризиците и натаму ...

Инфлацијата се движи во рамките на очекувањата, велат од Народна банка по редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика. „Годишната стапка на инфлација во декември 2024 година изнесува 4,4% и очекувано се задржа на слично ниво како во ноември, под влијание на споредбената основа во истиот период претходната година, заради мерките преземени тогаш за привремено ограничување на растот на цените. Годишната динамика на ...

Секојдневните земјотреси од 26. јануари ги натераа жителите на Санторини, Грција, да го напуштат островот, кој важи за една од најпознатите светски туристички дестинации. CCTV footage of 5.1 Earthquake in Santorini, Greece February 04, 2025 #sismo #temblor #Santorini pic.twitter.com/SstljG0iLK — Disasters Daily (@DisastersAndI) February 5, 2025 Заклучно со вчера вулканскиот остров, како што објавија грчките медиуми го напуштиле над 11.000 ...

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков во гостување во Тема на денот на ТВ Сител, рече дека последното сознание кое стигнало до нив, е дека сакаат Васил Јованов, кој ја усмрти неговата ќерка, да го претстават како да се шекнал од болка и да го префрлат во некоја друга институција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Таткото на Фросина Кулакова раскажа што се случувало дентата кога ја загуби ќерката -Она што особено ни паѓа тешко кога нашата ќерка така ...

Од партијата на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, Демократско движење, информираа дека тој отпатувал за САД каде ќе учествува на традиционалниот “Молитвен појадок”, кој се организира под покровителство на претседателот на САД, Доналд Трамп. Меџити неодамна беше и дел од македонската делегација која присуствуваше на инагурацијата на Трамп во Вашингтон. Од неговата партија велат и дека посетата на ...

Постапката што Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ја води за 20-годишниот Васил Јованов, кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова е проширена и за неговите родители, откри шефотот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Јованов, кој ја усмрти Кулакова, ќе одговара за најтешкото кривично дело За емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма, тој рече дека целта е да се испита влијанието и дејствијата на родителите во насока на која ...

Најмалку 10 лица се убиени денеска во училиштето за возрасни „Рисбергска“ во шведскиот град Еребро, потврдија локалните власти. Неколку лица се пренесени во болница. Се препоставува дека и убиецот е помеѓу починатите, но нема потврда дека се самоубил. Шведските медиуми објавија дека станува збор за 35-годишен маж. Шведската полиција засега нема информација за мотивот. Убиецот не ѝ бил познат на полицијата од порано, немал врски со банди и ...

Маж на возраст од 57 години од селото Стар Караорман загинал вчера, откако со возилото излетал од коловоз на пат. Станува збор за лицето В.Д., кој починал на лице место. Несреќата како што информираа од Министерството за внатрешни работи се случила на земјен пат кој го поврзува локалниот пат село Оризари – село Пресека со маалото „Јовевци“ од селото Д.Пресека, кај местото викано „Лозата“. Тој управувал со патничко возило „мерцедес“. Неговото ...

Суспендиран e затворскиот полицаец кој што на Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова, му го пренел мобилниот телефон во затворот Скопје познат како Шутка, изјави за емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Тој даде и објаснување како Јованов стигнал до мобилниот. „Тој од првиот момент барал да обезбеди мобилен телефон. Стапува во контакт со притворено лице од соседна ...

САД за 30 дена ги одложи најавените нови царини од 26% за соседите Канада и Мексико, а за Кина стапуваат на сила вечерва по полноќ по американско време. Оваа следи откако државите се договориле да ги зајакнат контролите на своите граници со САД. Евентуалната трговска војна со Канада и Мексико ќе имаше последици не само за трите држави, туку и за глобалната економија. За Кина пак остануваат најавените повисоки за 10% царини. Земјата и возврати на ...

Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа. “Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови. Министерството се ...

Ретки минерали, во замена за помошта што САД им ја дава на Украина во војната со Русија, побара американскиот претседател Доналд Трамп. “Им даваме стотици милијарди долари со загуба, сакаме гаранции,” изјави Трамп и додаде дека Украинците биле подготвени на тоа. Украина лежи на огромни резерви на ретки минерали. Според извештајот на Светскиот економски форум, Украина располага со пет отсто од светските резерви на минерални суровини. Фото/ ...

Повикувајќи се на најновиот извештај на Комисијата за бугарско државјанство, бугарските медиуми објавија дека лани околу 1.700 Македонци добиле бугарски пасоши. Според извештајот најголем дел од пасошите се добиени врз основа на „бугарско потекло“ или „натурализација“. Најголем број бугарски пасоши добиле жители на Украина, 2.436, следи Турција, 2.163, Молдавија, 1.887, Албанија, 1.328, Србија, 847, Русија, 474, Израел, 260, Сирија,150 и ...

Студентите во Србија кои протестираат со месеци по трагичната несреќа на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 15 лица, ја вратија популарноста на песната „За милион години“ на Ју рок мисија, која им стана химна и се пее на нивните протести. Се работи за песна која во 1985 година беше направена за помош на децата во Африка, а дел од истата се најпознатите пејачи и музичари во поранешна Југославија во тоа време. Нивните протести ...

Бојкотот на маркети, кој се организираше изминатиов петок во Босна и Херцеговина е без ефект, а како што јавуваат тамошните медиуми. Податоците на Даночната управа на Федерацијата покажуваат дека прометот во маркетите бил дури и поголем во однос на претходниот ден и во однос на истиот ден од претходната недела. На 31. јануари вкупниот промет во БиХ изнесувал 251.568.163 конвертибилни марки, а во трговските објекти 101.908. 646 КМ. На 30. јануари ...

Во индустриската зона Пинтија, во близина на Стаклара во скопската општина Кисела Вода се гради Home Retail Park, најголемиот и прв трговски парк од ваков вид во Македонија, информираа од Општината. Истиот ќе се протега на површина од 35.000 м², а станува збор за инвестиција вредна 15 милиони евра. Ќе има 20.000 м² комерцијален простор, а во истиот се планира вработување на околу 300 лица. Во Home Retail Park граѓаните ќе можат да најдат сè што ...

Од Алкалоид АД Скопје информираа дека компанијата го добила првото решение за ставање во промет лек во Виетнам. -Ова е иницијален чекор кон проширување на нашето портфолио во Виетнам, земја која е дел од Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН). За Одделот за регулаторни работи во Алкалоид ова претставува значајно достигнување, во согласност со компаниската стратегија за проширување на нови пазари, велат од таму. Во Виетнам е ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера е реализирана е меѓународна акција „Вардар“, координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, која делувала на териториите на повеќе држави. -Во периодот од крајот на 2023 година до февруари 2025 ...

Дваесет годишниот Васил Јованов од Скопје, кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино ќе одговара за убиство со умисла. Јавниот обвинител Љупчо Коцевски денеска информираше дека за Јованов се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот, дека постапката ќе биде ефикасна и дека Основното јавно обвинителство ќе инсистира на најстрога казна. – Од досегашните докази, за Обвинителството е неспорно дека ...

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, во Кривичниот суд Скопје, Јавното обвинителство презентираше видео записи од камерите на Сејф сити и комерцијални објекти за движењето на возилата „цитроен“ и “рено кангу“ на денот на грабнувањето на Ѓорчевска, 27. ноември 2023 година. Обвинителството повикувајќи се на една од снимките тврди дека првообвинетиот ...

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) информираа дека синоќа засега непознати сторители опожариле автомобил на јавен обвинител од ОЈО Скопје. -Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен. Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија. Истражните органи работат на ...

Се проширува истрагата во предметот „Адитив“. Од Основното јавно обвинителство информираа дека денеска се приведени осум нови лица од Битола, Кичево и од Велес и е извршен претрес на една локација во Велес. -Како резултат на обезбедениот доказен материјал донесена е уште една наредба за спроведување истражна постапка против 11 лица, информираа од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра Три лица ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
51%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
80%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 6ᴼ
1.03
77%
1014
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
87%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.95
85%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
4.63
54%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1016
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
87%
1016
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
5.81
88%
1012
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
2.24
88%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52