Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Долгорочните прогнози на „Maxar Technologies“ и „Marex“ укажуваат на зголемена веројатност за посвежо од нормалното време низ поголемиот дел од континентот. Студениот воздух од Арктикот ќе доаѓа на континентот барем во првиот дел од месецот поради временскиот модел познат како блокирање (кога центрите на висок и/или низок притисок ќе се населат над регионот на таков начин што ќе го блокираат преминот на други временски системи) „Студениот ...
Трудот ја опишува моменталната состојба на биодиверзитетот и еколошките карактеристики на Студенчишко Блато во поширок контекст на системот на сливот Охрид-Преспа. Исто така, ги опишува екосистемските услуги на блатото и непосредните закани за еколошките карактеристики што ги носат неодамнешните урбанистички планови. Конечно, предлага можности за понатамошно развивање на областа, оставајќи го блатото недопрено, и дури и подобрување на ...
Како да не постои законот и како да не постои проблемот на загадувањето со пластика. Според Заводот за статистика, во 2021 година е произведено енормно количество од 5.800 тони пластични кеси и вреќи, односно секој ден по неверојатни 16 тони. Ваквото екцесивно производство и потрошувачка на пластични кеси со несмалено темпо продолжи и оваа година. Единствениот позитивен исчекор што е направен е во однос на т.н. биоразградливи пластични кеси ...
Најмногу дож, 55 литри на метар кавдратен, во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија, во Гевгелија 47, во Маврово 24, Струмица 19, а 15 литри во Скопје, соопшти УХМР. Снежна покривка од три сантиметри има во Маврово, а еден сантиметар во Лазарополе. И денска ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег каде што снежната покривка ќе се зголеми. Наместа и особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м²). Ќе дува слаб до ...
Избелувањето на гребенот се случува кога водата станува премногу топла, поради што коралите ги исфрлаат разнобојните алги кои живеат во нивните ткива и стануваат бели. Коралите можат да го преживеат избелувањето, но тоа негативно влијае врз нивниот раст и репродукција, што пак ја намалува нивната отпорност на климатските промени, се вели во извештајот на УНЕСКО. Научниците на УНЕСКО го посетија Големиот австралиски гребен во март, а ...
Само во 2020 година, околу 200 американски непрофитни организации за заштита на животната средина колективно собрале 3,2 милијарди долари од богати донатори и фондации. Тоа е зголемување за половина милијарди долари во однос на претходната, 2019 година, кога еко-групите пријавиле приход од 2,7 милијарди долари. Седум од најголемите донатори уфрлиле 1,8 милијарди долари во каузата. Ако не сите, тогаш многу од нив не штедат пари и за ...
Поројот од кал и остатоци уништи домови и одвлече автомобили во морето. Тоа уследи по неколку дена силни дождови во јужна Италија, но сега кога времето се смири, се забележуваат вистинските размери на уништувањето. Повеќе од 100 пожарникари, како и нуркачи се распоредени на Искија за да се обидат да ги расчистат улиците. Оштетени возила се натрупани едни врз други, додека силата на движењето на калта остави трага на уништување во инаку ...
Kога ќе ја видите листата, ќе сфатите дека луѓето навистина не се труделе многу да се заштитат. Погледнете ја топ 10 листата на најкористени лозинки во 2022 година: 1. password 2. 123456 3. 123456789 4. guest 5. qwerty 6. 12345678 7. 111111 8.12345 9. col123456 10. 123123 Покрај повторувањето на броевите, популарните термини за лозинка вклучуваат термини како „Оскари“, „Тиндер“, „Бетмен“ и други. Дали ја препознавате вашата лозинка во првите ...
„Понатамошните трошоци се утврдени во опсежни консултации со бројни засегнати страни и се прецизирани првичните прогнози“, соопшти Министерството во неделата, наведувајќи ги оперативните трошоци и дополнителната инфраструктура на копно. Министерството рече дека пловечките терминали се од суштинско значење за најголемата европска економија за да се компензира колапсот во испораката на руски гас по инвазијата на Москва на Украина. Германија ...
Доколку Операторот ги стартува и ги стави во функција котлите на енергенс мазут, без одлагање треба да го извести Надлежниот орган, да изврши мерења на емисиите при стартување и да ги достави извештаите од мерењата до Надлежниот орган – стои во интегрираната еколошка дозвола (Б) со број 08-2598/5 што Град Скопје ја издал на топланата во јули годинава. Во интегрираната еколошка дозвола (Б) што Град Скопје ја издал на топланата се нагласува ...
Утрово во земјава се измерени температури над нулата и тоа еден степен на Попова Шапка, 3 во Лазарополе, 4 Маврови Анови, 5 Крушево, 7 Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Битола, Дебар, Куманово, 9 Крива Паланка, Прилеп, Берово, 10 Скопје-Петровец, 12 Демир Капија, Виница, Струмица, Гевгелија, Дојран и 14 степени во Штип. Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е регистриран на Попова Шапка, 61 литар на метар ...
Училиштето е артикулирано како централно место на иницирање и консолидација на јавните објекти во населбата Ивања Река. „Во нагласено отсуство на јавни програми, го добива значењето на инфраструктурно ткиво, со што населбата Ивања Река станува едукативно, социјално и јавно опремена“, велат проектантите Иво-Лола Петриќ, Марија Бурмас и Јакша Калајжиќ од бирото „Субмап“ . Авторите го препознаваат потенцијалот, дека во изразеното отсуство на ...
До ова откритие дошле во текот на истражување на флексибилна електроника, со фокус на одржливите материјали кои би ги замениле неразградливите. Научниот тим размислувал да користи материјали добиени од печурки за употреба во други подрачја. Притоа, установиле дека кожата на печурките ганодерма луцидум може да се користи како замена за базата која се користи во струјни кола, а која изолира и ги лади проводниците.Оваа база обично се прави од ...
На 18 ноември во 1874 година во селото Постол (Пела), Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издавал на ...
Значи ова не се фотографиите од летниот период, иако лесно може да бидат заменети, кога поради високите температури нормално е нивото да е повлечено. Констатација: состојба – жална велат од Охрид СОС “Не дозволувајте да бидете излажани и изманипулирани, поимот “климатски промени” е измислен за да се оправдаат пресушувањата на реките и езерата се со цел да се дојде до вештачки наметната криза за храна и вода. Реките и езерата во Македонија ...
Таканаречените “климатските активисти” во Австрија, денеска осквернавија слика на познатиот австриски уметник Густав Климт во музејот „Леополд“, која е поврзаноста на овие т.н. активисти со екологијата и сквернавењето уметнички дела навистина е нејасно, а е слично со активностите кои беа организирани за време на обоената револуција во Македонија со цел рушење на државата и поставување марионетска власт. Во двата случаи со театарско-сценско ...
Тимовите за итни случаи се во Нов Јужен Велс со хеликоптери кои спасуваат луѓе од покривите и над 200 спасувања од поплавите се спроведени во изминатите 24 часа. Некои луѓе најдоа спас од поплавите во врвовите на дрвјата, според Противпожарната служба на Нов Јужен Велс. Според официјалните информации, досега со хеликоптери се спасени 67 лица. Значајните дотоци на вода во браната Вајангла на реката Лахлан предизвикаа излевање на рекордни ...
Бетонот е најраспространетиот градежен материјал, со 25 милијарди тони кои се користат на годишно ниво. Тој троши околу 30% необновливи природни ресурси, а емитува околу 8% од глобалните емисии на стаклена градина. Наодите на тимот научници укажуваат на значаен потенцијал за употребата на природните влакна во развојот на градежните материјали, во кои врзивното средство и агрегатот се заменети со индустриски нуспроизводи и отпадни материјали. ...
Таа ги истражувала домашните видови пчели во ботаничката градина Кингс парк во Перт кога наишла на необична пчела со посебна муцка. Изненадена од она што го видела, д-р Прендергаст почнала да пребарува фотографии од домородни пчели и да гледа примероци во различни музејски збирки. На нејзино изненадување, таа не можела да најде многу. Всушност, таксономистите од Западниот австралиски музеј во Перт ѝ рекле дека веројатно станува збор за нов ...
Двајца климатски активисти денеска се залепија на штандот за диносауруси во Природонаучниот музеј во австриската престолнина во знак на протест против владините политики за фосилни горива. Додека самиот скелет не претрпел никаква штета, акробацијата набрзо била прекината од полицијата. Жените, кои се дел од климатското движење Letzte Generation (Последната генерација), ја организираа акцијата „пред остатоците на изумрените џинови“ за да ја ...
Директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева денеска на прес-конференцијата преставувајќи ги реализираните активности, истакна дека во текот на изминатиот месец се извршени засилени контроли на територијата на Скопје, при што биле констатирани бројни прекршувања на Законот за јавна чистота преку одлагање отпад на јавни површини од страна на физички лица и правни субјекти. Мазнева истакна дека е неопходно постоење на комунална полиција ...
Посувите температури ги зачестуваат шумските пожари на планината Килиманџаро, уништувајќи го светиот екосистем дом на некои од најретките растенија и животни на планетата. Шумски пожар беснее на планината Килиманџаро, највисоката самостојна планина во светот и еден од нејзините поретки екосистеми. Пожарот, на јужната страна на планината, гори веќе две недели Планината Килиманџаро – највисокиот врв во Африка со 5.895 метри и една од нејзините ...
Овој договор го поддржаа 112 земји, што е голем пораст во однос на 70 пред една година. Како што истакнуваат лидерите, постигнувањето на оваа цел ќе биде предизвик, меѓу другото, затоа што земјите кои се грижат за зачувување на природата добиваат премалку признанија за работата која има повеќекратна корист – од складирање на емисиите на јаглерод што доведуваат до климатски промени до заштита на дивите животни. Заштитата на 30 отсто од ...
Донмез го нагласи зголеменото значење на нуклеарната енергија како чист извор на енергија во гостување на телевизијата ТРТ Хабер. Тој објасни дека моментално е во тек изградбата на четвртиот реактор на првата нуклеарна централа во земјата „Акују” во Мерсин, на брегот на Средоземното Море, од која првиот реактор се очекува да стартува со работа на крајот на годината, а потоа останатите реактори секоја наредна година. Втората централа ќе се ...
Во годината на јубилејот „50 години МКЦ“ – Млад отворен театар ќе прикаже дваесет и пет програмски активности, ќе биде домаќин на театри од Словенија, Грција, Турција, Велика Британија, Србија, Црна Гора и од Македонија. Дополнително, во чест и спомен на еден од основачите на МОТ и негов повеќедецениски програмски уредник и директор – Љубиша Никодиновски Биш – кој почина оваа година, ќе биде воспоставена и награда „Биш“, која ќе се доделува ...
Конференцијата повика енергетската и прехранбената криза поврзана со руската војна во Украина да не влијае на мерките за борба против климатските промени. Потребата од преземање мерки беше истакната во последниот извештај на Метеоролошката агенција на ОН. Во него, научниците процениле дека глобалната температура на Земјата се зголемила за 1,15 целзиусови степени од прединдустриската ера и дека последните осум години биле најтоплите години ...
Ова е насловот на анализата подготвена од Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна вицегувернерка на Народната банка на Македонија Буџетот за 2023 година ќе тежи 5 МИЛЈАРДИ И 281 МИЛИОНИ ЕВРА, што е за 50% повеќе од буџетот од 2019 година и за 75% повеќе од последниот буџет на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. А во меѓувреме стравување со кризи НУЛА, реализирани инфраструктурни проекти НУЛА. Што кажа владата со Предлог-буџетот за 2023 година? (кој го ...
Зоолошката градина „Таронга“ во Сиднеј, Австралија, соопшти дека пет лава – еден возрасен и четири младенчиња, коишто побегнале од својот ограден простор, биле пронајдени близу нивниот кафез со опасност да отидат каде што не треба во самата градина. Зоолошката беше привремено затворена заради безбедност. „Зоолошката градина има строги безбедносни протоколи за ваков инцидент и веднаш беше преземена акција. Редовно спроведуваме вежби за да се ...
Енергетската криза предизвика најголеми шокови на пазарите на природен гас и електрична енергија, како и значајни превирања на пазарите на нафта и нафта, соопшти IEA. Пазарите на енергенти се и натаму исклучително ранливи на геополитичките ризици, а кризата е потсетник на неодржливоста на моменталниот глобален енергетски систем, предупредува IEA во годишниот извештај World Energy Outlook за 2022 година. Во анализата се споменува дека постојат ...
Аму Хаџи, прекар кој во Иран нагалено се користи за постари луѓе, со децении се спротивставува на обидите на неговите соселани да го избањаат со вода и сапун. И така до пред неколку месеци кога решава да попушти и да се избања. Според иранската новинска агенција ИРНА, кратко по бањањето Аму Хаџи се разболува и не оздравува се до неговата смрт. Освен што не се бања, 94-годишниот Аму Хаџи и одвратно се храни, па неговата исхрана се состои од ...