
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Повеќе од половина од вкупното население во Албанија се Македонци. – Нашиот извештај детализира низа инциденти кои предизвикуваат сериозна загриженост за спроведувањето и интегритетот на пописниот процес, особено фокусирајќи се на притисокот, заканите и заплашувањата Овие дејствија ги поткопаа правата и слободите на македонската заедница во Албанија, прашање што се наоѓа директно во рамките на мандатот на Комитетот за елиминација на расната ...
Најчести симптоми се иритација на очите, носот и грлото. Постојаното течење на носот, кивањето, кашлањето или чешањето околу очите може дури и да го нарушат сонот, оставајќи ве целосно исцрпени. Д-р. Хелен Вол дава стручен совет за справување на напад на алергија. 1. Внимавајте на прозорците По долга, влажна зима, примамливо е да се отворат прозорците и да се пушти малку свеж воздух на првиот знак на пролетта, но др. Вол вели дека тоа навистина ...
Европските производители во 2020 година ѝ платиле на Европската Комисија казни во висина од 510 милиони евра, поради пречекорување на ограничувањето за емисијата на ЦО2. Тогаш беа воведени построги ограничувања, што бараа производителите значително да ја зголемат продажбата на целосно електрични и хибридни возила. Меѓу поголемите компании што платиле казни се концернот Фолксваген и Јагуар Ланд Ровер. Вкупната казна што им била изречена на ...
По топлите сончеви денови со температури и до 29 степени, од средината на овој месец ни доаѓа голема промена на времето, а се поизвезен е и првиот задоцнет зимски удар на Балканот, па и во Македонија, најавува метеорологот Славчо Попоски. За промена на времето и снежен зимски бран предупредува и познатиот хрватски метеоролог Дино Дундиќ. Според него, снежната граница би можела да се спушти дури и до 800 метри надморска височина. временска ...
„Сè уште имаме шанса да се намали емитувањето гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина со новата генерација на национални планови за климата“, рече Стил, истакнувајќи дека „секој човек на планетата има две години да го спаси светот“. Тој оцени дека се повеќе луѓе ширум светот сакаат борба против климатските промени бидејќи „го чувствуваат нивното влијание во секојдневниот живот и во буџетот на домаќинствата“ и додаде дека ...
На ист став со владата се и мнозинството родители во земјата од кои на анкета во март годинава 58% одговориле дека се согласуваат со забрана за користење смартфони за лица под 16 години. Во истата анкета 4 од 5 родители изјавиле дека сметаат дека смартфоните се штетни за децата и младите. Слични резултати покажуваат и други анкети спроведени во Британија. Намерата на законот е да се заштитат децата од штетното влијание на социјалните мрежи. ...
Една од компаниите на Маск, xAI, моментално ја обучува втората верзија на својот модел Grok, за што и биле потребни дури 20.000 Nvidia H100 GPU, а Маск предвидува дека на AI моделот од новата генерација Grok 3 ќе му требаат околу 100.000 Nvidia H100 чипови за обучување. Според Маск, развојот на AI моментално го кочат две работи – немањето залихи на напредни GPU процесори на пазарот како што е Nvidiа H100 и достапноста на електричната енергија, ...
Лазар Личеноски е роден во Галичник на 26 март 1901 година. Тој беше македонски експресионистички сликар и еден од најавтентичните сликари на македонскиот предел, во кои внесувал и фолклорни елементи. Сликал и мртва природа, портрети и мозаици. Уметничка школа со академски курс завршил во Белград, 1927 г. Специјализирал ѕидни техники во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен на Високата школа за уметности и занаети (École nationale ...
Според еко-активистите, ова е една од темите која директно и долгорочно влијае на квалитетот на живот на нашите граѓани и е директна причина за загрозување на здравјето, на природата, на природните ресурси, на среќата и задоволството, на отселувањето, на перцепцијата дека оваа држава е преубава и превалкана во исто време. „Еве ги приоритетите на кои сите кои претендираат да бидат дел од извршната власт мора да се фокусираат. Нема време за нови ...
Шест лица се сметаат за исчезнати, а 10 се повредени, од кои четворица потешко во експлозија во хидроцентрала во Италија. Повредените се здобиле со тешки изгореници. Италијанските медиуми јавија дека кај браната на езерото Сувијана, која се наоѓа меѓу Болоња и Фиренца, попладнево околу 15 часот дошло до експлозија. Полицијата и пожарникарите трагаат по исчезнатите лица. „Се чини дека избувна пожар на деветтиот кат, целата електрана е под нивото ...
Ова е допис од 23.02.2024 од МВР на Италија до нивната гранична полиција во кој е наведено дека, по препорака на Европската Комисија, 25 членки на ЕУ донеле одлука да се дозволи слободно движење со валидни пасоши со името Република Македонија до крајот на септември 2024 година. Оваа одлука не ја прифатиле само две земји членки, и тоа Грција (со официјален допис доставен до Комисијата) и Франција (неофицијално известување до ЕК), пишува Милошоски ...
Немаше извештаи за изречени казни против косовските Срби што бојкотираа во тоа време, и покрај законот од 2010 година, кој исто така предвидуваше казни за одбивање. Околу 2.700 собирачи на попис се вклучени во процесот, заедно со околу 700 надзорници и околу 300 општински вработени. Пописот ќе трае до 17 мај. Властите во Приштина ги поканија сите жители на Косово, вклучувајќи ги и Србите, да се пријават, но неизвесно е каков ќе биде одговорот во ...
Во Скопје, времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе биде од осум степени наутро, до 26 Целзиусови степени во текот на денот. И за утрешниот ден синоптичарите најавуваат дека во целата земја ќе има сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура утре ќе биде од три до 10 степени, а во текот на денот од 19 ...
Јужна Америка изгуби 30 отсто од своите шуми од 2001 до 2023 година, но има причини за оптимизам, пишува лондонски „Економист“. Иако загубата од 2.000 квадратни километри е сериозна, тоа е намалување на сечењето на шумите за 24 проценти во споредба со 2022 година, кога беа уништени 2. 600 квадратни километри. Бразил и Колумбија направија најмногу за да го спречат уништувањето на шумите, што се совпаѓа со плановите на нивните претседатели Луис ...
Според информациите од ЈП „Охридски комуналец“, екипи на претпријатието веднаш биле испратени на терен, каде се преземени сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на пожарот. „Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на ТППЕ од Охрид, а со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја“, велат од „Охридски комуналец“. За инцидентот се известени и во СВР-Охрид, од каде ќе биде поднесена ...
ФТ вели дека тоа ќе биде најголемата промена во бизнисот за пребарување на Google и првпат компанијата да почне да наплатува за своите основни производи. На овој начин Google би го променил својот бизнис модел кој се базира на приходите од реклами. Доколку ова сценарио се оствари, стандардниот прелистувач на Google ќе продолжи да биде бесплатен за сите корисници. Инженерите на Google веќе ја развиваат технологијата потребна за новата услуга, но ...
Исто така 800 милиони евра ќе бидат директна помош за земјоделците во цела Македонија, тоа значи дека ќе го решаваме откупот на земјоделските производи, но и водоснабдувањето кој е еден од најголемите проблеми во овој крај. Дополнително 5.000 млади лица земјоделци, кои што одлучиле да останат во Македонија ќе добијат дополнителни бонус поени при апликациите за добивање на државно земјоделско земјиште. Меѓутоа за сето ова да се случи потребни се ...
Од планината Беласица вчеравечер околу 19:30 часот пронајдени се двајцата велосипедисти за кои претходно попладнето било пријавено оти се изгубиле, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Исчезнувањето на велосипедистите било пријавено вчера попладне во 16:50 часот во регионалниот Центар за управување со кризи Струмица на единствениот број за итни повици 112. По добиената пријава, како што додаваат од ЦУК, во контакт со двајцата ...
Според „РАИ њуз“ овие вулкански прстени всушност се создаваат од пареа, а не од чад. Направени се од кондензирани гасови, главно водена пареа, кои избегале од магмата и еруптирале од отворот на вулканот. Резултатот од овие врели вулкански гасови кои ненадејно излегуваат од кружниот тек на отворот во кратки рафали е она што ја создава формата на прстен. Реткиот феномен – познат како вулкански прстени од чад – може да се формира само во кружен ...
Планот до крајот на деценијата, исто така, предвидува редовна употреба на беспилотни летала за борба против криминалот, како и за испорака за службите за итни случаи. Спроведувањето на стратегијата ќе доведе до усвојување на технологија „кога ќе биде ограничена на доменот на научната фантастика“, според Министерството за транспорт, а технологијата на беспилотни летала може да придонесе 45 милијарди фунти (околу 52 милијарди евра) за економијата ...
„Воочено е дека тоа е еден проект што ќе ја олесни работата на самата Пречистителна станица, т.е. сите поголеми материјали што влегуваат во самата канализација досега одат директно во самиот процес на Пречистителната станица. Со изградба на овој таложник сите тие груби материјали ќе остануваат во овој таложник и со тоа ќе се намали работата на самите пумпи, потрошувачката на електрична енергија на самите мотори и директно тие груби материјали ќе ...
Младата девојка зборуваше за тешкотиите со кои се соочува во секојдневниот живот – од изборот на облека до омразата на социјалните мрежи насочена кон неа и проблемите со спротивниот пол. Карин се пожали дека корисниците на социјалните мрежи често оставаат негативни коментари на видеата што таа ги објавува на својот профил. – Често ме споредуваат со ликовите од хорор филмовите како што е Слендермен – вели таа, додавајќи дека добро се сеќава на ...
Тешко дека ќе има македонско јагне да се купи за православниот Велигден. Сточарите продадоа над 80 отсто од јагнињата за католички Велигден, а најголем дел се извезоа во Италија и Хрватска. И покрај тоа што сточниот фонд е намален, а голем дел од јагнињата се извезоа, сточарите се надеваат дека ќе остане јагнешко и за домашниот пазар. Но, ќе биде со повисока цена и со послаб квалитет, бидејќи оние јагниња од прва и втора категорија веќе се ...
Главниот одбор на оваа партија заседавал синоќа, при што, како што е соопштено, се разгледани последните политички случувања, но и ситуацијата која, според ПКС, „кулминира со антисрпската политика на Владата на Косово“. Од ПКС сметаат дека граѓаните во моментов се целосно неинформирани за пописот, а од друга страна наведуваат дека косовските институции не се способни да го спроведат процесот како што треба. Голем број наши сограѓани беа ...
Во ноќеска пристигнатите чамци имало државјани на Бангладеш, Египет и Пакистан, кои заминале од Либија, како и мигранти од Гамбија, Нигерија, Сенегал, Малезија и Брегот на Слоновата Коска, кои заминале од Тунис, пренесува Анса. Меѓу пристигнатите бегалци има жени и деца. Поради новиот мигрантски бран, на најјужниот италијански остров во моментов има 1.263 лица. Мигрантите кои пристигнуваат во Лампедуза се префрлени во други делови на Италија. ...
Тајванската телевизиска станица TVBS News прва ја објави веста за штетите на островот Куеишан, кој поради својата форма го нарекуваат и „островот на желките“. Тајванскиот медиумски портал 信傳媒 напиша дека големи камења паднале во морето, но дека никој не е повреден бидејќи во тоа време во близина немало туристи или чамци. URL Земјотресот го погоди Тајван во средата наутро во најфреквентно време, а беше почувствуван и на целиот остров, кој има ...
Вештачката интелигенција неодамна достигна сосема ново ниво. „OpenAI“ со помош на „Sora“ го направи првиот музички спот кој во целост е генериран од вештачка интелигенција. Станува збор за спот за песната „Worldweight“ на уметницата Август Кемп кој комбинира психоделични визуелни елементи, со амбиентална музика. Во ова видео вклопени се различни окруженија, од облачни плажи до шуми со олтари, па се до сцени кои потсетуваат на делови од вонземна ...
ДНК од околината подразбира каков било генетски материјал кој е собран директно од средината, како што е водата, почвата, седименти или воздухот, без присуство на изворен биолошки материјал, односно организми или делови од организми од кои потекнува таа ДНК. Организмите најчесто испуштаат ДНК во околината во форма на клетки и ткива како што се влакна или кожа, урина или измет или преку распаѓање на мртви организми. Исиштената ДНК некое време ...
Билборди, постери, дебати, митинзи и тв реклами, информации, но и дезинформации – ова ќе биде македонската реалност до 8 мај, кога се очекува да завршат двојните, претседателски и парламентарни избори. Кампањата за претседателските избори закажани за 24 април започна и ќе трае до полноќ на 22 април. ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател Гордана Силјаноска Давкова ги повикаа граѓаните на масовен митинг пред владата со почеток од 20 часот ...
Откако бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, започнаа напад врз Израел на 7 октомври минатата година, најмалку 203 хуманитарни работници се убиени во израелските напади, според извештајот, пренесува Анадолија. Гутереш минатата недела изрази загриженост поради континуираното спречување на хуманитарните работници на ОН да ги извршуваат своите должности во опколениот Појас Газа, особено во северниот дел на палестинската енклава. Американската ...