
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



По добиена пријава од граѓанската иницијатива Охрид СОС дека на охридското крајбрежје на потегот од Струга кон Радожда се изведуваат градежни активности, Државниот инспекторат за животна средина денеска соопшти дека на терен излегле виш инспектор за заштита на природата, државниот инспектор за животна средина од канцеларија Охрид и овластени инспектори од општина Струга за животна средина и градежништво, како и инспектори од ОВР Струга. – На ...
Цените на електричната енергија исто така беа за 60 отсто пониски во декември 2023 година отколку во претходната година, пишува порталот „Стаинлес Еспресо”. Цената на гасот би можела уште повеќе да падне со оглед на САД и претстојната одлука за извоз на течен природен гас (ЛНГ). Иако големопродажните цени на електричната енергија се сè уште на повисоко ниво поради значителните неправилности во распределбата на цените во Европа, минималната цена ...
„Тоа е најгладната црна дупка што сме ја виделе досега“, велат астрономите од Австралискиот национален универзитет, како што пренесува Science Alert. Мистеријата на супермасивните црни дупки Супермасивните црни дупки во центрите на галаксиите претставуваат еден вид мистерија. Имено, на научниците се уште не им е сосема јасно како настанале. Многу помали црни дупки, од неколку десетици соларни маси, се директен производ на колапсот на јадрото на ...
Ветерот ќе биде сосема слаб и од променлив правец, но одсега гледано, за време на следниот викенд ќе започне да засилува ветерот од јужен правец. Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите места од Македонија. Што се однесува до температурите на воздухот, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и ...
Градскиот совет на Сиднеј соопшти дека ќе започне со проверка на 33 паркови за да утврди дали се загадени со азбест и дека тестирањето ќе трае неколку недели. Околу 700 ученици во јавното училиште во југозападен Сиднеј ќе бидат преместени неколку недели откако беше пронајден азбест во кампусот на училиштето, пренесува Ројтерс. Почнаа инспекции во уште седум училишта, а наодите се очекуваат подоцна денеска, соопштија властите. Парадата на ЛГБТ, ...
Протекувањето започна на 9 јуни 2023 година, кога експлозија предизвика пожар за време на дупчење во регионот Мангистау во југозападен Казахстан. Пожарот продолжи до крајот на годината и беше ставен под контрола дури на 25 декември 2023 година. Локалните власти за Би-Би-Си изјавија дека моментално се работи на запечатување на бунарот со цемент. Природниот гас се состои првенствено од метан, кој е безбоен. Но, кога сончевата светлина поминува ...
Ново истражување покажува дека глобалното затоплување предизвикува брзо топење на ледената покривка на Гренланд, и нејзина замена со вегетација. Делови од Гренланд повторно стануваат зелени, првпат откако викинзите го посетиле пред речиси 1.000 години, вели Џонатан Каривик, коавтор на истражувањето и научник од Универзитетот „Лидс“ во Велика Британија. Таму каде што имаше снег и мраз пред само неколку децении, сега има области со ниска ...
Обединетите нации соопштија дека нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците во Газа, нагласувајќи дека нема безбедно место на кое може да се оди на територијата каде што израелската воена офанзива е во тек. Портпаролот на ОН Стефан Дижарик одговори на барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху армијата да подготви план за евакуација на околу 1,5 милиони палестински цивили, кои избегаа од конфликтот во Рафа во јужниот ...
Тетово со години е на врвот на светските листи на градовите со најзагаден воздух. Со започнувањето на зимската сезона проблемот со аерозагадувањето сè повеќе се продлабочува поради материјалите кои се употребуваат за затоплување на домаќинствата, а најголемо загадување има во вечерните часови. Специјалистот по хигиена и здравствена екологија од Центарот за јавно здравје во Тетово, Ратко Давидовски, истакна дека во последните денови вредностите ...
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 6.32 часот регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југозападно од Скопје, со локална магнитуда ML3.6. Како што стои во соопштението, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Македонија, во Охрид и во Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. ...
Помеѓу мај 2026 година и март 2028 година, сегашната возраст за пензионирање во Обединетото Кралство, која е 66, се очекува да се зголеми на 67 години, а се предвидува да порасне на 68 години до 2044 година. Извештајот на Меѓународниот центар за долговечност, насловен како старосната граница за пензија и демографските промени, покажува дека со висока стапка на работници кои моментално ја напуштаат работната сила пред да стигнат до старосната ...
Идејата за одржливо живеење и користење на природните ресурси, следење на климата и преземање на акции за намлување на климатските промени, ги инспирира жителите на ова место сместено на падините на Илинска Планина, повеќе од десет години да инвестираат во еколошки проекти. Како дел од кичевскиот крај, зависен од употреба на јагленот, Белица е примерот како треба да изгледа вистинската транзиција кон зелена иднина. Првата зелена комуна во ...
Демонстрантите планираат да го блокираат пристапот до пристаништето во Северното Море, второто по големина во земјата, најмалку 36 часа, почнувајќи од 14 часот, објави весникот, цитирајќи ги организаторите и полицијата, додавајќи дека блокадата на патот може да трае до утревечер. – Полицијата добила информација за акцијата во пристаништето Зибриж, изјави портпаролот на пристанишните власти. Тој рече дека не е јасно за каква акција станува збор. ...
Резултатите од нивната студија покажуваат дека вежбањето или читањето музички ноти е добро за меморирање и решавање на сложени задачи. Во анализата објавена во International Journal of Geriatric Psychiatry, тие наведуваат дека музиката треба да се гледа како начин на живот кој го одржува здравјето на мозокот. Тие анкетирале повеќе од 1.100 луѓе на возраст над 40 години. Просечната возраст на испитаниците била 68 години. Научниците од ...
Наодите се објавени во Меѓународниот весник за климатологија. „Меѓународен панел од научници за атмосферата ја потврдија температурата регистрирана од автоматизирана метеоролошка станица во Сиракуза на италијанскиот остров Сицилија“, соопшти метеоролошката агенција на Обединетите нации со седиште во Женева. Температурата на 11 август 2021 година била речиси еден степен Целзиусов повисока од претходниот рекорд од 48 степени Целзиусови регистриран ...
Сега дојде нов момент: Европската народна партија, најголемата европска политичка партија и група на која припаѓаат ХДЗ, ЦДУ и голем број партии од десниот центар, имено, сака да се преиспита забраната за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување „што е можно поскоро“. Изборите за Европскиот парламент се одржуваат во јуни следната година, а партиите веќе добија на интензитет во креирањето на нивните програми што ќе ги ...
Се верува дека најмалку 2 милиони тони загадена почва се движат по 2 метри дневно. Досега свлечиштето се движело по 9 метри дневно. Се стравува дека загадената почва би можела да ја загади реката Алинг. Ова се случува во една од најфалените т.н. еколошко свесни земји во светот, очигледно дека тоа било само пропаганда и голема лага. Извештајот на Геолошкиот институт на Данска и Гренланд (GEUS) за свлечиштето, кој предизвика бес низ Данска, ...
Имено, царските пингвини се парат, несат јајца и одгледуваат млади на морскиот мраз поврзан со брегот. Мразот е прикачен на брегот, се протега кон морето и останува на истото место во текот на целата зима. Може да исчезне во летниот период и повторно да се формира во текот на годината. Но, во делови од Антарктикот, поради климатските промени, овој вид мраз е намален, што може да има долгорочни последици за царските пингвини. Патем, тоа е ...
Слетувањето на Месечината на јапонската сонда SLIM (Smart Lander for Investigating Moon) беше успешно. Според првичните вести од јапонската агенција за вселенски истражувања JAXA, сондата по слетувањето успешно комуницира со Земјата, но по сѐ изгледа дека соларните панели на лендерот не функционираат. Тие не генерираат енергија, па активностите на сондата засега зависат од батеријата. Во соопштението на JAXA се вели дека поради тоа “приоритет е ...
Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 22 сантиметри во Маврови Анови, 18 во Битола и Попова Шапка, 16 во Дебар, 15 во Тетово, 14 во Ѓуриште, 13 во Берово, 12 во Крушево, 11 во Лазарополе, 9 во Претор, осум во Охрид, седум во Демир Капија, три во Струмица и Прилеп, два во Штип и еден сантиметар во Крива Паланка. Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро, тивко и студено време. Во Демир Капија има магла со ...
Најмалку 25 луѓе загинаа во Тенеси и 16 во Орегон, каде што останува во сила вонредната состојба по силните ледени бури. Десетици илјади луѓе останаа без струја, меѓу кои 10.000 жители во Орегон, 8.000 во Северна Каролина, 7.000 во Калифорнија и 4.300 во Кентаки, јавува Би-Би-Си. Иако бројот на смртни случаи е најголем во Тенеси и Орегон, смртни случаи се пријавени и во Илиноис, Пенсилванија, Мисисипи, Вашингтон, Кентаки, Висконсин, Њујорк, Њу ...
Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 5,79% со другите 62,05% што се именувани како „неитни повици“, биле 1.036 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според ...
Најавената трка со моторни чамци која во јули треба да се одржи на Охридското езеро во Подградец, го вклучи алармот на еколошките организации од двете земји кои бараат трката да се одложи поради негативниот импакт врз живиот свет и екосистемот. Според активистите одржувањето на трката ќе значи еколошка катастрофа за езерото. „Доколку истата биде организирана се очекува да има емисија на повеќе од 1.639.089 килограми јаглероден диоксид во ...
Фармацевтскиот гигант во последно време купи неколку компании, меѓу кои и големата Арена Фарма за 6,7 милијарди долари. Таа е специјализирана за третмани за воспаление на срцето, како што е миокардитис и перикардитис. Научници велат дека новите соеви на коронавирус како што е JN.1 го зголемуваат ризикот од срцеви проблеми. „Фајзер и Агенцијата четири месеци ја задржувале информацијата дека вакцините прават проблеми со срцето кај млади, додека ...
Брод со кој управува компанијата „Eyos Expeditions“ во неделата пристигна до ледениот гигант A23a за да ги истражи огромните пештери и сводови врежани во ледените ѕидови. А23а плови по водите додека полека се оддалечува од „Белиот континент“ и на крајот ќе се стопи и ќе исчезне. -Видовме бранови високи три или четири метри, како се кршат на сантата мраз, рече Иан Стрехан, водач на експедицијата. „Тоа води кон постојана ерозија“, додаде тој. ...
Нанопластиката е толку мала што може да мигрира низ ткивата на дигестивниот тракт или белите дробови во крвотокот, дистрибуирајќи потенцијално штетни синтетички хемикалии низ телото и во клетките, велат експертите, а пренесува „Си-ен-ен“. Потеклото на ова загадување со пластика лежи во различните човечки активности, вклучително и рибарската индустрија и отпадот од домаќинствата, што резултира со производство на милиони тони пластика годишно. ...
Куќите и плоштадите во регионот Упано во источен Еквадор биле поврзани со голема мрежа од патишта и канали. Областа е во сенка на вулкан, што ја прави околната почва многу плодна, но можеби и довело до исчезнување на луѓето кои живееле во откриениот град. Според претходните сознанија, се верувало дека луѓето во Амазонија живеат само номадски или во мали населби. „Ова е постаро од кој било друг археолошки локалитет што го знаеме во Амазон. Имаме ...
Тони отпад од пластика и тешки метали, гума, дури и автоделови, бела техника, шишиња и разни пливачки отпадоци во Дринското Езеро, според проценките, годишно од езерото се отстранува меѓу шест и осум илјади кубни метри различен отпад, пишува „Klix.ba“. Имено, како последица на обилните дождови, водениот бран собира тони ѓубре што луѓето го фрлаат покрај брегот. Покрај реката има неколку диви депонии, а на крајот сето тоа завршува кај Вишеград. ...
Податоците покажуваат дека и во третиот квартал од 2023 година се бележи нагорен тренд во употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од граѓаните, како на платежните картички, така и на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, т.н. платни налози. Ова оди во корист само на Банките кои земаат процент од секоја трансакција и од трговецот како и од граѓаните кои ги користат. Така да ...
Косовското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека за четири години, од 2018 до 2022 година, повеќе од 150.000 луѓе го напуштиле Косово, а очигледно е дека оваа бројка е неколкукратно поголема од официјалната „За периодот од 2018 до 2022 година, се проценува дека Косово го напуштиле 156.080 жители или речиси 8,85 отсто од населението на земјата“, се наведува во соопштението, пренесе Бета. Во периодот од 2020 до 2022 година, на ...